Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Добивај вести на Viber „Фактор“ ги обезбеди податоците за најголемите приходи и добивки за минатата година на млекарниците кои произведуваат сирење и кашкавал во Македонија, според регистарот што го води Агенцијата за храна и ветеринарство. Треба да се каже и тоа дека кај некои од друштвата, вообичаено поголемите, млекото и другите млечни производи им се поприоритетни во производството, но сепак во својот асортиман го имаат сирењето и ...
Добивај вести на Viber Краш прехранбена индустрија започнува нов инвестициски циклус и обезбедува услови за значително зголемување на производствениот капацитет, што е клучно за идниот раст и зајакнување на конкурентноста на бараниот пазар. Компанијата, како што е потврдено во официјално соопштение за медиумите, потпиша договор со шпанската компанија ROCA за купување на приближно 200.000 квадратни метри земјиште со постојни индустриски ...
Добивај вести на Viber Херберт Дис не исчезна од светот на мобилноста откако го напушти Фолксваген, туку само се пресели на полињата. Буквално. Поранешниот извршен директор на Фолксваген лансираше нова компанија, DIESS E-Agrartechnik AG, со седиште во Минхен, која најавува нов електричен трактор од средна класа за 2027 година. На прв поглед, проектот звучи како необичен пресврт за човек кој со години го турка Фолксваген кон електрификација ...
Добивај вести на Viber Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) oд 2022 година, во Македонија 29.596 луѓе одговориле дека зборуваат од 3 до 7 странски јазици. Овие кадри можат да градат кариера во земјава, но и да си бараат работа во странство. Во повеќе сектори можат да го покажат своето знаење. Можат да работат со преводи, да бидат фриленсери, да бараат работа во странските компании во Македонија и слично. „Во странски ...
Добивај вести на Viber Директорот на Националното здружение на туристички агенции на Србија, Александар Сеничиќ, изјави дека добиле уверувања од грчките власти дека ќе се воспостави нова организација на работата на граничниот премин Евзони, „Очекуваме да се отворат две, или дури три колони за туристички автобуси, што во голема мера би спречило толку долги чекања“, изјави тој за РТС. Тој додаде дека се очекуваат големи гужви за време на ...
Добивај вести на Viber Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот „Риштази”. - Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 ...
Добивај вести на Viber До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, информираше Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. -Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота. Ќе дува умерен до засилен ветер ...
Добивај вести на Viber Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. - Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. ...
Добивај вести на Viber АРБЕН ФЕТАИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Вицепремиерот Арбен Фетаи поднел оставка до премиерот Христијан Мицкоски. Ова го објави на социјалните мрежи. „Денеска на премиерот му ја предадов мојата оставка од должноста на вицепремиер одговорен за добро владеење. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да служам на земјата, придонесувајќи за реформите насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето ...
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин ги опомена Ерменците да не одат по украинскиот пат. Путин и ерменскиот премиер Никол Пашинјан денес разговараа по телефон, во услови на зголемени тензии меѓу Москва и Ереван. Пред парламентарните избори во Ерменија на 7 јуни, двајцата лидери договорија средба во живо за да се обидат да ги решат постојните несогласувања, пишува агенцијата ДПА. Путин е особено незадоволен од аспирациите ...
Добивај вести на Viber Инфлацијата во Бугарија се искачи на 7 проценти, највисока во последните 33 месеци. Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. ...
Добивај вести на Viber Македонија се наоѓа пред можеби последната реална можност за членство во Европската Унија, а доколку ја пропушти актуелната геополитичка шанса, ризикува да остане на европската периферија заедно со државите кои со години тапкаат во место. На ова предупредува поранешниот претседател Стево Пендаровски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Според него, сегашниот интерес на Европската Унија за проширување е ...
Добивај вести на Viber Обичајот, карактеристичен главно за Соединетите Американски Држави(САД), полека почна да се шири во Европа и на многу луѓе воопшто не им се допаѓа. Оставањето бакшиш од најмалку 15 проценти во рестораните и угостителските објекти е веќе традиција за Американците поради начинот на кој се платени работниците во услужниот сектор. Во многу американски држави, на работодавците им е дозволено да им плаќаат на редовно ...
Добивај вести на Viber Тројца македонски државјани се во притвор откако се осомничени за кривично дело оштетување туѓ имот извршено минатата недела во областа Цавтат, соопшти денеска хрватската полиција. По претходно добиени пријави, службениците на граничната полициска станица Груда утврдиле дека во областа Цавтат сообраќајни знаци, патокази, корпи за отпадоци и информативни табли биле излепени со различни налепници со содржина на кирилица, ...
Добивај вести на Viber Туристите од Турција сè повеќе ја избираат Грција за одмор и шопинг, додека Грците одат во Турција сè поретко поради ненадејниот пораст на цените и трошоците за живот. Економските односи меѓу двете земји значително се променија во последните години, па туристичките текови исто така се свртеа во спротивна насока. Порано голем број Грци одеа во Истанбул, Едрене и Кешан за евтин шопинг, а денес Турците масовно ги ...
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Ајде, денеска изјави дека земјата повторно го преиспитува својот однос со Европската Унија(ЕУ) поради променетите глобални околности и растечкото влијание на политиките на САД и Кина, додека сè повеќе расте притисокот, по двата неуспешни референдуми, да се покрене нова дебата за можното членство во блокот. Ајде наведе дека околностите значително се променија од ...
Добивај вести на Viber Доктор Ненад Лазаров вели дека палминото масло не е директно канцерогено само по себе, а јавноста треба да биде подобро информирана за вистинските ризици поврзани со неговата употреба. Тој посочува дека палминото масло содржи значително повеќе заситени масти од многу други растителни масла, поради што може да биде понеповолно за здравјето, особено кога се користи за пржење. Сепак, според него, многу поголем проблем ...
Добивај вести на Viber Во Хрватска има 600.000 празни станови, но сепак на земјата ѝ недостасуваат 237.000 станови. Двете спротивставени бројки се официјална државна статистика што ја води хрватската влада и надлежното министерство. Првата бројка обично се толкува од официјалната политика како тврдење дека инвестирањето во недвижности во Хрватска е традиционална форма на заштеда: вишокот пари - особено во време на висока инфлација - се ...
Добивај вести на Viber Турција и Русија преговараат за нови испораки на гас по 2026 година. Двете земји водат преговори за продолжување на договорот за испорака на природен гас по 2026 година, бидејќи постојните договори истекуваат на крајот од оваа година. Ова денеска го потврди турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар на Енергетскиот форум во Баку. „Турската државна компанија БОТАС разговара со рускиот енергетски гигант ...
Добивај вести на Viber Во последниве години, Европската Унија(ЕУ) ја интензивираше својата соработка со Централна Азија, а Казахстан се најде во центарот на таа стратегија. Пакетот „Глобален гејтвеј“ вреден 12 милијарди евра, развојот на транспортни коридори, енергетски проекти и договори за критични суровини покажуваат дека Брисел го гледа регионот како важен партнер. Сепак, министерот за наука и високо образование на Казахстан, Сајасат ...
Добивај вести на Viber Трошоците за живот во Исланд ги надминаа трошоците за живот во Швајцарија, со што оваа земја повторно стана најскапата во светот, објави исландскиот синдикат „Виска“, повикувајќи се на податоци од Евростат и Централната банка на Исланд. Економистот на споменатиот синдикат, Вихјалмур Химарсон, изјави дека цените во Исланд сега се за три проценти повисоки отколку во Швајцарија. Последен пат ова беше случај во 2018 ...
Добивај вести на Viber Руската влада објави дека го забранува извозот на керозин до 30 ноември, бидејќи продолжуваат украинските напади врз руските рафинерии и друга енергетска инфраструктура. „Целта на оваа одлука е да се обезбеди стабилност на домашниот пазар на гориво“, се вели во соопштението на владата, објави руската агенција Интерфакс. Русија извезува керозин првенствено со железница во Централна Азија, вклучувајќи ги Казахстан, ...
Добивај вести на Viber Седум и пол години затвор доби Вангелица Илијевска од Кратово за убиството на сопругот и свекорот. Судскиот совет од Основен суд Куманово денеска изрече пресуда, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ во „убиство на миг“. Жената пред скоро две години со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител ...
Добивај вести на Viber Вицепремиерот Арбен Фетаи поднел оставка до премиерот Христијан Мицкоски. Ова го објави на социјалните мрежи. Во текот на овие две години, имав чест и привилегија да служам на земјата, придонесувајќи за реформите насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе, за подобро и за побрзо. Но, дали ...
Добивај вести на Viber Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредни контроли и зема 91 мостра од млеко, млечни и сувомесни производи од домашно производство и од увоз, со цел да се провери дали квалитетот на производите одговара на она што е наведено на декларациите. Според добиените резултати, кај неколку оператори е утврдено дека производите не ги исполнуваат пропишаните стандарди, односно содржат помал процент на млечни ...
Добивај вести на Viber Обезбедувањето на премиерот доби условнa за семејното насилство врз сопругата. Член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби условна казна од три години, за делото со претепување на сопругата. „На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи казна затвор во траење од една година и шест месеци, доколку во наредните три години стори друго кривично дело“, велат од Кривичен суд. По ...
Добивај вести на Viber Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџискаи оваа година го поддржаа издавањето на инклузивната сликовница “Големиот сон” од Денис Јанкуловски, која е во издание на издавачката куќа Прозарт, а во која преку главната хероина Тина повторно се зборува за прифаќање на различностите. Со многу насмевки, музика, пеење и танцување на инклузивната промоција се упати гласна порака дека различностите не треба да бидат ...
Добивај вести на Viber Со влезот на SPAR на македонскиот пазар, компанијата не само што воведува нови стандарди во малопродажбата, туку и отвора значајни можности за вработување и професионален развој за локалната работна сила. Како дел од својата долгорочна стратегија за раст, SPAR активно гради тимови низ целата земја и нуди работни позиции во различни сегменти од работењето – од продажба и логистика, до менаџмент и поддршка на операции. ...
Добивај вести на Viber Со настапите на Пајак, групата Зијан и Слаткаристика, вчеравечер во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на МЕГА Шопинг Парк. Овој настан, кој понуди разновидна содржина за сите генерации, во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално беше заокружен почетокот со работа на овој проект. Финалната вечер помина во знакот на ...
Добивај вести на Viber Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на ...