
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Што ги поврзува Атина, Дака, Фритаун и Сантијаго де Чиле? Сите овие градови се обидуваат да се заштитат од сè поекстремните горештини, а во тоа им помагаат т.н. офицери за горештини. Тоа се градски службеници, или како што некаде ги нарекуваат - „шерифи“ за заштита од горештини. Тие им помагаат на локалните власти во анализата на состојбата на терен, изработка на планови за акција и спроведување на заштитни мерки. Тоа, на пример, вклучува ...
Резултатите од онлајн анкета спроведена на крајот на месец јуни 2025 година со учество на над 1.000 млади лица од земјата потврдуваат постоење на евроскептицизам меѓу младите луѓе, различни очекувања за членството во ЕУ, како и голем број можности и активности кои можат да се преземат од страна на националните и ЕУ-институциите во соработката со младите луѓе на овој план. Па така, 41 процент од младите во Македонија ја доживуваат Европската ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис неочекувано искажа каење изминатиот викенд: „Потфрливме“, напиша тој на Фејсбук и вети поенергична борба против корупцијата, вклучително и против функционери од неговата сопствена партија, Нова Демократија (НД). Со тоа Мицотакис се осврна на најновиот скандал поврзан со злоупотреба на средства од Европската унија во Грција, кој во моментов го истражува Европското јавно обвинителство (ЕППО). Станува збор за ...
Извештајот на Европскиот парламент ја има најлошата оценка за Македонија во последната деценија и тоа по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во прес- конференција во Скопје.Според него, во Извештајот јасно се посочува загриженост за нападите врз новинарите, мизогинија, неказнивост и сѐ поголемо ширење на омраза и дезинформации. Лидерот на опозициската СДСМ вели дека во Извештајот на Европскиот парламент е посочено ...
Виктор Орбан сакаше да го забрани, но испадна најголемиот протест против неговиот режим откако во 2010 година дојде на власт: 30-тиот „Будимпешта Прајд“. И покрај забраната и заканите со строги казни, во унгарската престолнина во саботата (28 јуни 2025) се собраа околу 200.000 луѓе, повеќе од кога било досега. Снимки од дронови документираа километарска поворка и улици преполни со луѓе, а атмосферата беше весела и исполнета со чувство на ...
Во мојата прва колумна за Дојче Веле во ноември 2017 пишував како, според мене, пред културната јавност во ЕУ може да се промовира посебноста на македонскиот јазик. Уште сум уверена дека тоа е можно само со добро организирана културна стратегија за промоција на македонската литература во ЕУ. Тогаш, во 2017-тата,пишував за конференцијата за македонскиот јазик, организирана во 1995-та од катедрата за бугаристика во Салцбург, за да покажам дека не ...
Германските медиуми во понеделник (30 јуни) детално ги коментираат протестите во Србија – особено големиот на Видовден.Спонтаните блокади на улици ноќта меѓу недела и понеделник (29/30 јуни) се случија откако весниците веќе беа испратени да се печатат. Таблоидот Билд во свој стил објавува наслов: „Како на работ на граѓанска војна“. Подолу во текстот за протестите пишува: „Солзавец, шок-бомби, апсења, повредени – а претседателот игра шах“, ...
„Горко“, „ужасно“, „катастрофално“, „кошмар“ - кога Социјалдемократите зборуваат за резултатот на СПД на сојузните избори од крајот на февруари 2025 година, се чувствува длабоко разочарување. Историски слабите 16,4 проценти од гласовите ѝ го донесоа третото место, зад конзервативната ЦДУ/ЦСУ и делумно десноекстремната АфД. „Нема што да разубавуваме“, изјави четири месеци по изборите новиот генерален секретар на СПД, Тим Клисендорф на конгресот ...
Неколку македонски министерства каскаат со исполнување на реформски чекори од Реформската агенда на Владата 2024-2027, која се однесува на Планот за раст на Европската Комисија, чиј краен рок е јуни. На последниот ден од јуни, тие сѐ уште ги немаат заокружено рефорските задачи за кои се предвиденисредства во висина од 43 милиони евра. Во пресрет на Самитот за Планот за раст во Скопје, министерот за економски прашања, Орхан Муртезани, вели дека ...
Од почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, за НАТО немало поитно прашање од тоа како подобро да ја заштити Алијансата на исток. Финска, Естонија, Летонија, Литванија и Полска се пет од вкупно шест земји на НАТО кои имаат заедничка граница со Русија и/или Белорусија. Уште од 2022 година тие инвестираат многу за подобро чување на границата - на пример, преку огради и системи за надзор. Сега има и нов план - нагазни мини. ...
Часовникот отчукува: 9 јули е крајниот рок за постигнување договор во царинскиот спор меѓу САД и ЕУ. Сè уште е неизвесно дали ќе има ескалација и воведување трајно високи американски царини. Подеднакво е неизвесно со какви мерки би одговорила ЕУ. Но, и покрај огромниот притисок што го врши американската влада под водство на Доналд Трамп во последните месеци, меѓународните инвеститори сега ја гледаат американската економија со многу поголем ...
Во сабота околу шест часот попладне, кога толпата треба да ја исполни Славија, топлината ќе биде поподнослива од претходните денови. Прогнозата е 29 степени, можеби облачно, без дожд. Гигантскиот кружен тек претходно не бил место на српски протести, но доби на значење за време на студентскиот бунт. Таму, ако масата е доволно голема, се создаваат импресивни слики од дрон, илјадници светла од мобилни телефони кога темнината падне врз Белград. ...
Главниот град на Северна Македонија, Скопје, ќе биде домаќин на значајна лидерска средба ЕУ-Западен Балкан на 30 јуни и на 1 јули 2025 година. Средбата ќе биде посветена на напорите за забрзување на спроведувањето на Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан. На средбата ќе присуствуваат еврокомесарката за проширување Марта Кос и лидерите на сите земји од Западен Балкан. Според најавата од Европската комисија, покрај домаќинот, македонскиот премиер ...
Многу учесници на партискиот конгрес на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ги мачеше тешка дилема: дали треба да го потврдат сегашниот лидер Ларс Клингбајл на неговата позиција или да му одбијат послушност? Тој долго време проповеда „промена“ меѓу социјалдемократите, но таа промена не е нешто во што може да се најде традиционалната работничка партија. Сè уште речиси и да не се зборува за каква било солидарност меѓу вработените, туку ...
Херојот на ова лето во Грција се вика Гога Левиан. Овој 41-годишник од Албанија на 10 јуни скокнал во реката Арахтос за да спаси двајца момчиња кои се давеле. Ги извлекол од вода од длабочина од осум метри. За ова херојско дело награден е со грчко државјанство. Но, се поставува прашањето – зошто тоа не го добил одамна? Зашто „Лео“, како што го викаат во селото Неохори кај Арта каде што живее и работи во Грција веќе 24 години. Тука и се оженил, ...
Се очекува поддржувачите на ЛГБТК+ правата од околу 30 земји денеска да се приклучат на Парадата на гордоста во Будимпешта, пркосејќи на полициската забрана воведена според законот за промена на Уставот усвоен претходно годинава, со кој се забранува изложување на младите луѓе на нехетеросексуален начин на живот. Годишниот настан стана симбол на отпор кон општата репресија врз граѓанското општество во Унгарија под националистичката влада на ...
Неколку дена откако стапи во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, американскиот претседател Доналд Трамп очекува прекин на огнот во Газа наредната недела. „Блиску сме до тоа, неодамна разговарав со некои од вклучените страни“, рече Трамп во Белата куќа - веројатно мислејќи на тековните напори за посредување. „Мислиме дека ќе добиеме прекин на огнот во текот на наредната недела“. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека ...
„Пријатели мои, успеавме“ - уште пред пребројувањето на сите гласови, Зохран Мамдани се прогласи за победник на прелиминарните избори на Демокреатите за градоначалник во Њујорк. Никој не може да го стигне, предноста е преголема. Мамдани може да биде сигурен дека ќе биде кандидатот на Демократите за изборите за градоначалник во Њујорк есеноска. Неговите шанси и де факто да дојде на функцијата не се лоши. Традиционално речиси секогаш победува ...
Германија станува сè попривлечна за луѓето од турско потекло - без разлика дали станува збор за живеење, студирање или работа. Во 2024 година, според Статиста, 22.525 турски државјани земале германско државјанство, што претставува зголемување од околу 110 проценти во споредба со претходната година. Така, Турција го зазеде второто место на листата на земји на потекло, веднаш зад Сирија. И Алаз Сумер одлучи да земе германско државјанство. Тој ...
По осудувачкиот извештај на Европската Унија за состојбата со човековите права во Газа, шпанскиот премиер Педро Санчез ги критикуваше своите колеги за тоа што не презедоа мерки за суспендирање на трговскиот договор со Израел, и покрај она што Санчез го нарече „катастрофална ситуација на геноцид“. Според властите во Газа, повеќе од 55.000 Палестинци се убиени во енклавата за време на повеќе од 18 месеци израелско бомбардирање. Израел жестоко ги ...
Одлуката на Уставниот суд да се укинат делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, бидејќи не се во согласност со владеењето на правото, отвори политичка дебата во Северна Македонија. Покрај барањето за кривична одговорност поради пречекорени овластувања во Државниот завод за статистика, се наметнува и прашањето дали на земјата и е потребен нов вонреден попис? „Ќе треба нова ...
Размислувањето е пракса која не признава и не препознава скратени патишта. Напротив, од нас изнудува посветеност, време и точност да не се задоволуваме прелесно. Денес, како ретко кога порано, сме сведоци дека размислувањето е една пракса која сѐ почесто слабо ја користиме. Сѐ почесто се ориентираме кон праксата на правење нешта, кажување нешта, кон натрупувањето на очајни стимулации, замислувајќи дека самата варијација на темите, зачинета со ...
Определбата за зголемување на средствата за одбрана до 5 проценти од БДП не се однесува само на класични воени набавки, туку претставува севкупна инвестиција во безбедноста, инфраструктурата и економскиот развој на државата. Ова го оцени шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, по одлуката на сојузниците на НАТО да ги зголемат своите издатоци за одбраната до 2035 година. „Одиме кон пет проценти, за да немаме потреба некогаш да одиме ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека полицијата нема да ја „разбие“ саботната Парада на гордоста во Будимпешта, иако издаде забрана за нејзино одржување, но ги предупреди учесниците и организаторите на можните правни последици. Коалицијата на Орбан годинава ги измени законите и уставот со цел да ја забрани традиционалната прослава, продолжувајќи ја неговата долготрајна и широко осудувана офанзива против ЛГБТК правата во име на „заштита на ...
На асфалтот кој веќе гори на 40 степени, Белград се подготвува за уште еден политички жежок ден – нов студентски протест закажан за 28 јуни. Граѓаните ширум Србија со подигната веѓа и задржан здив го очекуваат тој датум. Очекувањето расте, но и неизвесноста – затоа што студентите сè уште молчат за планот, локацијата и точниот термин на собирање. На Владата на Србија ѝ испратија „ултиматум“ – бараат распишување вонредни парламентарни избори и ...
Манипулира, ги продлабочува нееднаквостите во застапеноста и ги избегнува уставните обврски. Ова се критиките на опозицијата во албанскиот блок за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, кој Владата го усвои завчера, но сѐ уште не се нашол пред пратениците. Тој предлог следи откако Уставниот суд го укина балансерот - алатката која се користеше при вработувањето во јавната администрација, со цел да има соодветна и правична ...
Германија веќе пишува нов закон за регулирање на концептот на воена служба, но покрај одредбите за подобра парична компензација и обврската за нудење подобро сместување на војниците, тој веќе содржи и одредба за - воена служба. Сепак, како што објаснува министерот за одбрана Борис Писториус (СПД), тој дел треба да се активира само ако нема доволно доброволци. Владејачките Христијански демократи (ЦДУ/ЦСУ) исто така ја поддржуваат таа идеја. ...
Уставниот суд укина делови од методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, за коишто сметаат дека не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото. „Означените делови од методологијата, не се во согласност со темелната вредност на македонскиот уставен поредок - владеењето на правото, кое е уредено со член 8 став 1 алинеја 3 и уставната ...
Улогата на Германија во одбранбената стратегија на НАТО значително се промени од 90-тите години кога Западна Германија беше држава што директно се граничеше со Варшавскиот пакт. Во случај на напад од исток, Западна Германија ќе беше прва на удар. Германската војска (Бундесверот) и сојузниците би се обиделе трупите на Варшавскиот пакт да ги потиснат на територијата на Сојузната Република. Денес позицијата на Германија се разликува - на исток се ...
Граѓаните преку апликација ќе ги „ловат“ ниските цени во маркетите во Северна Македонија. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, на прес-конференција најави дека во следниот период, во соработка со Владата, ќе се изработи апликација којашто преку алгоритам ќе ги споредува цените и на граѓаните ќе им покажува кој продукт е најевтин во нивна близина. Ова следи откако претходно маркетите добија обврска, согласно Законот за заштита на ...