Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Министерот за здравство, Арбен Таравари информираше дека денеска се враќаат петмина пациенти од странство, четворица од Шпанија и еден од Грција. “Ќе ги пречекаме и нив, ќе бидат сместени првите 24 часа како што е предвидено по протокол. И откако ќе биде направена тријажа од наши специјални тимови, ќе бидат сместени во клиниките каде сметаме да бидат и ќе бидат под надзор,” изјави Таравари. Моментално вкупно во државата се лекуваат само 23 ...
Освен во објекти поврзани со газдата на т.н. дискотека „Пулс“ и кафулето „Класик“, Дејан Јованов-Деко, во Кочани, истрагата на Основното јавно обвинителство за трагедијата во Кочани, покрај Скопје, се прошири и во Виница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Се “тресат“ бизнисите на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката во Кочани, МВР влезе и во кафулето „Класик“ Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека биле извршени претреси на пет локации во ...
Министерството за внатрешни работи вчера влезе и во кафулето “Класик“ во Кочани, кое неодамно беше демолирано од страна на револтирани граѓани по трагедијата која се случи во т.н. дискотека „Пулс“, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани Зад двата објекти стои Дејан Јованов-Деко, кој е во притвор, а на распит вчера ...
Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Сите обвинети, Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, се изјаснија дека не се виновни. Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и ...
Во врска со неточните информации и широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, појаснуваме дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година, велат од таму. „Привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија млади ...
Денеска е приведен поранешниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Како што објавија повеќе медиуми биле приведени и раководителот на Одделението на наплата на патарини и контрола Дрилон Зибери и помошникот на директорот за одржување на патишта, Ејуп Љатифи, вработени во државното претпријатие, како и сопственик на агенција за обезбедување. Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи, од ...
Актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека не чувствува одговорност за трагедијата во Кочани, каде во пожар во т.н. дискотека загинаа 59, а беа повредени 203 лица. Тој упати одговорноста да се барала кај институциите што се надлежни за спроведување контрола. Кажа дека Министерството за економија не било надлежно и немало механизам за проверка дали некој има лиценца. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ За што е осомничен поранешниот ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице. „Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително ...
Министерството за транспорт објави список на кој се наоѓаат 479. правни лица од областа на градежното работење и урбанистичко планирање за кои се води постапка за одземање на лиценците за работа. Списокот може да го погледнете ОВДЕ. Од таму информираа дека досега во овие сектори се извршени контроли на над 3.100 лиценци. Кај 479 лиценци е констатирано дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови ...
Ардиан, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на Акуо, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија. Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата Акуо стана главен играч во производството на обновлива енергија. Специјализирана за производство на енергија од ...
Сопругата и ќерката на Дејан Јованов – Деко, газдата на дискотеката „Пулс“ се во полициска станица, каде што им се прави распит и од нив се одземени мобилни телефони, објавија повеќе медиуми. „Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден и денеска во координација со истражните тимови на Јавното обвинителство преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. При тоа извршени се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе се стопира постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата во општеството. „Обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Mожев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со ...
Финансискиот систем и натаму е стабилен, додека ризиците се на умерено ниво. Ова е општиот заклучок во Годишниот извештај на Комитетот за финансиска стабилност за 2024 година, којшто Kомитетот го усвои на својата последна седница. Во Годишниот извештaј се наведува дека домашниот финансиски систем покажува висока отпорност на шокови и успешно се справува со тековните предизвици. Во 2024 година, финансиските институции работеа во поповолно ...
Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека, еден пациент од Белград најверојатно денес се враќа на понатамошно лекување овде. Во странство, во моментов се лекуваат 115 пациенти. Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти. -Добрата вест е што денеска ...
Македонското Собрание за неделева поради трагедијата во Кочани нема да работи, што предизвика лавина од негативни реакции на социјалните мрежи. Нема да се работи на нови закони, нема да има пратенички прашања, нема да им брифинг со новинарите… И претходната недела кога беше прогласена седумдневна жалост, во Собранието не се случуваше решиси ништо. Еве дел од реакциите на социјалните мрежи: Автоматска порака на мејлот на пратеник во ...
Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје, информираа од Министерството за внатрешни работи. Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата. „Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезено на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј. (50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, ...
Сметката на фирмата ММММ Кафе ДООЕЛ, сопственик на т.н. дискотека/кабаре во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а беа повредени 203, била блокирана во неколку наврати, информираа од Управата за јавни приходи (УЈП). ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дискотеката „Пулс“ во Кочани била казнета од УЈП и за неиздавање фискални сметки Тоа се случило во период од крајот на 2022 година кога биле реализирани постапки на извршување на неплатен долг со блокада на ...
Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека започнал процес на наследување (сукцесија) на позицијата на генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор. –Диомидис Николетопулос останува на позицијата се додека новиот кандидат кој ќе се именува не ги добие сите потребни согласности, со цел обезбедување на континуитет и соодветна транзиција, велат од таму. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стопанска банка Скопје лани ја ...
Освен што немала хидрант и резервен излез за евакуација, т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица, била казнета од Управата за јавни приходи (УЈП) и за неиздавање на фискални сметки. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека Информацијата ја споделија од УЈП, откако првично на социјалните мрежи, па ...
Илјадници граѓани вечерва беа дел од протесниот марш во Скопје за трагедијата во Кочани, во која животот во т.н. дискотека го загубија 59, а беа повредени 203 лица. Маршот започна со молк на плоштадот „Македонија“, а потоа продолжи пред македонското Собрание и Владата. Граѓани палеа и свеќи на плоштадот. Учесниците на протестот ги поздравија лекарите, кога поминаа покрај Градската болница. На протест повика граѓанското движење „Кој е ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство е поставена забрана за вршење на било какви операции со воздухоплови без екипаж (дронови) на територијата на град Скопје: 1. Плоштад „Македонија, 2. Улица „Димитрие Чуповски“, 3. Булевар „11 Октомври пред Собрание на РСМ, 4. Улица „Филип Втори“, 5. Булевар „Гоце Делчев“ до булевар „Илинден“ и 6. Пред Влада на РСМ. „Неовластеното, ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. „Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во ...
Двајца малолетници се удрени на пешачки премин на Партизанска, соопштија од МВР. „Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. „Партизански одреди” во Скопје со патничко возило „ауди“ со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар „Мајка ...
НЛБ Банка овозможува онлајн ажурирање на сите лични податоци преку веб страницата на Банката, информираат од таму. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на клиентот преку мобилната апликација OneID на КИБС. ...
Државниот пазарн инспекторат (ДПИ) извршил 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност, информираше портпаролот на Владата, Марија Митевска. Било констатирано следново: – Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност. (ова се однесува во делот на прекрошна санкција) – Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не ...
На денешното рочиште за убиството и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес за првпат сведочеше обвинетиот Боре Видевски. Тој тврди дека е невин и дека не учествувал во киднапирањата и убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, а признал такво нешто, оти го тепале кога бил приведен во полиција. На денот на киднапирањето на Жежовски бил на работа, а вечерта имал слава. Кажа дека бил на работа и на ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините поскапува од половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар по литар и новата ќе изнесува 75 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и тој ќе се продава за 77,5 денари ...
Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Протестниот марш ќе започне на Плоштадот „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон ...
Во текот на изминатиот викенд (22/23.03.2025) како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени вкупно 1603 платни налози по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. „Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките податоци по основ на пречекорување на брзината на движење евидентирани се 818 ...
Во истрагата која ја отвори Основното јавно обвинителство за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во кој загинаа 59, а се повредени 203 лица ќе се вклучат уште 11 обвинители, информираа од Обвинителството. -Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои вклучуваат распит на повеќе од 300 сведоци, но и други истражни дејствија и соодветни вештачења од повеќе области, посочуваат од таму. Во текот на денешниот ден ...