Оваа година, на 59 Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за прв пат беше доделена наградата за музика „Филип Стевановски“, насловена по трагично починатиот музичар Стевановски, кој животот го загуби во пожарот во дискотеката „Пулс“ од Кочани, во време кога беше директор на НУЦК „Ацо Шопов“ од Штип. Прв добитник на наградата „Филип Стевановски“ е Сашко Костов за музиката во претставата „Рацин“ во изведба на велешки НТ „Јордан Хаџи ...
Жири-комисијата во состав Нела Оташевиќ од Црна Гора, Лилија Абаџиева од Бугарија и Иван Меденица од Србија соопшти која од претставите на македонските театри е најдобра на годинашново фестивалско издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Награда за уметничко остварување на преставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“. Специјална награда за колективна актерска игра ...