Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и услови за појава на град. Во Скопје облачно и свежо со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со ...

Земјотрес со јачина од 3,5 степени е регистриран во 8 часот и 33 минути во близина на Зеница, јавува ЕМСЦ. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува и дека според прелиминарните информации земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 21 километар северно од Зеница. Според коментарите на ЕМСЦ, тресењето се почувствувало низ цела Босна и Херцеговина. Некои пишуваат дека не било силно, а други пишуваат дека ги разбудил земјотресот. ...

Прогноза за 10 септември 2024 година: Доаѓаат врнежи, пишува „Метео Балканс“. Висок ризик од можни поплави во Грција. Српската метеоролошка служба издаде црвен код за опасното време. Грчките синоптичари од вечерва до среда предупредуваат на лошо време. Кај нас ноќта кон вторник од запад ќе започне времето поврзано со наближување на циклон. Врнежите ќе започнат во крајните западни и северозападни предели кои до претпладне ќе ја зафатат речиси ...

„Покрај постојните привремени внатрешни гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска, Федералното Министерство за внатрешни работи денеска нареди привремени контроли на внатрешните граници на копнените граници со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска за период од шест месеци, за што е известена Европската комисија“, се наведува во соопштението. Покрај тоа, постои можност за одвраќање на луѓето на ...

Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија. Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да ...

Попладне, како и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје променливо облачно, доцна попладне, а особено во текот на ноќта со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во ...

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ за НИН вели дека кон крајот на следната недела може да се очекува студено време кое може да влијае на температурите во зимскиот период. Но, што значи тоа – дали зимата ќе биде типично потопла или дали е можно да се очекува вистинска студена сезона, каква долго време не сме имале? „Кон крајот на наредната недела ќе има прва посилна пенетрација на постуден воздух од Западна Европа. Тоа е инаку воздух кој ќе дојде од ...

Десет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава во Хрватска, кога комбе излетало од патот и удрило во столб.Се испоставило дека комбето излетало од патот додека бегало од полицијата. Според медиумите, полициските службеници, кои работеле на спречување илегален влез во Република Хрватска, околу три часот по полноќ ноќта од недела кон понеделник забележале видно натоварено комбе со швајцарски регистарски таблички. ...

Дуров изјави дека помогнал во борбата против тероризмот во Франција, односно во создавањето „жешка линија“ меѓу таа апликација и Париз. Прашањата поставени од француските власти за време на сослушувањето ги нарече „неверојатни“, пренесе РИА Новости. „Доколку некоја земја не е задоволна од онлајн услугата, сегашната практика е да поднесе тужба против самата услуга. Користење на закони донесени во деновите пред постоењето на паметните телефони за ...

Основачот и извршен директор на апликацијата Телеграм, Павел Дуров денеска ја критикуваше Франција поради неговото апсење и обвинение за објавување нелегална содржина на апликацијата. Во неговата прва реакција по апсењето, во подолга изјава за Телеграм, Дуров оцени дека е „изненадувачки“ да се смета тој за одговорен за содржината објавена од други луѓе. – Користењето на законите од ерата пред паметните телефони за да се обвини извршен директор ...

Еден од најсилните тајфуни годинава се движи кон популарното кинеско летувалиште Хаинан и денеска се очекува удар, а се верува дека ќе се почувствува и во Хонг Конг, како и во јужните делови на земјата. Се очекува ударите на ветерот да достигнат и до 240 км/ч, а тајфунот Јаги моментално е од категоријата 4, што го прави најсилниот по ураганот Берил, кој имаше категорија 5. Научниците сметаат дека причината за се посилните временски непогоди лежи ...

После концертите на Grace Jones, Sevdaliza, Ohrid Calling и Lenny Kravitz, да се потсетиме дека концертот на POSTMODERN JUKEBOX на 6ти септември во Македонска филхармонија е последното светско show на Авалон за оваа сезона! На 6ти септември во Македонска филхармонија, најголемиот светски забавувачки музички колектив POSTMODERN JUKEBOX ќе го прослави својот 10ти роденден како дел од својата светска турнеја! Може да очекувате инспиративно и ...

Се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи повеќе од десет други ученици се пренесени во болница со тешки изгореници, пишува Би-Би-Си. Причината за пожарот во основното училиште во округот Ниери се уште се истражува, изјави портпаролката на полицијата Ресила Онјанго за локалните медиуми. Тим од истражители е распореден во училиштето за да ги утврдат околностите на несреќата, додаде таа. Црвениот крст на Кенија соопшти дека ...

Во музичкиот дел од настанот ќе имаме можност да уживаме со Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, Огнен Здравковски, Андријана Јаневска, Ансамблот за народни песни и ора Јонче Христовски и хорот Св. Злата Мегленска, а сите присутни ќе имаат можност и да го проследат уметничкиот перформанс “Македонија е жива” изведен од македонски актери и вокално инструменталната група Аманет. Општина Гази Баба подготви програма која ќе направи настанот да се ...

Денеска во Министерството за економија и труд ќе се доделуваат првите потврди односно ваучери за одмор за работници со ниски примања. Според најавите, симболичното доделување е закажано за во 12 часот. „Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска (05.09.2024 година) ќе ги додели првите Потврди -ваучери за одмор за работници со ниски приходи кои ги доделува Министерството за економија и труд“, велат од министерството. ваучери ...

Веќе неколку дена беснее пожар во мариовско, а екипите кои се на терен се обидуваат да го изгаснат огнот. Над 200 професионалци, припадници на Армијата, од специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми, пожарникари од повеќе градови се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. -Во текот на ...

Во петок на 6 септемви во во Галерија МС во Њујорк, Тошо Филиповски ќе одржи предавање на тема „Историја на Македонската рок музика, 1963-2023“. Проектот е осмислен како двочасовно предавање за почетоците развојот и сегашноста на македонската рок музика, сфатена во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив….). Серијата предавања ќе вклучат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички ...

Околу 200 професионалци, припадници на армијата и на полицијата утрово ќе го гаснат големиот пожар кој го зафати и Мариово, каде што линијата на огнот се протега на 20 километри, информира Центарот за управување со кризи. Во пожарот ќе бидат вклучени и воздухоплови. – Пожарникарите од Прилеп, Битола, Новаци, Могила, Kaвадарци и Ресен денска ќе имаат и поддршка од 70 припадници на Армијата, од 20 припадници на специјалните единици на МВР, како и ...

Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во денешното пукање во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен. Оваа девијантна појава стана вообичаена во САД, никој не превзема мерки да истражи зашто ова се случива, а со тоа САД станува девијантно општество кое произведува монструми и фрустрирани деца до степен да се осмелат да извршуваат масовни убиства во училиштата. Некои од повредените луѓе во средното ...

Со одгледување на мицелиум од печурки, нишка слична на корен, во роботски хардвер, тим предводен од истражувачите од Универзитетот Корнел конструираше два типа на роботи кои ја чувствуваат и реагираат на нивната околина користејќи електрични сигнали генерирани од габата и нејзината чувствителност на светлина. Роботите се најновото достигнување на научниците во областа позната како „биохибридна роботика“, која се обидува да комбинира биолошки, ...

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст. Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови. Официјалната страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт. -Почитувани пријатели, со тага и жал ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. ...

Освен примамливиот вкус, има и лековите одлики поради кои е добродојдена на сечија трпеза. 100 грама свежа пиперка содржи 92% вода, 6 грама јаглехидрати, 0,99 грама белковини, 0,3 грама масти и 1,2 грама диетални влакна. Пиперката е исклучителен извор на витамини А, Ц и Б6. Таа е добар извор на фолна киселина, диетални влакна, витамин Б2, пантотенска киселина, ниацин и калиум, т.е витамин К, манган, витамин Б и магнезиуми. Колку е позрела ...

-Цивилна заштита, Грција 3.9.2024. Опасни временски услови во регионот на Филијатес. Избегнувајте патувања кои не се неопходни. Бидете во состојба на будност и следете ги упатствата за заштита – се наведува во пораката на Министерството за климатски кризи. Регионот Филијатес, кој се наоѓа на северот на Грција и се граничи со јужна Албанија, ќе биде под влијание на низок барометриски притисок кој доаѓа од западна Европа. Овој притисок најпрво ќе ...

Целта, според најавата, е зачувување на природната убавина и богатство на Охридското Езеро и подигање на свеста за значењето на заштитата на животната средина. – Целта на оваа иницијатива е да се одржи чистотата и убавината на нашето природно наследство, а воедно и да се инспирираат локалните заедници и посетителите да преземат активна улога во заштитата на животната средина. Охридското Езеро е од непроценливо значење не само за локалното ...

Според новиот индекс за независноста на централните банки на ММФ, Народната банка има висок степен на независност, што е во согласност со одредбите во Законот на Народната банка. Нивото на независност на Народната банка е високо и во споредба со другите европски централни банки и централните банки во регионот на ЦИЕ. Ова беше заклучено на виртуелната работна средба одржана меѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерките Ана Митреска ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 09 септември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, поради тоа што 8 септември – Денот на независноста на Републиката е во недела, информираат од ресорното министерство. Министерството за социјална политика, демографија и млади на сите граѓани им го ...

По трите концерти на отворањето на сезоната на Симфонискиот оркестар на Дизелдорф (30 август-2 септември), каде под диригентската палка на британскиот маестро Алпеш Чауан учествува во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, нашиот прославен пијанист Симон Трпчески се враќа дома за уште еден настап со интернационалниот музички проект МАКЕДОНИСИМО, информира Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Концертот, во ...

Активни пожари има на територија на Општина Чучер-Сандево, кај село Танушевци, во месноста викана Рамно, во Општина Чашка, на планината Мукос, кај село Степанци, во месноста викана Кадиица и селата Оморани и Ораов Дол, во Општина Прилеп, кај селата Пештани, Кокре и Кален и во Општина Штип, кај селата Хаџи Хамзали, Едеклерци и Топлик, во близина на полигонот Криволак. Како што информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола ...

Метеоролозите истакнуваат дека тоа дефинитивно беше сезона на контрасти, при што северозападниот дел на ОК беше студен и влажен, додека на југ и на исток имаше потипично лето.Најтоплиот ден на летото беше 12 август, кога температурите во Кембриџ достигнаа 34,8 степени Целзиусови. Иако имаше некои топлотни бранови забележани на југ, сите топлотни периоди беа релативно краткотрајни. Последен пат во Обединетото Кралство имаше поладно лето од ...

Школата ќе се одржува во црквата „Св. Петар и Павле“ која се наоѓа во селото Тресонче и во Бигорскиот манастир. Под покровителство на Институтот „Цветан Грозданов“ при МАНУ, организирана од здружението на граѓани „Брзовец” и општина Маврово-Ростуше, за време на одржување на оваа школа ќе се проучуваат уметноста и архитектурата во Мијачкиот крај. Организаторите најавуваат дека денеска ќе може да се посети и Културниот центар „Дичо Зограф“ каде е ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
34%
1026
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
47%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1028
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
33%
1025
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.89
71%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1023
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
47%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.5888