Oдлуката на САД за царинските трошоци, e очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, велат од Влада. „Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот. Она што е значајно да се спомене е дека нема ...

Потребно е сметководствената професија да го следи чекорот со глобалните трендови и да ја прифати дигиталната трансформација како сојузник, а меѓународните стандарди како темел за доверба и одржлив развој. Истовремено, вложувањето во новата генерација професионалци и поддршката за нивниот професионален развој претставуваат клучна инвестиција во иднината на професијата. Ова се дел од главните пораки упатени на втората регионална конференција ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен скопјанец за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител обезбеди докази од кои произлегува дека обвинетиот, во периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на ...

Ѓоко Поповски, поранешниот помошник на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, осуден за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), “Тенк„ за набавката на фамозниот „мерцедес„, излегува од затвор. Во „Службен весник“ е објавена одлуката за негово делумно помилување од страна на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Тој беше осуден и за друг случај на СЈО, „Триста“, кој се однесуваше ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше на тркалезна маса којашто се одржа на Економскиот факултет во Осиек, во рамките на Регионалната средба на гувернери на централни банки. Во своето излагање, таа истакна дека сѐ поголемиот број трговски препреки може да се одразат врз светските економски текови, како и врз економиите во регионот на Централна и Југоисточна Европа, како економии со висок степен на ...

Бизнис центарот “Соравиа“ кој изминатиов период беше во фокусот на јавноста откако таму акционер без пари стана внукот од брат на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрим Ахмети, повторно е топ тема, откако истиот извршител го даде на продажба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„ За да учествувате во купувањето потребни Ви се минимум 22,4 милиони евра, која е почетната цена за продажбата закажана за 24. ...

ТТК Банка АД Скопје во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза, објави и вкупни суми за примањата и надоместоците на Управниот и Надзорниот одбор. Членови на Управниот одбор (УО) се Драгољуб Арсовски, кој е претседател на Одборот и генерален извршен директор, а членови се Наталија Алексова и Димитри Трповски. Членови на Надзорниот одбор (НО) се Бобан Гоговски, кој е претседател и генерален директор на Тетекс ...

33% ќе изнесуваат новите реципрочни тарифи на САД кон Македонија, покажуваат табелите за „реципрочни тарифи“ кои вчера ги презентираше американскиот претседател Доналд Трамп. Вчерашниот ден, (2 април) Трамп го прогласи за „Ден на ослободувањето“. Пораката е дека сака да и ги врати парите на својата земја, со воведување царини кои ќе ја стимулираат американската економија. Воведените стапки се движат од 10% до 49%, за Европската Унија тие се ...

еМагазин вчера објави дека германскиот синџир на маркети Лидл купил парцела за маркет во скопско Драчево – Кисела Вода, две во Охрид, и по една во Струмица и Гостивар. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Лидл купил парцела во Драчево, две во Охрид и по една во Струмица и Гостивар Во Скопје веќе се гради маркет на Лидл на местото каде порано беше Бриколаш. Лидл исто така започна со изградба на маркет и во Кавадарци, во Битола еден е веќе готов, а се планира уште ...

За притворениот, сега бивш член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков во Министерството за внатрешни работи (МВР) се воделе две дициплински постапки, чии епилог не е познат, објави телевизијата Телма. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Сарамаков, членот на обезбедувањето на Мицкоски, кој заврши во притвор за одавање службена тајна Во периодот од септември 2020 до декември 2024 година против него во Одделот за внатрешна контрола ...

Германскиот ланец на маркети Лидл купил парцела во скопско Драчево – Кисела Вода, две во Охрид и по една во Струмица и Гостивар, дознава еМагазин. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Логистичко дистрибутивниот центар на Лидл во Куманово во финална фаза За информацијата ја контактиравме и Лидл од каде го одговорија следното: „Во врска со вашите прашања ве информираме дека компанијата Лидл има повеќе активности во Северна Македонија, со постојана ...

Во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) во Штип денеска почна со работа фабриката на канадската компанија „Магна Мехатроникс“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти и е дел од „Магна Интернационал“. Истата се протега на 18.000 метри квадратни, инвестицијата е 40 милиони евра, а се очекуваат 600 вработувања. Ова е втора инвестиција на канадската компанија. Првата е во ТИРЗ Струга. Градежните работи ...

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, обвинетиот Влатко Кешишев сведочеше дека не знаел кој бил инцијаторот за грабнувањето на Ѓорчевска и Жежовски, а разговорите за тоа, според него, ги воделе првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо и обвинетиот Велибор Манев. Според него Палевски бил организаторот. Рече дека во киднапирањето на Жежовски и Ѓорчевска учестувал и обвинетиот Боре ...

Зошто криптовалутите се значаен предизвик за развој на индустријата? Како македонските граѓаните да можат да вложат во крипто-пазарот кој претставува алтернатива на традиционалните модели на штедење? Како да се помогне во пружањето поддршка во процесот на едукација и советување, со цел да се воспостават соодветни правни регулативи во земјава? За овие, а и за многу други прашања ќе може да се слушне и да се дебатира на претстојниот собир на ...

Во насока на поддршка на малите претприемачи и создавање можности за нивна поголема видливост и пласирање на производите, Дајмонд мол со гордост гo најавува „Цветниот фестивал“, кој ќе ја збогати програмата на пролетни настани во Скопје. Од 3 до 6 април, Дајмонд мол ќе биде домаќин на „Цветен фестивал“, каде ќе се слави убавината на природата преку изложба на разновидни цвеќиња, растенија и градинарска опрема. Овој фестивал е идеална можност ...

Проектот Македонска Бесконечна Трансверзала, познат и под уметничкото име Sammiana се развива со брзо темпо и веќе оваа година се очекуваат и првите странски планинари. Целото источно крило во должина од 1.166км е веќе дигитално мапирано со сите потребни информации за трасата на оваа наша мега планинарска патека. Она што е можеби најважно е сепак тоа дека четири секции од источното крило веќе се дел од светската Open Street Map, односно ...

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, шест од деветте членови дадоа негативно, а тројца беа за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Предлогот за негово разрешување неодамна го даде Владата, која поради трагедијата во Кочани ја запрес постапката за негово разрешување. На седницата не присуствуваше Коцевски, согласно законската процедура во ваков случај. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стопирана постапката за разрешување на ...

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за првпат сведочеше обвинетиот Влатко Кешишев. Пред неговото сведочење од судницата беше отстранет првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, бидејќи тој се плашел да сведочи пред него. Кешишев рече дека се познавал со сите обвинети, освен со таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, за кој кажа дека првпат го видел ...

По трагедијата во Кочани доцна синоќа во македонското Собранието беше изгласана забрана за употреба на пиротехника во затворен простор. За измените на Законот за прекршоци против јавниот ред, во чиј склоп е оваа забрана, донесени по брза постапка, гласаа 83 пратеници, а еден беше „против“. Со измените се предвидува двојно зголемување на прекршочните глоби, а повторен прекршок носи и притвор. Полицијата исто така ќе има зголемени надлежности ...

Од обилните врнежи синоќа се излеа Маркова Река, па беа поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци и делови кон Пинтија, информираа од Центарот за управување со кризи. Поплавување имало и на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија. Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираше дека поради поплавите, автобусот број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла, а автобусот број ...

Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Треба да сведочи обвинетиот Влатко Кешишов. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, ...

Вонредните контроли на Општинскиот инспекторат Битола покжале дека од вкупно 590 згради во градот, само 22 имаат протипожарни апарати, дури 243 од нив немаат хидратска мрежа, a амо четири имаат план за евакуација, информираа од Општина Битола.. Се проверуваат уште 50 згради. Контролите спроведени во училиштата и детските градинки, пак покажале, дека истите се опремени со противпожарни апарати, обучени вработени, а хидрантски мрежи имало ...

Халк Банка АД Скопје преку Македонската берза информираше дека согласно решението на Извршниот одбор на Народната банка издадена е претходна согласност за реименување на Мухаммед Хаџи-Пази, сметано од 21.03.2025 година. -Промените се упишани во Централниот Регистар на 26.03.2025 година. Мухаммед Хаџи-Пази ќе ја извршува функцијата – извршен директор, член на Управниот одбор на Халк Банка, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Беркан Имери и ...

Оставката на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, кој заврши во притвор поради трагедијата во т.н. дискотека, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица, помина на денешната владина седница. Откако оваа одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, Советот на Општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мирче Стојков ќе ја води Општина Кочани до изборот на нов градоначалник Папазов поднесе оставка под ...

Големо невреме со обилни врнежи буквално ги поплави едни од најпознатите грчки острови Миконос и Парос, кои се дел од Кикладите. Breaking 🚨: Severe flooding hits Greece, leaving streets submerged and homes evacuated. Authorities report heavy rainfall overwhelming drainage systems. Rescue operations are underway as residents are urged to stay safe. pic.twitter.com/3hikG5STXM — WorldsQuant (@WorldsQuant) March 31, 2025 Happening | Massive ...

По повеќе од две недели од трагедијата во Кочани, Собранието денеска конечно со едноминутно молчење им одаде почит на 59. лица кои загинаа во пожарот во т.н. дискотека. Како што е познато Собранието не работеше две недели, што предизвика бура од негативни реакции во јавноста. Истото денеска почна со работа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Собранието нема да работи и неделава, бура од негативни реакции на социјалните мрежи Пратеници работеле, ново појаснување ...

На денешната владина седница помина програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година, информираа од таму. Истата содржи 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и националните установи од областа на културата кои се носители на активностите. Со оваа програма се ...

Од државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираа дека согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5. април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика. Очекуваме, додаваат од таму, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на ...

Уапсениот полицаец Ангел Сарамаков од Велес, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за одавање на службена тајна на Министерството за внатрешни работи (МВР) требало да земе 50.000 евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски, одавал службени тајни За него од страна на Обвинителството е отврена истрага, а од таму ...

Во организација на ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители, на 3 април 2025 година во Скопје, ќе се одржи втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, под мотото: „Нова ера во сметководството – Стандардите како предизвик, технологијата како сојузник“. На конференцијата се очекува да земат учество околу 500 сметководители и овластени сметководители од земјава и регионот, како и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
70%
1015
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
0.0
73%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
55%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.51
90%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
77%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.24
79%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.54
54%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Бакар

10.65

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Цинк

0.00

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04