Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
По разрешувањето од функцијата министер за култура и туризам, Зоран Љутков е назначен за национален координатор за култура во Владата. За време на владината реконструкција, на неговото место беше избран Седат Сулејмани, кој претходно ја извршуваше функцијата заменик-министер. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Зоран Љутков, кој повеќе нема да биде министер за култура и туризам Кој е Седат Сулејмани, новиот министер за култура и туризам Фото: ...
Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а сведочеше градежен вештак – сведок на Основното јавно обвинителство. Сведокот Маријана Лазаревска го повтори тоа што веќе и беше познато на јавноста од досегашниот тек на судењето, како и од информациите кои беа објавувани во медиумите пред да почне истото. Таа меѓу друго кажа дека сите градежни зафати во “Пулс“ биле изведени нелегално. Истите биле направени без ...
Досегашниот тек на истрагата, што од февруари годинава се води во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) за организираниот транспорт на марихуана од Македонија во Србија, укажува на поширок круг лица инволвирани во организираната криминална активност, информираа од Обвинителството. -Обезбедените докази што произлегуваат од преземените истражни дејствија и меѓународната соработка со надлежните органи на РСрбија, ...
Неметали Огражден АД Струмица и поврзаното друштво Огражден-Микромикс ДООЕЛ во првото полугодие од годинава оствариле добивка по оданочување која е зголемена за 488%, соопштија од таму преку Македонската берза. Таа од 2.346 илјади денари е зголемена на 11.459 илјади денари. Оперативните приходи пак бележат намалување од 6%, а оперативните расходи се намалени за 16%. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Неметали Огражден откупи сопствени акции Аристид Маџунков нема ...
Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје, заедно со подружницата Раде Кончари – Заеднички работи, во првото полугодие од годинава остварил нето добивка од 8.259.217 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Вкупните приходи изнесуваат 19.901.493 денари, а вкупните расходи – 10.859.276 денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Раде Кончар-ТЕП сака целосно да ја преземе Раде Кончар – Апаратна техника Промени во Одборот на директори на Раде ...
Во заедничка акција на Македонија, Косово и Грција – „Вардарис“, во земјава и Грција се приведени неколку лица, кои се македонски и косовски држвјани, а се запленети 324 килограми марихуана. Еден од нив доби 30-дневен притвор, информираа денеска од македонското Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. -Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, ...
Македонија го има новиот вистински херој. Младиот тракторист Александар Чепиговски или Аце од Ивањевци, вчера влезе да ора директно низ линијата на огнот во пелагониско и спречи ширење на пожарот на повеќе места. Јавна пофалба Аце доби и од првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој рече дека тој покажал извонредна вештина на управување со неговиот огромен трактор, изложувајќи се на голем ризик. ПОВРЗАНИ ...
Повторно, по третпат, на електронско надавање не се продадоа становите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Информацијата за Фокус ја соопштија од Агенцијата за управување со одземен имот. Надавањето беше на 29. јули, а трите станови се продаваа за вкупна почетна цена од 2.457.000 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Фото) Во едниот има и џакузи на тераса: Како изгледаат становите на Груевски кои се продажба Станува збор за станови ...
Премиерот Христијан Мицкоски кој се врати од годишен одмор со семејството од Белгија, денеска сподели детали како поминале. Како што беше претходно најавено четири дена биле во Бриж, а три дена во Брисел. Таму немал политички средби, ама имал средби со инвеститори. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Мицкоски на годишен одмор со семејството ќе оди во Белгија -Имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор. Едниот е од ...
Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се ...
Истанбул на 23. август ќе биде домаќин на Трката во пливање преку Босфор, која се одржува по 38. пат и е единствениот меѓуконтинентален натпревар во пливање на отворени води во светот. На патеката долга околу 6,5 километри, од Канлиџа на азискиот до Куручешме на европскиот брег, ќе се натпреваруваат 2.500 локални и меѓународни пливачи од 78 земји и пет континенти. Призната од Светската асоцијација за пливање на отворени води како „Најдобар ...
Од ПроКредит Банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека со решение на Народната банка е издадена претходна согласност за реименување на Маја Михајлова за член на Управниот одбор (УО) на Банката. Реименувањето е за период од четири години. Во УО на Банката се и Емилија Спировска, Стевче Кузмановски и Милан Дамчевски. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Маида Захировиќ Салом именувана за член на НО на ПроКредит Банка Дрис Нор реименуван за член на на ...
Контролата на летање на аеродромот Скопје доби нов систем за менаџирање на авиосообраќајот – АТМ. Новиот АТМ систем е од исклучително значење за работењето на акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје, затоа што со него се создава стабилна и современа основа врз која треба да се развива целиот систем во воздухопловната навигација. Со новиот ...
На 30. септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи 7. Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото „Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“. Конференцијата ја организираат Германската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет – Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка технологија – АБИТ, ...
Во првото полугодие од годинава Витаминка АД Прилеп и нејзините поврзани правни лица оствариле консолидирана добивка по оданочување во износ од 49.529 илјади денари, што претставува раст од 2% во однос на истиот период од 2025 година, соопшти компанијата преку Македонската берза. -Позитивниот финансиски резултат е постигнат и покрај растот на производните трошоци, што укажува на успешно управување со оперативните активности, финансиските ...
Прилепска пиварница АД Прилеп повторно купи сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 18 сопствени акции. Сега поседува 1.255 акции, што претставува 3.14% од вкупниот број акции на Прилепска пиварница. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница 34.5 милони денари за менаџментот на Прилепска Пиварница лани Прилепска пиварница ...
Макпромет АД Штип во првото полугодие од годинава остварил добивка од 1,906 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените оперативни приходи изнесуваат 138.043 илјадa денари. -Се состојат од приход од продажба на производи и услуги на домашен пазар во износ од 51.267 илјади денари и приход од продажба на странски пазар – 86.776 илјади денари, велат од таму. Вкупните оперативни расходи изнесуваат 136.137 илјади денари. ...
До овој момент вкупно пет македонски семејства побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во координација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи. ...
Вчера бил најтежок ден во борбата со пожарите оваа лето, информираше денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Најтешка била ситуацијата во пелагонискиот регион, бидејќи огнот ги загрозил селата Ивањевци, Лозани и Новоселани. „Доцна попладнето пристигнавме во село Лостени, и она што го затекнавме беше застрашувачко. Огнот беше на само 50 метри од куќите, и имаше зафатено висока сува трева и се движеше кон ...
Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25. септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин дигитализацијата и вештачката ...
Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6.363.610 илјади денари, што е за 31% повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6%) се ...
Македонското друштво за трговија на мало Тинекс маркет ДООЕЛ Скопје може да добие нов сопственик. Имено, како што информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК), Проекс интернационал Л.Л.Ц. од Приштина, Косово, има намера да стекe контрола врз македонскиот ланец на маркети. За преземањето зелено светло треба да даде КЗК. Од таму објаснуваат дека врз основа на писмо за намери и рамка за трансакцијата од 2. јули склучена помеѓу ...
Јасмин ДОО Белград, Србија, има намера да стекe контрола врз друштвото за трговија и услуги Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје преку купопродажба на удели, информираа од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Јасмин ДОО Белград работи во трговија на мало со козметички и тоалетни производи во специјализирани продавници. Мнозински содружник во Јасмин Белград, со удел од 75%, е Радикс ДОО Белград. Јасмин парфимерија ДООЕЛ Скопје работи во ...
Од акционерското друштво во државна сопственост за управување со воздушниот сообраќај и давање услуги во воздухопловна навигација (М-НАВ) АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Татјана Бошков е избрана за претседател на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото. Во НО се и Бесир Шабани и Снежана Филиповска-Павлеска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Горан Јандреоски, кој не е повеќе член на НО на М-НАВ Горан Јандреоски не е повеќе во НО ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, и уште седум други лица, за злоупотреби во Државна лотарија. Освен Груби со обвинението се опфатени и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, генералниот секретар на поранешната Влада, Методија Димовски, сопственикот на „Ритрон копи“, Артан ...
Оперативниот директор на телевизијата Алсат-М, Лирим Хајредини, денеска утринава е пронајден мртов. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, неговото тело било пронајдено пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, каде се наоѓа и седиштето на телевизијата. Како што велат од таму на неговото тело имало повреди, поради кои починал. Нема конкретни информации од полицијата за какви повреди се работи. Хајредини беше 16 години ...
Судењето во кое еден од обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за злоупотреби во Државна лотарија ќе стартува на 24. август, информираа денеска од Кривичниот суд. Обвинети во случајот се и поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, кој се уште е во бегство, генералниот секретар на поранешната Влада, Методија Димовски, сопственикот на „Ритрон копи“, ...
Со гаранција во недвижен имот од 508 илјади евра поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излезе од притвор. Основниот кривичен суд Скопје, ја донел одлуката по позитивното мислење на Основното јавно обвинителство, и му определил мерки на претпазливост, одземање на пасош и да се јавува во суд. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дал гаранција од над 1,1 милион евра: Муамед Сејдини, поранешниот претседател на ФФМ ...
Од уредувањето и користењето на плажите на Охридското Езеро, Општината Охрид и Јавното претпријатие “Охридски комуналец“ годишно заработуваат околу 700.000 евра. Информацијата ја соопшти градоначалникот на Општината, Кирил Пецаков за поткастот „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ на Скопје1.мк. Пецаков вели дека овие пари Општината не ги заработува од класична концесија на плажите, туку од закуп на простор на кој се поставува урбана опрема. ...
На друштвото ЗК Пелагонија АД Битола, чии хартии од вредност котираат на Официјалниот пазар на Берзата, му се изрекува мерката јавна опомена преку интернет страната на Берзата поради необјавување на целосни материјали за Собранието на акционери во рок од два дена од свикувањето на седницата на собранието на акционери, со што издавачот не постапи согласно член 39, став 5 од Правилата за котација, информираат од Берзата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Дејан ...