Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан. После ратификувањето на договорите во Собрание вчера истите излегоа во Службен весник и со тоа стапија во сила. Со потпишувањето на Договорот на претстојниот ...

Студентите ретроактивно ќе ги добијат средствата од зголемените стипендии за академската 2021/22 и дел од 2022/23. Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретроактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската ...

Бројот на наставници и соработници во македонските високообразовни установи во тековната академска 2022/2023 година изнесува 4.496, информираше вчера Државниот завод за статистика. Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Од вкупниот број, 3.166 или 70,4 отсто се наставници, додека 1.330, односно 29,6 проценти се соработници во наставата. Податоците укажуваат и на речиси изедначена полова структура – бројот на наставнички и соработнички ...

Светската недела на имунизацијата во Македонија доаѓа во период кога значително е опадната довербата во вакцините, според податоците на СЗО. По повод одбележувањето на Европската недела на имунизација 2023, Министерство за здравство почна со теренски активности во рамки на широка кампања за промовирање на имунизацијата, што се реализира заедно со Светска здравствена организација и со финансиска поддршка од Европската Унија. Над 30 тимови од ...

Движење за чиста крв се промовира во Австралија, антиваксери ќе се свршуваат, венчаат меѓу себе, за да одржат „чиста крвна линија“. Некои Австралијци формираа групи за самци, фалејќи се дека сакаат да се свршат, да се венчаат и да имаат деца само со луѓе кои не биле вакцинирани, за да „одржат чиста крвна линија“. Премиерката Даниел Смит вели дека владата на Алберта ќе работи на заштита на правата на невакцинираните без ветената легислатива. Таа ...

Новиот учебник по предметот Историја и општество за петто одделение, сè уште се користи во наставата, иако уште од средината на декември лани, беа констатирани низа неточни информации и нелогичности. Иако за овој учебник реакциите во јавноста беа големи и имаше најава од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири дека ќе биде повлечен ако се утврдат повеќе од 30 отсто грешки, учениците сè уште учат од него. Токму за ова, но и за тоа дека ...

Социјалните мрежи носат голем ризик, па оправдано се поставува прашањето како младите ги користат, колку се штетни, и колку ги злоупотребуваат. „Tik Tok “ скандалот во тетовската болница уште еднаш го вклучи алармот за тоа како и за што се користат социјалните мрежи во време кога дигитализацијата се развива со брзо темпо. Најмногу загрижува тоа какви слики гледаат на оваа социјална мрежа младите и децата, кои се поранливи на последиците што може ...

„Lemon8“ со 17 милиони преземања од лансирањето би можела да биде апликација која ќе го замени популарниот Tik-Tok ако дојде до негова комплетна забрана. Освежувањето што доаѓа од компанијата зад TikTok стана исклучително популарно во последниве недели. Бројот на корисници на апликацијата „Lemon8“ расте од ден на ден, додека се почесто се слуша прашањето – дали е потенцијална замена за „Tik-Tok“ во случај на целосна забрана или пак пристигна ...

Последно истражување кое се однесува на менталното здравје на младите, покажало дека едно од три млади лица во земјата има депресивни епизоди. Освен тоа, присутни меѓу младите како проблеми се и онлајн злоупотребите и булингот во училиштата. Фото: Мета.мк Ова беше истакнато на денешната дебата насловена како „Ментално здравје на младите и социјалните медиуми“ која се одржа на Филозофскиот факултет, на која присуствуваа и дискутираа членови на ...

Перцепцијата на јавноста за важноста од рутинската вакцинација на децата е намалена во Северна Македонија од почетокот на пандемијата на КОВИД-19. Ова го покажува новата анализа на податоци за 55 земји од светот – од кои 29 се наоѓаат во Европа и Централна Азија, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Анализата е дел од новиот глобален извештај „Состојбата на децата во светот“ на УНИЦЕФ. Фото: UNICEF Врз основа на податоци од 2021 година, ...

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопшти Министерството за образование и наука. „Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети – втор странски јазик и слободни изборни предмети. Бирото за развој на образованието позитивно одговори ...

Стапката на непланирана бременост кај адолесцентите во земјава е 11 % и претставува една од највисоките во Европа. Дополнително, стапката на малолетнички породувања е 15,7 на 1.000, што е речиси трипати повеќе од просекот од 6 на 1.000 породувања за земјите од Европската Унија. Image by rawpixel.com on Freepik Најголем број меѓу малолетните мајки се Ромки, а сепак пристапот до информации и услуги за сексуално и репродуктивно здравје им е ...

Од 12 до 15 мај во Струга по 44 пат ќе се одржи International Medical Scientific Congress (IMSC) за студентите по Медицина. Конгресот ќе се одвива на англиски јазик бидејќи дел од студентите доаѓаат од повеќе држави низ Европа. Организиран од страна на Македонската медицинска студентска асосијација (ММСА), конгресот има за цел поголема едукација и практична настава за разновидни теми од областа на Медицината. “Целта е учење на нови вештини како ...

Музејот во Штип денеска бесплатно беше отворен за сите посетители, во чест на Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети. Формиран во 1950 година, денес има три постојани поставки од областите на археологијата, историјата и етнологијата. Првата музејска поставка во Штип е отворена на 11 октомври 1950 година во Хуса-Медин-Пашината џамија. Од 1985 година Музејот е сместен во куѓата на семејството Арсови, а денес комплексот се состои ...

Европскиот парламент (ЕП) денеска ја усвои одлуката за визна либерализација за Косово, со која завршија сите релевантни процедури за донесување одлуки, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ). Во согласност со одлуката, граѓаните на Косово од 1 јануари 2024 година ќе можат слободно да патуваат во земјите од Шенген зоната. „Не добив никаков предлог за отфрлање на ставот на Советот (на министрите на ЕУ) и никаков амандман. Затоа, ставот на Советот ...

Музеите и археолошките локалитети во Македонија денеска ќе бидат отворени за сите посетители, во чест на Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети. По повод 18 април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денес, сите музеи и локалитети во земјава ќе бидат отворени со бесплатен влез за посетителите. Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитетисе одбележува во целиот свет, како и кај нас. Секоја година ...

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) информираше дека на 13 март до Собранието доставил предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование во однос на потребата од праведен и бесплатен јавен превоз за сите средношколци. Сојузот потсетува на тогашното укажување дека ако во рок од 2 месеца, односно до 13 мај законот не биде донесен, средношколците ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за да се ...

Според EarthSky.com, на 20 април 2023 година ќе има целосно затемнување на Сонцето. Месечината ќе го премине патот на Сонцето. Овие небесни настани се неверојатни за гледање (се разбира со соодветна заштита за „голо“ око), бидејќи Месечината ќе го блокира Сонцето, претворајќи го небото темно, ќе се појави само прстен во црвена боја каде што ќе можете да го видите хоризонтот на Сонцето зад Месечината. Поконкретно, мал дел од Австралија, плус ...

Изминативе денови граѓани преку СМС пораки беа известувани дека наводно треба да ја „извршат задолжителната пријава“, алудирајќи на годишната даночна пријава која ја изготвува УЈП. Во пораките дополнително стоеја и линкови до веб-страници каде граѓаните се наведуваа да ја извршат пријавата. Веб-страниците до кои водеа овие линкови, иако наликуваа на официјалниот сајт на Управата за јавни приходи, беа лажни. Домените на веб-страниците беа слични ...

Компанијата OpenAI има намера да ги награди оние кои ќе најдат грешки во четботот ChatGPT. OpenAI објави програма која ќе ги награди оние што ќе откријат грешки во нејзиниот ChatGPT, OpenAI приклучоците, Open AI API и други сродни услуги, со парични награди кои се движат од 200 до 20.000 долари. Photo by Andrew Neel on Unsplash „Ве охрабруваме да пријавите пропусти, грешки и безбедносни пропусти што ги откривате во нашите системи. Со споделување ...

Младите си заминуваат од Македонија, а мерките кои се преземаат за да се задржат не се целосни. Општеството се менува многу брзо и институциите и државата треба да реагираат уште побрзо за да ги задржат младите. „Можеме слободно да констатираме дека дел од професиите на иднината, „благодарение“ на пандемијата преку ноќ станаа професии на сегашноста“, започнува резимето за политики (policy brief) на Институтот за добро управување и евроатлантски ...

Сајтот „Kuwait News“ ја претстави Феда – презентер на вести генериран од вештачка интелигенција. Претставниците на овој кувајтски медиум ветуваат дека во иднина нивниот водител ќе може да чита вести на социјалните мрежи. Кувајтскиот медиум Kuwait News (kuwaitnews.com) воведе виртуелен водител на вести создаден со употреба на вештачка интелигенција. Плановите се за читање вести објавени на страницата. „Feda“ во саботата на Твитер профилот на ...

Лекот трикафта се уште е недостапен за поголем број од заболените со цистична фиброза, еден месец по донесувањето на законските измени и ветувањата за нормализирање на состојбата. Помина еден месец од законските измени и сè уште нема никаков прогрес во однос на набавка на лекот трикафта, алармираа денеска претставници на Асоцијација за цистична фиброза. Тие на денешната прес-конференција пред Министерството за здравство апелираа на поголема ...

Сексуално образование во училиштата генерално е прифатливо за дел од населението, но проблемите настануваат кога тоа се поврзува и со темите за ЛГБТИ+ и трансродни и небинарни идентитети. Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако мнозинството даваат поддршка за оваа идеја, покажуваат резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според анкетата, ...

По повод интернационалниот ден на здравјето, невладината НЕЦИ како и средното медицинско училиште СОУ “Јане Сандански“ во Штип со поставени штандови во центарот на градот ги едуцираа граѓаните за превенција на здравјето. Активистките од НЕЦИ, имаа за цел спроведување на квиз на случајни минувачи и делење на бесплатни чаеви и ваучери за физикална терапија за оние кои ќе одговорат најмногу прашања. Квизот се состоеше од општи прашања за ...

„Брегалница“ на градскиот стадион во Штип ги одработува последните подготовки пред неделниот натпревар од Првата фудбалска лига против „Македонија Ѓорче Петров“. За дваесетина дена, теренот на Градски од грдото шаренило кое го имаше, е саниран и е во многу подобра состојба, што може да се види ои од птичја перспектива, од видеото направено на петочниот тренинг. Се гледа дека недостасува само уште завршувањето на започнатата трибина, и во иднина ...

Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека преку фотозамка, сликан е рис на територијата на националниот парк. Од „Галичица“ потенцираат дека по педесетина години пауза, рисот за првпат бил повторно забележан на територијата на паркот во 2020 година, а оттогаш, ова е осма фотозамка на која се забележува видот кој е заштитен, но и загрозен. Оттаму додаваат дека поттикнати од присуството на рисот, ЈУНПГ заедно со Македонското еколошко ...

Светскиот ден на здравјето, 7 април, годинава се совпаѓа со 75.годишнината од формирањето на Светската здравствена организација. Токму денес, СЗО ја започнува кампањата „Здравје за сите“. За да се обезбеди здравје за сите, потребни се достапни, висококвалитетни здравствени услуги, силна здравствена работна сила која обезбедува нега фокусирана кон пациентите, како и креатори на политики кои се посветени кон вложување во универзална здравствена ...

Слајс Македонија е американско македонска компанија која им помага на локалните пица ресторани во САД да бидат конкурентни на пазарот. Често одржуваат различни форми на средби со младите за да дојдат до најдобриот и најсоодветниот кадар за себе. Неодамна одржаа уште еден Отворен ден, наменет на младите кои сакаат да градат кариера и да работат на својот развој токму во оваа компанија. Ова се дел од младите кои беа примени на Отворениот Ден на ...

Средношколците најчесто јадат бурек, хамбургер, тост или пециво додека се на училиште, а најчесто пијат кафе или вода. Ова го покажаа резултатите од анкетата што ја направи Мета.мк, со која целта беше да видиме какви се навиките во исхраната на средношколци од неколку училишта за средно образование, како и колку често спортуваат. Анкетниот прашалник го одговорија вкупно 672 ученици. Фото: Pixabay.com Ги прашавме учениците, дали јадат во ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
47%
1010
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
3.09
67%
1007
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
88%
1012
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1009
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.44
60%
1009
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
3.6
91%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
4.12
31%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
4.12
53%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
4.63
56%
1012
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1012
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1012
Currency

61.525

Currency

54.3622

Currency

72.2744

Currency

35.1607

Currency

39.3966

Currency

66.1032

Currency

7.49888

Currency

0.67731

Currency

0.37874

Currency

0.52579

Currency

1.4138

Currency

0.64659

Алуминиум

2.44

Кобалт

626.94

Никел

15285.99

Рутениум

19869.16

Калај

31.00

Сребро

1038.93

Злато

106606.98

Бакар

9.50

Паладиум

2990.02

Платина

30624.57

Родиум

172810.26

Цинк

82632.56