
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Во октомври, просечната месечна бруто-плата изнесува 63.392 денари, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС). Според податоци на ДЗС највисоката просечна бруто-плата за тој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 147.844 денари. Во овој сектор со години се највисоките плати во Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Највисоки нето-плати во октомври Просечната плата во октомври 42.134 денари ...
Актуелниот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 27,2%, лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети од 5,3%, а на трето место се лидерот на владејачката ЗНАМ и градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски и лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, со 3,6%, покажува истражувањето на јавното мислење кое за МКД.мк го спроведе агенцијата Маркет вижн. Истото е спроведено во периодот од 6 до 15 ...
Во спасувањето и лекувањето на повредени во трагичниот напад на божиќниот базар во Магдебург, Германија, во кој загинаа пет лица, меѓу кои и дете на деветгодишна возраст, а се повредени над 200 лица, учествувале и двајца лекари спецјалиости по потекло од Македонија, соопшти македонската Амбасада во Германија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бројот на загинати на божиќниот базар во Германија се зголеми на пет, напаѓачот бил издрогиран Станува збор за Д-р Златко ...
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека просечната нето-плата во октомври е 42.134 денари. Податоците на ДЗС покажуваат дека повторно највисоката нето-плата е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности и истата изнесува 97.404 денари. Следи секторот Останати стручни, научни и технички дејности – 66.281 денари, па Научно истражување и развој – 62.885 денари, Производство на основни фармацевтски производи и ...
Бројот на загинати на божиќниот базар во германскиот град Магдебург се искачи на најмалку пет лица, меѓу кои и дете, а бројот на повредени порасна на над 200, соопштија германските власти. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Вознемирувачко видео) Најмалку две лица загинаа откако автомобил влета на божиќен базар во Германија Како што е познато напаѓачот 50-годишниот Талеб А., е уапсен, а германскиот весник “Билд” објави дека при нападот тој бил под дејство на ...
Откако вчера во руски напад на главниот град на Украина, Киев, беше оштетна и македонската Амбасада, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин бил повикан во македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР), каде му била врачена протестна нота, информираа од таму. -На рускиот амбасадор му беше врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената ...
Како и што се шпекулираше бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, не е во Косово, каде првично избега, туку во Албанија. Дека Груби, за кого има распишана меѓународна потрерница, а доби и 30-дневен притвор за криминалот во Државна лотарија, потврди и првиот вицепремиер и министер за животна средна, Изет Меџити. Меџити тоа го сподели за албанската телевизија ТВ Ора и меѓудругото ...
Адвокатот на поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби, Владимир Доневски, вели дека неговиот клиент по утврдување на сето она со што располага Судот, како и по анализата што ја направила неговата одбрана на аргументите на Основното јавното обвинителство, не постои основа на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле ...
Македонската пејачка Бојана Скендеровски го демантира Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), во чие истражување таа беше посочена дека земала хонорар од 13 илјади евра за настап на манифестицијата „Неготинска вечер“ во Неготино. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои македонски пејачи добиле највисоки хонорари од општините Таа на Фејсбук објасни дека таа сума се однесува за настапот на 13 пејачи од проектот „Македонијо, во срце те носиме“, но и за хонорарот за ...
Како и што најавија од Министерството за внатрешни работи (МВР), полицискиот службеник Б.Ј., кој го прекрши законот и процедурите и дозволи поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, да ја напушти Македонија и замине за Косово, доби кривична пријава. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ МВР има снимка од моментот кој покажува како полицаецот го прекршил законот, за да Груби избега Истата е поради постоење ...
Се уште не се знае каде е точно поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, кадар на опозициската ДУИ, кој избега од Македонија, а е осомничен за криминал тежок осум милиони евра во Државна лотарија, за што доби и притвор од 30 дена, а за него има и меѓународна потерница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали Претходно заврши и на ...
Песната на кралицата на македонската народна песна, Виолета Томовска, „Заиграј со мене ти”, доби нова верзија. Истата сега Томовска ја пее со Драган Спасов Дац и Александар Митевски. Новата верзија на песната, која е веќе хит, е направена во чест и сеќавање на авторот на музиката на истата, Милан Завков, а текстот е на Томовска. Аранжманот е на Митевски, на хармоника свири Мишел Трајковски, на гитара Ташко Грујовски, Бобан Василески, а на труба ...
Германските власти потврдија дека најмалку две лица загинаа, од кое едното е дете, откако автомобил влетза на божиѓен базар во Магдебург. Direkte Aufnahme von der Tat, ich bin unfassbar bestürzt. Warum ist das in Deutschland möglich⁉️ Magdeburg, Weihnachtsmarkt pic.twitter.com/7CEQhH2GCS — Michael (@Michael27184036) December 20, 2024 Не се склучува можноста бројот на загинатите да биде поголем, а 15 лица од околу 70 повредени се во тешка ...
Денеска во руски напад на главниот град на Украина, Киев, е погодена и зградата во која се наоѓа македонската Амбасада. Од македонското Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) најостро го осудија нападот. „Информираме дека при нападот е погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, вклучително и зградата каде што се сместени шест амбасади, меѓу кои и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев. При ...
Државната помош во земјите од Западен Балкан се движи од под 0,5% од БДП во Косово и Албанија, до 5,9 % од БДП во Србија (податоци од 2022). Северна Македонија доделува државна помош од 1,9% од БДП или 253 милиони евра. Ова го покажа студијата „Зајакнување на економиите од Западен Балкан: Атрактивност и транспарентност на државната помош во регионот“ на Finance Think заедно со мрежата на тинк тенкови од Западен Балкан, WebEcon. Целта на оваа ...
На лепливата лента која и била ставена на устата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје имало траги од еден од осомничените, Велибор Манев, кажа денеска на судењето обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска. Во нејзиното тело бил пронајден и еден куршум. Истиот е боева муниција од 9 милиметри, произведен во 2002 година. Обвинителството ќе презентира над 197 докази и има над 10 илјади принт скринови од комуникација преку мобилни телефони. ...
Вознемирувачки детали денеска соопшти обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска на судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како што кажа обвинителката девојчето било живо и не било задушено, кога било пукано во неа, од далечина од половина метар, одзади, понадесно. Вања се движела по кал пред да биде убиена додека клечела, за што сведочи калта под нејзините нокти, како и ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63 392 денари. Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација ...
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови кои имаат ознака НМК или на истите да залепат налепница НМК е до 31.12.2024. „Тоа значи, регистарските таблички кои ја содржат буквената ознака МК (регистарски таблици со четири броеви) и регистарски таблици кои не ја содржат буквената ознака МК (со три бројки) треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат ...
ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје ќе врши санација на неколку поголеми дефекти на водоводната мрежа, со што ќе дојде до затворање на главниот градски цефковод. Санацијата, ќе започне на 21 декември (сабота). „Следува сложен оперативен план за санација на ул. „Никола Парапунов“ на затварач Ф-700мм. Покрај оваа локација, опфатена е и санација на уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод Ф-1600мм и тоа на потегот од ...
На плоштадот Македонија е поставена највеличествената и најимпозантната божиќна пештера во регионот. „Ова ремек дело, кое плени со својата возвишена естетика, претставува можност за сите нас автентично да се подготвиме за празникот на Христовото раѓање. Посебна благодарност до вајарот Зоран Тошески кој заедно со својата сопруга Македонка и тим на волонтери, успеаа да созадат дело кое на идните генерации ќе им сведочи за љубовта кон Бога, кон ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) има снимка која јасно покажува како полицаецот го прекршил законот и процедурата, за да поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби го помине Граничниот премин “Блаце„ и избега во Косово. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Нема снимка од бегството на Груби преку „Блаце“, камерите снемале батерии, на граница бил заведен како „пешак“ Оваа го соопшти министерот за внатрешни ...
Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува дека општините годишно трошат над 1 милион евра за ангажирање на пејачи и забавувачи за манифестациите кои ги организираат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Најскапо платена е Северина, најмногу пари заработила Јелена Розга: За пејачи и забавувачи општините трошат над 1 милион евра годишно Кој е најмногу платен Годинава, заклучно со октомври, највисок хонорар зела хрватската пејачка Северина Вучковиќ, за ...
Внукот на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, Дрин Ахмети, ќе се спаси за случајот со пиротехничките средства кои му беа најдени во автомобилот пред речиси една година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дрин Ахмети легално купил пиротехнички средства, кои се забранети за продажба кај нас Телевизијата Алсат М објави дека Основното јавното обвинителство (ОЈО) се откажало од кривично гонење на Дрин Ахмети за овој случај. Од Обвинителството за телевизијата велат ...
Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, се уште е надвор од земјата. Нема официјална информација дали моментално е во Косово или во Албанија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои адвокати ги ангажираа Груби и Бајрами Но, преку неговиот адвокат Владимир Доневски бара да му се укине одредениот притвор од 30 дена. Доневски поднел жалба за истиот, а истото како што пренесуваат дел од медиумите ќе го направи ...
Зимска приказна 2024 во Битола ќе започне утре и ќе трае од 20 декември до 6 јануари. Годинава, акцентот на Зимска Приказна е ставен на поддршката за локалните трговци, угостители и хотелиери. Очекувањата се дека зголемената посетеност на туристи и граѓани ќе има директно позитивно влијание врз локалната економија. „Зимската Приказна е повеќе од празнична програма – таа е можност за Битола да го покаже својот туристички потенцијал. Нашата цел е ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 17 и 18 декември изврши вонреден инспекциски надзор во врска со починатото седуммесечно бебе на ЈЗУ УК за Детски болести Скопје. Врз основа на извршениот увидот во медицинска документација (истории на болест, упати и специјалистички извештаи) и изјавите од докторите кои учествувале во лекувањето, констира дека седуммесечното бебе прв пат во ЈЗУ УК за Детски болести Скопје било донесено на ...
Новата 2025 година ќе донесе револуција во начинот на кој го доживуваме шопингот, кој ќе претставува искуство, начин на живот и можност за квалитетно поминато време. Со отворањето на Гевгелија Мол во летото 2025 година, вашите шопинг навики ќе се променат засекогаш! Овој модерен трговски центар ветува дека ги редефинира традиционалните шопинг искуства, комбинирајќи ги купувањето, забавата и дружењето во еден единствен простор. Оваа иновативна ...
Само од јануари до октомври годинава, општините потрошиле на пејачи и на други забавувачи 961 илјада евра, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за трошоците на општините за забавни манифестации на Центарот за граѓански комуникации. До крајот на 2024 година, се очекува дека сумата ќе надмине еден милион евра. Лани, за оваа намена биле потрошени 1 милион и 11 илјади евра. Најскапо платена, годинава, е хрватската пејачка Северина ...
Во рамки на акцијата за разбивање на криминалната скопска група „Беланоца/Барон“ полицијата вчера пронајде бункер со пушки, муниција, опрема за оружје… ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Претреси во Арачиново и во повеќе делови од Скопје Бункерот е пронајден на локација на патот Орланци-Никуштак, а во истиот имало еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со ...