Младите учесници на Школата за раскажување приказни, организирана од УГД, во изработка на своите приказни се навратија на тема која беше, и според нив, се уште е актуелна меѓу младите. Случајот со „Јавна соба“ остави траума на многу млади девојки. Една од тие жртви, која го пријавила случајот во полиција, е дел од оваа видео приказна. Голем интерес за „Школата за раскажување видео приказни“ на УГД Приказната е дело на Теона Јорданоска, Росана ...

Нарачал голем ѕиден часовник со модерен дизајн, му стигнал мал пластичен со логото на фудбалскиот клуб „Манчестер јунајтед“. Друга госпоѓа нарачала темно зелен фустан со црни цветни мотиви и палто, а добила бледо син модел кој е сосема различен и наместо цветови, на него се испечатени пеперутки. Трет нарачал жолта спортска маичка, му стигнала бела, четврт, пак, добил ракавици на кои недостига еден прст, а некој нарачал играчка куче, а добил ...

Учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на пролетен распуст кој е воведен во оваа учебна година. Првпат има промена и во календарот за настава, така што 2023/2024 за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни. Фото: МИА.МК Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и ...

Секоја година, во последната недела од април, Европа ја одбележува важноста на имунизацијата преку обележување на Европската недела на имунизација. Во време кога се соочуваме со предизвици како што се пандемијата на COVID-19 и ширењето на инфективни болести, имунизацијата игра клучна улога во заштитата на јавното здравје и спасувањето на милиони животи. Оваа недела служи како прилика да се зголеми свесноста за значењето на вакцините и да се ...

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање – 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови. Фото: Министерство за образование и наука „Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од ...

Superior Runs 2024 во потполност ги оправда очекувањата во своето второ издание, кое се одржа на 21 април во Штип. Извонреден одзив, близу 1500 учесници трчаа по улиците на Штип, во трките на 5 и 10 километри, во беспрекорна организација. Годинава и поддршката на штипјани беше поголема, па можеа да се видат голем број на граѓани кои ги бодреа тркачите, и покрај најавите за врнежи и непогодни временски услови. Белегот на Superior Runs го дадоа ...

Шахот претставува спортска игра која го тренира мозокот, додека медицината претставува група научни области за проучување, за лекување и заштита од болести. Дали медицината и шахот се поврзани, ни откриваат проф. д-р. Страхил Газепов и проф. д-р. Вело Марковски. Обајцата учествуваа на шаховски турнир кој во Штип го организираше Лекарската комора на Македонија. Страхил Газепов: Шахот може да биде факултативна опција во основните училишта -На ...

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала ...

Училиштата ќе ги одработат неработните изборни денови (24 април и 8 мај), синдикатот се противи и бара да се повлече ваквата одлука. Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 ...

Испитната сесија е време исполнето со бесконечни часови учење, напнати денови, непроспиени ноќи и врв кој студентите треба да го освојат. Нервозата што произлегува од очекувањата, тревогата за резултатите и притисокот да се постигнат одлични успеси, можат да предизвикаат разни негативни ефекти кои влијаат на психичката и емоционалната состојба на студентите. Стресот од испитната сесија и тоа како знае да влијае врз животот на студентите: За да ...

Анкета на ИКС покажува дека младите сметаат оти политиката и партиите се извор на најмногу дезинформации, а нивните политички ставови за општествените случувања се нечујни. Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се ...

Глобалниот извештај на УНФПА покажува голем напредок на сексуалната и на репродуктивната благосостојба во Европа. Сепак, на милиони луѓе сè уште им се ускратени правата и изборот. Триесет години откако меѓународната заедница постигна договор за амбициозната програма со која сексуалното и репродуктивното здравје и права се ставаат во центарот на глобалниот развој, сè уште постои огромна нееднаквост, а милиони луѓе кои им припаѓаат на ...

Во италијанскиот град Торино, пушењето цигари на отворено е дозволено само доколку другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“. Photo by Andres Siimon on Unsplash – Станува збор за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почитување, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за ...

Вкупно 307 дојави за проблеми со ментално здравје, повреда, семејни односи и пристапност, во кои се опфатени 379 млади изминатата година, се дел од годишниот извештај „Ало Бушавко“ на Првата детска амбасада „Меѓаши“. Десет од дојавите, како што информираа на денешната презентација на извештајот, се однесувале на мисли за одземање на сопствениот живот. Во воведните обраќања, Клементина Добревска, координаторка на СОС телефонот, ги образложи ...

Одбојкарите на ОК Штип УГД по сензационалното освојување на одбојкарскиот Куп на Македонија, започнуваат со уште една историска епизода – финалната серија во Првата одбојкарска лига. Пласманот во финалето, каде играат со подолго време неприкосновената екипа на Струмица, е само потврда на огромниот успех со освојувањето на Купот. Финалната серија започнува со дуелот во Струмица (вторник, 16 април, 19.30, сала Парк Струмица), а вториот во петок во ...

Второто издание на „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ се одржува во недела, 21.04.2024, изменет и режимот на сообраќај. Здружението на граѓани „Супериор Ранс – Стани, Трчај Штип“ по вторпат ја организира градската трка на рамна патека. Овој спортско-рекреативен настан, насловен „Superior Runs 5k & 10k; е од општествено-одговорен карактер, а организацискиот концепт, покрај забавна програма вклучува и натпреварувачки дел. Годинава се ...

Странските јазици како никогаш досега се достапни за учење, благодарение на вештачката интелигенција, која воопшто го трансформира образованието. Во ерата на технолошките иновации и глобалната поврзаност, учењето странски јазици никогаш не било подостапно. ВИ (вештачка интелигенција) го трансформира начинот на кој пристапуваме кон образованието, овозможувајќи персонализирани и интерактивни методи на учење кои се особено привлечни за младите ...

Осовременет е Календарот за редовна имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири. Medical photo created by freepik – www.freepik.com Демири истакна ...

Приватните специјализанти најавија генерален штрајк од денеска. Причина за штрајкот, како што најавија во четвртокот преку соопштение, е што и покрај одржаниот протест на 27 март и остварената средба со министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, на 2 април, сѐ уште не биле исполнети нивните барања. – На средбата со министерот за здравство, од негова страна ни беше ветено дека нашите барања ќе бидат изнесени на следната седница на ...

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола – четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се ...

Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – ...

Меѓуврсничкото насилство се повеќе се случува во различни форми, и ако учениците не го препознаат и не реагираат, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе жртви на овој вид насилство, посочуваат од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ која денеска промовираше Водич за превенција и справување на насилството во училиштата. – Ако учениците не го препознаваат насилството и не реагираат на него, тоа ќе се повторува и ќе има се повеќе деца жртви ...

Фридом хаус и во најновиот извештај „Нации во транзит“ вели дека Северна Македонија останува хибриден режим . Фридом Хаус во таа категорија става 11 држави, кои имаат карактеристики на автократија и демократија. Бидејќи не припаѓаат на ниеден од двата блока целосно, нивните институции се ранливи, што во 2023 довело до поголемо назадување отколку напрадување, се вели во извештајот. – Во Западен Балкан тоа било особено нагласено. Во Србија имало ...

Американските Катчиња во соработка со Асоцијацијата за едукативни, развојни и економски политики ФОКУС ПОИНТ – Битола, организираат програма за изучување на англиски јазик – Legal English. Програмата е наменета за сите студенти, правници и правни теоретичари кои сакаат да го подобрат својот правен англиски јазик, преку активна комуникација и вежби. Во текот на оваа 6 неделна програма, учесниците ќе се среќаваат со материјал кој е насочен кон ...

Милиони луѓе го гледаа целосното помрачување на сонцето. Оние кои ќе го пропуштат ќе мора да чекаат до 2045 година за следното. Што треба да се знае за овој небесен феномен. Што се случува за време на целосно затемнување на сонцето? Кога месечината поминува директно меѓу земјата и сонцето, блокира дел од светлината која инаку патува до земјата и фрла сенка на нејзината површина. Таквиот настан го нарекуваме тотално помрачување на сонцето. Не е ...

Терористичкиот напад на концертната хала Крокус во предградието на Москва не беше никаков гром од ведро небо. Кремљ ги отфрли американските разузнавачки предупредувања за неизбежен напад од страна на „екстремисти“, веројатно со цел вината да биде префрлена на соодветното жртвено јагне тогаш кога ќе се случи нападот. Убиството на 137 посетители е последно од серијата злосторства кои се случуваат во децениската борба меѓу Исламската држава (ИСИС) ...

Сексуалното вознемирување на универзитетите најчесто е преку коментари со сексуална содржина, шеги од сексуална природа, но и форма на сексуална понуда, а универзитетите немаат правна процедура за пријава на ваква појава и натамошни мерки за заштита, покажа истражувањето на професори од Правниот факултет во Битола. Авторите: д-р Ангелина Станојоска, д-р Ивона Шушак-Лозновска и д-р Ице Илијевски Коментари со сексуална содржина од вработени лица ...

Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации. Користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само ...

Осми април е прогласен за Меѓународен ден на Ромите во чест на првиот Светски конгрес на Ромите, кој се одржал од 8-12 април 1971 година во Лондон. Датумот се смета за еден од најважните датуми во историјата на овој народ, кога на конгресот се сретнале претставници на Ромите од четиринаесет земји во светот. Ромите се народ кој потекнува од Индија и е раселен насекаде низ светот. Според одредени податоци, нивниот број во Европа се движи од 12 со ...

Македонските потрошувачи во 2023 година потрошиле вкупно 649,3 милиони евра на виртуелните места за продажба во државата и во странство, соопшти Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ). Ова бројка е за 18 отсто повисока во однос на 2022 година. График: АЕТМ Вкупниот број на трансакции е исто така зголемен во однос на 2022 година – за 15,2 отсто, односно биле направени 19,29 милиони трансакции во текот на изминатата година. Физичките ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
57%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
52%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
44%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
53%
1018
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
7.23
40%
1015
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
0.45
61%
1022
weather icon

Атина

32ᴼ / 28ᴼ
1.79
45%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.03
53%
1017
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
42%
1018
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
8.23
48%
1016
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
3.09
45%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1014
Currency

61.535

Currency

53.6163

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60