Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Добивај вести на Viber Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство објавува дека е генерален спонзор на „Танц Фест 2026“. Оваа година фестивалот ја носи уметноста на повеќе сцени, во два града, Скопје и Битола, во периодот од 18 април до 5 мај 2026 година. Од своето основање во 2005 година, „Танц Фест“ ја гради и афирмира сцената на современиот танц во Македонија. Создаден и уметнички воден од меѓународно реномираната кореографка ...
Добивај вести на Viber Лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Групацијата на Светска банка (СБ) и Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) предупредија дека војната на Блискиот Исток има силно и нерамномерно влијание врз глобалната економија, особено погодувајќи ги земјите кои зависат од увозот на енергија. Заедничкото соопштение е објавено по состанокот во Вашингтон, одржан во рамките на координативната група формирана на ...
Добивај вести на Viber - На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од ...
Добивај вести на Viber Кога Џејкоб Киплимо (Jacob Kiplimo) брзо ја поминува целната линија, не трча само врз основа на талент, туку и врз основа на податоци. Ѕвездата на долги патеки од Уганда и спортист на Тимот Galaxy тренира со Galaxy Watch8, кој ги претвора сложените биометриски податоци во вредни сознанија што ја обликуваат неговата победничка стратегија. Оваа моќна комбинација на технологија и талент веќе донесе резултати. Откако ...
Добивај вести на Viber Биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ, ќе биде промовирана на 17 април (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со почеток во 20 часот. Книгата излегува постхумно, неколку месеци по смртта на Рингов, кој активно беше вклучен во нејзиното создавање. Денот на промоцијата, пак, се поклопува со датумот на ...
Добивај вести на Viber На 22 април 2026 година, во хотел Paint It Black во Гевгелија, ќе се одржи Reefer Master Class - двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката, како и на успешното справување со клучните предизвици во синџирот на снабдување, специфични за нашиот регион и за фриго-контејнерите. Работилницата има за цел да пренесе практични сознанија и да ги приближи најдобрите практики за ...
Добивај вести на Viber Штом се слушнат зурли и тапани, штом се слушне нивниот ек низ цела Бистра, се знае дека е време за најголемата и најзборуваната свадба на годината. За време на празникот Петровден, Галичник станува центарот на мијачијата и на Македонија со светски познатиот настан Галичка свадба. Станува збор за тридневна, македонска традиционална свадбена веселба. Како и секоја година, конкуренцијата за избирање на зет и невеста е ...
Добивај вести на Viber Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема. Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. ...
Добивај вести на Viber Строгите прописи на Европската Унија (ЕУ) за производство и етикетирање на храна би можеле да влијаат и на цените на производите кои се продаваат на Балканот. Инволвираните во дејноста од соседството укажуваат дека производителите од регионот во голема мера ги почитуваат овие правила, новите трошоци се неизбежни, вели Ненад Будимовиќ од Српската стопанска комора за РТС. То укажува дека имиња како „сланина“ или „стек“ ...
Добивај вести на Viber Нападот на американскиот претседател Доналд Трамп врз папата Лав е „неприфатлив“, изјави во понеделник италијанската премиерка Џорџија Мелони, придружувајќи им се на политичарите од сите видови во одбраната на поглаварот на Католичката црква. Изјавата претставува исклучително ретка јавна критика кон Трамп од страна на Мелони, која разви особено близок однос со американскиот претседател, нагласувајќи го широко ...
Добивај вести на Viber На почетокот на март, еден литар (супер) бензин чинеше две евра и педесет центи на некои бензински пумпи во Германија. Просечната цена моментално е 2,14 евра. Тоа е сепак 25 проценти повеќе отколку на почетокот на годината, кога горивото можеше да се купи за 1,70 евра. Причината беше војната против Иран што ја започнаа САД и Израел. Режимот во Техеран реагираше, меѓу другото, со блокирање на важната бродска рута за ...
Добивај вести на Viber Македонскиот Караман, автохтоната овчарска раса што со векови била дел од македонските планини, конечно е впишан на меѓународната кинолошка мапа. Со условното признавање од Светската кинолошка федерација, Караман стана првото признато македонско овчарско куче со самостојно национално потекло. Зад ова признание стојат повеќе од две децении посветена работа, истражувања и селекција. Од Кинолошкиот клуб „Македонско ...
Добивај вести на Viber По најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по Велигден ќе следуваат нови мерки за цените на храната, денеска се очекува Владата да ги разгледа на редовна седница. Повод за новиот пакет мерки е растот на инфлацијата, која според податоците на Државен завод за статистика во март изнесува 4,9 проценти, при што најголемо зголемување е забележано кај храната и пијалоците. Премиерот претходно најави дека мерките ќе ...
Добивај вести на Viber Цените на нафтата паднаа во вторник, бидејќи трговците ја разгледуваа блокадата на иранскиот превоз од страна на САД и знаците дека Вашингтон и Техеран сè уште би можеле да продолжат со мировните преговори. Фјучерсите за сурова нафта во САД за испорака во мај паднаа за 1,73% на 97,34 долари за барел од 2:30 часот наутро по источно време. Меѓународниот репер Брент за испорака во јуни падна за 0,89% на 98,46 долари за ...
Добивај вести на Viber Израел вчера го одбележа Денот на сеќавање на Холокаустот, а централната комеморација во Yad Vashem беше однапред снимена поради актуелните тензии со Иран и Хезболах во Либан. Во својот говор, израелскиот премиер Benjamin Netanyahu упати остри критики кон Европа, оценувајќи дека континентот е погоден од „длабока морална слабост“ и дека заборавил важни лекции од Холокаустот. – Европа губи контрола врз својот идентитет, ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп објави две фотографии изработени со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, кои веднаш предизвикаа реакции во јавноста. На првата фотографија, Трамп е прикажан како религиозна фигура што со рака „лекува“ болен човек, додека од него зрачи светлина. Околу него се наоѓаат војници, медицински персонал и цивили, а во позадина се гледаат американско знаме, ...
Добивај вести на Viber Шпанскиот милијардер Amancio Ortega, коосновач на модниот бренд Zara и сопственик на групацијата Inditex, денес важи за најбогатиот инвеститор во недвижности на глобално ниво, откако изгради империја вредна околу 25 милијарди долари. Само во ноември минатата година, Ортега плати околу 850 милиони долари во готово за историската зграда на Canada Post во Ванкувер – објект што се простира на цел градски блок и е изнајмен ...
Добивај вести на Viber Шеснасетте години власт на Виктор Орбан завршија со убедливиот пораз на неделните избори. Манипулациите со избори, изборната автократија, создавањето изборно законодавство по негов терк, уставните и законските измени, кои требаше да му го продолжат мандатот, овој пат беа во полза на човекот кој што се испили од неговото гнездо. Петер Маѓар ќе биде новиот премиер на Унгарија и човекот кој што ќе треба да ја оправи ...
Добивај вести на Viber Најновиот извештај на германското здружение за технички прегледи TÜV, базиран на милиони технички контроли, открива кои автомобили се најсигурни, а кои најчесто се соочуваат со дефекти. Резултатите традиционално ги објавува Auto Bild, со рангирање на најдобрите и најлошите модели во повеќе старосни категории. Извештајот дава одговори на клучни прашања поврзани со состојбата на возилата – од проблеми со подвозјето и ...
Добивај вести на Viber Многу Италијанци, Шпанци, Французи, но и луѓе од други земји работат во Луксембург. Oние кои од другите држави членки на Европската Унија(ЕУ) отишле да работат во Луксембург, велат дека земјата е примамлива за нив затоа што има високи плати. Имаат шанса да заработат, но и да заштедат повеќе. Дополително, додаваат дека ова е одлична можност за оние кои сакаат да искусат работа во колеги од различни култури. „Тука сум ...
Добивај вести на Viber По изборната победа на Петер Маѓар, во јавноста повторно се актуелизира неговиот приватен живот, особено разводот со поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три деца. Двајцата биле во брак од 2006 до 2023 година, а нивниот развод првично поминал без големо медиумско внимание. Сепак, приказната повторно изби во јавноста во 2024 година, кога Маѓар започна политички подем и јавно проговори за односите во ...
Добивај вести на Viber Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија. - Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ...
Добивај вести на Viber Територијата на Македонија во текот на новата седмица која што ни претстои ќе биде под влијание на изразено јужно воздушно струење кое ќе предизвика од Сахара кон територијата на Македонија како и поширокиот дел од Балканот и Европа транспорт на прашина и на песок па така и атмосферата во следните денови ќе ни биде доста заматена и исполнета со Сахарска прашина и со песок, објави метеорологот Славчо Попоски. „Од друга ...
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поморската блокада на Иран веќе стапила на сила, нагласувајќи дека САД нема да попуштат кога станува збор за нуклеарната програма на Техеран. Во обраќање од Белата куќа, Трамп посочи дека Иран „силно сака договор“, но дека преговорите се блокирани токму околу прашањето за нуклеарното оружје. – „Иран нема да има нуклеарно оружје. Договоривме многу работи, но тие на ова ...
Добивај вести на Viber Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен ги поздрави „решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe. Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување. -Ви благодарам, министре. ...
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски упати честитки до Петер Маѓар, лидерот на партијата Тиса, којашто победи на парламентарните избори во Унгарија. Муцунски, во објавата на мрежата „Икс“, изрази очекување дека ќе продолжи соработката „заснована на заедничко почитување, партнерство и споделени европски вредности“. -Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се ...
Добивај вести на Viber Победата на Петер Маѓар и неговата партија Тиса на изборите во Унгарија отвори низа прашања за иднината на лица кои во изминатите години нашле засолниште во Будимпешта, меѓу кои и поранешниот македонски премиер Никола Груевски. На денешна прес-конференција, Маѓар директно ги спомена поранешните полски функционери Збигњев Зиобро и Марчин Романовски, кои се соочуваат со обвиненија во Полска, правејќи паралела и со ...
Добивај вести на Viber Дел од бугарските политичари позитивно реагираат на изборниот пораз на Виктор Орбан во Унгарија, оценувајќи дека новата политичка ситуација може да донесе промени и во односите со Македонија. Европратеникот Андреј Ковачев упати честитки за победата на Петер Маѓар и неговата партија „Тиса“, посочувајќи дека резултатот претставува сигнал за нов правец во политиката на Унгарија. „Ова е силен знак за промена – не само за ...
Добивај вести на Viber Претседателот на иранскиот Парламент, Мохамад-Багер Галибаф, го исмеа американскиот претседател Доналд Трамп поради заканата за блокада на иранските пристаништа, објавувајќи фотографија со цените на горивото во близина на Белата куќа. „Уживајте во сегашните цени. Со таканаречената блокада, наскоро ќе бидете носталгични по бензинот од 4–5 долари“, напиша Галибаф, кој беше учесник во неуспешните мировни разговори. Цените ...
Добивај вести на Viber Дали е судбина во прашање или само случајно, две души се сретнале на исто место во исто време? Во Дубаи, градот што е спој на иднината и луксузот се запознале Македонката Стефана Нисиќ Ебходагхе и Лаурел, Нигериец кој живеел во Дубаи. Во овој град започнала нивната љубовна приказна. Стефана сосема неочекувано го запознала сегашниот сопатник Лаурел со кого сега живеат во Македонија и го имаат прекрасното синче – Киан. ...