Бредли Купер гордо ги извршува сите родителски обврски. Посветениот татко беше фотографиран со својата 7-годишна ќеркичка по нејзините училишни часови. На фотографиите, 49-годишниот актер ја држи за рака слатката Леа де Сејн, додека таа се насладува на голем сладолед. Дуото татко-ќерка редовно го привлекува вниманието на папараците и медиумите. Купер ја има Леа од врската со Ирина Шајк. Двајцата родители ги делат обврските околу грижата за ...

Марија Шерифовиќ ѝ приреди емотивно изненадување на мајка си Верица за нејзиниот 61. роденден. 39-годишната српска пејачка ги препеа песните на Верица и ѝ одржа приватен концерт со кој ја расплака, будејќи ѝ силни емоции. Овој проект, Марија го нарече „Uvek si mi govorila“ и напиша дека „можеби е најтешката, но и најубавата мисија“ која некогаш ја извела. „Долго време размислував како да те израдувам за роденденот. Минатата година, иако ти беше ...

Крис Хемсворт и Елза Патаки имаа ретко заедничко појавување на свеченост со двете синчиња. 41-годишниот актер и 48-годишната актерка со 10-годишните близнаци Саша и Тристан присуствуваа на австралиската премиера на филмот „Transformers One“. Елза шармираше во комбинезон во бургундец нијанса од Zimmermann, кој го надополни со накит од Bulgari и сандали од Jimmy Choo. За прикажувањето на неговиот нов филм во Сиднеј, Крис носеше костум од Brioni. ...

Брус Вилис ретко се појавува во јавност додека се соочува со сериозни здравствени проблеми. Славниот актер, која страда од фронтотемпорална деменција, беше фотографиран од папараците за време на излегување со автомобил во Лос Анџелес. 69-годишниот глумец бил придружуван од телохранители. Веста дека Брус има афазија беше објавена во март 2022 година. Во февруари следната година, неговото семејство сподели дека нему му била дијагностицирана ...

Талија Соди беше мамка за погледи на доделувањето на MTV VMA наградите. На овогодишната манифестација, 53-годишната актерка привлекуваше внимание во впечатлива металик креација. Фустанот со 3Д цветови е дело на дизајнерот Харви Сенит, а за целокупниот изглед на ѕвездата од серијата „Росалинда“ се погрижи нејзиниот стилист Дејвид Маркез. Во текот на вечерната свеченост, Талија се пресоблече во атрактивна асиметрична креација за да ѝ додели ...

Пар, кој десет години се бореше со неплодност, конечно се израдува на позитивен тест за бременост. Одри Болтон и нејзиниот сопруг Крафорд очајно се обидувале да зачнат цела една деценија, а само што се откажале од сите обиди за забременување, откриле дека во нејзината утроба расте едно мало чудо. Брачните партнери копнееле да станат родители и бидејќи не можеле да добијат биолошко дете, таа желба си ја оствариле со посвојување на две деца. ...

Кралицата Ранија заслужено е сметана за една од најдобро облечените припаднички на кралски семејства во светот. Јорданската кралица уште еднаш покажа дека поседува беспрекорен дамски стил. Имено, 54-годишната сопруга на кралот Абдула II присуствуваше на Форумот Европска куќа – Амбросети во Чернобио, а нејзиниот изглед не остана незабележан. Почитувајќи ја формалната природа на настанот, таа носеше сино-бела комбинација со сако и панталони. ...

Џенифер Гарнер ги отвори вратите од својот дом во Лос Анџелес за „Architectural Digest“. Инспирирана од своите спомени од детството, 52-годишната актерка сакала да создаде дом полн со „топлина и карактер“ за своите три деца кои ги има од бракот со поранешниот сопруг Бен Афлек. Сега, славната филмска ѕвезда им дозволи на фановите да ѕирнат во него. Во видеото, Џенифер ја води екипата на популарното списание од соба во соба низ „куќата која вешт ...

Марго Роби сјае како идна мајка. Холивудската ѕвезда не ја пропушти премиерата на филмот „My Old Ass“, кој го продуцираше заедно со сопругот Том Акерли. За свеченоста таа избра тесен фустан кој максимално ги истакна нејзините облини и минимална шминка која ја акцентираше нејзината природна убавина. Популарната актерка е во последниот триместар од бременоста. Ова ќе биде прво дете за Марго и Том кои се во брак од 2016 година. Нема слични ...

Дејв Грол јавно призна дека ја изневерил својата сопруга Џордин Блум и дека добил вонбрачно дете со друга жена. 55-годишниот фронтмен на групата Foo Fighters ги шокираше фановите со Instagram постот објавен вчера. Грол напиша дека планира да се грижи за својата вонбрачна ќерка и да ѝ даде љубов. „Неодамна станав татко на ќеркичка, родена надвор од мојот брак. Планирам да бидам родител кој ќе ѝ даде љубов и поддршка. Ја сакам мојата сопруга и ...

Додека неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли со неговиот син Пакс престојуваат во Канада, Бред Пит ужива со девојката во Њујорк. 60-годишниот актер беше фотографиран додека го напушташе хотелот во кој престојува со саканата Инес де Рамон. Бред го покажа своето уникатно чувство за стил облечен во жолт костум. 34-годишната дизајнерка на накит носеше бежова дводелна модна комбинација. Претходно, Бред и Инес беа фотографирани за рака на вечерно ...

Некои пријателства траат вечно и не се забораваат во ниту еден момент од животот. Такво е пријателството на Ариел и Кристин. Кристин била принудена да ја пропушти свадбата на Ариел, бидејќи штотуку се породила и морала да остане во болница покрај бебенцето. Но, Ариел не дозволи нејзината другарка да не ја види во венчаница на најважниот ден од нејзиниот живот. Среќната невеста пред прославата отиде во болницата каде што лежела Кристин и ѝ ...

Џенифер Лопез ги истакна своите познати облини на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Торонто. На премиерата на својот најнов филм „Unstoppable“, 55-годишната актерка се појави во провокативна металик креација од Тамара Ралф и ги размрда прстите на присутните фоторепортери. Иако пред само три недели поднесе документи за развод од Бен Афлек, со своето појавување на фестивалот Џеј Ло покажа дека навистина е незапирлива. Таа ја сокри тетоважата ...

Анџелина Џоли присуствуваше на премиерното прикажување на нејзиниот нов филм „Without Blood“ во Торонто. На црвениот тепих на Интернационалниот филмски фестивал, 49-годишната режисерка на филмот зачекори во црн долг фустан од Долче и Габана, надополнет со црни ракавици над лактите. Таа беше придружувана од синот Пакс. Ова е прво појавување на јавен настан на 20-годишниот син на Анџелина и Бред Пит по неговата сообраќајна несреќа со електричен ...

Принцезата Кетрин стави крај на мачно поглавје во нејзината битка со ракот. Во емотивна објава на Instagram, таа сподели дека завршила со хемотерапијата. На официјалниот профил на Принцот и принцезата од Велс, беше објавено видео од семејни снимки, заедно со пораката: Како што наближува крајот на летото, не можам да ви кажам колкаво олеснување е што конечно ја завршив хемотерапијата. Последниве 9 месеци беа неверојатно тешки за нас како ...

Селена Гомез одлучи јавно да проговори за мајчинството. Во интервју за Vanity Fair, младата пејачка и актерка сподели дека не може да носи и роди свои деца. „Го немам кажано ова, но за жал, не можам да родам свои деца. Имам многу медицински проблеми кои би го ставиле во опасност мојот живот и животот на бебето. Извесно време тагував поради тоа“ – рекла таа. Сепак, Селена не се откажува од сонот еден ден да стане мајка иако влегувањето во ...

„Имам рак, па што. Живејте си го животот, еден е“ – порача Весна Петрушевска во емотивна исповед во која откри дека борбено се соочува со рак на дојка. Популарната актерка во Instagram видео објави повеќе информации за дијагнозата, лекувањето и менталната состојба, а сподели и свои размислувања околу болеста. Кога ќе ја добиеш веста дека имаш дијагностицирано рак, тоа значи дека првата мисла што ќе ви падне на памет е дека вашето време некако ...

Гоца Тржан секогаш е искрена и гласна кога станува збор за мајчинството. Таа пред неколку дена присуствуваше на отворањето на реновираниот Сава центар во Белград. На црвениот тепих, српската пејачка беше пресретната од фоторепортерите и новинарите кои ја искористија приликата за да поразговараат со неа. Меѓу другото, тие ја прашаа што ѝ порачала на ќерка си Лена на почетокот на третата година од средното образование. „Што има јас да ѝ кажувам? ...

Меѓународното приватно училиште „Максимилијан“ интензивно се подготвува за новата учебна 2024/2025 година. Оваа година, интересот за основно и гимназиско образование навистина е на високо ниво, а сите заинтересирани ученици и родители можат да ја посетат нивна веб – страница. „Максимилијан“ овозможува успешен развој на Вашето дете, со прилагодени програми за основно и средно образование, каде што доминира индивидуалниот пристап и учењето во ...

Реакцијата на малата Пита, кога конечно ќе го види светот јасно со помош на очила, ќе ви го растопи срцето. 7-месечното бебе доби пар очила за вид со кои појасно ги виде луѓето околу себе. Видеото од тој момент беше споделено од мајката и веднаш стана вирален хит на TikTok. „Кога имаш само 7 месеци и конечно можеш да гледаш“ – напиша мајката Дана Детмер. @danamarie.711 When youre 7 months old and can finally see♥️ #fypage #eyeglasess #baby ...

Мајка на три девојчиња напиша сладок текст за огромната љубов на родителите кон нивните деца. Даниела Шерман-Лазар признава дека мајките имаат премногу обврски додека се грижат за своите малечки, но дека тоа е вистински благослов и привилегија. „Рацете ти се полни“– ова го слушам секаде каде што одам. Бидејќи, да, моите деца се однесуваат како деца. Гласни се на места каде што луѓето претпочитаат да бидат тивки. Некоја од нив постојано е ...

Џоди Гринхам постигна неверојатен успех на Параолимпијадата во Париз и тоа во седмиот месец од бременоста. Откако освои бронза во индивидуалната категорија, 31-годишната Британка успеа да стигне и до златниот медал во парови. Таа се натпреваруваше заедно со својот колега Нејтан Меквин за победничката титула. Во едно интервју по освојувањето на медалите, Гринхам изјави дека се обидувала да ја намери целта во индивидуалното натпреварување, кога ...

Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина беа дел од бројните славни личности од Србија и регионот кои присуствуваа на отворањето на обновениот Сава центар. На црвениот тепих во Белград, 35-годишната актерка шармираше покрај 39-годишниот сопруг со кој глумеше заедно во филмот „Тома“. Српските актери споделија фотографии од свеченоста на која настапи Здравко Чолиќ. Тамара, која се породи пред еден месец, носеше широк фустан од DAIRE. Тамара и Петар се во ...

Македонскиот филмски и телевизиски монтажер Димитар Грбевски е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за исклучителен придонес во македонската кинематографија, што традиционално секоја година ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија. „Оваа награда востановена во 2013 година е замислена како признание за посебна контрибуција кон македонскиот филм и од самиот почеток критериумот е подигнат толку високо, што ...

Тим Бартон ја доби 2.788-мата ѕвезда на холивудската Патека на славните. 66-годишниот легендарен режисер, чие последно филмско остварување е „Beetlejuice Beetlejuice“, ја доби поддршката од колегите и саканата Моника Белучи. На свеченото откривање на ѕвездата со негово име, Тим позираше со 59-годишната италијанска актерка, како и од актерите Мајкл Китон, Винона Рајдер и Дени ДеВито. Во својот говор, Тим рече дека оваа ѕвезда е многу специјална ...

Лејди Гага е голема обожавателка на ексцентричните модни комбинации. На премиерата на „Joker: Folie à Deux“ во Венеција, 38-годишната ѕвезда ги привлече сите погледи појавувајќи се во драматичен стајлинг. Славната пејачка и актерка носеше црна креација со екстра волуменозно здолниште, која ја надополни со впечатлив додаток на главата. На премиерното прикажување на вториот дел од „Joker“, таа ја доби поддршката од својот вереник Мајкл Полански. ...

Септември е месец кој го одбележуваме со нови почетоци и есенско расположение. За искуството да биде целосно, ви предлагаме со кои три производи од dm дрогериите овој месец да го разубавите вашето секојдневие! Една од работите кои ги прави dm дрогериите посебни, е нивниот асортиман на сопствени производи од dm марките. Покрај големиот број на повеќе од 3.000 производи од нивните dm марки кои имаат германски квалитет и секогаш поволни цени, тие ...

Голем број српски и регионални ѕвезди синоќа блеснаа на отворањето на реновираниот Сава центар. Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ заедно зачекорија на црвениот тепих во Белград. 40-годишната музичарка и 45-годишниот актер изгледаа модерно додека заедно позираа пред насобраните фоторепортери. Двата беа облечени во црни костуми. Јелена и Иван се во брак од 2011 година и имаат една ќерка. Тие се еден од омилените српски парови. Нема слични статии. ...

Адел најави долга пауза од музиката. За време на последниот концерт во Минхен, 36-годишната музичарка им кажа на своите фанови дека има потреба од пауза и дека сака да го живее животот кој го градела за себе во изминатите години. @adeleslyrics adele confirms that she will take an incredibly long break! #adele #fypシ #foryoupage #blowthisup #foryou #fyp #viral #fy ♬ original sound - adele Таа им се заблагодари на сите што беа дел од нејзините ...

Џорџина Родригез и оваа година не пропушти да го посети Филмскиот фестивал во Венеција. 30-годишната партнерка на Кристијано Роналдо присуствуваше на одбележувањето на 20-годишната од лансирањето на списанието „Diva E Donna“, кое ѝ додели награда. На црвениот тепих, Џорџина зачекори во бела креација со висок шлиц, која одлично ги истакна нејзините облини. Таа за првпат ја покажа и својата нова пократка фризура. Родригез ја доби наградата Жена на ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
60%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
1.54
63%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 17ᴼ
0.0
69%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
68%
1021
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
4.86
54%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
92%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 26ᴼ
5.66
38%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
47%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
60%
1022
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
53%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.72
61%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505