Времената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, вчера прогласи седумдневна национална жалост за припадниците на војската кои загинаа во американскиот напад за време на операцијата за апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој се случи за време на викендот. Според венецуелската Влада, во нападот загинале неколку десетици венецуелски офицери. Кубанската влада во неделата соопшти дека во нападот загинале и 32 кубански воени офицери ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави, како што велат, нови докази за интеграцијата на функционери, финансери и поранешни партиски структури на ВМРО-ДПМНЕ во менаџерскиот и надзорниот одбор на Алта банка, и додаде дека „надлежните институции сè уште молчат“. На прес-конференција што привлече големо внимание во јавноста, генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, изнесе сериозни сознанија кои го потврдуваат постоењето на длабока ...

Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение предупреди дека „актуелната власт на ВМРО-ЗНАМ“, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, ја турка Македонија кон политичка изолација, корупција и оддалечување од Европската Унија, следејќи, како што наведуваат, „copy-paste модел на владеење на српскиот претседател Александар Вучиќ“. Во соопштението, СДСМ оценува дека „царот е гол“ и дека, според нив, „владата го разоткрила своето вистинско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Републиканската партија мора да извојува победа на меѓуизборите за Конгресот во 2026 година, предупредувајќи дека во спротивно демократите ќе се обидат да го отповикаат од функцијата, јавува Ројтерс. „Морате да победите на среднорочните избори, бидејќи ако не победиме, тие едноставно ќе најдат причина да ме сменат. Ќе бидам отповикан“, им порача Трамп на републиканските пратеници во ...

Американската влада испрати противречни пораки во врска со плановите за стекнување контрола врз Гренланд. Додека Белата куќа не ја исклучува употребата на воена сила, државниот секретар на САД Марко Рубио зборува за потенцијално купување на оваа данска територија. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, вчера изјави дека претседателот Доналд Трамп и неговиот тим разгледуваат низа опции за постигнување на оваа „важна надворешнополитичка ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа учествувал на телефонска конференциска средба со министрите за надворешни работи на земјите од Г-7, организирана од Франција, на која се разговарало за Венецуела и Украина. Разговорите биле насочени кон значењето на ослободувањето на политичките затвореници во Венецуела, како и создавање услови за демократија и планирање избори во таа земја, соопшти во изјава канадската министерка за ...

Божиќ е еден од најзначајните празници во христијанството и го одбележува Христовото раѓање. Кај православните христијани, вклучително и кај верниците на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Божиќ се слави на 7 јануари, според граѓанскиот, Грегоријански календар. Разликата во датумот во однос на другите христијански цркви не е верска или догматска, туку календарска, и произлегува од користењето на различни системи за ...

Денешната Месечина престојува во знакот Девица, носејќи потреба за структура, чистина и смисла во секојдневието. Ова е ден кога ситниците стануваат важни, а внатрешниот мир доаѓа преку ред, умереност и внимателни одлуки. Енергијата не поддржува импулсивност, туку освестување, анализа и практичен пристап – и во работата и во односите. Совршен момент за средување, планирање и искрен разговор со себе. ♈ Овен Денот започнува со потреба за ...

Денеска и утре, поради празникот Водици во Грција, според најавите, грчките земјоделци нема да го блокираат граничниот премин Евзони и сообраќајот се очекува да се одвива непречено, како што беше случај за Божиќ и за Нова година, со цел да се олесни патувањето на граѓаните. Од друга страна, на граничниот премин Ники (Меџитлија), како што информираа од АМСМ, од 9 часот во прекин ќе биде сообраќајот за товарни возила. Протестите на земјоделците ...

Компанијата xAI, сопственост на Илон Маск, се соочува со сериозен меѓународен притисок и регулаторни истраги откако нејзиниот чат-бот Грок, интегриран на социјалната мрежа X, повеќепати генерирал сексуално експлицитни слики на жени, како и сексуално сугестивни содржини поврзани со малолетници. Според медиумски анализи, Грок во последните недели одговарал на кориснички барања за „соблекување“ фотографии на жени и нивно прикажување во бикини, ...

Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди западниот јапонски регион Чугоку утрово, по што следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 км, соопшти дека работењето на нејзината единица број 2 ...

Музејот Лувр во Париз се соочува со уште еден штрајк од страна на своите вработени, поради што најпосетуваниот музеј во светот денес е делумно затворен за посетители. Штрајкот, кој првично започна минатиот месец и беше суспендиран за време на празниците, продолжи откако вработените со огромно мнозинство гласаа за прекин на работата во знак на протест против лошите услови за работа, објавува Euronews. Одлуката е донесена вчера по генералниот ...

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека евентуално американско воено преземање на Гренланд би значело фактички крај на НАТО алијансата и на безбедносната архитектура воспоставена по Втората светска војна. Нејзината изјава доаѓа по обновените повици на американскиот претседател Доналд Трамп Гренланд да дојде под контрола на САД, во контекст на неодамнешната американска воена операција во Венецуела, пренесува Associated Press (AP News). ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека руските сили изгубиле повеќе од 90.000 војници во последните три месеци, повикувајќи се на податоци потврдени со достапни видео-снимки од првата линија на фронтот. Информацијата ја сподели по состанокот со Михаило Федоров, актуелен министер за дигитална трансформација и кандидат за нов министер за одбрана, објави Kyiv Independent. Според Зеленски, во декември биле елиминирани околу ...

Папата Лав Четиринаесетти денеска ја затвори Светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан – длабоко симболичен чин со кој официјално завршува Јубилејната година во Римокатоличката црква. Овој ритуал, иако редок, носи силна духовна и историска порака, вкоренета во традиција стара повеќе од седум века. Што е Светата врата? Светата врата (Porta Sancta) е посебна врата што се наоѓа во четирите главни папски базилики во Рим: „Свети Петар“, ...

Ретрограден Меркур со години има лоша репутација. Се поврзува со расипани уреди, пропаднати договори и недоразбирања што изгледаат како да паѓаат од небо. Но, астролошки гледано, ретроградниот Меркур не е казна – тој е пауза. Момент кога умот престанува да трча напред и е повикан да се врати назад, да провери, да поправи, да разбере. Во 2026 година, оваа пауза ќе биде особено значајна. Меркур ќе биде ретрограден три пати, и сите три циклуси ...

Манчестер јунајтед го отпушти Рубен Аморим по 14 месеци на чело на тимот, по сериозен судир со клупското раководство околу трансферската политика и неговите јавни изјави по ремито со Лидс, пренесуваат британските медиуми. Португалскиот тренер заминува по отворена конфронтација со спортскиот директор, откако побара од одделот за регрутација „да си ја заврши работата“, јавно доведувајќи ја во прашање стратегијата на клубот за јануарскиот ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска јавно постави прашања до институциите, по новите докази за целосна поврзаност на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ. „Дали затоа молчи Јавното обвинителство и не презема ништо?“ праша Александар Саша Димитријевиќ, по презентирањето на директни докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија. Во тој контекст, јавно го постави прашањето: „Дали ...

Во 2026 година сите македонски граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник. Првиот продолжен викенд ќе биде за време на Рамазан Бајрам, кој е на 20 март во петок, а следен е во април кога се празнува православниот празник Велигден. Така неработни ...

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска презентираше нови докази кои укажуваат на длабока и системска поврзаност на Алта банка со структури, финансиери и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од СДСМ. „Акциите на САД против корупцијата, како и специјалниот Закон на САД за Западен Балкан, се силен показател дека се враќа фокусот за санкционирање на корупцијата и криминалот во регионот“, истакна Александар Саша Димитријевиќ генерален секретар на ...

Кумановецот Владимир Илиќ неодамна беше прогласен за најдобар стендап комичар во Велика Британија за 2025 година. Наградата му била доделена во клубот „Комеди стор“ во Лондон, а Илиќ победи во конкуренција на 700 комичари од Велика Британија. Влад Илиќ десет години се занимава со стендап комедија, а претходно неговиот успех го забележа и „Би-Би-Си“. Во Велика Британија се преселил во 2016-та, а професионално почнал да се занимава со стендап ...

Серијата „Stranger Things“ официјално стигна до својот крај, оставајќи зад себе поделени реакции околу финалето, но и неспорен културен печат. Освен што создаде глобален феномен и лансираше нова генерација холивудски ѕвезди, серијата им обезбеди и навистина импресивни хонорари на своите актери. Прашањето што сега најчесто се поставува е – колку точно заработија ѕвездите на „Stranger Things“? На врвот: Винона Рајдер и Дејвид Харбур Најплатени ...

Париски суд прогласи за виновни 10 лица за онлајн вознемирување на француската прва дама, Брижит Макрон, поради објавување и споделување злонамерни коментари на социјалните мрежи во кои лажно се тврдело дека таа е родена како маж. Осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години, меѓу кои има наставник по спорт, сопственик на уметничка галерија и публицист, добија казни кои се движат од задолжителна едукација за разбирање на онлајн ...

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска одржува вонредна седница во Њујорк, откако Соединетите Американски Држави го приведоа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, од Каракас – потег што предизвика силни реакции во регионот и пошироко во меѓународната заедница. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во обраќањето до амбасадорите нагласи дека мора да се почитуваат принципите на национален суверенитет, политичка ...

Денеска Месечината патува низ знакот Лав, носејќи силна потреба за изразување, признание и јасност на чувствата. Ова не е ден за тивко повлекување, туку за храбро покажување на став, талент и емоција. Лавовската енергија го загрева срцето, но бара искреност – сè што е глума или потиснато може да излезе на површина. Денот поттикнува креативност, но и суета, па рамнотежата меѓу автентичност и потреба за аплауз е клучна. ♈ Овен Денот носи силен ...

Актерката Еванџелин Лили, позната по улогите во серијата Lost, филмовите The Hobbit и Марвел универзумот, откри дека има оштетување на мозокот по тешка повреда на главата што ја доживеала минатата година. 46-годишната канадска актерка на Инстаграм објави видео во кое соопштува дека неодамнешен преглед на мозокот покажал дека „речиси секој дел од мозокот функционира со намален капацитет“. Повредата се случила во мај, кога Лили се онесвестила ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија остро реагира на, како што наведуваат, обидите на ВМРО-ДПМНЕ повторно да ја дефокусира јавноста од клучната тема – борбата против криминалот и корупцијата во земјава. „ВМРО повторно со дефокус се обидува да го сврти вниманието од главната тема, а тоа е борбата против криминалот и корупцијата“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата оценуваат дека преку, како што велат, лажни вести и ...

Викендот во Премиер лигата донесе неколку силни пораки – од тренерски дуели и тактички слабости, до индивидуални проблесоци и тимски кризи. Челси конечно покажа карактер против Манчестер Сити. Дебитантот Калум Мекфарлејн не дозволи тимот да потоне против Пеп Гвардиола, а голот на Енцо Фернандес во судиското продолжение донесе бод што вреди повеќе од статистика, особено ако се знае дека „сините“ немаат победа над Сити повеќе од четири години. ...

Режисерката Тамара Котевска на премиерата на документарниот филм „Приказната за Силјан“ во Скопје истакна дека настанот пред домашната публика за неа претставува „најголема гордост“, нагласувајќи дека филмот е создаден пред сè за македонската публика, без очекување дека ќе стигне толку далеку. „Не можам да ја опишам возбудата што ја чувствуваме сите тука вечерва. Без разлика каде сум била, не постои чувство што може да го замени овој настан, ...

Денеска на 4. јануари (недела) во 20.30, во МНТ ќе се одржи премиерата на македонскиот кандидат за Оскар „Приказната за Силјан“ од Тамара Котевска пред домашната публика која нетрпеливо го чека ова наградувано дело. МНТ за првпат ќе биде домаќин на ваква кино промоција, каде ќе биде присутна целата филмска екипа на „Силјан“ која работеше на еден од најдобрите документарни филмови во македонската кинематографија. Доказ за тоа се наградите кои ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35