
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Иако можеби на прв поглед ќе ви се чини премногу смело да ја внесете црвената боја во ентериерот, следниве неколку примери ќе ве убедат во спротивното. Црвената боја се поврзува со енергија и страст, со себе го носи ефектот на возбудливост и е одлична да ја разбуди атмосферата ако е премногу еднолична. Од модата сега оваа боја се сели во домовите, но со добро осмислено комбинирање на нијанси и количини. Кога имаме светли ѕидови и мебел во ист ...
Пред точно 50 години белгиската дизајнерка Дајан фон Фурстенберг го креираше легендарниот фустан на преклоп. Дајан која тогаш имаше само 27 години создаде парче облека кое доживеа голема слава и стана дел од стајлингот на многу познати сами како Мишел Обама, Мадона и други. По повод големиот јубилеј дизајнерката претстави капсулна колекција наречена Wrap50, којашто следеше по промоцијата на нејзината книга 'Woman Before Fashion'. Интересен е ...
Деловните комбинации се секогаш добредојдени како идеја, па затоа неретко се потпираме на модните блогерки на Инстаграм, кога ни е потребна инспирација. Во зимата како и во секое годишно време ни треба доза креативност за да ги споиме вистинските парчиња на начин што ќе привлече внимание и позитивни критики. Деловниот стил подразбира и елеганција која што може да биде зачинета со кежуал елементи. Широки панталони, или оние класичните со раб се ...
Академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста" го доделува признанието за животно дело на музичката легенда Драган Мијалковски. Мијалковски оваа година одбележува пет и пол децении на музичката сцена. Неговата музичка кариера започнала на аудиција „Бараме млади таленти" во 1969, кога ден по успешниот настап ја направил првата радио-снимка. Со своите песни трајно ја одбележа домашната забавна музика, а како поп-пејач имаше ...
Во питорескното англиско гратче Бишоп Касл се наоѓа една интересна книжарница наречена Poetry Pharmacy. Оваа книжарница-аптека работи на интересен концепт – наместо лекови тука ќе ви "препишат" книги. Целта на ова место е да пружа одмор на душата и телото, на секој оној кој ќе дојде. Посетителите си ја кажуваат својата мака и вработените препорачуваат соодветна книга поезија, за која веруваат дека е "потребниот лек". Овој визионерски проект е ...
Преодната сезона меѓу другото е резервирана за мантилите. Кога зимските температури попуштаат на ред доаѓаат токму овие парчиња облека коишто му даваат посебен шик шмек на секој аутфит. Бојата во која што најчесто ги гледаме е беж, но ги има и во зелени, кремави, окер и слични земјени нијанси. Мантилите се составен дел од деловниот стил, а се исто така и практични со оглед на тоа што ги носиме и напролет и наесен. Можеме да ги комбинираме со ...
Mарго Роби ја продолжува својата "модна турнеја" во извонредни парчиња облека. Актерката од популарниот Barbie филм, викендов беше во својата родна Австралија каде што се доделуваа 13те по ред AACTA награди. За оваа свечена пригода, каде што меѓу другото ѝ беше врачена Trailblazer награда за посебен придонес во филмската индустрија, Роби облече фустан со потпис на Вивиен Вествуд. Актерката изгледаше како вистинска принцеза во тоалетата со ...
Актерката Кели Радерфорд, која за запознавме од нејзината улога во серијата Gossip Girl, е прогласена за модна икона за 2024-та. Кели која во популарната серија ја глумеше мајката на главната протагонистка Блејк Лајвли, кон крајот на минатата година го привлече внимание на социјалните мрежи со стајлингот. Со своите модни изданија Кели успеа одлично да го дефинира тивкиот луксуз, постирајќи комбинации најчесто од лифтот во својата зграда. Ако ...
Од мноштвото нијанси што владееле и ќе владеат од сезона во сезона, на ред дојде една интересна боја - путер-жолта. Суптилна, нежна и како создадена за денови кога ја сакаме сончевината поблиску до нас. Токму затоа се претпоставува дека оваа нијанса ќе биде хит за пролетта. На облеката ѝ дава свежина, разиграност и по малку детски шарм. Создадена е за опуштен, кежуал стајлинг кога сакаме да избегаме од конвенционалното. Дозволува да ја ...
Летото е уште далеку, но желбата за патување е секогаш тука. Овој пат накратко ве водиме во Бали, Индонезија, поточно во едно необично одморалиште. На Airbnb пред некое време, како опција за изнајмување, се најде приватен авион претворен во луксузна вила. Бали е една од егзотичните дестинации кои секоја година мамат посетители, а ова необично сместување со својот неверојатен поглед, никој нема да остави рамнодушен. Ентериерот на Боингот 737 е ...
Здолништето е едно од класичните парчиња што долго време опстојува како такво, најчесто дефинирајќи елемент од деловниот стил. Сепак за него можеме да кажеме дека еволуираше заедно со модните тенденции и денес го носиме на многу различни начини во зависност од нашиот стил и трендовите. Порано деловниот стил значеше комбинација на миди здолниште и кошула, но модерното време дозволи и експериментирање, а со тоа и можност секоја дама да го прикаже ...
Кога температурите растат во зима, време е за патики, а временските прилики надвор ни дозволуваат малку повеќе да си поиграме со облеката. Можеме да носиме јакни и капути од различен материјал, да одбереме што сакаме од високи чизми па сè до лесни патики. И токму патиките даоѓаа на ред кога зимата полека се движи кон пролет, а нив ги имаме во секакви варијанти. Она што е најважно е нивната удобност и леснотијата која што ни овозможува да се ...
Ако за некого треба да кажеме дека е дефиниција за безвременски супермодел тоа сигурно би била Синди Крафорд. Супермоделот, 57, овој пат се најде на насловната на магазинот Flaunt за неговата 25 годишнина. И како времето да застанало Синди сè уште изгледа неверојатно добро, со својот продорен поглед, бујна коса, неверојатно тело и она заводливо позирање на коешто никој не може да одолее. За потребите на фотосесијата ја гледаме во здолниште со ...
Една од најважните работи кога станува збор за ентериер е истиот да има изобилство на светлина. Тогаш се изгледа поубаво, потопло и едноставно не мами да се опуштиме. Еден таков стан има Елиза Дек која се занимава со уредување на ентериери. Домот се наоѓа во Берлин, а она што прво ни паѓа во очи е неговата прозрачност и нежната палета на светли бои. Низ целиот стан светлината ја има во изобилие, а дополнителен шарм му даваат елементите од светло ...
Можеби не освои Греми, но Селин Дион ги освои срцата на сите присутни на вчерашната церемонија. Канадската пејачка и покрај болеста и кревкото здравје, се појави на сцената пред своите колеги, насмеана и видно среќна. Селин, 55, ја имаше задачата да ја додели награта за Најдобар албум на Тејлор Свифт, 27 години откако и самата го доби истото признание. На сцената ја придружуваше нејзиниот најстар син Рене Чарлс. Дион која го имаше еден од ...
По доделувањето на филмските и телевизиските награди на ред стасаа музичките или Греми наградите. Годинава престижната манифестација се одржа по 66-ти пат, а за локација беше одбрана Crypto.com арената во Лос Анџелес. На црвениот тепих како и секоја година продефилираа музичките ѕвезди, секој во своја уникатна креација, некоја повпечатлива од другите, но сите со една цел – да се заблеска пред камерите. Гламурозни тоалети, светкави фустани, ...
Има една комбинација којашто ги обединува двете тренди бои за сезонава и изгледа посебно убаво. Спојките со сива и црвена боја создаваат неодолива естетика, која што дефинитивно привлекува внимание. Со неа ја имате потребната доза на елеганција и топлина во ладните денови. Носталгичната сива совршено се надоврзува на ексцентричната црвена, а резултатот е неверојатен. Црвен шал, ракавици, хулахопки, беретка се секогаш добредојдени како детали на ...
Кога станува збор за француската естетика се согласуваме е една од доминантните на модната сцена. Голем број на дами секојдневно црпат инспирација токму од стилот на Французинките за којшто знаеме дека е беспрекорен. А помеѓу сите парчиња облека, се наоѓа и безвременскиот блејзер налик на креацијата од Коко Шанел. Украсен со шармантни копчиња, тој со себе носи елеганција и софистицираност на едно повисоко ниво. Голем број на брендови од типот ...
Таа е препознатлива по неверојатниот глас, провокативниот танц, природноста која ја промовира и уникатниот стил. Мега познатата Шакира денес полни 47 години и непрестајно ги воодушевува фановите ширум светот. Зад себе има огромен број на награди и признанија, секогаш гордо зборува за нејзините синови и продолжува да биде една од најдобрите изведувачи на музичката сцена. Во нејзина чест одвојуваме некои од нејзините најдобри изданија. Среќен ...
Кога станува збор за уредување на ентериери наспроти неутралните и беж нијанси стојат ведрите и живописни бои и токму таков е следниот стан на којшто наидовме на Инстаграм. Покрај боите, овој дом од 67 квадрати, го дефинираат и винтиџ детали, креативни лустери и интересни облици на мебел. Станот се наоѓа во Берлин и е пример за удобност со доза на разиграност. Уметнички слики, керамички украси, необични лампи се споени преку меки линии со ...
На 27 јануари, најголемиот крузер на светот Icon of the Seas го започне своето прво патување. Огромниот брод отплови од Мајами, а ќе патува до Источните Кариби. Крузерот којшто вреди две милијарди долари, е изграден на брооградилиште во Финска и може да превезе 7600 гости заедно со 2350 членови на екипажот. Icon of the Seas меѓу другото го има и најголемиот воден парк на брод со површина од 1600 квадрати, на којшто се сместени шест тобогани. ...
Секој тренд ги има своите пет минути слава на модната сцена, па ако ви здодеа актуелната црвена боја, во игра е сега сосема поинаква нијанса. На социјалните мрежи забележуваме тренд каде што доминираат детали во сина боја. Од светло, небесно сино, па сè до мастило и тегет тонови, станува збор за широк спектар на нијанси. Се комбинира со базни сиви, црни или бели парчиња, а ја гледаме и на кошули и јакни. Сината боја ни доаѓа како вистинско ...
Без разлика на какви ентериери ќе наидеме, на крајот на денот најважно е домот топло да не пречека. Во таа задача недоливо успеала Хана од Лондон – нејзиното живеалиште едноставно ве кани на гости. Домот е дефиниција за комфор и топлина, за смирена естетика што ги релаксира сите сетила. Од сезона во сезона се менува по некој мал детаљ, но основата останува иста користејќи ја неутралната палета. Совршен пример за тоа е кујната во крем нијанса, а ...
Стилизирањето во бременоста знае да биде предизвик, но за среќа денес ги имаме социјалните мрежи и блогерките од коишто можеме да позајмиме некој моден совет. Една таква е и хрватката Јелена Мариновиќ, на која што ова и е втора бременост. Нејзиниот труднички стил е вистинска инспирација за сите идни мајки, а таа едноставно ужива да комбинира парчиња во коишто ќе изгледа добро, но и ќе се чувствува комфорно. Таа често одбира удобни здолништа, ...
Неделата на висока мода во Париз заврши и тоа со маестрален финиш на Џон Галијано кој ја претстави својата најнова колекција за модната куќа Марџела. Галијано ја прикажа онаа тетатралност која фановите ја посакуваа уште откако си замина во 2011 од Диор. Уште еден момент кој ќе остане во сеќавање е фустанот на Скијапарели од елеткричен отпад, но и совршената романтична симбиоза на Готје и Роча. Но, не беше само пистата опсипана со изданија за ...
Облеката којашто ја носиме во зима најчесто е обоена во едноставни нијанси, а тука спаѓаат земјени бои. Кога зборуваме за нив мислиме на кафената, маслинесто зелената, окер и беж нијансите, како и земјените нијанси на црвена и портокалова. Нивната предност е што во барем една од нив ќе најдете таква што ѝ прилега на вашиот тен. Освен тоа секогаш можете меѓусебно да ги комбинирате во хармоничен стајлинг. Земјените тонови можат да се носат на ...
Кралицата на медиумите Опра Винфри денес слави јубилеен 70-ти роденден. Винфри е телевизиски продуцент, авторка, актерка, сопственичка на медиум, но сепак најмногу е позната како домаќин-водител на ток шоуто The Oprah Winfrey Show коешто се емитуваше од 1986 до 2011-та. Таа беше најбогатата афроамериканка на 20 век и првата афроамериканка во светот која заработила една милијарда долари. Но, патот што Опра го изоде за да стаса каде што е денес ...
Холивудската актерка Деми Мур на премиерата на серијата Feud: Capote vs. The Swans во Њујорк, се појави во прилично импресивно издание. Тоалетата што Мур ја носеше беше со потпис на Балман, а наликуваше на лебед во црно бела варијанта, во чест на улогата што ја има во серијата. Актерката се појавува во улогата на Ен Вудворд, една од лебедите (Swans) на Капоте, а останатите се Наоми Вотс, Коли Севиљи, Калиста Флокхарт и Моли Рингволд. Серијата ...
Жан Пол Готје и Симон Роча направија мега успешна соработка за нивната Haute Couture колекција на Париската модна недела. Двата дизајнери добија огромен аплауз и овации, а социјалните мрежи колекцијата ја нарекоа match made in heaven. Модните креативци ставија акцент на романтиката и го вратија викторијанското време со корсетите, деталите и кроевите, а сето тоа беше обвиено во пудресто розови нијанси. Намерата ми беше да направам колекција ...
Денеска ќе наполнеше 43 години. Твоето физичко отсуство не го менува твоето присуство во ликот на секој добронамерен, во силата на љубовта, во моќта на надежта, како благослов, како светлина, како верба... Твојата големина Тоше е во твојата човечност. И секој твој роденден е раѓање на нова надеж дека човечкото во нас е помоќно од сето она што нè прави нелуѓе. Слава ти! „Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и ...