
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Иако деловниот изглед навидум претпочита неутрални нијанси, со задолжителните црни и бели тонови, сепак е добро понекогаш да бидете малку посмели. Зачекорете самоуверено во боја, одберете ја онаа што сметате дека најдобро ви прилега, а може да се одлучите и за две и повеќе нијанси. Некои дами умеат мајсторки тоа да го направат, па ако не сте сигурни во изборот, позајмете некоја идеја. Со бојата ќе внесете дополнителна позитивна енергија што на ...
Убавината ја надминува категоријата време, само кога е вистинска. Тогаш таа станува безвременска. Ирена Спировска е дама во која безрезервно може да пронајдеме пример за безвременска убавина, како целина, а празниците имаат таква сила уште толку да ја истакнат и да ја издвојат со сиот нејзин сјај. И неслучајно, вчеравечер под светлината на празничната магија, Ирена Спировска блескаше, во идеална хармонија со ексклузивната тоалета од ЕЛЕНА ЛУКА ...
Жакемус, француската модна куќа на младиот дизајнер Симон Порт Жакемус, за потребите на својата божиќна кампања, ја ангажираше кралицата на сексапилот Памела Андерсон. Брендот е препознатлив по своите вирални објави и умее да го привлече вниманието, а токму тоа го направи и со познатата актерка на својот Инстаграм профил. Во видеото ја гледаме Памела во бел фустан со драматичен шешир од колекцијата Le Raphia, односно истиот аутфит што го носеше ...
Убавите празнични излози се мелем за очите, а токму некои од нив се најдоа и на нашата листа. Креативни елки, панделки, сијалички во разни бои, интересни фигури па дури и лего коцки ги збогатија излозите на добар дел од познатите брендови низ целиот свет. Сета таа магија нема да ве остави рамнодушни и ќе посакате барем за момент да застанете и да погледнете. Еве за какви декорации се одлучија некои од нив. View this post on Instagram A post ...
Синоќа беше свечено презентирана најновата колекција „Циклус/Cycle" од модната дизајнерка Мирјана Јосифоска во просториите на „Јавна соба". Мирјана Јосифоска е млада модна дизајнерка со повеќегодишно искуство во изложби на своите креации. Позната е по своите рачно изработени шапки коишто ги изработува со занаетчиски техники на видно уникатен начин. Материјалите што ги користи се исклучиво одржливи, етички, од природно потекло, рециклирани и ...
Малиот црн фустан секогаш бил и ќе остане на пиедесталот на модата. Тој е дел од сечиј гардеробер и сигурен избор кога не знаеме што да облечеме. Иако пред низа години беше симбол за поформални моменти и вечерни излегувања, во последниве години дизајнерите му даваат и малку поинаква улога. Денес малиот црн фустан гордо ја претставува креативноста на најразлични начини со интересни исечоци, богати текстури, волуменозни ракави, ремчиња, чипка... ...
Најмалите пациенти од Клиниката за детски болести во Скопје, деновиве имаа необична предновогодишна посета која многу ги израдува и им го разубави престојот во болница. Петта година по ред, оваа убава хуманитарна акција на Црвениот крст на град Скопје веќе премина во традиција за поздрав. Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини Маус и ...
Викторија Бекам секогаш умее визуелно да изненади со својата креативна инспирација кога се во прашање нејзините вешто изработени парчиња. Така е и со најновата pre-fall колекција што можеме да ја видиме во американскиот Vogue. Она што ја карактеризира е исклучително моќна женственост, истовремено заводлива и примамлива за сечие око. Ако во првите 10 години нејзиниот креативен дух создаваше прагматичен гламур, сега работите се сосема поинакви - ...
Култен, затоа што веќе 70 години ги поврзува дерматологијата и beauty индустријата освојувајќи ги жените ширум светот. Создаден од париски дерматолог, прифатен од make-up артистите, денес познат во светот како „Оној француски крем". Lait-Creme Concentre е прв избор како подлога за шминка на make-up артистите ширум светот. Речиси и да не постои make-up артист во светот кој не користи барем еден Embryolisse производ. Култниот Lait-Creme Concentre ...
Симболиката на празничната семејна трпеза е далеку над „само декор" и допира до најдлабоките животни вредности. Тука се собира семејството, тука се разменува убавата мисла и добра енергија, а притоа се гостат сите сетила, со пријатни вкусови и мириси. Празничните денови имаат таква моќ, да секој добие можност ако сака, да го пронајде своето задоволство во било кој сегмент од таа празнична магија, а за многумина тоа е токму семејната новогодишна ...
Шал – ќебето оваа зима е полн погодок. Покрај тоа што е практично и топли кога најмногу треба, го дополнува изгледот на еден суптилно, елегантен начин. Сепак она што нам ни е најинтересно е тоа што може малку да си играме со начинот на кој што ќе го носиме. Зимата сама по себе ја наметнува потребата за повеќе слоеви и тука шал-ќебето доаѓа во прав момент. Последниве неколку години долгите, големи шалови се навистина популарни, особено се хит ...
Празничниот амбиент зачинет со малку модна магија има многу поинаква димензија. Всушност, празниците се убав повод за модна храброст и време кога може да си дозволиме малку повеќе сјај со кој ќе излеземе од комфорната зона на секојдневието. И ако тоа ви причинува задоволство, тогаш не двоумете се да блескате. Ако барате мотив и пример што ќе ве охрабрат да посегнете по своето блескаво, празнично издание, инспирација ќе пронајдете во гламурозните ...
На листата дестинации кои вредат да се посетат за новогодишните и божиќните празници го додаваме и италијанското гратче Локоротондо. Иако местото се наоѓа во јужна Италија и не асоцира баш на зима, сепак и во зимскиот, божиќен период има што да понуди. Сите декорации во градот се толку внимателно одбрани, што не постои друг збор освен совршено. Црвени тонови, на бели ѕидови, проткаени со златни нијанси од лампиони и малку зеленило. Мештаните на ...
Кој не би посакал барем еднаш во животот да посети бајковито, снежно и убаво украсено место, и тоа за време на празниците. Снегот и празничниот дух си го прават своето, па кога ќе наидеме на нешто магично, како ова малечко село во Крањска Гора, Словенија, едноставно посакуваме да го посетиме. Станува збор за Алпска Васица, место кое зрачи со автентичен празничен амбиент, обвиен со снежно бела покривка. Тука можат да се видат мноштво украсени ...
Магијата на празниците доаѓа во необично пакување, барем според светскиот бренд Loewe. Нивните сребрени сандали со огромна панделка направија бум на социјалните мрежи овие празнични денови. Дизајнот на сандалите е полн погодок, совршено вклопен во празничниот амбинет: моделот е елегантен, со тенка потпетица висока 10cm, во металик сребрена нијанса и најбитниот детаљ е огромната сребрена панделка која потсетува на украсна лента со која се ...
И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид, традиционално ја накитија подводната, новогодишна елка. Елката, која што е поставена под Музејот на вода, е посветена на дечињата со ретки болести. На овој симболичен начин нуркачите им посакаа на најмалите здравје, успех и среќно детство, а воедно им ја честитаат новата 2023 година на сите жители во Македонија. Посетителите на Музејот на вода, ќе можат да ја видат елката до крајот на ...
Покрај сите парчиња облека, обувки, фризура и шминка, не смееме да го заборавиме накитот, како задолжител моден додаток особено за празничните прослави. На Инстаграм профилот Marscaly.mk наидовме на интересен накит, поточно рачно изработени обетки во духот на Нова Година и Божиќ. Обетките се во различен облик од божиќно венче и чорапчиња за на камин, до снегулки, елки и шеќерни стапчиња. Изработките, кои што се од полимерна глина, на еден ...
Божиќ е време за семејството, за љубов, надеж, полна трпеза и подароци од срце. Убаво е да се слави, да се одржува традицијата, а како и со кого тоа го направија дел од познатите лица, погледнете подолу. Дејвид и Викторија Бекам Семејството на Рис Витерспун Никол Кидман Линдзи Лохан Хали Бери Мараја Кери со дечињата Ким Кардашијан со семејството Криси Тајген и Џон Леџенд Меси со семејството Парис Хилтон Џенифер Лопез Фото: Instagram ...
Нов пар чизми е секогаш добредојден во вашата колекција, без разлика дали сте во потрага по нешто практично за ладните зимски денови, или сакате да оставите личен печат со нешто тренди на работа. Чизмите не се само моден момент, туку и нешто што навистина ни е потребно во зима. Затоа кога ги одбираме пожелно е да ги имаат и двете функции. Еве што да одберете оваа зима. Чизми со платформа Нема да погрешите ако оваа зима се одлучите за чизми со ...
Балканот тагува... По кратко боледување, почина големиот хрватски музичар Масимо Савиќ во 61-та година од животот. Тажната вест ја потврди и Aquarius Records, како и неговото семејство. "По кратка, но херојска борба не напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, засекогаш ќе живее во нашите души, насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Ќе бидеме твои девојки засекогаш. Ани и ...
Букет од рози, замислете го како фустан. Ова е нашиот прв впечаток од новата pre-fall колекција на етаблираната модна куќа Каролина Еререа под креативно водство на Вес Гордон. Женственоста со сета своја грациозност вратена на пиедесталот. Ако последниве неколку години предимензионираните и лежерни кроеви, пижамите и спортската облека беа присутни во секоја сфера од нашиот секојдневен живот, оваа колекција нѐ враќа кон елеганцијата, романтиката ...
Овој период од годината, кога се поздравуваме со старата и се подготвуваме за новата, вообичаено се резимира, но и се прогнозира. Модната индустрија работи стратешки и таму ништо не е случајно, а меѓу другото веќе е подготвена и прогнозата за тоа какви тенденции нѐ очекуваат во претстојната 2023 година. Ги сублимиравме анализите на етаблираните светски модни магазини и ги издвоивме трендовите што ќе доминираат идната година. Меѓу нив, влијанието ...
Роси Осорно е модна блогерка, која воодушевува на социјалните мрежи. Оваа млада дама, која што е родена во Севиља, Шпанија, има повеќе од 1,5 милиони следбеници на Инстаграм кои секојдневно ги следат нејзините објави. Taa на свои 26 години ја претстави својата прва колекција на фустани и сега има успешен бренд за свадби и посебни прилики. Иако честопати знае да објави комбинации од својата колекција, таа презентира и high street модни парчиња ...
На 12 јули, 1998 година, Франција ја понесе титулата светски првак во фудбал, откако го победи Бразил во финалето со 3:0. Но, пред тоа да се случи, на познатиот Stade de France, продефилираа 300 модели во чест на 40 годишнината од кариерата на Ив Сан Лоран. Брендот кој што го дефинира францускиот луксуз, направи спектакуларно шоу за паметење, кое што го гледаа 1,7 милијарди луѓе ширум светот. За модното дефиле да биде совршено изведено, ...
Мишел Фајфер важи за една од најубавите жени во Холивуд. Иако веќе ја ситни седмата декада, на свои 64 години, се уште негува младешки стил и изглед. Многумина ја паметат по култната улога во филмот Scarface, каде што се појави покрај легендарниот Ал Пачино и ги собра симпатиите на сите. Оттогаш кариерата и тргнува во нагорен правец, успешно редејќи улога зад улога. Но, и покрај славата и сите бенефеции што доаѓаат со неа, Мишел е една од ...
Загреб има навистина голема модна култура. Првиот впечаток секако ќе го добиете на улица. Уличната мода во хрватската престолнина не е ништо подалеку од диверзитетот, вкусот и димензијта на уличната мода во светските метрополи. Ако ги разгледате последните фотографии од актуелната зимска улична мода, објавени на Инстаграм профилот @street_stylezagreb, само ќе ја потврдите оваа констатација. Модерни дами од сите возрасти кои точно знаат како да ...
Откако Џастин Бибер се закани дека ќе ги тужи H&M, модниот бренд ја повлече колекцијата со ликот на популарниот пејач од продажба. Дваесет и осум годишната ѕвезда категорично се изјасни дека не ја одобрува линијата која што вклучуваше маички со кратки ракави, џемпери, платнени торби и додатоци за телефони. Пејачот на својот Instagram профил ги постираше производите и на своите следбеници им порачуваше да не ги купуваат. Ги нарече истите ...
Годинава што изминува, трендовите на внатрешно уредување ги одбележаа пастелни, смирувачки тонови и меки и комотни парчиња мебел. Она што треба да го очекуваме во 2023-та е малку порустично, пообоено, поведро и со поголем контраст. Романтичните стилови ќе се заменат со посмели трендови, што сосема одговара на пост пандемиската реалност кон која се движиме. Контраст на боите Заборавете на белиот декор во домот и заменете го со контрастни ...
Новогодишната магија може да ја пронајдете и во најскриеното катче во градот, ако погледнете низ празничните очила. Секое со своја празнична приказна, украсени со мерак, таквите магични блесоци кои ѕиркаат од различни страни на градот, го создаваат новогодишниот лик на Скопје. Топол чај испиен покрај убаво украсеното новогодишно дрвце или божиќен поздрав испратен од празничниот излог, сите мали моменти заедно учествуваат во креирањето на топлата ...
Нејзиното величество црната ролка заслужува вистинско внимание. Тоа безвременско парче облека е дел од речиси сечиј гардеробер. Можеме да го вклучиме во секоја модна комбинација, од миди, плисирани здолништа до фармерки, памучни панталони и блејзери. Кога е црната ролка во прашање, не се потребни други детали, таа сама по себе остава доволен печат на секој аутфит. Одговара со поформално, работно издание, но одлично се согласува и со покежуал ...