Резолуцијата која во четвртокот беше усвоена во Обединетите нации, а со која, меѓудругото, се бара итен прекин на огнот во Газа, содржела елементи кои биле спротивни на македонските национални интереси, вели министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Земјите-членки на Обединетите нации во четвртокот со огромно мнозинство изгласаа резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници што ги држи Хамас и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот го повика Израел да не го напаѓа Иран и повторно истакна дека неговата цел е да биде мировен посредник. Само неколку часа подоцна, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху – еден од најблиските меѓународни сојузници на Трамп – отворено ја игнорираше оваа молба и започна голема воена операција, опишана како „превентивен“ напад врз иранската нуклеарна програма. Трамп во петокот го смени ставот и го ...

Со испраќањето на 4000 војници од Националната Гарда и 700 маринци, претседателот Доналд Трамп го претвори Лос Анџелес, вториот по големина американски град, во воена зона против илегалната имиграција, ставајќи ја во тешка позиција локалната власт на Демократите, газејќи на граница на своите претседателски овластувања во Калифорнија, најбогатата сојузна држава во САД. Така Лос Анџелес се претвора во воена зона и „Ground Zero“ во предизвикот со ...

Пратениците изгласаа измени на Изборниот законик, но тие место да го олеснат - дополнително ќе го отежнат учеството на независните кандидати на изборите. Независните кандидати за да влезат во изборната трка ќе треба да соберат најмалку 100 и најмногу 3.500 потписи во зависност од бројот на гласачите во општината. Ваквата одлука предизвика незадоволно кај граѓанските организации. Тие реагираат дека Изборниот закониквсушност стана „оружје против ...

Вечер е, околу 20 часот на железничката станица во Киев, а од звучниците се слушаат вообичаените советски балади. Борис Писториус се качува во синиот ноќен воз со кој канцеларот и министрите патуваат до Киев. Воздушен пат не доаѓа предвид бидејќи е војна. На перонот се слушаат вообичаените упатства, тука е персоналот на амбасадата, воените аташеа и украинските организатори. Министерот делува уморно. Но, така изгледаше уште пред дванаесет часа ...

Врие во редовите на Социјалдемократската партија на Германија ( СПД ) - а тоа не е добра вест за сè уште младата владејачка коалиција во која таа партија е со демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ). Програмскиот документ, кој потписниците го нарекуваат „Манифест“, се појави во јавноста и носи значителни проблеми за партиското раководство со лидерот на партијата и вицеканцелар Ларс Клингбајл на чело. Повеќе од сто потписници, претежно од левото крило на ...

Повеќе од десет актуелни полициски службеници и началници од Кочани и од Штип синоќа се приведени во врска со пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“. Според извори од истрагата, станува збор за лица кои биле на функција или на должност на 16 -ти март, кога се случи страотниот пожар во кој загинаа 62 лица, а уште околу 200 беа повредени. Неофицијално, приведени се неколку началници, сменоводител во денот кога се случила несреќата, полицаец кој ...

Партиите во Германија не сакаат да имаат никаква врска со АфД која е делумно десноекстремна, а има политичари кои дури бараат и забрана на партијата. Во други земји во Европа, пак, ситуацијата е сосема поинаква за партии слични на АфД. Холандија: Партија за слобода Партијата за слобода на Герт Вилдерс дозволи да се распадне владината коалиција од четири партии предводена од неговата партија бидејќи не успеа да преземе доволно строги мерки за ...

Рехабилитацијата на Пониква за повредените од пожарот во Кочани ќе се реализира во две групи, коишто ќе ротираат на две недели. Во првата група ќе бидат повредени лица кои веќе добиваат физикална терапија, како и пациенти кои имале само изолирана инхалаторна повреда. Физикалната терапија на Пониква ќе ја обавуваат четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар. Во соработка со Центарот за психолошка поддршкаод Скопје и ...

Проевропскиот полски премиер Доналд Туск останува на функцијата. 243 од 453 присутни членови на Сејмот, полскиот парламент, гласаа во негова корист, односно сите членови на неговата коалиција (242) и еден независен. Имаше 210 гласа против. Со гласањето на доверба, Туск се обиде да го намали притисокот и целта му беше да ја дисциплинира својата коалиција и да ѝ покаже на јавноста дека ја контролира ситуацијата. Неочекуваната победа на десниот ...

И покрај најавите дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да оди на самитот на НАТО во Хаг, македонскиот државен врв не се откажува од средба со Бугарија, со цел да се изнајде решение за одблокирање на патот кон ЕУ. Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за новинарите во Скопје во четвртокот потврди дека на самитот ќе отпатува претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, а од Бугарија, пак, пристигнуваат најави дека во Хаг ќе ги ...

Софиската света митрополија категорично се дистанцира од секакви обиди за мешање во внатрешните работи на Православната Црква на Република Северна Македонија, се вели во „вонредното соопштение"објавено на нејзината веб-страница. Реакцијата следи по Отвореното писмо што клирикот на Софиската епархија - архимандритот Никанор, деновиве го испратил до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, г.г. Стефан и до членовите ...

Во Лос Анџелес и натаму е тензично. Илјадници луѓе веќе со денови демонстрираат против постапките на американските имиграциски власти. Ноќниот полициски час што беше воведен во средата навечер донесе малку мир и тишина, но нема знаци дека ќе дојде до смирување на ситуацијата. Националната гарда, која ја испрати американскиот претседател во градот во саботата, сега има засилување и од 700 маринци - дел од американските вооружани сили познати како ...

САД го намалуваат персоналот во својата амбасада во Ирак и во другите воени бази во регионот од безбедносни причини. Претставник на Стејт департментот во Вашингтон изјави дека одлуката е заснована на „неодамнешни анализи“, но не даде детали. Американски и ирачки внатрешни извори веќе известија за оваа мерка. Причината за оваа одлука, според непотврдени извештаи на американските медиуми, е стравот од претстоен израелски напад врз Иран. ...

Владата треба да го формира Координативно тело за реализација на Договорот меѓу Македонија и Велика Британија во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. Како што минатата недела најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, до вторник (10.6) треба да биде подготвен првиот иницијален проект - брзата пруга од Гевгелија до Табановце, кој е еден од двата „приоритетни проекти за почетен напредок“, како ...

Училиштата се повеќе се празнат, па на матурските таблоа се случува да има повеќе наставници околу ученици. Овој загрижувачки демографски тренд во изминатите седум години резултираше со намалување на бројката на ученици во основните и средните училишта за 17 илјади, а бројот на првачиња е намален за околу 3.500 деца. Околу 5.000 студенти се школуваат во странство. „Причина за ова е иселувањето во странство. Имаме информации дека тоа не се ...

Со години си играме брканица со изборниот модел. Во текот на овој период, се појавија безброј различни идеи, кои постојано ги менуваме, со кои постојано дел од партиите не се согласуваат, а притоа немаме никаква стручна дебата или анализа за тоа кои промени навистина се потребни, а кои се политички мотивирани. И така, како мени на желби, секој пат кога се актуелизира дебатата за изборниот модел повторно, секоја партија си пријавува свој сопствен ...

Политичката блокада во Косово продолжува четири месеци по изборите, а нема политичко решение на повидок за каков било можен договор. Пратениците се состанаа 29 пати во Собранието, но не успеаја да изберат претседателка или претседател на парламентот, што би отворило пат за преговори за формирање нова влада. Опозициските партии не сакаат да гласаат за кандидатката на Самоопределување, Албулена Хаџи, а Самоопределување продолжува да инсистира на ...

Основното јавно обвинителство во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, се бара од судот да му одреди соодветна затворска казна. „Казната според Кривичниот законик е од 10 години до доживотен. Нема олеснителни околности за ...

Во пукањето во училиште во австрискиот град Грац загинаа најмалку 10 лица, што е најсмртоносниот ваков инцидент во земјата во последните децении. Трагедијата ја шокираше Австрија, каде што вооруженото насилство во образовните институции е реткост. Според јавниот радиодифузен сервис ОРФ, од 1993 година се забележани четири инциденти со огнено оружје во австриските училишта. Меѓутоа, досега ниту еден не резултирал со повеќе од една смртна смрт - ...

Тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на повредените во пожарот во Кочани, чија што рехабилитација ќе продолжи во одморалиштето Пониква. Со одлука на Владата на Северна Македонија, тоа ќе стане рехабилитациски центар за сите повредени при пожарот во дискотеката „Пулс“. Лекувањето ќе биде бесплатно. Одморалиштето Пониква има 27 соби и 56 легла коишто ќе му бидат ставени на располагање на ...

Моментално имаме десничарска авторитарна Влада во нашата земја која не сака да ја придвижи земјата напред, тоа е како со вакцината, ја добивме првата доза со НАТО, но не ја добивме втората доза. Ова е дел од обраќањето на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на панел-дискусија за прогресивните сили, во рамки на Втората меѓународна конференција во Атина организирана од Институтот „Алексис Ципрас". Пред четири дена Филипче имаше поинаков тон ...

„Денес станавме држава во која што направивме многу повеќе од сите оние години кои што тие залудно ги потрошија“, рече премиерот Христијан Мицкоски во неговиот говор по повод годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече и дека од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа, денеска растот во првиот картал од оваа година е 3,2 проценти, а Владата ќе работи на тоа процентот уште да порасне. „Факт е, рече тој, дека сме во првите ...

По немирите за време на протестите во Лос Анџелес, градоначалничката Карен Бас воведе привремен ноќен полициски час за центарот на Лос Анџелес, прогласувајќи вонредна состојба „за да се запрат вандализмот и грабежите“. Бас објави дека овој полициски час стапува во сила во вторник навечер во 20 часот по локално време (10.06) и ќе остане на сила до 6 часот наутро во среда. Мерката е ограничена на дел од центарот на градот со површина од 2,59 ...

Ѕвоната на катедралата во Грац повикуваат на комеморација. Море од светла го осветлува главниот плоштад во градот. Собрани се стотици луѓе кои носат свеќи, многу од нив со солзи во очите. Многумина добро го познаваат училиштето кое стана смртоносна стапица непосредно пред летните распусти бидејќи поранешен ученик тргна во крвав поход, намерно пукајќи и убивајќи луѓе. „Овој ужас не може да се опише со зборови“, рече инаку елоквентниот сојузен ...

Неодамна на разни железнички пруги во руските региони Белгород и Воронеж имаше експлозии, поради кои возови излетуваа од шините. Според официјалните податоци, притоа немало повредени лица, но руските власти водат истраги поради сомнежи за тероризам. Експлозиите се случија по серија саботажи во Русија кои го привлекоа вниманието во светот и веројатно се дело на украински разузнавачки активности. Уништена логистика Руската железница транспортира ...

Сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добринт (ЦСУ) овој вторник е на функцијата точно пет недели, но знае дека учествува во управувањето со земја чие општество станува сè пополаризирано. И чии екстреми стануваат сè посилни. Веднаш на почетокот на неговата прес-конференција за извештајот на Сојузната служба за заштита на Уставот за 2024 година, тој претстави графикон пред камерите, кој покажува колку е зголемен потенцијалот за луѓе ...

Тоа е конфликт на повеќе нивоа и се чини дека се интензивира сè повеќе. Одамна е повеќе од само протест против депортацијата на мигранти. Станува збор за личен конфликт меѓу Доналд Трамп и гувернерот на Калифорнија, демократот Гевин Њусом. И пред сè, станува збор за прашањето дали американскиот претседател има право да користи воена сила против цивили. И што има намера да постигне со тоа. Трамп ги нарече демонстрантите во Лос Анџелес ...

Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со голем пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1.5 %. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1 %, за разновидни стоки и услуги за 1.5 %, алкохолни ...

Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со голем пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1.5 %. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1 %, за разновидни стоки и услуги за 1.5 %, алкохолни ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
32%
1025
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
42%
1027
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1027
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
38%
1027
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.66
27%
1026
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.34
65%
1027
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
7.15
35%
1023
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
19%
1023
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
32%
1024
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
34%
1026
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1026
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
8.23
38%
1024
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976