Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во најновата дебата во емисијата „Топ Тема“, политикологот Иво Рангеловиќ ја истакна посебноста на кандидатските листи во Општина Центар, каде како што посочи, меѓу носителите на листи за советници се најдоа личности коишто не се од партиските структури. Примерот со листата на актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат Горан Герасимовски е најилустративен, токму таму носител е доктор, кој што е надвор од политиката. „Јас живеам во ...
Вештачката интелигенција и технологијата во образованието ќе бидат во фокус на седмото издание на една од најголемите и највлијателните образовни конференции во Македонија, „ЕдуКонференција25“, која ќе се одржи денеска и утре во хотелот „Дрим“ во Струга. Георги Димитров, раководител на одделението „Дигитално Образование“ при Европската комисија ќе биде главен говорник и официјално ќе ја отвори конференцијата. Специјални гости ќе бидат Емре Едај ...
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Јас верувам дека министерот за здравство Азир Алиу нема информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат. Но може да се погрижи тој процес околу информацијата да го забрза така што пред теве камерите на отровните телевизии, ќе изеде неколку килограми трубадурки пиперки и на тој начин ќе изврши „скрининг“ на овошјето и зеленчукот. Истото би требало да го стори и премиерот. Не знам како се воздржал ...
Англискиот напаѓач Хари Кејн изјави дека „ужива во секој момент на теренот“ во дресот на Баерн Минхен, откако синоќа беше двоен стрелец во триумфот над Вердер Бремен од 4-0 во воведниот натпревар од петтото коло во Бундеслигата, што беше негов 100 гол откако му се приклучи на актуелниот германски првак. Кејн дојде до бројката од 100 голови на својот 104 натпревар за Баерн и стана играчот кој најбрзо постигнал 100 голови за еден клуб во петте ...
Давид Шамбиј од Франција, кинематографер во филмот „Нов бран“ е годинешен добитник на највисокото признание, наградата Златна „Камера 300“ што ја доделува ИФФК „Браќа Манаки“. Вечерва во Битола, лауреатот Шамбиј не го криеше своето задоволство од високото признание кое како што рече го освојува прв пат во неговата кариера. -Се радувам што со вас ја споделувам радоста за оваа награда, благодарам на тимот и на сите што беа вклучени во филмот ...
Скринингот што го побара СДСМ, по пожарот во Трубарево, уште еднаш потврди дека Владата на ВМРО ДПМНЕ лажеше дека воздухот не е загаден, се наведува во соопштението од СДСМ. „Анализите потврдија – 18 граѓани биле изложени на штетни материи со реални здравствени последици, токму од високото ниво на загаденост на воздухот. Ова е јавна здравтсвена катастрофа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат. Уште колку луѓе треба да ...
Сотир Лукроски е вистинскиот избор за Карпош. И него го знам колку што се знам себе си. И најдобро знам за каков човек се работи. Сотир има програма што не е само хартија со ветувања. Тоа е мапа за вистински промени – чисти улици, зелени маала, модерни училишта, нови простори за спорт и култура. Секој жител ќе го почувствува градоначалникот во своето маало, во секој разговор и секое дело. Она што најмногу го издвојува е неговата способност да ...
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот потврди дека сопствениците на клубот во целост ќе го исплатат договорот на семејството на Диого Жота, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на почетокот на месец јули. Португалскиот фудбалер животот го загуби со сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре Силва во Шпанија. Жота имаше уште две години од договорот со Ливерпул, а португалските медиуми шпекулираа дали клубот ќе исплати целиот ...
Денеска со почеток во 17:05 часот, ќе се одржи 24-тиот Марш на ангелите, најавува здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“, додавајќи дека маршот е посветен на нивните 62 ангели, чиј живот беше насилно прекинат на 16 март 2025 година. -Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме, се наведува во ...
Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај нашиот источен сосед, односно кај нивниот партнер во рамки на европското семејство зашто сме виделе во минатото многу пати – кога ...
Во Собранието денеска се одбележа 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. По тој повод претседателот на Собранието Африм Гаши организираше средба со претставници на Бошњаците кои работат во сферите на академијата, уметноста, културата, граѓанскиот сектор, политиката, администрацијата, дипломатијата и младинските прашања. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши ги поздравил присутните и го честитал Меѓународниот ден на ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун нареди да се искористат сите ресурси за поддршка на нуклеарната програма со цел да се „изостри нуклеарниот штит и меч“ за да се заштити националниот суверенитет, безбедност и интереси. Тој наведе дека главен приоритет за Северна Кореја е поддршката на нуклеарната програма. Претходно, јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг соопшти дека Северна Кореја поседува два тона високо збогатен ураниум од ...
Одлуката на владата на Христијан Мицкоски, со која се укинува двојазичноста на униформите на полицијата, предизвика лавина реакции во јавноста. Правни експерти, универзитетски професори и граѓански организации предупредуваат дека оваа мерка носи сериозни ризици и закани за мултиетничкиот баланс и стабилноста на земјата. Дерала: Одлуката е противзаконска и неуставна Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, остро ја осуди владината ...
Унијата на албанските студенти организираше посебен литературен настан, во чиј центар беше промоцијата и дискусијата за романот „Тишината убива“ на познатата авторка Мимоза Мустафаи Јонузи. Настанот се одржа во присуство на студенти, љубители на книгата и личности на пишаниот збор, создавајќи топла и истовремено рефлексивна атмосфера, информира PressOnline.al. „Романот ‘Тишината убива’ не е само еден убав литературен расказ – тој е повик. Повик ...
Со цел воспоставување на националното собрание на млади и советодавното тело на млади, предвидени во Законот за младинско учество и младински политики, вчера во Скопје, Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) одржа иницијативна средба за формирање на националното собрание на млади, соопштија денеска од НМСМ. – Во присуство на 40 младински организации и претставници на Владата, Министерството за социјална политика, демографија и млади и ...
Првото Светско фудбалско првенство во историјата кое идната година ќе се игра во три држави ќе има и три маскоти, по една за секоја од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) официјално ги претстави трите маскоти, прецизирајќи дека САД ќе бидат претставени од белоглавиот орел „Клач“, јагуарот „Зају ќе го претставува Мексико, а Канада ќе биде претставена од лосот „Јавор“. „Тимот на Светското првенство ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп постигнале „заедничко разбирање“ за тоа како да се воспостави примирје во Газа и да се постигне траен мир во палестинските територии. – Објаснивме како прво да се постигне прекин на огнот во Газа, а потоа траен мир. Постои заедничко разбирање за ова, изјави Ердоган по средбата со Трамп во Белата куќа. Тој истакна дека решението со две држави ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја отвори 80-тата сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во атмосфера што ретко се гледа. Штом зачекори кон говорницата, околу стотина делегати од различни земји станаа и ја напуштија салата во знак на протест против израелската политика во Газа. Иако израелските дипломати и дел од публиката се обидуваа да го прикријат тоа со гласно ракоплескање и стоење, празните места беа ...
Канцеларијата на израелскиот премиер им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да го емитуваат говорот на премиерот Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на ОН во живо за жителите на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“. По извештајот утрово во израелските медиуми дека на ИДФ им е наредено да инсталираат звучници на камиони низ Појасот Газа, Канцеларијата на премиерот потврди дека планира да го емитува говорот во живо за жителите на ...
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на предизборната кампања од речиси сите кандидати во трката за градоначалник. Иако (пред)изборната кампања треба да се води одвоено од институционалните надлежности, дел од кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ВЛЕН и СДСМ и останатите партии ги користат своите функции за партиска промоција – на штета на децата. Во изминатиот период ...
Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ, денеска објави дека добил поддршка од Здружението на пензионери на Општина Центар, со кои остварил средба на која било разговарано за нивните проблемите и очекувања од следниот градоначалник во општината. Но оваа негова информација, експресно ја демантираше претседателот на здружението Злате Стефановски кој информираше дека, ниту кандидатот Лабудовиќ добил поддршка, ниту пак била ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е близу до постигнување договор за завршување на војната во Појасот Газа и за враќање на заложниците кои ги држи Хамас. – Изгледа дека имаме договор за Газа. Мислам дека тоа е договор кој ќе ги врати заложниците дома и ќе стави крај на војната, изјави Трамп, без да открие повеќе детали. САД претходно претставија мировен план со 21 точка за Блискиот Исток, чија цел е да се стави крај на ...
Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска денеска во Сараево изјави дека Алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина. Претходно, српскиот лидер Милорад Додик изјави дека ќе побара од Москва да биде прекината воената мисија ЕУФОР во БиХ. – НАТО трајно е посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ. НАТО нема да дозволи дестабилизација на БиХ. Без оглед на исходот од претстојната ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со предлог-резолуција за утврдување на државните и националните позиции во процесот на европската интеграција, со цел создавање широк политички и општествен консензус за патот кон Европската Унија. Документот предвидува јасни рокови и механизми за заштита на македонските национални интереси, при што јазикот, идентитетот, историјата и културата се исклучени од секое можно преговарање со ...
Светот се соочува со клучен избор меѓу меѓународен поредок базиран на правила, кој ги поддржува мултилатерализмот и Повелбата на Обединетите нации или хаотичен свет базиран на унилатерализам, насилство и непочитувања, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта доцна синоќа во обраќањето пред Генералното собрание на ОН во Њујорк. – Алтернативата на меѓународниот меѓународен поредок базиран на правила е хаотичен и насилен свет. Каков ...
Општинското јавно претријатие „Тетово Транспорт“ ги предупредува граѓаните дека на социјалната мрежа Фејсбук е создадена лажна страница со име на нивната фирма и шири невистини информации за наводни услуги. – Ве информираме дека ЈП „Тетовo Транспорт” – Тетово не организира никакви наградни игри, затоа Ве молиме да не верувате на тие измами. За секоја вистинска вест или соопштение, ве покануваме да ја следите официјалната страница на ЈП „Тетовo ...
Она што мислам дека треба час поскоро да го направам е да го конституирам советот за дијаспора за да може преку него континуирано да си ги регулираме односите, рече претседателката Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на настанот по повод 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД. – Должници сме кон вас и јас ветувам дека се што можам ќе сторам за да ги интензивираме контактите и за да бидеме заедно ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека пензиите ќе се зголемат од 1 октомври. Како што истакна Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, следното покачување ќе биде напролет. -Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, линеарното зголемување, а потоа ќе има и напролет. Со тоа ќе се заокружи инвестицискиот циклус и зголемувањето на пензиите линеарно во вкупен износ од 7 000 по пензионер што ги ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го дуплираше својот очигледен пресврт во тонот кон рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во Овалната соба на 25 септември, упати остри критики кон рускиот лидер за неговата тековна војна во Украина, пренесува Кијив Индипендент. „Многу сум незадоволен од она што го прави Русија и од она што го прави претседателот Путин“, им рече Трамп на новинарите за време на прес-конференцијата. „Воопшто не ...
Пешаците кои преминуваат коловоз и разговараат на мобилен телефон, користат слушалки за разговор во двете уши, смарт часовник или таблет од денеска ќе бидат санкционирани. Истите законски мерки важат и за возачи на велосипед, мопед, мотоцикл, трицикл, и четирицикл кои, според законот, за време на управувањето не смеат да користат електронски уреди. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата известува дека од денеска стапуваат ...