Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Во првиот квартал од 2025 година, цените на суровата нафта се движеа помеѓу 60 и 68 долари за барел што претставува намалување во однос на опсегот од 68 до 93 долари за барел, во првиот квартал од 2024 година. Ваквиот пад првенствено беше предизвикан од неизвесноста околу развојот на глобалниот трговски протекционизам, инфлаторните притисоци и геополитичките тензии. Инфлацијата доведе до повисоки трошоци за производство, додека геополитичките ...
Со финални презентации на иновативни бизнис-идеи и нетворкинг настан со алумни-заедницата, успешно заврши седумнаесеттото издание на „Лидер Проектот“ – врвна бизнис обука организирана од Македонија2025, наменета за млади професионалци, идни менаџери и претприемачи од целата земја. Програмата се реализираше во соработка со реномираната бизнис-школа „Ричард Ајви“ од Канада и се темели на најдобрите глобални практики во деловното управување, ...
Развој на нови деловни можности, проширување на постојните економски врски и јакнење на стратешкиот дијалог меѓу деловните заедници на двете земји беа во фокусот на настанот кој се одржа во организација на М6 Едукативен центар и Амбасадата на Република Австрија во Скопје, заедно со канцеларијата на Австриската стопанска комора (AdvantageAustria). На настанот присуствуваа претставници на повеќе од 70 водечки македонски и австриски компании од ...
Македонски Телеком го заврши првото тримесечје на годината со финансиски раст и силни инвестиции со кои се гради клучна инфраструктура и се забрзува дигитализацијата на земјата, информираат од таму. -Фокусот на најмодерни технологии и најдобро корисничко искуство донесе зголемување на корисничката база и стабилни финансиски резултати, посочуваат од таму. Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите три месеци од 2025 година, ...
Во периодот јануари – март 2025 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 13 нови вработувања во Македонија, информираат од таму. Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид, во март 2025 година е одобрен и исплатен регрес во висина од 44.500 денари нето-износ за користење годишен одмор за вработените во компанијата. Групацијата Алкалоид брои 3.046 вработени, од кои 2.288 се во земјава, а 758 се вработени во капитално поврзаните друштва во ...
ЈСП Скопје информира дека утре по повод Први мај, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. „Жичницата ќе работи со вообичаено работно време, а дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот. Истовремено, ве информираме дека од утре, четврток (01.05.2025 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Работното време е согласно со ...
Надзорниот одбор на АД МИА – Скопје во државна сопственост на денешната седница го избра Дарко Јаневски за генерален директор и претседател на Управниот одбор на МИА. Надзорниот одбор на денешната седница го констатирал престанокот на мандатот на досегашниот генерален директор и претседател на УО на МИА, Драган Антоновски. На седницата бил констатиран и престанокот на мандатот на членот на УО, задолжен за генерален сервис на вести, Ана ...
Претседателката на Државната комисија за спречуивање на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска, со писмо до јавноста, се произнесе за поврзаноста со случајот „Адитив“. Таа информира дека нејзината комуникација била со семеен пријател, кој подоцна станал обвинет во случајот „Адитив“ и се одвивала во период пред да започне постапка за него пред надлежното обвинителство. „Од соопштението од ОЈО за ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела ...
НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година, информираат од таму. Работејќи согласно усвоената деловна политика, во првиот квартал од 2025 година, НЛБ Банка остварила нето добивка во износ од 719.468 илјади денари, што претставува зголемување за 6,1% во однос на остварената нето добивка истиот период претходната година, како ...
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март 2025 година продажбите на Алкалоид АД Скопје достигнуваат 3.458.394.494 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 5.201.163.839 денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот ...
„Мегахит” е нов сингл на групата „Педро хоризонте“ кој е најава за деби албумот насловен како „Паранормални Мегахитови“ кој содржи 11 композиции. „Промоцијата (слушачка и свирачка) ќе се случи на 17.05.2025 во просториите на Лабораториум, Скопје, со почеток од 13 часот. Групата „Педро хоризонте“ постои од 2020 година и е своевидна супергрупа составена од неколкумина музичари со неколкудецениски музички стаж (Петар Младеновски, Гога Поп ...
Од Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза информираа дека за нови членови на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото се избрани Сафет Етеми, кој ќе биде и претседател на НО, Ацо Дудулоски и Димитар Џеков, кој е независен член. Во НО повеќе не е единствено бизнисменот Фатмир Етеми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Колкави биле примањата на менаџментот на Скопски пазар лани Скопски пазар лани со добивка и зголемени приходи Зсф-ком и Современ дом купија нови ...
Во македонското Собрание не помина интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, која ја поднесе Левица, а беше подржана од СДСМ и ДУИ. За истата „за“ гласаа 20 пратеници, 72 пратеници беа „против“, а воздржани немаше. Истата се темелеше на десет клучни основи од кои пет поврзани со трагедијата во Кочани. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи Кој е Панче Тошковски, кандидат за ...
Дел од родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, кои денеска маршираа за правда во Скопје, денеска беа примени на средба во Основното јавно обвинителство, кое вчера ги повика на средба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Обвинителството ги кани на средба семејствата на загинатите во Кочани, кои утре ќе маршираат во Скопје Родителите не дадоа изјави по средбата, а за истата информираа од Обвинителството. -Одговарајќи на сите поставени ...
По денешниот марш во Скопје, дел од родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани, беа примени од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на кој меѓудругото му изразија незадоволство за досегашната истрага за трагедијата. Тој пак им порача дека ќе има правда за овој случај и дека поради истрагата моментално не може да сподели повеќе детали. Средбата која првично беше отворена за медиумите, потоа продолжи без ...
Осомничениот за пожарот во Кочани во тн. дискотека „Пулс“, Крешник Бектеши, поранешен министер за економија, останува во затворски притвор. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани Во куќен притвор пак остануваа двајцата осомничени поранешни градоначалници на Општина Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски. Апелациониот суд во Штип ги одби нивните жалби, а ...
На 28.04.2025 во 11.30 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.У.(49) од Радовиш. Тој бил затекнат на ул. „Шаин маале“ во Радовиш како се движи во воена униформа и на себе имал ремен со пиштол, лисици и дрвена палка, а во рацете имал пушка. При обид да биде лишен од слобода, А.У. се дал во бегство и ги фрлил предметите кои ги носел во себе, но по преземени мерки, бил фатен и лишен од слобода, ...
Шведскиот парламент официјално го усвои намалувањето на штетата од пушењето како дел од својата политика за јавно здравје, откако Шведска во пракса докажа дека оваа стратегија е најефикасниот пат кон иднина без чад, објави „Business Wire“. Шведска е првата земја што постигна статус на земја без чад, бидејќи, според истражувањата, само 4,5 проценти од возрасните Швеѓани сè уште пушат. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, ...
Пивара Скопје, најголемата домашна компанија за пијалаци, го проширува своето богато портфолио со уште една премиум категорија – автентичното италијанско кафе Caffè Vergnano (Кафе Верњано). Со оваа стратешка одлука, Пивара Скопје влегува во категоријата кафе производи и продолжува со реализација на својата визија, да понуди 24/7 портфолио со пијалаци и брендови за секоја пригода во текот на денот. На овој начин, Пивара Скопје уште еднаш ...
Пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица се гасел и со неисправно пожарникарно возило. Во истото за време на гаснењето имало пожарникар кој ја држел кочницата, за да истото може да се користи, открива в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски. Друго пак возило кое е исправно е старо 47 години. Противпожарната едица во Кочани располага со пет возила, од кои две се неисправни, а ...
На престојното Собрание на акционери на ОКТА АД Скопје една од предлог одлуките е и исплата на дивиденда, соопшти Друштвото преку Македонската берза. За таа намена се предвидени 182.813.760 денари (приближно 3.000.000 евра) од кумулативна акумулираната добивка од претходните години. Висината на дивидендата која се предлага е 240 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 24.06.2025 година. Првиот датум тргување ...
Од Герас Цунев Трговија АД Струмица преку Македонската берза информираа дека согласно Законот за преземање акционерски друштва, член 63, Друштвото го искористило правото на принудна продажба и заклучно со 28.04.2025 година, Тотал Инжинеринг ДГИ ДООЕЛ Струмица е еден единствен адкционер во Герас Цунев Трговија. Управител на Тотал Инжинеринг е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Герас Цунев ...
Пејачката Тамара Тодевска, која на 8. мај организира хуманитарен концерт за погодените од трагедијата во Кочани, на својот Фејсбук профил информираше дека за концертот и барале и гратис карти. -Има и такви кои и за ваков концерт бараат од фамозните гратиси. Сепак, јас сум убедена дека нѐ има многу повеќе добри луѓе и општествено одговорни компании/бизниси, кои во вистинска смисла на зборот се хумани и солидарни, пишува таа и потенцира дека и ...
Од денеска цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот БС (Д-Е V) е повисока за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). За 1,50 денари се зголемува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а на мазутот за 0,375 денари. Според новата одлука на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,50 денари за литар, бензинот ...
Стопанска банка АД Битола во првите три месеци од годинава остварила добивка од 2,2 милиони денари, информираше Банката преку Македонската берза. -Добивката во првиот квартал на 2025 година изнесува 22,2 милиони денари, што е значајно остварување доколку се има предвид дека Банката работеше со загуба од 51,7 милиони денари во истиот период од минатата година. Позитивниот финансиски резултат се должи на засилената активност за наплата на ...
БИМ АД Свети Николе во првиот квартал остварил загуба од 4.092.000 денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Во првото тримесечје од 2025 година остварен е приход од продажба во износ од 95.214.000 денари, што е за 55% помалку во однос на истиот период претходната година. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 35,68%, додека од странскиот пазар со 64,32%. Оперативните расходите ...
Жито Полог АД Тетово во првите три месеци од годинава остварил загуба од 8,266 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. -Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 45,554 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување за 40%. Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2025 година изнесуваат 52,023 илјади денари и во ...
Од Герас Цунев Конфекција АД Струмица преку Македонската берза информираа дека согласно Законот за преземање акционерски друштва, член 63, Друштвото го искористило правото на принудна продажба и заклучно со 28.04.2025 година, Тотал Инжинеринг ДГИ ДООЕЛ Струмица е еден единствен адкционер во друштвото Герас Цунев Конфекција. Управител на Тотал Инжинеринг е струмичкиот бизнисмен Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...
Полициски службеник пред девет дена наредил да не биде казнет Д.С., братот на градоначалникот на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски, кој возел 88 километри на час, наместо дозволените 50 километри на час. Наместо него е казнет сосема друг граѓанин кој воопшто нема врска со сторениот прекршок. Откако информацијата заврши во медиумите, а од опозициската СДСМ објавија и видео, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави кривична ...
Една од предлог одлуките на престојното Собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје е и делење дивиденда, информираше Банката преку Македонската берза. За оваа намена се предвидени 2.217.142.356 денари. Висината на дивидендата е 2.596 денари бруто по акција. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 10.06.2025 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 11.06.2025 година. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катерина Јанковиќ е нов член на ...