Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип информираа дека вчера во операциона сала во Клиничката болница – Штип се степале двајца хирурзи. Како што велат од таму, еден од нив, Н.Т. од Штип пријавил дека на работното место во операциона сала во болницата бил физички нападнат од неговиот колега З.Ш., на што возвратил. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата. За инцидентот се ...
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска споделија информации за вчерашната акција во Одделот за општи и заеднички работи при МВР. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ОЈО Скопје отвори предистрага за злоупотреби со тендер во МВР Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, вчера, информираа дека за овој случај се извршени претреси на 16 локации, а станува збор за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и ...
Системот „Безбеден град“ ќе профункционира догодина, најави премиерот Христијан Мицкоски. „Се размислува во првите шест месеци да се делува едукативно и информативно, а потоа да се почне со ригорозно казнување. Секој што ќе направи прекршок ќе биде казнет, а средствата за казната веднаш ќе му бидат одземени од сметката,“ изјави Мицкоски. Според податоците на Министерството за внатрешни работи (МВР), годишно во Скопје се евидентираат околу ...
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОРЗ), Пеце Мирчески, доби 30 дена притвор. Како што е познато Мирчески вчера беше приведен откако Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за четири кривични дела. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мирчески приведен со сопственик на рент-а-кар сервис Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека судија на претходна постапка го прифатил предлогот на Основно јавно ...
ГОБ „8 Септември“ ќе стане регионален центар, нов Клинички нема затоа што населението старее, рече директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, презентирајќи го овогодишниот буџет на фондот „План 2025“. „Нам демографијата ни паѓа, со текот на годините имаме сѐ помалку население, така што мораме да ги погледнеме и бројките на осигуреници и на пациенти. Второ, дел од капацитетите не се искористени како што треба. Од сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е тајна дека граѓаните не се задоволни од начинот како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас, одговорајќи на новинарското прашање во однос на најавата за постапка за интерпелација на членовите на Судскиот совет. Тој смета дека можеме да избереме Судски совет, којшто објективно, без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште. „Ние не можеме да направиме ...
Сојузот на стопански комори на Македонија направи анализа на пазарот на супермаркети наспроти добавувачи, која што ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се интервенира. „На одржаниот состанок со претставниците на малопродажните ланци и локалните клучни партнери а врз основа на анализата, се донесоа заклучоци дека потребна е поголема транспарентност во формирањето на цените, Владата и институциите да ги прошират контролите на ...
Вчера во полициската станица Кисела Вода во Скопје беше приведен поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчески, кадар на СДСМ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мирчески приведен со сопственик на рент-а-кар сервис Заедно со него на распит беше и сопственикот на рент-а-кар сервисот „ВИП“. Мирчески заработи кривизна пријава од Управата за финансиска полиција за четири кривични дела, а сопственикот на рент-а-кар ...
Вчера тргна првиот воз од Скопје до Куманово. Линијата ќе функционира два пати дневно, а во одредени денови возот ќе оди и до Бељаковце. Патувањето ќе трае 41 минута. Од следната година, како што најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кога ќе се изгради пругата до Крива Паланка, ќе оперира и до Крива Паланка. Тој најави дека предизвик за следниот период е да се пуштат возови и до Тетово и Гостивар, линијата до ...
Граѓанската инцијатива за бојкотирање на маркети, која започна од Хрватска и се прошири низ сите земји од поранешна Југославија, меѓу кои и Македонија, ги инспирираше и Грците, јавува дописникот на еМагазин од Солун. И таму на 19. февруари се планира бојкот на маркетите поради високите цени. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Во петок нов бојкот на маркетите, ќе биде ли успешен? Овој петок повторно ќе се бојкотираат маркетите во Македонија, по успешниот минатиот ...
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје склучи договор за набавка на Еуродизел БС (Д-Е V) за период од 24 месеци со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од селото Пласница. Договорот е во вредност од 1.652.000.000 денари или 26.861.789 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 2,3 милиони евра со Пуцко петрол склучи ЈСП Договор од 2,8 милиони евра со Пуцко петрол склучи ЈП Комунална хигиена Скопје Марковски ...
Пеце Мирчески, поранешниот директор на Службста за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, на кого Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за четири кривични дела е приведен во полициската станица Кисела Вода, објави телевизијата Телма. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Детали од Финансиската полиција за истрагата за Мирчески, поранешниот директор на СОЗР на Владата Според телевизијата заедно со него е приведен и сопственик на рент-а-кар ...
Уставниот суд на денешната седница со мнозинство гласови донесе одлука да го поништи Законот за солидарен данок. Со одлуката на Уставен, државата, односно граѓаните на 156 компаниите кои го платија истиот, треба да им вратат 50 милиони евра. Со Законот беа опфатени компании кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 10 милиони евра, а го платија во 2023 година. „Судот изрази сомнеж дека оспорениот закон ја повредува темелната ...
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје денеска информираа дека се води предистрага за злоупотреби со тендер во Министерството за внатрешни работи, без да се споделат повеќе детали. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР За денешната акција на МВР, само информираат дека се изврешени претреси на 16 локации. „По наредба на јавен обвинител, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во ...
Општина Битола и оваа година продолжува со преземање конкретни мерки и активности за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците, информираат од таму. „Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вешатачка издаденост ...
Од Управата за финансиска полиција информираа дека за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Пеце Мирчевски е поднесена кривична пријава за кривичните дела Примање поткуп, Фалсификување службена исправа, Проневра во служба и Несовесно работење во служба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески Кривична за Давање поткуп за истиот случај заработи и уште лице, во својство ...
Случајот со проблематичниот ученик во трето одделение во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром се уште не е решен. Родителите бараат негово преместување, а проценката на надлежните институции за случајот трае подолг период. Во училиштето во неколку наврати и се бојкотираше наставата. Советот на родители во училиштето упати отворено писмо до министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Таа минатиот месец вети дека ...
МВР го „тресе“ Одделот за општи и заеднички работи во МВР, поради наводни злоупотреби поврзани со тендерските постапки за сервисирање на службените возила на полицијата. „Ве информираме дека од страна на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен Јавен обвинител во тек се мерки ...
Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. „Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија,“ информираа од таму. Станува збор за поранешниот директор на владината Служба за општи ...
На 4 февруари 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека и покрај досегашните релативно поволни трендови, ризиците и натаму ...
Инфлацијата се движи во рамките на очекувањата, велат од Народна банка по редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика. „Годишната стапка на инфлација во декември 2024 година изнесува 4,4% и очекувано се задржа на слично ниво како во ноември, под влијание на споредбената основа во истиот период претходната година, заради мерките преземени тогаш за привремено ограничување на растот на цените. Годишната динамика ...
Секојдневните земјотреси од 26. јануари ги натераа жителите на Санторини, Грција, да го напуштат островот, кој важи за една од најпознатите светски туристички дестинации. CCTV footage of 5.1 Earthquake in Santorini, Greece February 04, 2025 #sismo #temblor #Santorini pic.twitter.com/SstljG0iLK — Disasters Daily (@DisastersAndI) February 5, 2025 Заклучно со вчера вулканскиот остров, како што објавија грчките медиуми го напуштиле над 11.000 ...
Таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков во гостување во Тема на денот на ТВ Сител, рече дека последното сознание кое стигнало до нив, е дека сакаат Васил Јованов, кој ја усмрти неговата ќерка, да го претстават како да се шекнал од болка и да го префрлат во некоја друга институција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Таткото на Фросина Кулакова раскажа што се случувало дентата кога ја загуби ќерката -Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така ...
Од партијата на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, Демократско движење, информираа дека тој отпатувал за САД каде ќе учествува на традиционалниот “Молитвен појадок”, кој се организира под покровителство на претседателот на САД, Доналд Трамп. Меџити неодамна беше и дел од македонската делегација која присуствуваше на инагурацијата на Трамп во Вашингтон. Од неговата партија велат и дека посетата ...
Постапката што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја води за 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова е проширена и за неговите родители, откри шефотот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело За емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, тој рече дека целта е да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока на ...
Најмалку 10 лица се убиени денеска во училиштето за возрасни „Рисбергска“ во шведскиот град Еребро, потврдија локалните власти. Неколку лица се пренесени во болница. Се препоставува дека и убиецот е помеѓу починатите, но нема потврда дека се самоубил. Шведските медиуми објавија дека станува збор за 35-годишен маж. Шведската полиција засега нема информација за мотивот. Убиецот не ѝ бил познат на полицијата од порано, немал врски со банди и ...
Маж на возраст од 57 години од селото Стар Караорман загинал вчера, откако со возилото излетал од коловоз на пат. Станува збор за лицето В.Д., кој починал на лице место. Несреќата како што информираа од Министерството за внатрешни работи се случила на земјен пат кој го поврзува локалниот пат село Оризари – село Пресека со маалото „Јовевци“ од селото Д.Пресека, кај местото викано „Лозата“. Тој управувал со патничко возило „мерцедес“. Неговото ...
Суспендиран e затворскиот полицаец кој што на Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, му го пренел мобилниот телефон во затворот Скопје познат како Шутка, изјави за емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Тој даде и објаснување како Јованов стигнал до мобилниот. „Тој од првиот момент барал да обезбеди мобилен телефон. Стапува во контакт со притворено лице од соседна ...
САД за 30 дена ги одложи најавените нови царини од 26% за соседите Канада и Мексико, а за Кина стапуваат на сила вечерва по полноќ по американско време. Оваа следи откако државите се договориле да ги зајакнат контролите на своите граници со САД. Евентуалната трговска војна со Канада и Мексико ќе имаше последици не само за трите држави, туку и за глобалната економија. За Кина пак остануваат најавените повисоки за 10% царини. Земјата и возврати ...
Министерството за здравство информира дека за нова директорка на УК за респираторни заболувања кај децата Козле е именувана проф. д-р Катерина Бошковска, која над дваесет години е дел од тимот на оваа установа. “Д-р Бошковска е супспецијалист по педијатриска пулмологија. Во рамки на наставно образовната дејност е вклучена во активностите на катедрата при УКИМ и во последните пет години има објавено голем број научни трудови. Министерството се ...