Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Поранешниот претседател на грчкиот Парламент, Константинос Тасулас (66) денеска е избран за нов претседател на земјата. Тој доаѓа на местото на Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат завршува во март. Тасулас, кој е предлог на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе положи заклетва на 13. март За него гласаа само 160 од вкупно 300 пратеници во грчкиот Парламент. Тој е адвокат и татко на две деца, а е пратеник од 2000 година. Бил ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри на Украина. Двајцата потпретседатели во име на владите на двете земји го потпишаа Протоколот за измена на Спогодбата меѓу Македонија и Украина за меѓународниот патен превоз на патници и стока. Со измените на Спогодбата се предвидува, двете земји да воведат ...
Основниот суд во Тетово одлучи претседател на Алијансата за Албанците да биде Зиадин Села и печатите да му се пренесат од Арбен Таравари „Во судски регистер на Политички партии под РПП.бр.1/24 што се води пред Основен суд во Тетово се запишува: Промена на Претседателот, во иднина за Претседател на партијата се именува Зијадин Села ул. Ливада бр. 1 од Струга, наместо на досегашниот претседател на партијата Арбен Таравари од Гостивар ул. Борче ...
На 14 февруари (петок), започнува со работа новата онлајн радио станица „Стереолаб“. Радиото ќе го означи стартот со музички настан на 14 февруари, во 21 часот во Лабораториум, кој ќе обедини настапи во живо на 8 македонски музички автори од поновата генерација (Глигор Кондовски, Алембик, Јоана, Стој После!, Вагина Корпорејшн, Огнен Златанов, Светлост и Лепи Џони) со изведба на нови композиции и диџеј сетови на М.И.К и Дарко Јорданов. ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта. „Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште „Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот ...
Од Фондација ECrowd.mk информираа дека досега ниту еден пратеник од македонското Собрание не донирал за болните дечиња, за чие лекување собира пари Фондацијата, од граѓаните. -Гледам сега вртоглави суми за патни трошоци се земаат и понатака, добро БЕ, нели ви е само малку барем срам на сите до еден, познати и непознати, илјадници евра да искеширате, нели ви е брука глава да вртите на апели за помош? 4 години возиме бесплатни домашни посети ...
United Group B.V. („Група“), водечката телекомуникацискa и медиумска групација во Југоисточна Европа, која е во мнозинска сопственост на BC Partners, објави дека постигна договор за продажба на SBB doo Белград, водечки алтернативен провајдер на платена телевизија, широкопојасен интернет и фиксна телефонија во Србија на e& PPF Telecom Group BV („e& PPF Telecom“). Групацијата, исто така се договори да ја продаде Eon TV International Ltd ...
Друштвото за производство, трговија и услуги ГМЛ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци сака да ги купи сите обични акции на Рудници и железарница Економика, акционерско друштво за трговија, финансиско посредување, изнајмување на имот и деловни активности – Скопје. ГМЛ е најголемиот акционер во РЖ Економика, каде поседува 40,04% од вкупниот број на акции. За купување на останатите акции нуди 50 денари по акција за преостанатите 320.925 акции. Компанијата ...
По одлуката на Владата да почне процедура за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, со писмена изјава се огласи и тој. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Владата бара разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски Истата Ви ја пренесуваме во целост. -Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. ...
Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек, се стекнал со 30 нови акции, и сега поседува вкупно 31.650 или 12,21% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата Настел продаде нови ...
Јавното обвинителство соопшти дека се приведени две лица кај кои биле пронајдени 4,5 килограми кокаин. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, преку својот Фејсбук профил објави дека дрогата припаѓала на криминалната група на Раде Трајковски – Штекли. -Одземени се над 4 килограми кокаин од групата на Штекли. Упорноста и професионализмот се клучни за успешната истражна работа. Во координација со Јавниот обвинител, ...
Владата го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава. Најпрво се отвори расправата за ...
Убиството на 35-годишниот Хабиб Буњаку од Скопје, кој синоќа беше ранет во престрелка на паркинг во скопски Чаир, е во фокусот на јавноста. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Убиениот во Чаир е 35-годишниот Хабиб Буњаку, син на поранешен функционер на ДУИ Како што информираа од Министерството за внатрешни работи ранети се уште две лица, а денеска се уапсени четири. Денеска детали соопштија и Основното јавно обвинителство, од каде велат дека во ...
Ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централен регистар за 2023 година, на Државниот завод за ревизија (ДЗР), откри низа слабости. Со ревизијата е утврдено несоодветно воспоставена сметководствена евиденција на дел од градежните објекти со набавна вредност од 186.635 илјади денари, кои на Централен регистар, му се доделени со извршената трансформација на поранешниот Завод за платен промет. Причина за ...
„Sport Life“ обложувалници, потпишаa договор за стипендирање на тројца врвни македонски спортисти, учесници на последните Олимписки игри во Париз (2024). Маратонецот Дарио Ивановски, тaеквондистката Милјана Релјиќ и пливачот Никола Ѓуретановиќ, се тројцата млади спортисти кои ќе добијат по едногодишна стипендија од „Sport Life“, во вредност од 3.000 евра, коишто ќе се исплаќаат во месечни рати од по 15.000 денари. „Согласно мисијата на ...
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека имало исчекор во македонските евроинтеграции и дека очекува деблокада на процесот. Подвлече и дека Македонија покажала невидена и нечуена кооперативност во процесот, но и дека тој не зависи само од нас. Оптимозмот претседателката го базира на „креативни предлози“ на Групата за пријатели на Западен Балкан. „Ново е што Групата за пријатели на Западен Балкан е активна и ...
Сестрата на поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој е во бегство, Вјолца Бајрами, службеничка во македонското Собрание, му го честиташе јавно роденденот на брат и, кој се бара со меѓународна потерница за криминал во Државна лотарија, а во отсуство доби и 30 дена притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Од Бајрами се уште нема ни трага, ни глас, а според ...
Македонија на Индексот за корупција на „Транспаренси интеренешенал“ за 2024 година, објавен денеска, бележи пад од дури 12 места, споредено со 2023 година, и се наоѓа на 88. место. Земјава има 40 поени, односно два поени помалку. Индексот за корупција се базира врз основа на перцепција, а оваа е прво назадување на Македонија од 2019 година. Од регионот најдобро рангирана е Црна Гора, која е на 65. место, следи Косово на 73. место, па ...
Синоќа во скопски Чаир, во престрелка е ранет 35-годишниот Х.Б. од Скопје, кој подоцна починал. Во престрелката како што потврдија од Министерството за внатрешни работи се ранети уште две лица, А.Д. (35), кој бил итно опериран и е задржан на лекување во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата денеска утрово уапсила четири лица, за кои постои ...
Грчкиот остров Санторини, како и што предвидуваа бројни експерти, не престанува да се тресе. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Земјотреси го испразнија Станторини, над 11 илјади лица го напуштија островот Синоќа, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун беше регистриран најсилниот земјотрес до сега од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17 километри. Од минатиот месец на островот се регистрирани ...
Неодамнешните лажни дојави за бомби во училишта низ целатата земја биле пратени по привремени мејлови, кои се бришат по еден час, открива министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата Тој во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1 не кажа дали овие закани стигнале од Македонија или од надвор. Кажа и дека е тешко да се влезе во трага кој е испраќачот ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот, друштвото за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор доо Скопје купило дополнителни 119 акции и сега поседува 28.810 акции односно 6,37% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво Македонијатурист има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои ...
Од Македонијатурист преку Македонската берза информираа дека акционерот Современ дом АД Прилеп поседува 22.659 акции односно 5,01% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво Македонијатурист има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ М.Г. Фешн купи нови акции на ...
Видео од седница на Советот на Град Скопје е хит на социјалните мрежи. На истото се гледа како за збор се јавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а претседателот на Советот, Трајко Славески, не ја препознава поради новата фризура. Познато е дека двајцата постојано се во конфликт и често се караат на седниците. Овие на крај да не се земат? 😂 „Кој се кара – тој се сака“, така ли беше? pic.twitter.com/Rl6CpBXTz2 — Сафра Шпанец ...
Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонска берза информираа дека акционерот, друштвото за трговија, производство и услуги М.Г. Фешн ДОО увоз-извоз Скопје купило дополнителни 119 акции и сега поседува 51.696 акции односно 11,43% од вкупниот број на обични акции издадени од Македонијатурист. Хотелското друштво Македонијатурист има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и ...
Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај е уапсен за корупција и изречена му е мерка притвор. На неговата сопруга Ајола Џоџа, во отсуство и е одреден куќен притвор, таа се наоѓа во Рим. Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) водеше истраги поврзани со повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари. На 6 декември, по налог на ...
Убиецот на штипјанката Емилија Пешева, Фадил Зејнелов на денешното судско рочиште го призна делото, а јавната обвинителка Билјана Тошева-Анакиева побара доживотен затвор бидејќи обвинетиот не изразил каење и не изразил сочувство на семејството на убиената. Зејнелов, неговата партнерка ја давел, ја оставил да умре и заминал да игра комар. „Тој не се кае, измислува, тој е ладнокрвен убиец, вистината е дека ја давел, ја оставил да умре и заминал ...
Од вечерва на полноќ за половина денар се зголемува цената на бензинот Еуросупер 95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер 95 ќе биде 79,5 денари по литар. Цените на бензинот Еуросупер 98 и дизелот остануваат исти. Еуросупер 98 и понатаму ќе се продава за 81,5 денари по литар, а на дизелот за 73 денари по литар. Со новата одлука на РКЕ, се ...
Денеска на седница на Судскиот совет едногласно беше одлучено обвинителката од Вишото јавно обвинителство, Наташа Крстевска Цалева да раководи со Обвинителство, додека трае кривичната постапка за вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. На крајот на јануари годинава за Хајрулахи беше поведена дисциплинска постапка поради утврдени неправилности во начинот на заведување на предметите во Обвинителството. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дисциплинска за ...
На 14. февруари со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Диригент на претставата е Бисера Чадловска, режијата ја потпишува Александар Текелиев од Бугарија. Сценографијата е дело на Живојин Трајановиќ, а костимографијата ја изработи Лира Грабул. Концерт-мајстор е Климент Тодороски, а хор-мајстори: Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи ...