Државата доби на тацна цврста трага за да го оконча скандалот со прислушувањето на начин кој е достоен на институции кои водат сметка за својот углед. Сега на потег е обвинителството и судството. ВМРО-ДПМНЕ која негираше вмешаност на своите функционери во скандалот, сега има шанса да го заврши тоа што не го заврши претходната влада. Да го затвори досието со прислушувањето на законит начин. Ако сака да веруваме во декларациите за чесност и ...

Брзиот пад на режимот на Башар ал Асад во Сирија по успешното напредување на исламистичката милиција Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), што во превод значи „Организација за ослободување на Левантот“, ќе ги преуреди односите на Сирија со соседите. ХТС управуваше со последното големо опозициско упориште во Сирија во северозападниот регион на земјата Идлиб пет години, но додека се фокусира на консолидирање на својата власт во сирискиот главен град Дамаск, ...

Во пресрет на седницата на Уставниот суд кој во среда, 11 декември, треба да расправа за оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците, државниот врв во Северна Македонија повика на смиреност и воздржаност. „Како партиски, лични или субјективни, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да работи ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата, информираше на прес-конференција во Скопје амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Со мерките се опфатени и нивните семејства на кои им е забранет влез во САД. Во Вашингтон се разгледуваат и дополнителни санкции. Значаен чекор во борбата против корупцијата „Стејт ...

Повеќе лица се приведени во акција на полицијата и Јавното обвинителство, поради сомнеж за сторен криминал од 6,5 милиони евра во ЕСМ и РЕК „Битола“. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, за кои постојат информации дека веќе извесен период е надвор од земјата. Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека тој во најскоро време ќе биде пронајден. На прес-конференција во Владата порача дека надлежните органи имаат ...

Има работи кои ни остануваат во сеќавање до крајот на животот, или барем додека не служи здравиот разум. Првпат влегов во Богородичната црква Нотр Дам д` Пари пролетта деведесетитте години на минатиот век. Тоа беше денот „Д“ кога многумина мислевме дека е историски датум за спасување на Југославија. За Французите позначајно беше отворањето на тенискиот турнир Ролан Гарос. Тоа беа првите ударни вести во сите медиуми. Тој ден последниот премиер на ...

Американскиот Стејт Департмент ги стави на „црната листа“ поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби и судијата во Апелацискиот суд Енвер Беџети. Според соопштението на американското министерство за надворешни работи, двајцата биле вмешани во „значителна корупција“ со прифаќање мито за уривање на судските процеси против поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Мијалков, меѓу првите, уште во 2022 година се најде на црната ...

Таа е во голема мерка поразена во Сирија, но Исламската држава (ИД) продолжува да претставува закана за мирната иднина на земјата. Барем тоа е ставот на администрацијата на претседателот на САД, Џозеф Бајден, која поради тоа нареди масовни воздушни напади врз џихадистите. Колку сериозно ја сфаќаат оваа закана, покажува веќе и арсеналот на ангажираните авиони. Во нападите во централниот дел на земјата учествуваа тешки бомбардери Б-52, како и ...

Милиони Сиријци во изминатите години избегаа од теророт на Башар ал Асад, меѓу другото и во Германија. Во повеќе германски градови, Сиријците изминатиот викенд го прославија ненадејниот пад на режимот на Асад. Тие се надеваат дека ќе се вратат во татковината, но сѐ уште е нејасно во кој правец ќе се развива нивната земја. Исламистички борци се погрижија во Сирија да дојде до промена на власта, а можно е да ја преземат исламисти. Во германската ...

Борбата за германска автомобилска индустрија која е во пад и за работните места во индустријата воопшто полека, но сигурно се кристализира како една од централните теми на германската изборна кампања, која според зачестеноста со која кандидатите за канцелар на парламентарните партии се појавуваат на политичките ток-шоуа, е одамна започната. Актуелниот канцелар Олаф Шолц го сфати ова пред се, брзајќи од кризен состанок на кризен состанок ...

Што се случи во ноќта кон неделата? Ноќта од сабота кон недела, настаните во Сирија кулминираа. Бунтовниците само што објавија дека градот Хомс е целосно под нивна контрола кога се појавија првите индиции за заземање на главниот град Дамаск. Околу 3 часот по полноќ новинските агенции објавија дека бунтовниците од исламистичката милитантна група Хаџат Тахрир ал-Шам преку нивниот канал на Телеграм соопштиле дека продрелево сирискиот главен град ...

„Докторе (Башар ал Асад), сега ти си на ред!“ гласеше пророштвото на група ученици од градот Дара. Реченицата ја испишаа на училишниот ѕид на почетокот на т.н. „Арапска пролет“ на 15 март 2011 година. Од 8 декември годинава сирискиот владетел и диктатор веќе не е на функција и се наоѓа во егзил во Русија. Тоа значи дека режимот падна по 61 година, а тоа се слави ширум светот и на многу места со олеснување. Владетел без војска Долго време ...

Скриената сопственост na компаниите е извор на корупција, криминал и злоупотреби. Надлежните институции во Северна Македонија малку ги користат податоците за вистинските сопственици во насока на спречување, откривање и санкционирање на перењето пари и во борбата против тероризмот, а се чини, воопшто не ги користат за други цели и за спречување корупција, криминал и злоупотреби во другите области. Исто така институциите и надлежната Управа за ...

Во пресрет на седницата на Уставниот суд којашто ќе се одржи во среда (11 декември) расте тензиите на политичката сцена. Демократската унија за интеграција со деноноќни стражи ќе го „чува јазикот“, додека премиерот Христијан Мицкоски смирува и порачува дека не очекува во среда ништо да се случи. Но, притисокот којшто се создаде во јавноста околу одлуката којашто треба да ја донесе околу оспорените одредби на законот за јазици, предзвика немир и ...

До кој градиус може да се помести оптимизмот на премиерот Христијан Мицкоски околу можностите да се излезе од ќор-сокакот во преговорите со ЕУ. Нема да споменуваме степени, може да зборуваме за разумен оптимизам, за оптимизам поткрепен на факти, или за оптимизам кој се потхранува од желби и надежи. Засега јавноста не знае колкав е тој оптимизам и дали е вистински. И дали тој се споменува само да го држи општеството (попрецизно кажано, оној негов ...

Бугарија нема политичка влада и Македонија во моментов сѐ уште нема соговорник за прашањата што стојат на интеграцискиот пат на земјата. Надвор од тој политички круг, непречена соработка се одвива во многу други сфери, особено во културата. По одреден застој неодамна одржа средба и Клубот на македонско-бугарско пријателство. Професорот по меѓународна политика, Денко Малески, се потсетува како почнала таа иницијатива. „Некаде пред две години, ме ...

Екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) ја номинираше Алис Вајдел за кандидатка за канцеларка на Германија на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 23 февруари. Денешната одлука на извршниот одбор на партијата за номинацијата на копретседателката на АфД, Вајдел, треба официјално да биде потврдена на партискиот конгрес во јануари во Риза, што пак се смета за формалност. АфД во последно време добива на популарност и ...

Секој што ќе ја соочи кинеската платформа за е-трговија Тему со обвинувањата од ЕУ, ќе го добие токму она што го добиваат стотици илјади клиенти секој ден: многу мали пакети. Во овој случај, многу мали пакети текст, речиси целата должина на овој текст. Во една од нив Тему го уверува ДВ дека „целосно ќе соработува со регулаторните органи“. Тему е навикнат да реагира на обвинувањата, бидејќи тие не стивнуваат: на почетокот на 2024 година, ...

Додека во едно училиште се бојкотира наставата и родители се окупирани со случајот - ќе се најде ли друго училиште за 8-годишен ученик „со историја на насилство“, десетици ненасилни ученици завршуваат во болници како жртви на ТикТок предизвикот „Супермен“. Во последните четири дена, само на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски" биле примени 11 ученици со повреди како последица на опасниот предизвик. Најчесто имаат ...

За турската јавност не беше изненадување што сирискиот конфликт повторно се разгоре. Повеќе од два месеци турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот десничарски националистички сојузник Девлет Бахчели зборуваат речиси исклучиво за промените во односите на моќта на Блискиот Исток и можните негативни последици за Анкара. Посебно се мисли на можните промени во корист на Курдите во Сирија. Во североисточниот дел, Роџава, Курдите воспоставија ...

Вториот круг од претседателските избори во Романија требаше да се одржи утре (недела, 8 декември, 2024), но Уставниот суд на земјата го поништи целиот изборен процес и наложи нови избори со цел „да се обезбеди исправност и регуларност на изборниот процес“, се вели во објаснувањето за одлуката на судот. Бидејќи изборното изненадување во кое екстремниот националист и езотеричар Калин Горгеску освои најмногу гласови воопшто не беше „изненадување“, ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе успее да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако разговарале телефонски. „Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без да се вклучи украинскиот народ во тоа“, рече канцеларот во интервју за медиумската група Функе. ...

Млада Алтернатива (Junge Alternative, JA), младинската организација на партијата Алтернатива за Германија (АфД) , веќе некое време е под надзор на Германската служба за заштита на уставниот поредок. Но, тоа не е вистинската причина поради која оваа партија, чии делови се сметаат за екстремно десни, сака да ја формира својата нова младинска организација. На почетната страница на Млада Алтернатива е истакнат слоганот „Младите во отпор“, а во ...

„Пензискиот столб е стабилен“, порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата откако во јавноста се отвори дебата околу долговите во коишто тоне ПИОМ и можните решенија за излез од таа ситуација. Мицкоски смета дека дупката во пензискиот столб ќе постои сѐ до моментот додека не почне вториот пензиски фонд да сервисира дел од пензиите. „Тоа беше очекувано во сите држави во коишто имаат таква реформа каква што имавме и ние“, ...

Најавата на Уставниот суд дека на 11 декември ќе ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците предизвика тензии кај опозициската ДУИ и најави за бојкот на двајца судии Албанци коишто размислуваат да не учествуваат во одлучувањето. Прашањето коешто подолго време ја бранува јавноста се очекува да кулминира идната недела. Демократската унија за интеграција (ДУИ) предупредува дека укинување на која било одредба од Законот за употреба ...

Ако се прашаат граѓаните на Германија, тогаш лошата економија е најгорливиот проблем на нивната земја во декември. Ова е резултат од редовното месечно истражување на јавното мислење Дојчландтренд, кое за јавниот радиодифузен сервис АРД го спроведува институтот Инфратест-Димап. 45 отсто од околу 1.300 испитаници во таа репрезентативна анкета изјавиле дека економската состојба е најважниот проблем во моментов. Не е ни чудо: граѓаните се многу ...

Само десет фирми за пет години добиле државни тендери во вредност од една милијарда евра. Во последните пет години во Северна Македонија се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднале само на 50 фирми, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за 50 фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години (2019-2023 ...

„Владеење со овој парламент е невозможно“, офкаше разочараниот премиер Мишел Барние додека се збогуваше со своите министри. „Му посакувам среќа на следниот тим“, рече Барние, кој по само 91 ден беше отстранет од функцијата со гласање недоверба од левичарскиот сојуз и десноекстремниот Национален собир на Марин Ле Пен. Мишел Барние немаше сопствено мнозинство во парламентот. По изборите во јули, Националното собрание во Париз е поделено на три ...

Пред некој ден Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека целта на протестите во Србија е насилно соборување на демократски воспоставената власт и дека опозицијата во Србија оди по патот на шарената револуција во Северна Македонија. „Мислите дека е генијално тоа што ги обоивте бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете ги снимките од 2016 година, потполно ...

Долго време Русија го претставуваше Алепо како симбол на сопствената сила бидејќи рускиот воен ангажман му помогна на сирискиот лидер Башар ал Асад да го преземе градот кон крајот на 2016 година по четири години борби. Сега Алепо за помалку од четири дена падна во рацете на бунтовниците - удар за Кремљ. „Русија веќе не е во состојба да го поддржува режимот на Асад како пред десет години“, вели Руслан Сулејманов, Русин кој го истражува ориентот ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
82%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1025
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
76%
1029
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.63
72%
1027
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.4
98%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 19ᴼ
3.58
52%
1022
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1023
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
52%
1024
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
71%
1025
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 10ᴼ
1.54
84%
1025
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
3.09
67%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941