
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Оскаровската ноќ е една од највозбудливите во Холивуд. Спојот на врвни дизајнерски парчиња и маестрална филмска уметност никој не остава рамнодушен. Исто толку возбудливо, ако не и повеќе, е забавата по оскарите, којашто секоја година ја организира магазинот Vanity Fair. Од софистицираност и елеганција, стајлинзите на познатите добиваат посмел лик, шик и провокативни елементи, а освен луѓе од филмската индустрија доаѓаат и други познати ликови ...
Големиот победник на 96-те Оскари по ред е Oppenheimer за којшто и се претпоставуваше дека ќе собере најголем број на награди. Од вкупно 13 номинации филмот за закити со седум оскари, меѓу кои најдобар актер во главна улога (Килијан Марфи), најдобар филм, најдобар актер во споредна улога (Роберт Дауни Џуниор) и најдобар режисер (Кристофер Нолан). Ема Стоун која воодушеви и со изборот на фустан, освои награда за најдобра актерка во главна улога ...
Џинсот е безвременски, прилагодлив на секаква прилика, одличен во комбинација со сите бои и парчиња облека. Го носиме во сите годишни времиња, а особено добро изгледа во пролет. Блејзер и фармерки се можеби една од најчестите комбинации кога станува збор за урбан изглед, а типот на обувки ја менува дневната во вечерна варијанта. Потпетици и џинс се совршен спој за забава, додека патиките се изборот за опуштено попладне. Кошулата ќе им даде ...
По повод денешниот празник на жените Осми март, компанијата којашто стои зад популарните Barbie кукли, Mattel, создаде нови барбики во чест на неколку познати дами. На овој ден се прославува и 65 годишнината од производителот на играчки на којшто овојпат, како инспирација му послужија осум успешни жени во шоубизнисот. Минатата година темата беше STEM, односно се оддаде почит на неколку дами од науката, технологијата, математиката и инженерингот. ...
ЕЛЕНА ЛУКА со гордост го претставува своето ново уметничко дело. Екстравагантната креација е инспирирана од фантастичниот ефект на огнениот Феникс и маѓепсува со својата убавина. ЕЛЕНА ЛУКА овој пат ја одбра актуелната црвена боја, онаа силна нијанса на љубовта, женственоста и моќта и ја преточи во уметност пред која што е невозможно да останете рамнодушни. Оваа преубава тоалета која ја следи линијата на телото низ многубројните пердуви обоени ...
Иако можеби кафето и колегенот се чинат како невозможна спојка, сепак едно кафуле во Париз, 48 Collagen Café, најде начин како да направи интересен микс. Станува збор за ново место кое нуди досега невидено искуство преку несекојдневен футуристички концепт. За колагенот знаеме дека е од исклучително значење за коските, кожата, ноктите и косата, а тоа беше и причината што Амандин Форно се реши да го основа 48 Collagen Café. Тука на оригинален ...
Пролетта само што не пристигнала, а сончевите зраци веќе нè мамат да ги облечеме фустаните. Оваа сезона ќе им дадеме предност на макси фустаните, кои слободно паѓаат и ни овозможуваат комоција во секоја прилика. Ги сакаме на секаков начин, во дневна или ноќна варијатна, со патики, мартинки, балетанки... Најдобро одат со кожна јакна во бојата што ќе ја одбереме, а подеднавко добро се сложуваат со блејзер или тексас јакна. Пролетта е како ...
Со новата есен-зима колекција на Шанел, креaтивната директорка Вирџинија Вард се враќа на традиционалните вредности. Овој пат модната куќа го рекреираше шеталиштето во малиот француски град Довил каде што започна неверојатната приказна на Коко Шанел. Целото шоу беше еден вид на испреплетено враќање во модната идеологија на 20-те и 70-те години кога сè беше поедноставно. Она што ја каректеризира оваа ready-to-wear колекција се пастелните бои, ...
Легендарната и неповторлива Ајрис Апфел на 102 годишна возраст замина во легендите. Ајрис ќе остане запаметена како една од најголемите модни бунтовнички и една од навлијателните икони на стилот. До крајот на својот живот, таа остана доследна на живописните бои и предимензионираните очила по коишто целиот свет ја препознаваше. Нејзината уникатност и донесе многу соработки со модниот свет, а нејзиното мислење за модата беше едно од ...
Андријана Петрушовска од Скопје јавноста ја запозна во втората сезона на регионалното музичко шоу Ѕвездите на Гранд. Таа лани беше финалистка, на чекор до триумф, а годинава стаса до шестиот круг на шоуто кој што допрва ќе се емитува. Младата девојка плени со својот глас и убавина, а на својот инстаграм профил ни го откри стајлингот за нејзиното следно појавување на сцената. Заслужен за беспрекорниот изглед на Андријана е нашиот етаблиран бренд ...
Магична Оскаровска ноќ за прв пат на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите. Настан кој на гламурозен начин ја донесе филмската музика и хитовите кои освоиле Оскар низ годините или биле номинирани, а маестрално ги изведоа наши познати музички ѕвезди. Вистински гламур и оскаровски дух се преслика и во модните уникатни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА, која ги стилизираше дамите кои вечерта блескаа на сцената на МОБ, во духот на Холивуд: ...
Магична Оскаровска ноќ за прв пат на сцената на МОБ, во пресрет на 96-то издание на Оскарите. Настан кој на гламурозен начин ја донесе филмската музика и хитовите кои освоиле Оскар низ годините или биле номинирани, а маестрално ги изведоа наши познати музички ѕвезди. Вистински гламур и оскаровски дух се преслика и во модните уникатни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА, која ги стилизираше дамите кои вечерта блескаа на сцената на МОБ, во духот на Холивуд: ...
Fenster Café е едно малечко кафуле,(ако воопшто може да се нарече така), сместено во една мала улица во срцето на Виена. Кафето тука се послужува од малечко прозорче, а внатре има доволно место само за еден бариста. Овој прозорец се наоѓа во куќа стара 600 години, што го прави Fenster Café уште поуникатно. Гостите можат да порачаат еспресо, капучино, лате, но сепак најголем хит е корнеточино (cornettoccino) односно фенстерчино (fensterccino) ...
По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ. Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот. Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот ...
По повод празникот на жената, Осми март, ЦАР САМУИЛ организира голем спектакуларен концерт со балканската музичка ѕвезда Александра Радовиќ. Во чест на сите дами нашиот бисер на бањскиот туризам ќе приреди одлична забава во совршен амбинет, низ хитовите на еден од најдобрите гласови во регионот. Јавноста ја знае Радовиќ како вистинска дама која што својата успешна кариера ја постигна благодарение на своите вокални способности, моќниот перформанс ...
Модната недела во Милано е официјално завршена. Познатите модни куќи имаа прилика да ги покажат своите најнови колекции за сезоната есен/зима 2024. Дизајнерите на Prada, Bottega Veneta и Gucci заедно со уште ред други познати имиња ни презентираа што ќе биде ин и како ја замислуваат модната игра за крајот на годината. А она што е секогаш интересно покрај случувањата на модната писта е уличната мода. Во свои креативни стајлинзи прошетаа дел од ...
Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со почеток од 19 часот се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни" и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок" од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан. Писателката беше облечена во елегантна бела комбинација со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА. Уникатниот костум е спој на модерна естетика и ...
Новата пролет/лето колекција на Викторија Бекам излегува од рамките на веќе виденото, како во однос на моделите, така и во однос на кампањата и креативноста. Зад објективот на извонредните уметнички фотографии стои германскиот фотограф Јирген Телер којшто својата визија ја пренесува на оригинален начин. Главна улога, покрај колекцијата, во кампањата има топ моделот Вилма Сјоберг која позира во симбиоза со ладната природа потенцирајќи го ...
Сезоната на награди во Холивуд се повеќе се загрeва пред да ја достигне кулминацијата со јаготката на шлагот - Оскарите. Во таа насока вчеравечер во Лос Анџелес, Калифорнија, се одржаа SAG наградите (Screen Actors Guild Awards) коишто им оддаваат признанија на најголемите постигнувања во филмот и телевизијата. Хитовите на големиот екран како "Barbie," "Oppenheimer" и "Killers of the Flower Moon" беа доминантни и понесоа повеќе награди, а во ...
ЕЛЕНА ЛУКА за оваа 27-ма Златна Бубамара, се погрижи за изгледот на четири наши познати дами Вера Мештеровиќ, Андријана Јаневска, Миланка Рашиќ и Ленче Дедејска. Секоја од нив изгледаше светски, гламурозно, онака како како што и прилега за свечен настан како вчерашната Бубамара. Вера беше поим за впечатливост во асиметричен, фустан со набори и долги ракави, во силна црвена нијанса. Андријана, која што прими награда за најдобра пејачка, донесе ...
Во салата Борис Трајковски вчеравечер се одржа 27-то по ред издание на Златна Бубамара на популарноста. Манифестацијата која веќе стана традиција уште еднаш ја собра македонската публика на неколку часовно дружење и забава. Музички спектакл, ред награди, ред шеги, вечер за паметење, потсетување на тие што ги нема, понекоја солза и сеќавање на незаборавените. Златната бубамара како и секоја година е момент да се заблеска, па така и овој пат ...
Додека нетрпеливо ја чекаме пролетта да не прегрне со сета своја убавина, во потрага сме по свежи идеи кои ќе го отсликаат годишното време кога сè се буди и раззеленува. И токму затоа ја одбравме бојата која одговара - зелената. Раскошната зелена во сите свои нијанси, онаа зелена која потсетува на кокиче, на живот кој се раѓа под заспаното зимско сивило. Може да дојде во секаква форма, од здолниште и панталони, до мантил и зелени детали. Треба ...
Животните приказни на четворицата легендарни членови на Битлси ќе добијат филмско остварување. Поточно, планирани се вкупно четири, биографски филмови, за секој член одделно. Според прогнозите филмовите ќе бидат готови во 2027- ма година, а јавноста ќе има одлична можност да погледне одблизу како секој член на бендот ја доживувал големата популарност. Режисер на овој амбициозен проект е Сем Мендес, а зад продукцијата стои студиото Sony Pictures ...
Ќе се согласиме сите дека Жизел Бундшен изгледа подобро од било кога во новата кампања на Балман за колекцијата пролет/лето 2024-та. Печатот што го остави во моделингот уште со своето прво појавување е еднакво свеж и ден денес, токму како што е и самата колекција со потпис на уметничкиот директор Оливие Рустенг. Новата колекција е ода на безвременскиот стил на Пјер Балман којшто ја основаше француската модна куќа во 1945-та со цел да даде форма ...
Зимата знае да биде малку проблематична за цвеќињата, но љубителите на флората знаат како да постапат со нив. Од Инстаграм ентериери никогаш не се заситуваме, а за денес имаме еден каде што царуваат цвеќињата. Профилот orlandoplantlady зад којшто стои една голема љубителка на саксиско цвеќе изгледа како мал зелен рај. Целиот простор во домот е опсипан со цвеќе, совршено го надополнува и му дава живот и енергија. Најмногу застапени се ползечките ...
Модните блогерки имаат ново омилено парче за преодната сезона. Станува збор за блејзер (џемпер, капут) изработен од мохер волна, која што со себе носи елеганција и отменост. Освен тоа овој материјал е толку мек, топли, не се гужва и е погоден за оние со осетлива кожа. Инстаграм е преплавен со ова волнено парче коешто поради својата текстура има таканаречен brushed изглед, којшто ги привлече модните ентузијасти. Мохер е вид на волна којашто се ...
Додека зимата официјално не ја испратиме, расположени сме за прекрасни зимски пејсажи и авантури во кои можеме барем на кратко да уживаме. Една од земјите која е идеална за посета во зима е Финска, а од сите природни убавини, феноменот Аурора Бореалис е една од најмагичните и најпосакуваните глетки. Бројни езера, шуми, недопрена снежна природа се она што ќе ве пречека во една од најсреќните земји во светот. Финска е местото каде е сместен ...
Во Лондон вчеравечер се одржаа престижните BAFTA награди коишто важат за Британски Оскари. Кралската свечена сала беше местото каде се собра дел од Холивудскиот крем и европските филмски ѕвезди да им оддадат почит на најдобрите национални и странски филмови за годината што измина. "Oppenheimer" доминираше со вкупно девет победи, а на црвениот тепих доминираа софистицирани и гламурозни изданија. Од светкави тоалети до фустани што го отсликуваат ...
Широките блејзери доминираа повеќе сезони наназад, но се чини дека оваа пролет повторно ќе ги гледаме струкираните модели кои одговараат на секоја фигура. Тие се истовремено удобни, ја потенцираат женственоста и се одличен избор за формални, но и секојдневни прилики. Кога се мислите што да облечете блејзерот е секогаш одлично решение. Особено е интересен струкираниот модел со нагласени рамена, којшто е шик и делува навистина моќно. Во него ...
Модната куќа Версаче и легендарната Клаудија Шифер имаат силна врска. Нејзиниот основач, назаборавниот Џани Версаче беше тој што најмногу ѝ помогна на Шифер кога ги правеше првите чекори на модната сцена. Заедно со оваа модна куќа таа стана и една од оригиналните супермодели, кои сеуште го носат тој статус. И денес Донатела ја нарекува легендарна и затоа ја ангажираше за нејзината кампања пролет/лето 2024-та.. На фотографиите ја гледаме Шифер ...