
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



По добиените информации за пропустот поврзан со истакнувањето на официјалното знаме на Република Северна Македонија на тенискиот турнир „Австралија Опен”, од Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Канбера, веднаш реагирале до Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, како и до организаторот на турнирот, „Австралија Опен”. -Оттаму добивме уверување дека се работи за ненамерен пропуст – техничка грешка која е ...
Започнато е пријавувањето на православните христијани коишто имаат желба да бидат дел од традиционалното фаќање на Светиот Крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици во Велес. Од Повардарската епархија во Велес соопштуваат дека во чест на празникот ќе биде организирана благочестивата традиција на положување на Чесниот и Животворниот Крст во водите на реката Вардар со што се повикуваат сите велешани кои се заинтересирани ...
Објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата, информираат од Министерството за одбрана. Рокот за пријавување е седум дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас. Младите лица кои се заинтересирани да се пријават треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и ...
Центарот за управување со кризи – ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од кои „реални“ повици биле 42,70%, а 57,30% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,00%, кон Итната медицинска помош 41,72%, кон пожарникарите 3,79%, а кон АМСМ 1,03% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.101 повик за итни случаи на 112, се вкупен збир од ...
Лани на работно место загинале 17 лица, информираше вчера Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд, на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа. Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога на работа загинале 12 лица. Но, Томовска потенцира дека во 2019, 2020 и 2021 година, бројот на загинати лица бил 17, односно ист ...
Најстудено утринава било во Петровец, а најтопло во Охрид, покажуваат утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Во Петровец се измерени минус три степени, во Струмица минус два степена, на Зајчев Рид минус еден степен. Нула степени се измерени во Тетово и Гевгелија, еден степен во Крива Паланка, Берово, Маврови Анови, Куманово и Велес, два степена во Демир Капија, Штип, Крушево и Битола, четири степени во Виница и Претор, пет ...
Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице. Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран ...
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска информираше дека три нафтени компании се обиделе со лажни фактури да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход. Фирми од кумановско-липковскиот крај се обиделе преку лажни фактури и со поврат на ДДВ до УЈП да испумпаат пари од државниот буџет во вредност од 160 милиони денари или околу 2.6 милиони евра. Измамата не им поминала и државниот буџет не е оштетен ...
Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши големување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 76,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,50, ...
Велешанецот Атанас Крлевски испрати нова фотографија за категоријата „Граѓански фото објектив“. Овој пат тој ја фотографирал фонатаната помеѓу велешани позната како „Горна фонтата“ или пак „Фонтана кај Авона“. Крлевски за фотографијата вели: „Горна фонтана„ претставува пријатно катче за одмор. Фонтаните се омилен мотив на фотографите насекеде во светот. Тие се „сакани“ и од објективот додава Крлевски. Дума.мк ги поканува граѓаните од Велес, ...
Сопствениците на возила во 2023 година вложиле 87 милиони евра во oсигурување од автомобилска одговорност. Во вкупните вложувања зелената карта учествува со 21 милион евра. Сите цени за задолжителното автомобилско осигурување и за зелена карта ги регулира државата, се наведува во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување. Оттаму посочуват дека АСО, Министерството за финансии и осигурителната индустрија работат на подготовките на ...
Државниот инспекторат за труд ќе поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сопственикот на свињарската фирма во светиниколското село Амзабегово, каде на 8 јануари, на лице место од труење од хемиска супстанца почина 45-годишен работник, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да му помогне е со оштетување на мозокот. Директорката на Државниот инспекторат за труд, Весна Томовска, вели дека по извршениот надзор ја има ...
Одекна коледарската песна низ сокаците, маалата и улиците на Велес. Детските грла ја пејат „Коледе леде“ додека во раце ги држат торбичките во кои се собира наградата од граѓаните за нивната посета и внесувањето на радост во домовите каде што влегуваат. Домаќините и домаќинките освен костени,ореви, мигдали, коледарски колачиња ги наградуваат и со свежо и сушено овошје. Од случајните минувачи за одлично испеаната песна се добива и паричка. ...
Божиќ е највесел празник кој треба да се помине во кругот на семејството и заеднички да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Исус Христос, во топлината на семејниот дом. Според црковниот календар, се празнува три дена. Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик. Уште од рана зора на првото божиќно утро се слушаат ѕвона од сите православни цркви, луѓето се облекуваат свечено и одат во црква ...
Четириесет и четири крвни единици беа собрани на првата крводарителска акција којашто велешки Црвен крст ја спроведе во 2024 година. Во просториите на театарот, во неделата, велешани повторно ја покажаа својата хумана страна, подадоа рака и донираа крв со цел да спасат човечки живот. Од Црвен крст – Општинска организација Велес оваа акција ја категоризираат како успешна. Оттаму додадоа дека во реализацијата учествуваа четворица волонтери од ...
Почетокот на новата работна недела започнете го со насмевки. Афористичарот Никола Бошков Коки испрати нови шест афоризми за читателите на Дума.мк. Уживајте: -Жената е тајна, а тајната треба да се чува. -Нема ништо поубаво од убава и туѓа жена, оние помалку убавите, обично се нашите сопруги. -За да се подигне моралот кај електоратот, за некои изборни победи, треба да се подигнат…кредити. -Совренените ЈУЛИИ, единствено се вљубени во Алфа РОМЕО. ...
Роден е во Рим. Светската мудрост и верата во Христа ги прими во младоста. Секогаш живееше според евангелските заповеди. Многу се ползуваше од поуките на свештеникот Тимотеј, на чие погубување заради верата и самиот присуствуваше, па гледајќи го примерот на својот храбар и пожртвуван учител се задои со тој дух за цел живот. Во триесеттата година од животот стана епископ Римски. Ги поправаше обичаите на христијаните. Така, на пример, го укина ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но во моментов не преставува пречка за одвивање на сообраќајот. -Намалена видливост поради појава на магла од 70 до 80 метри има на патниот правец Делчево – Македонска Каменица, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од ...
Во Берово во 7 часот изутринава се измерени минус девет степени, во Скопје-Петровец минус седум, во Штип, Струмица, Демир Капија, Велес и Куманово минус шест, а минус пет во Крива Паланка, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Четири степени под нулата се регистрирани во Битола и Тетово, -3 Прилеп, -2 Виница и Дебар, -1 Дојран, Крушево, Маврови Анови и Претор, а 1 степен во Охрид, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.642 повици на единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 43,61 отсто, а 1,95 проценти биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полиција биле упатени 42,19 отсто, кон Итната медицинска помош – 45,70 проценти, кон пожарникарите 10,16 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК. – Инаку, 1.234 повици за итни случаи на ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно претежно во западните делови со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег, а на некои пониски места краткотрајно врнежите од дожд ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, особено изразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до минус десет, а максималната ќе достигне осум степени. Денес и утре времето ќе биде ...
Утрово до 07:30 часот измерени се минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран. Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охриди во Гевгелија. Висината на снежната покривка во ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 14.01.2024 година во 00 часот и 17 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.5. Како што соопштија од Сеизмолошка ...
Пред ноќен клуб во Велес, рано утринава, во 05:00 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода П.Ј.(38) и Д.Н.(28) од Велес откако ги пријавил О.Б.(22) од Велес. Според пријавата на О.Б, лиѓените од слобода двајца Велешани, во близина на ноќниот му го оштетиле патничкото возило марка „јагуар“ и П.Ј. физички го нападнал пријавителот како уште едно лице. – Лицата се задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и се ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.894 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 35,06%, а 64,94% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 53,55%, кон Итната медицинска помош 37,23%, кон пожарникарите 6,49% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, 1.234 повици за итни случаи на 112, што се вкупен збир од тие што ...
На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи, за влез и излез се регистрирани вкупно 650.670 патници. -Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ влез оствариле 310.981 патници, од нив странци 234.757 и 76.224 македонски државјани. Во исто време излез оствариле 339.689 патници, 281.343 странци и 58.346 македонски ...
Триесет и девет жени, минатата година, во Полициска станица на Секторот за внатрешни работи Велес, пријавиле дека биле жртви на семејно насилство. Најголем број од нив за насилник го пријавиле сопругот. Ако се анализира годишната статистика на полицијата се доаѓа до сознание дека не само жени туку жртви на семејно насилство биле и мажи како и деца. Во одговорот на новинарските прашања на Дума.мк портпаролката Билјана Ѓаковска соопшти дека ...
Премиерот Димитар Ковачевски денеска информира дека сегашните лични карти, кои се внатрешна употреба, ќе важат и после рокот од 12-ти февруари. За пасошите, рече дека не се вадат заради институциите, туку за да можат граѓаните да патуваат. -Јас кажав дека секоја иницијатива може да биде разгледана. Секако дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење. Ние во различни и одвоени средби имаме разговарано на поединечно ниво за тоа, кажа премиерот, ...
Судот во Кичево му одреди триесетдневен притвор за Ф.Д кој до смрт ја претепа својата двегодишна ќерка во Кичево. Ф.Д на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево ја натепал двегодишната ќерка при што и бил скршен черепот и ребрата и имала крварење во мозокот. Детето било пренесено во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје каде, на 08.01.2024 починала. Судија на претходна ...