РЦУК – Куманово, известува дека вчера на 112 во ЦУК е добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во с. Опила во Општина Ранковце има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода, и од зголемен водостој на речното корито на Крива Река постои опасност да поплави домови што се во близина на речното корито. Од ЦУК се известени градоначалникот и контакт лицата од Општина Ранковце за настаната состојба. Повратно ...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија. Институтот забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „ова е најмоќната серија земјотреси во ...

Во саботата вечерта небото над Португалија и Шпанија беше осветлено наводно од метеор, предизвикувајќи сведоците масовно да споделуваат видеоснимки од оваа спектакуларна сина огнена топка на социјалните мрежи. Португалските власти информираа дека добиле известувања за пад на објект од небото, но досега не успеале да откријат што точно паднало на земјата. Во продолжение може да погледнете едно од многуте видеа од неверојатната глетка кои беа ...

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Во краткото стабилизирање на времето, ...

Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж треба да биде екстрадиран во Соединетите држави поради откривање на мноштво американски документи, што кулминираше 13 години правни битки и притвор. Двајца судии во Високиот суд во Лондон ќе треба да одлучат дали веруваат во гаранциите на САД дека Асанж нема да се соочи со смртна казна и дали може да се потпре на правото на слобода на говор ...

Гери Доерти за медиумите изјави дека неговата куќа е целосно покриена со штурци и дека не може да ги исчисти, додека Келси Мерчант е сопственичка на една од локалните цвеќарници и вели дека нивното присуство ја расипува естетиката на компанијата. „Ова е најлошото нешто што сум го видел откако живеам овде“, изјави таа за медиумите. Овие инсекти го добија својот прекар откако ги нападнаа полињата на доселениците на Мормон во 1800-тите од Невада и ...

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни места расте. Ваква е сликата на пазарот на трудот со години, се жалат работодавците и агенциите за посредување. Се почесто се соочуваме со ситуација во која не можеме да најдеме соодветни квалификувани кадри за позициите кои ги нудиме. Во угостителските и инженерските позиции се помалку се инвестира, а недостасува и медицински персонал. „Бројот на отворени работни места е доста голем, се ...

Изминативе денови, тие вежбаа под будното око на активот за спорт при СОУ „Јосиф Јосифовски“, на чело со Јулија Беќарова. Матурантите најнапред беа поздравени од директорот на училиштето, Александар Делиџаков. – Гевгелија е горда на вас! Овој танц нека биде ваш и наш момент да блеснеме и да му се радуваме на сето она што го постигнавме заеднички, изминативе четири години. Ви посакувам лична среќа, успех во натамошното школување, храброст и ...

Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, ...

Јавните претпријатија, приватните фирми, основните и средните училишта, месните и урбаните заедници и граѓаните, од утринава масовно во Битола ја спроведуваат акцијата „Генералка викенд”. -Трета година по ред, Општина Битола е дел од оганизираната пролетна акција за чистење и селектирање на отпад која има за цел да придонесе за подигнување на еколошката свест и одговорноста кај населението за заштита на животната средина и спречување на ...

Погрешните античовечки политики кои се спроведуваат насилно и со терор (како ЛГБТ проектот, т.н. мигранти, закони за конфискација под превез на климатски промени….) под лажно име за “права” ги тераат младите во Европа масовно да се вртат кон екстремната десница како надеж за спас и опстанок во иднина. Неодамнешното германско истражување покажа дека 57 отсто од младите ги апсорбираат вестите и политиката преку социјалните мрежи. Повеќе од 90 ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати, објавија лекарите од болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран. Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност. „Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени“, рече министерот за одбрана ...

Научниците претходно објавија дека 2023 година била најтоплата година на глобално ниво од почетокот на евиденцијата во 1850 година, но новото истражување сугерира дека климатските промени предизвикани од човекот ги потиснале летните врвови многу подалеку од било што во изминатите два милениуми. „Не треба да бидеме изненадени од тоа“, изјави за AFP Јан Еспер, главен автор на студијата и професор по климатологија на германскиот универзитет ...

Употребата на терминот Македонија од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, не само што не е во спротивност со одредбите од таканаречениот “Договор” од Нивице и не може да се оквалификува како негово прекршување, туку е целосно во согласност со Член 7 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на ...

Состанокот, наведен како воведна размена на мислења, е прв во рамките на меѓувладиниот дијалог за вештачката интелигенција договорен за време на повеќеслојната средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Кси Џинпинг во Сан Франциско во ноември. И САД и Кина ја гледаат вештачката интелигенција како клучна за националната безбедност и економскиот раст, а претставници на администрацијата на Бајден велат дека планираат ...

Во согласност со правилата за парување според швајцарскиот систем, тие сега започнуваат со меѓусебните дуели и низ директни пресметки ќе го дадат конечниот изглед на табелата. Она што е интересно да се одбележи е тоа дека речиси во секое коло имаше по некој сензационален резултат. Така, во првото коло младинецот на ШК Алкалоид Матеј Бојковски (1697) успеа да го изненади шестиот носител Антон Златков (2257). Меѓу изненадувачките резултати од ...

Во француската колонија Нова Каледонија дојде до насилни протести за независност, откако францускиот претседател Емануел Макрон најави уставни измени со кои ќе се реформира изборниот систем во овој регион. Предложените измени ќе овозможат повеќе француски жители да гласаат на изборите во Нова Каледонија, за кои поддржувачите на независноста стравуваат дека негативно ќе се одразат на гласовите на домородните Канаци. Како што објави јавната ...

Одлуката на судот значи дека разузнавачките служби го задржуваат правото да ја држат АфД под надзор, вклучително и прислушувањето. Германското разузнавање ги класифицираше и АфД и нејзината младинска организација Јунге Алтернатива (ЈА) како “можни” десничарски екстремистички групи. АфД, која продолжува да е на врвот на анкетите во неколку источни држави кои ќе одат на избори подоцна оваа година, е под зголемена контрола поради наводните ...

Билатералните односи со соседната земја и нејзиниот европски пат зависат од целосното спроведување на насилно наметнатиот т.н. “Договорот од Нивици” и употребата на уставното име, соопштија од Министерството за надворешни работи на Атина за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова и употребата на името „Македонија“ и посочија дека оваа постапка претставува прекршување и на договорот и на Уставот, јави дописничката на МИА од Атина. Атина ...

Македонската ракометна репрезентација вчер ги совладаа Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година. Ракометарите во соблекувална го прославија историскиот успех со една од неофицијалните македонски химни: Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27. Селекторот Кирил Лазаров постави ...

Силната геомагнетска бура резултираше со спектакуларни манифестации на поларна светлина видливи на многу појужни географски широчини од вообичаеното – аурори се фотографирани над Алпите, па дури и над Балканот, а ќе продолжи во текот на целиот викенд а аурори се очекува да бидат видливи и во текот на следната недела. За жал, прогнозите за видливост на небото над Македонија не се баш поволни, а тоа не е само поради метеоролошките услови – сепак ...

Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава. Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен. Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24. Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци. Портпаролот на полицијата за полските ...

На употребата на името „Македонија“, без одредницата „Северна“, на почитувањето на т.н. “Договорот од Преспа”, но и на ставот на Атина за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори кај нас, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави дописничката на МИА од Атина. Атина треба да почне да се занимава со Македонците во Егејскиот дел на Македонија и тоа веднаш со ...

Во медиумите се пласира платена пропаганда за прибирање на работна сила од Македонија за потребите на сопствениците на фабриките во Германија, и таа оди вака: Регистрацијата за термин за работна виза за Германија почна од вчера и ќе трае до 14 мај. Со новиот закон, Германија одлучи да ги промени правилата за земјите од Западен Балкан, со што ќе се зголеми увозот на работна сила, со оглед дека досегашната бројка на работни визи од Германија за ...

Гордана Силјановска-Давкова станува прва жена претседател на Македонија, откако на претседателските избори извојува убедливо водство пред кандидатот на СДСМ, актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски. Таа се сели во „Вила Водно“ каде што останува во следните пет години. Мандатот на актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој беше избран во 2019 година му престанува на 12 мај годинава. Со оглед на тоа што вториот круг од претседателските ...

Тунберг е обвинета дека ги игнорирала полициските наредби да ги напушти двата протести пред шведскиот парламент во март, на кои се повикуваше на акција за климатски промени. Активистката беше обвинета по две точки за граѓанска непослушност, а таа на суд ги отфрли обвиненијата. – Не сакав да го напуштам протестот поради климатската вонредна состојба, а во вонредна состојба сите имаме должност да дејствуваме. Сегашните закони ги штитат ...

Во првата Изборна единица Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ освои 76.192 гласови и би имала 10 пратеници, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 25.730 гласа – 3 мандати, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ (21.604), коалицијата Европски фронт на ДУИ (20.560) и Левица (19.596) по 2 пратеника и Движење ЗНАМ – За наша Македонија (11.211) еден пратеник. Во Изборната единица 2, Коалицијата „Твоја Македонија“ ...

Според извештајот на Ембер, уделот на енергијата произведена со користење на обновливи извори порасна од 19 отсто во 2000 година на повеќе од 30 отсто во 2023 година. Учеството на производството на електрична енергија од хидроцентралите и преостанатите обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергија е намалено во истиот период, се наведува во извештајот. Ембер сугерира дека уделот на електрична енергија од фосилни горива може ...

Летот со кој управува американската поштенска служба FedEx, полетал од аеродромот Шарл де Гол во Париз рано утринава и летал за Истанбул кога пилотот сфатил дека опремата за слетување не е во функција. На шокантното видео се гледа моментот кога авионот се обидел да изврши принудно слетување, но предниот дел удрил во пистата, додека носот на авионот се лизгал на бетонот. Од трупот на авионот летаа искри додека тој шкрипеше по асфалтот со чад што ...

Првиот вселенски лет на „Боинг“ со екипаж беше одложен два часа пред лансирањето поради безбедносни проверки, објави американската вселенска агенција НАСА. Астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс беа на своите позиции во капсулата „старлајнер“ кога беше донесена одлуката да се одложи лансирањето поради потенцијален проблем со вентилот за ослободување кислород. Леталото требаше да лансира од Кејп Канаверал, Флорида, до Меѓународната вселенска ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
31%
1009
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
88%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
80%
1013
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
52%
1008
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.67
83%
1007
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
4.02
37%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.0
42%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
5.14
70%
1008
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
54%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
5.14
47%
1009
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58