Момче на возраст од 23 години од Скопје починало вчера, откако паднало од објект во изгрдба во Бит Пазар. Станува збор за М.О., кој по падот со тешки телесни повреди, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, каде починал после неколку часа. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, момчето отишло на објектот да му однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. Неговото тело е дадено на ...

Белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ почна да гради фабрика за производство на електронски батерии за автомобили во технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Кичево. Во првата фаза како што најавија од компанијата ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе се отворат од 120 до 200 вработувања. Во првата година од инвестицијата, пак, менаџментот најави извоз од 50 милони евра, инвестицијата да стигне до 40 милиони евра ...

Алкалоид АД Скопје регистрираше ново капитално поврзано друштво Алкалоид Енергетика ДООЕЛ Скопје, со цел производство на електрична енергија, информираа од компанијата преку Македонската берза. Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Имајќи ги предвид заложбите на АЛКАЛОИД АД Скопје за намалување на јаглеродниот отпечаток во рамките на својата ESG-стратегија и напорите за одржлив развој, овој потег е од исклучителна важност во ...

На денешниот едукативен настан организиран од страна на Фондот за осигурување на депозити, голем број студенти од економските факултети од целата држава имаа можност да се запознаат со улогата на Фондот, важноста на заштитата на депозитите на физичките лица, како и механизмите за обезбедување финансиска сигурност. Мотото оваа година гласеше „Сигурна потпора за стабилна иднина“, каде преку Чадорот на финансиска сигурност приказно беа опфатени ...

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Струмица – ОВР Валандово се запленети околу четири тони марихуана од правно лице во село Јосифово – Валандово. -Имено, при крајот на октомври и почетокот на ноември 2024 година во правното лице за производство,трговија и услуги со приоритетна дејност, ...

Винодонија 2024, најпрестижниот вински настан во Македонија, кој и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното ќе се одржи во хотел Мериот, во Скопје, а ќе биде отворен за посетители денес (петок) и утре (сабота) од 15:00 до 21:00 часот. „Со повеќе од 70 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2024 ветува незаборавно винско патување. Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од ...

Денеска официјално започнува ски-сезоната во Ски-центарот Попова Шапка. Традиционално, првиот ден (петок) е промотивен ден. Ски – билетите се бесплатни за сите посетители. Работното време денеска е од 10 до 14 часот. Од сабота Ски- центарот ќе работи со редовна цена на ски- билетите и со редовно работно време. Ски-лифтови и жичници: од 08:45 до 15:30. Билетара: од 08:00 до 16:30 часот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Ски-центарот Маврово почнува со работа од ...

Од Усје АД Скопје преку Македонската берза информираа дека за периодот јануари – септември 2024 година ќе се распредели аванс на дивиденда за акционерите во бруто износ од 1.355.336.736 денари, односно 2.404 денари за една акција. Последен ден на тргување со право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е 25.12.2024 година. Прв ден на тргување без право на аванс на дивиденда за периодот јануари – септември 2024 година е ...

Во Буџетот за 2025 година се обезбедени средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди – телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади, информираа од Владата. „Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат ...

Бојан Јовановски Боки 13, осуден за случајот „Рекет“ останува на слобода, откако пред неколку месеци доби условен прекин на казната и излезе од затвор, поради здравствени проблеми. На него му се суди и за друг предмет поврзан со неговото здружение „Меѓународен сојуз“. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ На Боки 13 од почеток ќе му се суди за случајот „Меѓународен сојуз“ Како што објави Скопје 1 во медицинскиот став од конзилијарното мислење на десетина доктори ...

Германскиот синџир на маркети Лидл ќе отвори маркет и во Велес. Информацијата на Фејсбук ја сподели градоначалникот на Општината, Марко Колев. Предвидената локација е кај мензата, управната зграда и силосите на Жито Вардар. Како што пишуваше изминатиов период еМагазин, Лидл засега планира маркети и во Штип, а веќе го гради својот прв маркет во Скопје. Неофицијално овде ќе има и други. Лидл почна да го гради и маркетот во Кавадарци, а во Битола ...

По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници попладнево постапуваат во Судскиот совет, информираат од Јавното обвинителство. Од таму велат дека постапувањето на полицијата не е поврзано со формираниот предмет за црната листа на САД, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана обвинителска наредба за обезбедување на записници од седница на Судскиот совет во врска со мандатот на Весна Дамева, со цел ...

Македонскиот пејач, композитор и продуцент Димитар Андоновски го претставува спотот за својата песна „Бура“, која за прв пат беше изведена на овогодинешниот Макфест. Денес, песната ја доживува својата долгоочекувана видео премиера, која ќе биде објавена на неговиот официјален YouTube канал: Dimitarofficial. „Бура“ е песна што го отсликува внатрешниот свет на емоции, борби и турбуленции, инспирирани од лични искуства. Комплетното авторство – ...

Аеродром и оваа година традиционално го организира предновогодишниот музички спектакл под мотото „Аеродром пулсира vol.3”! На 21 декември, со почеток во 18:30 часот, во трговскиот центар Џевахир Мол Скопје, ве очекува вечер исполнета со музика, емоции и забава. Годината во која Џевахир Мол од сон стана реалност заслужува да биде испратена на најдобар можен начин – со настапи на најголемите ѕвезди од македонската музичка сцена. Сите љубители на ...

Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје со која сопственикот и управител на фирмата „Беса транс“, Беким Хаџиу, беше осуден на една година и осум месеци затвор за фалсификување исправа за автобусот со кој во ноември 2021 година во трагична несреќа во Бугарија загинаа 45 лица, претежно македонски државјани. Од Судот за државната новинска агенција МИА потврдија дека е донесена одлука по предметот и ...

На годинашниот The Economist MeetUp во Скопје, говорејќи на панелот „Бизнис, закон и заедница“, на тема „Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст“, заменик претседателот на Адора Бизнис Групација, Душко Чифлиганец, на почетниците во претприемништвото им порача на прво место да го ставаат својот интегритет, да работат етички, морално и чесно, бидејќи овие карактеристики за жал сè повеќе недостасуваат во работната ...

Македонската ИКТ компанија за дистрибуција и развој на софтверски решенија АИТОНИКС АД го објави проширувањето на своето партнерство со брендот Philips, кое веќе ќе вклучува и широка гама на производи од сегментот “Паметни уреди за домот”. Philips e компанија позната со богатата историја на иновации и е докажан светски бренд, кој обезбедува супериорни технологии на пазарот, со постојан фокус на одржливост. Комбинирајќи го дизајнот и иновациите ...

Повеќе од 2 милиони евра годишно трошат општините и министерствата за адвокатски услуги, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за исплатите од општините и министерствата за адвокатски услуги, кои ги направи Центарот за граѓански комуникации. Само општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати. Министерствата, на адвокати пак им исплатиле 62.428.934 денари или 1 милион евра. Парите ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. „Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови ...

Судскиот совет доби нови членови. Станува збор за судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип. Ала беше единствениот кандидат за избор на член на Совет од редот на судии од посебна листа на кандидати. За местото на член на Советот од апелационото подрачје Штип, имаше пет кандидати. Конкуренти на Ристова беа Мери Гичева од Основниот суд Штип, претседателите на Основниот суд Штип и Апелацискиот суд Штип, ...

Броиме ситно до Новата година, џингл бел звони на секој чекор, а во пресрет на веселите празници, за децата и сите оние што се чувствуваат еуфорично, подготвена е „Зимска бајка“. Организаторот најавува вистински празник за најмладите на 22. декември (недела) во 12 часот, точно напладне во Арената Јане Сандански ќе се случува неколку часовна журка. На овој детски спектакл ќе има пеење, смеење, играње, тука се омилените детски музички ѕвезди: ...

Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е осомничен во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби 30 дена притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра Неговиот претходник, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски останува недостапен за органите на прогон и нема официјална информација ...

Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ му контрора на американскиот Стејт департмент, кој го стави на „црната листа“ за примање мито. Вели дека бил „чист како солза“. Иако е „чист„ решил да се повлече од политичкиот живот и дека за тоа го информирал лидерот на партијата Али Ахмети, кој не се огради од него. На Фејсбук напиша дека ја донел таа одлука оти ...

Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерското друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје, купил дополнителни 3.042 акции и сега поседува 89.208 акции односно 19,73% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Скопски пазар стана најголем акционер во Македонијатурист Акции купил и акционерот, друштвото за трговија, ...

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека акционерот со над 5%, Владимир Пецовски се стекнал со 16 нови акции, и сега поседува вкупно 16.460 или 6,35% од вкупниот број на акции. Акционерот со над 5%, компанијата Настел ДООЕЛ, пак продал 176 акции, и сега поседува вкупно 21.322 или 8,23% од вкупниот број на акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Генералниот директор Пецовски и членови на УО на Реплек купија акции, Настел продаде Настел повторно ...

Во првите десет месеци годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 8,8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1%, а кај странските има зголемување за 14,7.%. Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,1 %, а кај странските има зголемување за 9,9.%. Според ...

Гоце Трајковски, син на Кираца Трајковска, и двајцата сведоци за случајот со грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес е недостапен откако е осомничен за подметнување на пожар во скопска Кисела Вода, откри денеска обвинителот Гаврил Бубевски. Тој се бара со потерница за делото Подметнување пожар на 13. ноември, кога со уште две лица запалил кафуле на приземјето. Другите две лица се ...

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети денеска не се огради од својот соопартиец Артан Груби, кој САД го стави на „црната листа„ заради примање поткуп за влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, ќе се истражува и кој ги поткупил Тој кажа дека неговата партија не ја оспорувала одлуката на ...

Основното јавно обвинителство оформило предмет за поранешниот функционер на опозициската ДУИ, Артан Груби и судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, откако двајцата се најдоа на „црната листа„ на САД, бидејќи како што информираа од Стејт департментот биле поткупени да влијаат врз судските процеси за поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој го ...

Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во случајот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Адитив“, не се откажал од македонското државјанство, како што објавија некои медиуми, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра -Посоченото ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
1016
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
86%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
76%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
8.5
79%
1013
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
57%
1010
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
82%
1014
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
92%
1010
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
77%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
82%
1011
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58