
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување, информираат од Министерството за транспорт. „Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот ...
Бизнис-планот на Алкалоид АД Скопје за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на компанијата на седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10 % од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10 % на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7 % на консолидираниот профит пред оданочувањето во однос на 2023 година, информираа ...
Во ново пукање вчера во скопско Арачиново загина 50-годишен маж од селото. Тој починал во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Како што пренесуваат медиумите рането е и 19-годишно момче од Арачиново, кое е пренесено на Одделот за интензивна нега, каде ќе му биде извршена хируршка интервенција. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека се работи за лицата С.А. и А.А, а во нив било пукано од возило „ауди“ ...
Јапонската група „Вадаико саи“, која ја сочинуваат млади музичари, кои свират на јапонските таико тапани, синоќа во Македонската филхармонија во Скопје ја крена публиката на нозе, која беше воодушевена од нивниот енергичен настап. Освен што свиреа прекрасно, одлично комуницираа и со публиката на која и подарија и нивна верзија на македонската химна „Денес над Македонија“. Групата со настапи започнала во 2013 година, а досега настапила во над ...
Маж на возраст од 71-година загина во сообраќајка која се случи завчера на улицата 8 Септември во Битола. Станува збор за лицето К.П. од Битола. Во несреќата се судриле автомобил „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од починатиот и патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола, информираа од Министерството за внатрешни работи. Смрт констатирал доктор од Клиничката болница Битола. ...
Гранит АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварил добивка во износ од 140.605 илјади денари, информира Друштвото преку Македонската берза. -Вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.265.780 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 1.125.175 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ...
Аутомакедонија АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила нето добивка по оданочување во износ од 24,5 милиони денари, што претставува зголемување од 46% во однос на истиот период 2023 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Зголемувањето на нето добивката во 2024 година се должи на зголемен волумен на продажба на возила – комерцијален сегмент, а од друга страна стабилно ниво на трошоци во однос на 2023 година. ...
ТТК Банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила добивка од 78,1 милиони денари, што претставува остварување коешто е за 34,2 % или 19,9 милиони денари над планираното ниво за крајот од овој период, соопшти Банката преку Македонската берза. -Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 117,7 милиони денари, како резултат на остварените ...
Најмалку 13 лица загинаа во Нови Сад, откако се урна бетонска настрешница на железничката станица, која неодамна била реновирана. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ очекува дека бројката на загинати ќе се зголеми, бидејќи како што изјави, се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените. Помеѓу загинатите е и шестгодишно дете. Тројца повредени се префрлени во ...
Основното јавно обвинителство – Скопје отвори предистражна постапка за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност, по наводите во јавноста дека сертификатот за положен испит за познавање англиски јазик е стекнат лажно, заради потребите да конкурира на функцијата. Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираат дека до нив се доставени две анонимни кривични пријави, па ги споиле во една и ја ...
Barcelona Gipsy Balkan Orchestra повторно доаѓа во Скопје! Солистичкиот концерт на еден од најиновативните бендови од поновата генерација, оркестарот чија музика допира директно до срцата е закажан на 28 февруари во Филхармонија. БГКО во годината пред нас полни 13 години музицирање на сцената, творештво и интерпретација на уникатен звук кој ги заробува срцата и умовите на публиката ширум светот. За нив не постојат граници, апсолутно никакви, а ...
„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа и во растот на долгорочните депозити со двоцифрени стапки на раст, ...
Во текот на вчерашниот ден на хируршките клиники e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор, информираат од Министерство за здравство. „Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. Во тек на изминатото деноноќие ...
Бројката на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 158, јавуваат светските медиуми. Шпанија, посебно Валенсија беше погодена од најкатастрофалните поплави во последните децении. Спасувачите стравуваат дека бројката на загинати се уште ќе се зголемува. Она што загрижува, е што во овој регион повторно се најавуваат обилни врнежи. Over 60 people have been killed in catastrophic flash floods in Spain supercharged by burning fossil fuels. The ...
По повод стогодишнината од смртта на еден од најголемите оперски композитори, Џакомо Пучини, Националната опера и балет со гордост го најавува проектот „Месец на Пучини“. Од 8 до 29 ноември публиката ќе има можност да ужива во четири значајни опери на Пучини: „Боеми“ (8.11.2024) – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз; „Мадам Батерфлај“ (16.11.2024) – Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер; ...
Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава. За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The ...
Нето добивката на Фершпед АД Скопје во третиот квартал од годинава изнесувала 100.702 илјади денари и истата е зголемена во однос на добивката од минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2024 година изнесува 104.449 илјади денари и истата е зголемена за 4% во однос на добивката во 2023 година истиот период. Вкупните приходи од работењето на Фершпед за периодот ...
Поради бугарското државјанство, кое според бугарската агенција БГНЕС го зела во 2004 година, кога Бугарија не беше членка на Европската унија, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, повторно е топ тема во јавноста, не само во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Министерката Сања Божиновска изјавила дека е Бугарка во 2004 година, кога Бугарија не беше во ЕУ, тврди БГНЕС Истото не го пријави во нејзината биографија, а ...
Добивката пред оданочување на Макстил АД Скопје во третиот квартал е 241 милиони денари и е повисока за 23% од остварената во истиот период од 2023 година, информираше компанијата преку Македонската берза. Нето добивката на Друштвото изнесува 214 милиони денари и е повисокa за 25% од остварената во истиот период во минатата година. -Зголемувањето на добивката во голема мера се должи на извршената задолжителна исплата на солидарниот данок во ...
Витаминка АД Прилеп во третиот квартал остварила добивка по оданочување во висина од 36,160 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 58%, информираше компанијата преку Македонската берза. -Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2024 година изнесуваат 2,650,211 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 8%. Во структурата на ...
Акциите на Алкалоид АД Скопје важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на Берзата. Од компанијата информираа дека цената на акцијата во периодот јануари – септември 2024 година се движела од 18.151 до 22.700 денари или просечно 20.751,37 денари за една акција. -Движењето на цената на акцијата е во рамките на трендот на просечниот годишен раст и се должи на редовното и транспарентно објавување позитивни резултати од работењето на ...
Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани а кои опфаќаат фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на министерот за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност, Секторот за компјутерски криминал при МВР, Ве известува дека главната цел на фишинг-измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница. „Обидите најчесто доаѓаат преку електронска ...
Никола Груевски, поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и понатаму е во фокусот на унгарските медиуми. Радио Слободна Европа (РСЕ) на унгарски јазик објави фотографии на кои е во друштво со непозната жена во ресторанот „Токио“ во центарот на Будимпешта, Унгарија. Истите се направени вчера. Како што е познато, на што и потсетува РСЕ, Груевски избега во Унгарија, каде стана политички азилант. „Груевски требаше да оди во затвор на ...
ОКТА ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2024 година со ЕБИТДА која изнесува 336 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари, информираа од таму. Иако извозната продажба се зголеми за 12%, пониските меѓународни цени на нафтата и зголемените оперативни трошоци влијаеја на резултатите, посочуваат од таму. К3 2024 година К3 2023 година % разлика (во милиони денари) 9M 2024 година 9M 2023 година % на разлика ...
Татко од Битола е уапсен поради тоа што ги тепал своите три малолетни деца. Случајот во полицијата во Битола го пријавиле од Центарот за социјални грижи (ЦСР) Битола, од каде пријавиле дека од основно училиште во Битола до нив стигнало известување дека ученик дошол во училиштето со телесни повреди. -Од страна на претставници на ЦСР и стручен кадар од училиштето бил извршен разговор со мајката и со сите нејзини три нејзини деца, ученици во второ, ...
Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период лани е помало за 4,2 отсто. Во септември годинава, пак, споредено со септември 2023 има намалување од 7,9 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи опаѓање од 7.5 %, во секторот ...
Во периодот јануари – септември 2024 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 222 нови вработувања во Македонија, информираше компанијата во финансискиот извештај за тој период. -Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2024 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 40.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата Алкалоид брои 3.023 вработени, од кои 2.298 се во земјава, ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Истата е за злоупотреба на службена положба и овластување. Според МВР, Костадиновска-Стојчевска за доградба на Универзална сала го презела истиот договор што го имал Град Скопје со фирмата, иако тој договор бил истечен и требало да распише нов тендер. На тој начин, додаваат од МВР, на фирмата противзаконски ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска добила бугарско државјанство во 2004 година, кога Бугарија не беше членка на Европската унија (ЕУ), објави бугарската агенција БГНЕС. Таа претходно кога стана топ тгема во јавноста поради бугарското државјанство, кое го немаше пријавено во нејзината биографија, велеше дека бугарски пасош зела од економски причини. Во изјавата која ја објави БГНЕС, од 21.10.2004 година, ...
Вкупните инвестиции во основни средства на Алкалоид АД Скопје во периодот јануари – септември 2024 година изнесуваат 1.017.349 илјади денари, информираше компанијата. -Во 2024 година, во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, А АД Скопјелкалоид ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две децении – ...