Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Од недопрените предели на Македонија, со новата берба на маслинки, Терзели ја продолжува приказната за посветеност, иновации и развој на македонското земјоделство. Произведено во Валандовскиот регион, Терзели е ултра-премиум екстра девствено маслиново масло, создадено со верба во потенцијалот на македонското поднебје и амбиција за квалитет што ќе биде препознаен на светско ниво. Зад производството стојат значајни инвестиции во современа ...
Најновата анализа на Finance Think покажува дека најмногу должат фирмите и државата, а најмалку граѓаните и јавните претпријатија. Графиконот на вкупниот бруто долг на (приватниот и јавниот) нефинансиски сектор како процент од бруто-домашниот производ (БДП), јасно ја покажува огромната разлика во долгот помеѓу едните и другите. Според информациите на Министерство за финансии, јавниот долг заклучно со вториот квартал е над 10,7 милијарди евра ...
Изминативе денови во повеќе земји низ Европа се одвиваат масовни протести поради високите цени на основните производи, лошите услови во образованието, високите цени на кириите…, а во Франција, Албанија, Италија и Португалија, истите ескалираа и дојде до судир помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ (Видео) Европа на улица поради скапиот живот Посебно во Албанија и Франција беше направена и значителна штета на јавни ...
Социјалните мрежи низ светот се преплавени со видеа на кои се гледа како сопствениците, пред се на мали бизниси, сами го бранат својот имот од дел од учесниците на протестите во Италија и Франција, а некои од нив користат и оружје. Штетите на приватниот имот во Франција се проценуваат на стотитици милиони евра, а се оштетени најмалку 3.000 продавници, ресторани, супермаркети… За Милано се уште нема официјални бројки, а според моменталните ...
Додека во Париз, Франција, деновиве се водеа буквални улични војни, се ограбуваа продавници и се палеа автомобили и јавни објекти, дел од жителите на градот, но и туристи, се однесуваа како ништо да не се случува околу нив. Па така на социјалните мрежи низ светот стана хит снимка од пар како мирно си пие вино и си пуши цигари, додека во позадина гори контињер, на друго девојка си џогира помеѓу протестантите, на трето туристи со куфери си го ...
Во три земји од соседството на Македонија се протестира. Во Албанија истите станаа насилни, а се протестира за подобро образование и поради високите трошоци за живот. Во Бугарија се протестира поради блискоста на власта со Русија, а во Грција од вчера се протестира поради високите трошоци за живот и лошите услови во образованието. Таму и денеска ќе се протестира. Почнувајќи од Франција, протестите низ Европа се шират како вирус. Истите сега ...
Главниот град на Франција, Париз, беше најпогоден од насилните протестите изминативе денови во земјава. Онаа што започна како протест за подобро образование и високите трошоци за живот во повеќе градови во Франција, се претвори во буквални улични војни помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата, а беа ограбени илјадници продавници, супермаркети… Штетите се проценуваат на стотици милиони евра. Беа запалени и бројни автомобили, ...
На среднорочните избори кои се одржаа во Соединетите Американски Држави (САД), Демократската партија освои повеќе од 225 места во Претставничкиот дом, и ја презема контролата врз Конгресот, а ќе имаат мнозинство и во Сенатот. Оваа состојба на политичка надмоќ на демократите во услови на владеење на републикански претседател, не е забележана 20 години. Американскиот претседател Доналд Трамп им ја честиташе победата, но истовреме се закани со ...
Туркије продолжува да ги зацврстува своите позиции на светската туристичка мапа, бележејќи извонредни резултати од туризмот и оваа година. Според последните објавени податоци, во првите девет месеци од 2026 година, приходите од туризмот во земјата достигнаа 51,3 милијарди американски долари, што е зголемување од 2,4% во споредба со истиот период минатата година и највисоко ниво досега забележано за овој период од годината. Особено успешни ...
Утре се очекува Трговскиот суд во Белград, Србија, да отвори стечајна постапка за српската Алта банка АД Белград, откако претходно српската Народна банка и ја одзеде дозволата за работа. Како што пренесуваат српските медиуми, ваква одлука на Судот очекува и директорката на Агенцијата за осигурување на депозити, Љубица Пантелиќ. Токму оваа Агенција ќе биде стечаен управник и ќе ја започне постапката за исплата на осигурените износи. Законскиот ...
Актуелната в.д. претседателка на Бугарија, Илијана Јотева, стана првата избрана претседателка на државата. Таа вчера победи на вториот круг од претседателските избори. Заедно со кандидатот за потпреседател, Кирил Валчев, освои 57,581% од гласовите. Двоецот Андреј Ѓуров и Георги Кандев пак освоија 39,467% од гласовите. Јотова претходно беше потпретседател на државата, а стана вршител на должноста претседател во јануари, откако Румен Радев ...
Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка АД Белград, Србија, денеска треба да биде изведен пред обвинител, откако доби притвор од 48 часа. Заедно со него беа уапсени уште две лица, вработени во Банката, која е сопственик на македонската Алта банка АД Битола – Г.М., директор на Одделот за трезор и управување со готовина во Банката и И.П., соработник за трезорско работење. Тие се уапсени по налог на Основното обвинителство за ...
Не само српските и македонските граѓани се во паника откако српската Алта банка АД Белград остана без дозвола за работа. Како што објави Фајненшл тајмс загржиени се и руски државјани што живеат во Белград кои за весникот рекле дека затворањето на Банката особено ќе влијае на руската заедница на иселеници во Србија. Рускиот новинар Павел Белавин, кој сега живее во Белград, и самиот клиент на Алта банка, вели дека Банката била најпопуларната ...
По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Туркије успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија. Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Туркије, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи ...
Корекцијата на пазарот поврзана со вештачката интелигенција (ВИ), растот на приносите од обврзниците и сајбер-заканите се три клучни ризици за светските финансии, предупредува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот Извештај за глобална финансиска стабилност, кој е презентиран на годишните состаноци на ММФ во Бангкок, Тајланд. ММФ посебно ги потенцира разочарувачките резултати од инвестициите во ВИ кои би можеле да предизвикаат ...
Долго време личното советување се сметаше за незаменлив дел од односот на банката со потрошувачите. Студијата EOS Banking AI Barometer – Како Европа навистина се чувствува во однос на ВИ во банкарството, покажува дека оваа слика се менува. Студијата испитува како европските потрошувачи ја оценуваат вештачката интелигенција (ВИ) во банкарскиот сектор. Од нив 46 проценти се изјасниле дека со употребата на ВИ има подобрување на комуникацијата со ...
Под мотото „Agentic AI – Turning AI into Real Business Value“, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 18 ноември 2026 година, во „PARK by Ragusa Group“ во Скопје, ја организира својата годишна конференција посветена на новата генерација вештачка интелигенција и нејзината практична примена во деловното работење. Гостинки на конференцијата ќе биде Патриција Сокалска-Помахо (Patrycja Sokalska-Pomacho), ...
Кога ќе се соочат со потребата од операција на срцето, пациентите и нивните семејства најнапред бараат одговори: колку е итна состојбата, какви се можностите за лекување и кој ќе ја изведе интервенцијата. Во тие моменти, најпотребни им се јасни информации, навремена грижа и доверба во медицинскиот тим. Токму преку овие потреби најдобро се согледува значењето на развојот на кардиоваскуларната хирургија, што современите процедури и искуството ...
Денеска беше промовирана апликацијата muslugi.mdt.gov.mk со која личната карта и возачката дозвола може да ги ставите во мобилниот телефон и да избирате кои податоци ќе ги споделите кога треба да се идентификувате. Истата е бесплатна и е достапна за Android и iPhone. Најпрво преземете ја m.Uslugi преку Google Play или App Store. Потоа креирајте личен шестцифрен ПИН со кој ќе го отклучувате електронскиот паричник, па изберете „Најава со eID“ и ...
Да, дата-центрите се иднината, но клучното прашање е дали Македонија е подготвена за изградба на комерцијални дата-центри, односно дали има капацитет за тоа и секако ресурси. Македонија од 2023 година во прилепско веќе има национален дата-центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност, што значи мал, а планира изградба на уште еден државен дата-центар со иста моќност. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија има национален дата-центар во прилепско, ...
По речиси 50 години препознатлив изглед, Стоби Флипс, најпознатиот и најпродаваниот производ на Витаминка, добива редизајнирано пакување, освежено во духот на современото време. Промената го задржува она што со децении е дел од неговата препознатливост, а оригиналниот вкус што го познаваат генерации потрошувачи, останува непроменет. Во основата на редизајнот е идејата да се зачуваат корените и наследството на Стоби Флипс, а тие истовремено да ...
Најмалку 68 лица загинаа во железничка несреќа која се случи утринава откако се судрија два возови на брзата пруга помеѓу Мадрид и Севиља, во Шпанија. Тие се движеле по трасата што го поврзува главниот град Мадрид со Севиља во јужната шпанска покраина Андалузија. Во едниот имало 397 патници, а во другиот 146. ‼️Accidente tren 🚨 La Guardia Civil ha desplegado en la zona personal de Seguridad Ciudadana de la provincia de Toledo, OMAC (Oficinas ...
Српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој беше приведен синоќа од страна на српската полиција, доби притвор од 48 часа. Информацијата ја објави српска Нова, повикувајќи се на адвокатската канцеларија која го застапува Мацура. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Приведен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка Мацура е приведен по налог на Основното обвинителство за организиран криминал. Тој е краен сопственик на Алта банка АД Белград, Србија, сопственикот на ...
Вчера во српското Јавно обвинителство за организиран криминал беше сослушан сопственикот на српската Алта банка АД Белград, Давор Мацура, која е сопственик на македонската Алта банка АД Битола, пренесуваат српските медиуми. Тој се товари за злоупотреба на положбата на одговорно лице, а за агенцијата „ФоНет“ неговиот адвокат Иса Спаховиќ, изјавил дека обвинителот побарал притвор во траење до 30 дена. Според Спаховиќ, во кривичната пријава се ...
Авион на редовна линија Белград-Москва синоќа бил вратен во Белград набрзо по полетувањето, бидејќи биле потребни дополнителни проверки за еден од патниците, информираа од „Ер Србија“. Според пишувањата на српските медиуми, станува збор за патникот Александар Вулин, претседателот на Движењето на социјалистите. Вулин, наводно влегол во авионот без да ги помине безбедносните процедури, а тој пропуст бил забележан од страна на директорот на ...
Сопственикот на Алта банка АД Белград, која е сопственик на Алта банка АД Битола, Давор Мацура, доби 30 денови притвор, откако претходно беше уапсен. Како што пренесуваат српските медиуми тој доби притвор за да не ја попречува постапката преку влијание врз сведоци, поради постоење посебни околности кои укажуваат дека ќе го повтори кривичното дело во краток временски период, како и поради постоење околности кои укажуваат на опасност од ...
ТИТАН Усје и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка, со кој го зајакнуваат партнерството меѓу академската заедница и индустријата. Меморандумот е продолжение на повеќегодишната соработка насочена кон практична настава, размена на знаења и искуства и развој на идните стручни кадри, информираат од таму. „Поддршката за академската заедница за нас е вложување во идниот ...
Сценарието за продажба, како едно од најможните за решение на проблемот со Алта банка АД Битола, за кое деновиве пишуваше еМагазин, станува се пореално. Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека следниве денови заедно со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ќе имаат состаноци со неколку заинтересирани купавачи. Дека заинтересирани за купувачи за Банката има, неодамна ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408.167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2026 година, пак изнесува 566.113.5 милиони денари, што е за 7.94% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на Алта банка АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги, информираа од таму. Денеска гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, соопшти три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење ...