Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) најави штрајк со затворање на воздушниот простор од 10 јануари доколку во меѓувреме тројцата извршни директори на М-НАВ не си поднесат оставки или Владата не ги разреши како што беше најавено синоќа по нападот на контролори на летање во зградата на оваа институција по што таму е распоредено полициско обезбедување. ССКЛ за штрајкот одлучуваше ноќеска, а како што информира претседателот на ...

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, во последното деноноќие примени се 1.892 повици, од кои „реални“ биле 44,08 отсто, а 55,92 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Како што соопшти ЦУК, од реалните повици кон Полиција биле упатени над половина од повиците – 54,83 отсто, кон Итната медицинска помош 40,69 процнети, а кон пожарникарите 2,41 проценти. Повиците вкупно на број 1.064 ...

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 7 јануари, Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 8 јануари (понеделник) 2024 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им го честита Божик на граѓаните од православната вероисповед. Имено, ...

Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од петочислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека Свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш Свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...

Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. утрово има на патниот правец Скопје – Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, по котлините магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Под влијание на циклонска активност од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта кон недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен, а од понеделник од северен правец, што ќе предизвика значително ...

Општина Велес ифнормира дека од утре започнува еднонасочен сообраќај на дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и дел од улицата „Љубен Весов“, согласно на законската регулатива и согласно на потребата за уредување на сообраќајот и на безбедноста во сообраќајот. -Покрај улиците кои се предмет на воведување на еднонасочен сообраќај се третираат и делови од улиците кои се крстосуваат со нив, односно делови од улиците, Коле Неделковски и 8-ми ...

Министерството за животна средина и просторно планирање почнува нова иницијатива за заштита на Јабланица за да се утврди во кој ранг/категорија ќе биде како заштитено подрачје, а за првпат годинава ќе започне со директна поддршка на националните паркови. -Министерството првпат оваа година ќе пристапи кон директно финансирање на четирите национални паркови кои ги имаме во моментот за да се унапреди нивната работа и да им се помогне, пред се, за ...

Единствената мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање во Велес, поставена во дворот на детската градинка во населба Тунел, мери само концентрации на суспендирани честички ПМ 10 и сулфур диоксид. Мерните инструменти од 28 декември регистрират зголемени вредности на ПМ 10 честички во воздухот во Велес. Ако во четвртокот на 28 и во петокот на 29 декември измерените дневни концентрации на овој вид загадување ...

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 09:50 часот, го лишеле од слобода велешанецот Т.С. -При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени пиштол „EKOL Tuna“ и рамка со куршуми калибар 6.35мм, кои ги поседувал без дозвола. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица, соопшти Биљана ...

Копаоник во Србија и Банско и Боровец во Бугарија остануваат најпривлечни за зимување меѓу македонските граѓани, но годинава има голем интерес и за Врњачка бања и Соко Бања во Србија. Туристичките агенции велат дека и оваа зима најпродавани се аранжманите за топлите бањи и хотелите со спа и базени. Поради добрата понуда годинава најбаран е Боровец во соседна Бугарија. Цените годинава се за околу 10 проценти поскапи од минатата зимска сезона, но, ...

На 03.01.2024 во просториите на Одделениете за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија бил извршен службен разговор со А.Н.(33) од Скопје и Д.Т.(31) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Околу 11.10 часот на регионалниот пат 1102, во правец Смоквица – Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица ...

Компанијата Space X на американскиот милијардер Елон Маск објави дека лансирала 21 интернетски сателит Старлинк во ниската орбита на Земјата со помош на ракетата-носач Falcon 9. За време на лансирањето била користена ракета-носач за повеќекратна употреба, така што Falcon 9 се уште е употреблив, објавија медиумите. Носачот, откако се одвои од сателитот, изврши контролирано вертикално слетување на платформа за слетување на беспилотни летала на ...

Во Берово утрово е најстудено, со измерени минус два степени, а најтопло е во Дебар, десет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Демир Капија и Куманово, нула степени во Попова Шапка, Струмица и Велес, еден во Скопје-Петровец, Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, два во Дојран, Тетово, Штип и Скопје-Зајчев Рид, три во Битола и Лазарополе, четири во Крушево, Маврови Анови и Виница, пет во Претор, седум во ...

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.042 повици на единствениот број за итни случаи 112, од нив, „реални“ повици биле 43,88 отсто, а 56,12 проценти за други потреби на граѓаните, информираат утрово од ЦУК. – Според генералната природа на итните случаи, кон полиција биле упатени 60,40 отсто, кон Итната медицинска помош 34,80 проценти, кон пожарникарите 0,40 отсто, а кон АМСМ 0,40 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, вдолж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Од пладневните часови во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и во сабота до крајот на денот. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од ...

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со ...

Анџело Марино, поранешен функционер во италијанската покраина Сиена, лани на 86-годишна возраст успеал да се стекне со уште една универзитетска диплома и на тој начин да го исполни својот животен сон. Имено, тој го одбранил дипломскиот труд на тема „Мојата земја во периодот од 1937 до 1950 година“ и доби диплома за професот по литература. Универзитетот на Сиена објави дека нивниот највозрасен дипломец покажал многу емоции на своето дипломирање, ...

Додека Велес го очекува првото новороденче во 2024 година статистичките податоци на Oдделение за гинекологија и акушерство на ЈЗУ Општа болница Велес покажуваат дека во 2023 година родени се вкупно 294 бебиња. Од нив 138 се женски и 156 се машки. Споредено со 2022 година во велешка болница за прв пат заплакале помалку 100 новороденчиња. Началникот д-р Ѓорѓи Николов, специјалист гинеколог вели дека последните осум породувања во 2023 година се ...

Дваесет и четири годишна кавадарчанка, вчера попладне, во 15:00 часот, пријавила во ОВР Кавадарци дека во заедничката куќа била физички нападната од нејзиниот партнер Д.А.(36) од Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител. По околу четири часа во Полициска станица Каварадарци пријавен е и втор физички напад којшто се случил во семејна куќа во која синот Т.Л.(27) од Кавадарци затоа што упатувал закани кон неговата 61-годишна мајка. За ...

Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови. Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне ...

Согласно последниот извештај, во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.146 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив, „реални“ повици биле 42,26%, а 57,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Според генералната природа на итните случаи, кон Полиција биле упатени 48,66%, кон Итната медицинска помош 45,97%, а кон пожарникарите 3,07%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, повици за итни случаи на ...

Мото клубот „Мото Велес“ вложи голем труд со цел одлично да ја организира и да ја оспособи патеката којашто во 2019 година беше направена, но поради обилните врнежи истата беше оштетена. Претседателот на клубот Сашко Ванов рече дека со помош на ЈКП „Дервен“ и волонтерите на клубот во рекордно време ја подготвија трката. -Сите возачи коишто учествуваа на трката во неделата, се презадоволни како од патеката така и од организацијата. Повеќекратниот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес, Велес – Неготино, Неготино – Демир Капија и Делчево – Македонска Каменица. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...

Најстудено утрово е во Берово со минус четири степени целзиусови, во Охрид најтопло со измерени шест степени. Како што соопштија од УХМР, минус еден степен утрово е измерен во Скопје-Петровец и Струмица, нула во Крива Паланка, Тетово, Битола, Демир Капија, Гевгелија и Попова Шапка, 1 степен во Штип, Куманово, Велес, Кавадарци и Лазарополе, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Крушево, Дојран и Маврови Анови, 4 степени во Прилеп, Виница и Дебар. До 7 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје променливо облачно и магливо. Претпладне со услови за слаб дожд. И утре ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во ...

Нашиот преглед на вести коишто биле објавени за „Конвојот на слободата“ покажа дека станува збор за стотици информации на различни медиуми, и пишани и електронски. Па, наспроти тврдењето изнесено во оваа објава на Фејсбук, не се забележува никаква селективност или избегнување да се известува за овој настан. Кај нас речиси нема медиум кој не известува за протестите во Отава и тоа со фотографии, текстови, видеоматеријали и извештаи во низа ...

Маалските акции се уште еден показател дека со мали чекори се создаваат големи дела. Жителите на општина Лозово преку граѓански активизам и пријавување на конкурсот за маалски акции оспособија фонтана и хортикултурно и партерно уредија простор кај повеќе наменското асвалтно игралиште. Пред почетокот на акцијата граѓаните ги исчистија двата простори и поставија капка по капка ситем за наводнување на жардињерите. – Оваа акција на „Мрдни со прст“ ...

Една наплатна кабина е целосно оштетена, две соседни делумно, а уништена е и опрема на наплатната станица Кадрифаково во изградба на автопатот Штип-Миладиновци во сообраќајната незгода што се случи изутрината откако во патарината удри и се преврте камион. Според првичните информации на Јавното претпријатие за државни патишта, во незгодата е предизвикана голема материјална штета. Во моментов, информираат за МИА од ЈПДП, стручни екипи на ...

Розева прошетка низ центарот на градот како и обраќање на Градоначалникот Дејан Владев и на претставничка на мрежа „НИКА“ ќе се одржат во сабота на 15 октомври, во Свети Николе. Тие, како и културно музичката програма со настап на локални музички состави, по трет пат ќе се одржат во месец октомври во Свети Николе како дел од кампањата „Свети Николе во розево“. Со неа неформалната локална група за унапредување на родовата еднаквост – мрежа НИКА, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
43%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
62%
1017
weather icon

Загреб

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
48%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
5.14
45%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
6.65
46%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Атина

30ᴼ / 25ᴼ
4.02
43%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
33%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
60%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.09
41%
1018
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
50%
1014
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58