Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На школата учествуваа ученици од сите краеви на ...
Туркије продолжува да биде една од водечките туристички дестинации во светот, откако во првото полугодие од 2026 година привлече 25,8 милиони странски туристи. Во истиот период, приходите од туризмот достигнаа 25,8 милијарди американски долари, што е на исто ниво со минатата година. Податоците ги презентираше министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, на прес-конференција неодамна одржана во Истанбул. Според него, ...
Жито лукс АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка пред оданочување од 579 илјади денари, што претставува намалување од 5 милиони денари во споредба со истиот период од минатата година, соопштија од таму преку Македонската берза. -Бруто-добивката изнесуваше 189 милиони денари, при што Друштвото реализираше бруто профитна маржа од близу 32%, велат од таму. Приходите од продажба изнесуваа 595,4 милиони денари, што ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период имало 977 продажби на недвижности од инвеститор. Од нив 943 се станови, а 34 куќи. Во однос на првиот квартал има раст за 236 продадени новоградби. Бројот на продадени станови во вториот кавртал е зголемен за 37%, а нивната вкупна финансиска вредност е зголемена за 43%. Бројот ...
Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови, информираат од компанијата. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер Б-98 се намалува за два денари, а цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 91 денар за литар, а на Еуросупер БС-98 93 денари за литар. Цената на дизелот ќе изнесува 99,50 денари за литар. Екстра лесното ...
Искуствата од берзанската котација и факторите што придонесоа за долгорочниот успех на „Алкалоид“ АД Скопје ќе бидат во фокусот на 25. Годишна конференција на Македонската берза. На конференцијата ќе дискутираат генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и главниот извршен директор на Македонската берза, Иван Штериев. Разговорот ќе биде посветен на развојот на „Алкалоид“ како една од ...
Фабрика Карпош АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила бруто добивка од 43,696 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупни приходи во износ од 620 милиони денари. -Најголемо учество во вкупните приходи имаат приходите од оперативното работење, кои учествуваат со повеќе од 98% од вкупните приходи и во најголем дел се остварени на домашниот пазар. Финансиските приходи имаат мало учество ...
ПИ Кристал 1923 АД Велес во првите шест месеци остварил нето загуба од 8.862 илјади денари, а во истиот период лани имаше добивка од 607 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни оперативни приходи изнесуваат 432.747 илјада денари и во однос на истиот период лани се намалени за 3,6% -Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 3%, ...
Хотели Метропол АД Охрид во првите шест месеци од годинава остварил нето загуба од 23.327 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Приходите на Друштвото изнесуваат 61.253 илјади денари и истите споредено со истиот период лани се намалени за 1%. -Од овие приходи најголем дел отпаѓаат на основната дејност на фирмата, односно 59.798 илјади денари, и истите се зголемени за 1% во однос на 2025 година. Останатите приходи во износ ...
Лотарија на Македонија АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 3.802 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените вкупни приходи изнесуваат 14.775 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2025 година бележат зголемување. Оперативните приходи изнесуваат 14.173 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2025 година. ...
Од ГД Тиквеш АД Кавадарци преку Македонската берза информираа дека доминантниот акционер Ристо Милев, го намалил своето учество во акционерскиот капитал на Друштвото. Тој моментално поседува 41,43% или 28.173 обични акции. По договор за подарок направен е пренос на 41,32% или 28.100 обични акции (сите со право на глас) на Миле Милев. Фото: Унсплеш Од ГД Тиквеш АД Кавадарци преку Македонската берза информираа дека доминантниот акционер Ристо ...
Ваљон Бела и Бекир Халими од Македонија се прогласени за „персона нон грата“ во Албанија од страна на тамошното Министерство за внатрешни работи, пренесуваат локалните медиуми. И двајцата имаат забрана за влез во Албанија во траење од 10 години, а за Бела е издадена наредба и за депортација. Како што јави албански „Топ ченел“ тие се прогласени за непожелни поради сомнителни активности против албанската држава. Наводно за нив постоеле докази ...
Маж на возраст од 52 години од Струга е приведен затоа што на обележувањето на Илинден на 2. август во струшкото село Ташмаруништа вербално нападнал јавни лица. Станува збор за С.Г., а тој како што информираа Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга заработил кривична пријава за „насилство“ по чл.386 став.5 од Кривичниот законик. Фото: Влада Маж на возраст од 52 години од Струга е приведен затоа што на обележувањето на Илинден на 2. ...
ТТК Банка АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварила нето-оперативен приход пред исправки на вредност во износ од 37,5 милиони денари, како резултат на реализирани оперативни приходи од 279,5 милиони денари и оперативни трошоци од 242 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза -Во текот на анализираниот период, издвоени се исправки на вредност на финансиски и на нефинансиски средства во износ од 17,5 милиони денари. ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период вкупна месечна закупнина изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9%. Во овој период се евидентирани 2.148 закупи, а вкупниот број на закупи бележи пад од 17% на квартално ниво. Најголем број од закупите – 935, припаѓаат на деловни простори (44%) по ...
Во првите шест месеци од годинава Макпетрол АД Скопје остварил вкупен приход во износ од 17,7 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,22 милијарди денари, односно остварен е раст од 22,21%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Во структурата на приходите, најголем удел со 98,24% имаат приходите од продажба, од кои 92,31% се остварени преку продажба на домашен пазар, а 5,93% се остварени преку продажба на странски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за државната агенција МИА вели дека Владата работи на одблокирање на европскиот пат, но не смее да открива детали. „Работиме на решение, но не решение по секоја цена и не решение коешто само по себе нема да биде одржливо и коешто ќе создава ризици повторно да бидеме во оваа ситуација во која што се наоѓаме сега. Разликата помеѓу оваа влада и претходните влади е ...
На 2. август 1944 година во манастирот Св. Прохор Пчински е одржано првото заседание на АСНОМ. Заседанието почнало со изведување на песната „Изгреј зора на слободата“. Заседанието го отворил најстариот делегат, учителот Панко Брашнаров од Велес. На истото присуствувале делегати од сите краишта на Македонија и на претставници на големите сили учесници во антифашистичката војна – САД и Велика Британија. Брашнаров го отворил заседанието со ...
Македонијатурист АД Скопје во првите шест месеци од годинава од извршените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности оствари добивка пред оданочување од 380,968 милиони денари, која е зголемена за 149% во однос на 2025 година кога изнесувала 152,986 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Оперативната добивка на Друштвото изнесува 294,348 милиони денари и е зголемена во однос на ...
Во првите шест месеци од годинава Димко Митрев АД Велес остварил нето добивка од 344 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година таа е поголема за 288%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото остварило вкупен приход од 126.436 илјади денари и во однос на истиот период лани, тој е помал за 12 %. -По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие ...
Скопски пазар АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил консолидирана нето добивка од 133.692 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни консолидирани приходи изнесуваат 374.412 илјади денари. Остварените вкупни консолидирани расходи изнесуваат 240.720 илјади денари. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работел лани Скопски пазар Реизбрани членовите на УО на Скопски пазар Скопски пазар АД Скопје во првите шест ...
Македонија денеска го слави големиот празник Илинден. На 2. август 1903 година македонскиот народ во Крушево се крена против Османлиите, а следниот ден беше прогласена Крушевската Република, прва на Балканот. Четириесет и една година подоцна, на 2. август, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, пак беше одржано Првото заседание на АСНОМ. Крушевската Република имала и влада Крушевската Република имала и Привремена влада. Таа имала за задача да ги ...
Гранит АД Скопје во првите шест месеци остварил добивка од 319.567 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 137.533 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана загуба од намалување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во првата половина на 2026 година, информираат од таму преку Македонската берза. Остварените единечни вкупни приходи изнесуваат 2.411.607 илјади ...
Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека најскапо продадениот стан за тој период во Македонија е во скопски Центар. Тој е продаден за 206.640 денари или 3.360 евра за метар квадратен. Истиот бил 50 метри квадратни и бил продаден за 168.000 евра. Од стари станови, пак најголема цена е постигната за стан во Охрид. Истиот се продал за ...
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6.5% во однос на јуни 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 3.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.2%. Зголемувањето во ...
Обвинетиот бизнисмен Борче Марковски се врати во Битола откако беше во Србија. За него во тек е судски процес за набавки во РЕК Битола, а како што изјави неговиот адвокат Марјан Николоски бил во Србија по работа. Таму има фирми и имот. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Како работат фирмите на Борче Марковски во Србија и Македонија Тој е во фокусот на јавноста откако од страна на Основниот суд Струга го доби назад пасошот со гаранција од над 5 милиони евра во ...
ЗК Пелагонија АД Битола во првите шест месеци од годинава остварила добивка од 53.237 илјади денари и иста е зголемена за 17% во однос на истиот период минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Друштвото остварило оперативни приходи од 306.970 илјади денари и истите се намалени за 9% во однос на истиот период лани. -Во структурата на оперативните приходи најголемо е учеството на приходите од продажба кои што учествуваат со ...
Фершпед АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил оперативна добивка од 50.637 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. Остварените вкупни приходи на Друштвото изнесуваат 2.187.063 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2025 година се зголемени за 15%. -Оперативните приходи во износ 2.177.713 илјади денари учествуваат со 99.6% во вкупните приходи и истите се зголемени за 14% во споредба со ...
Нов заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е Бесник Џемаили. Тој е член на Комисијата, во која работи од 2010 година, а доаѓа на местото на Софија Спасова Медарска. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Бесник Џемаили избран за заменик-претседател на Антикорупциска На позицијата ќе биде шест месеци. Каков имот пријавил На свое име и на име на родителите пријавил имот во Групчин. Најголем дел од пријавениот имот е од ...