Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Членови на менаџментот на Алкалоид АД Скопје купија нови акции на компанијата, што покажува дека тие веруваат во нејзиниот бизнис и перспективи. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор (УО) и генерален директор купил нови 277 акции на Алкалоид. Сега поседува 131.777 обични акции или 9,21% од вкупниот број на акции на компанијата. Виктор Стојчевски, член на УО и директор на финансии ...
Очекувано стартот на казнување и на странците кои поминуваат низ Македонија со електронскиот систем „Безбеден град„ е една од главните теми и во српските медиуми. Тие детално информираат за стартот на примена на системот и за нивните граѓани, но и за цените на казните. Вчера поради тоа на граничниот премин со Србија, “Табановце“, се создаде гужва, а граѓани за да ги платат казните кои ги направиле сега, но и од порано, чекаа со часови. ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19. модуларни болници, информираа од таму. ...
Актуелниот прв човек на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат на позицијата. Неговиот мандат завршува на 8. ноември, а процедурата за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК е веќе започната. Изборот на нов шеф, обвинителите од целата земја, треба да го направат во октомври. Абази пред да дојде на оваа функција од 2018 година ...
Денеска продолжи судењето за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, а на истото професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице, меѓу друго кажа дека сунѓерот за акустичната изолација во објектот бил целосно изгорен и дека вештаците неможеле да најдат остатоци, а ги барале со часови. Посочи и дека на спуштениот плафон имало полиуретански сунѓер, а доказ за тоа биле фотодокументацијата, снимки од ...
Откако стартуваше казнувањето со електронскиот систем “Безбеден град“ и за странците кои поминуваат низ Македонија, што предизвика гужви и застој на граничниот премин со Србија, „Табановце„, од македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) имформираа дека е ставена во функција веб апликација со мобилен интерфејс – safecountry.mvr.gov.mk. Со неа тие ќе можат да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот, да ...
Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...
Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека согласно решението на Извршниот одбор на Народна банка, Зорица Божиновска – Лазаревска е именува за независен член на Надзорниот одбор на Банката. Таа ќе има мандат од четири години. Таа е редовен професор на Катедрата за сметководство и ревизија при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Хрисула Кутуди, која останува генерален извршен директор на ...
Агенцијата Меккен Скопје доби нов генерален директор. Од крајот на месецов истата, која е членка на Групацијата AMA, ќе ја води Горан Димовски. Димовски ја започнал својата кариера во Меккен Скопје во 2010 година. Извршувал различни функции, вклучувајќи и директор за продукција и директор за операции. Во 2018 година, по основањето на продукциската куќа AdVenture, која исто така е членка на Групацијата AMA, тој го презеде нејзиното управување. ...
Позади македонското Собрание се гради паркинг за возилата на пратениците и за службените возила. Просторот досега беше див паркинг. Тендерот за изградба и уредување го доби Стентон градба ДОО од битолското село Долно Оризари, а ќе бидат потрошени 101.951.456 денари или околу 1,6 милиони евра. Договорот објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки предвидува да се отстрани постечкиот асфалт, да се постават гранитни плочки, да се изведат ...
Анализата на порталот Пари направена според податоци од Бизнис мрежа, покажува дека 276 трговски друштва со целосен косовски капитал, чиишто службени адреси се во земјава, лани оствариле приход од 265,1 милион евра. Истиот споредено со претходната година е намален за 2,37%. Нивниот профит пораснал за 2,05%, и лани изнесувал 9,3 милиони евра. Најголем промет има СПАР Нортх Македонија – 111,7 милиони евра, и истиот бележи раст за 12,04%. ...
Генералниот извршен директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, купи нови акции на Банката. Како што информираа од таму преку Македонската берза, тој купил 1.009 акции. Сега поседува 2,1% од вкупниот број на акции на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкави надоместоци земал менаџментот на ТТК Банка лани Како работела ТТК Банка во првото полугодие Како работела ТТК Банка лани Генералниот извршен директор на ТТК Банка, Драгољуб Арсовски, купи нови акции ...
Орхан Муртезани и официјално ја презеде новата функција – амбасадор на Македонија во НАТО, информираше тој на социјалните мрежи. Претходно во периодот од јуни 2024 до декември 2025 година, беше министер за европски прашања. Тој беше разрешен од функцијата по локалните избори во 2025 година. Потоа беше дел од Кабинетот на премиерот Христија Мицкоски, задолжен за следење на реализацијата на Реформската агенда. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кои се новите девет ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешка, Петр Мацинка, кој е во посета на Македонија, денеска од Охрид по средбата со неговиот македонски колега, Тимчо Муцунски, меѓу друго кажа дека, членството на Македонија во Европската унија (ЕУ), било приоритет за неговата земја. Тој кажа и дека Чешка била подготвена да направи сè што е потребно за земјава што поскоро да стане членка на ЕУ и дека е подготвена да го ...
Од денес започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија, информираат од МВР, откако на социјалните мрежи се појавија снимки од граничниот премин Табановце каде што луѓе чекаат во ред за да платат казни. „На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат ...
Објавен е и анкетниот лист на Јетон Шасивари, новиот министер за правда. Тој е кадар на Вреди, а со реконструкцијата на Владата ја презеде функцијата од Игор Филков, кадар на ЗНАМ. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда еМагазин во серијал Ви преставува каков имот пријавиле старо-новите министри до Антикорупциската комисија. Каков имот пријавил На свое име пријавил имот во Тетово. Пријавил и возило на име на сопругата. ...
По долга и тешка борба со ракот, почина хрватска писателка, новинарка, колумнистка, критичарка и активистка Ведрана Рудан (77), кои свои фанови во пишаниот збор имаше и помеѓу македонската публика. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал,“ беше објавено на нејзината официјална страница. Рудан отворено зборуваше за својата болест, редок облик на рак на желудoчен канал, нагласувајќи често дека „тивко умира“. Предизвиците со болеста со кои се ...
Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека со решение на Извршниот одбор на Народната банка, Хрисула Кутуди повторно се именува за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Банката. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е Хрисула Кутуди, која останува генерален извршен директор на Стопанска банка Таа доби мандат од четири години. Во УО се и Владимир Тренески, Милица Чапаровска-Јовановска, Емилија Стојанова ...
76-годишен пациент со коморбидитет, кој 27 дена се лекуваше на Клиниката за инфективни болести, е четврта жртва на западнонилска треска, информираше директорот Фадил Цана. На Клиниката се хоспитализирани 20 пациенти, а на интензивна се петмина кои се се потешка клиничка слика. „Тоа што и ние како клиничари го предвидувавме со вчерашниот ден се потврди дека кај 25-годишната пациентка која се водеше како клинички суспектна, се потврди ...
По повод 34-тиот роденден на Армијата, денеска во Кампот за обука на вода во Охрид, се одржа централната свеченост за воениот празник „18 Август – Денот на Армијата“. На свеченоста се обратија: претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. Претседателката Сиљановска-Давкова во своето обраќање ...
Нов амбасадор на Македонија е Крум Ефремов. Информацијата ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Ефремов моментално е директор на Директоратот за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Тој е и поранешен македонски амбасадор во Украина и важи за искусен и професионален дипломат. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Крум Ефремов, новиот македонски амбасадор во Бугарија ...
Македонија денеска го обележува Денот на македонската Армија. Бројни испитувања на јавното мислење во земјава низ годиниве покажаа дека токму македонската Армија е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба. Како се роди? На 17. ноември 1991 година македонското Собрание го усвои Уставот на Република Македонија, според кој Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а територијалниот интегритет и ...
Објавен е анкетниот лист на новиот министер за односи меѓу заедниците, Агон Ферати. Како кадар на Вреди, тој дојде на местото на Иван Стоилковиќ, од Демократската партија на Србите, кој пак со реконструкцијата на Владата стана министер за локална самоуправа. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Кој е Агон Ферати, новиот министер за односи меѓу заедниците еМагазин во серијал Ви преставува каков имот пријавиле старо-новите министри до Антикорупциската комисија. ...
Патнички сообраќај Транскоп АД Битола во првите шест месеци од годинава остварил вкупни приходи од 63.293 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, истите бележат зголемување од 8.54%, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Од овој приход, на основната дејност на Друштвото отпаѓа најголем дел, односно 63.193 илјади денари или 99,84%. Оперативните приходи во износ од 63.193 илјади ...
Семос Едукација започна стратешка соработка со Гересхајмер, дел од глобалната германска групација специјализирана за производство на медицински производи од стакло и пластика, со цел воведување на вештачка интелигенција (AI) во деловните процеси на компанијата. Партнерството е насочено кон идентификување на можностите за автоматизација, оптимизација на работењето и развој на дигиталните компетенции на вработените, како клучни предуслови за ...
Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 4,50 денари, а на Еуродизелот БС (Д-Е V) за 6,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Новата цена на дизелот ќе изнесува 98 денари за литар, на Еуросупер БС-95, 91,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 93,50 денари за литар. За 6 денари поскапува Екстра лесното ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е известена дека Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради зголемено ниво на пестициди. „Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјоделство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник. Чекаме да видиме дали ќе биде уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла,“ ...
Во следните три години македонското државно акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе купува јаглен од косовската државна енергетска корпорација КЕК. Со одлука на македонската Влада е склучен стратешки договор со КЕК со кој ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци, информираа од ЕСМ. Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 ...
Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци во првите шест месеци од годинава остварила бруто добивка од 885,6 милиони денари и истата е повисока за 21% споредено со истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Вкупните приходи забележаа зголемување од 9% во однос на истиот период од минатата година. Растот е резултат на зголемените приходи на странските пазари за 14% и 3% од продажбата на домашниот пазар. Трошоците за продажба и ...
Прилепска пиварница АД Прилеп се стекна со нови сопствени акции. Како што информираа од таму преку Македонската берза, Друштвото се стекнало со 7 сопствени акции. Сега поседува 1.262 сопствени акции, што претставува 3.16% од вкупниот број акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прилепска пиварница откупи сопствени акции Реизбрани членовите на НО на Прилепска пиварница 34.5 милони денари за менаџментот на Прилепска Пиварница лани Фото: Унсплеш Прилепска ...