
Скопје
10ᴼ /
10ᴼ



СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против 17-годишник со привремено престојувалиште во Велес поради постоење на основи за сомнение за сторени две кривични дела „грабнување“, казниво по член 141 од Кривичниот законик и за „полов напад и силување“, казниво по член 186 од Кривичниот законик Кривична пријава заработија и К.Е.(39) и А.Е. (46-годишна), двајцата со привремено место на живеење во Велес, поради ...
На клучката кај село Спанчево, на експресниот пат Кочани – Три чешми, млад велешанец го загубил животот во сообраќајна несреќа, ифнормираат од Министерство за внатрешни работи. Дваесет и едно годишниот Г.К управувајќи патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки излетал од коловозот и од здобиените повреди починал на лице место. -Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. По наредба на Јавен обвинител ...
Пожарникари, кои со денови се борат со огнената стихија што гори на подрачјето на Свети Николе, за малку ќе настрадале бегајќи од пожарот, откако нивното возило се превртело. Незгодата се случила кај селото Орел, а само поради чиста среќа никој не е повреден. -Откако ги евакуиравме старите лица од селото, ги браневме куќите од пожарот. Но огнот се прошири толку многу што не можевме ништо да направиме. Во еден момент огнот дојде толку блиску до ...
Четириесет и осум годишниот Р.Ш вчера, во 18:20 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во полициска станица бил пријавен од страна на сосед кој објаснил дека Р.Ш го нарушил јавниот ред и мир со кршење на предмети по улица и дека агресивно се однесувал кон него. Од СВР Велес додаваат дека Р.Ш бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена ...
Велешанецот Благој Ламњов годинава за прв пат одржа свој концерт во својот роден град. Тој на 3 јуни, на големата сцена во велешкиот театар со својот кларинет им приреди вистинско уживање на сите граѓани кои навремено купиле карти и целосно го исполнија капациетот. Ламњов одлучи првиот концерт од Велес целосно да го објави на јутуб со што секој негов сограѓанин кој сакал да биде дел од концертот но не успеал, да има можност да го слуша кога и да ...
Специјално возило – камион за чистење на атмосферски и фекални канализации под висок притисок од 150 бари, за чистење на септички јами преку усисување и за перење на улици по населените места е набавено во Општина Чашка. Како што соопшти градоначалникот на локалната самоуправа Горан Стојановски, вчера, после 28 години од формирањето општината добила ваков вид на возило. -Општина Чашка ќе продолжи и понатаму да набавува механизација преку која се ...
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден биле приведени тројца мажи барани по потерница за издржување на затворска казна. Првиот маж, 33 годишниот А.Ј од село Војашанци, неготинско, бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување мерка притвор. Полициски службеници од ОВР Кавадарци и ОВР Неготино, во 09:30 часот го привеле во село Марена и бил спроведен во Казнено – поправната ...
Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, четириесет минути по полноќ било пријавено дека Во нива во атарот на село Долно Чичево, општина Градско, А.З го пронашол починат својот седумдесет и пет годишен татко. Лекар од амбуланта во Градско констатирала смрт без траги на насилство. Во Сектор за внатрешни работи Велес случајот бил пријавен вчера, на 30 јули, четириесет минути по полноќ. Оттаму соопштуваат дека известен бил јавен обвинител а увид ...
Се повлекуваат од пазарот потенцијално небезбедни говедски коцки за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 5 јули годинава како и пилешката коцка за супа серија 0307241, со рок до 03 јули, годинава, оваа итна постапка за повлекување ја започна Ангенцијата за храна и ветеринарство. -Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во земјава. АХВ ги доби вчера во доцните попладневни ...
Агенцијата за храна и ветеринарство почна итна постапка за повлекување од пазарот на потенцијално небезбедни коцки за супа од Хрватска, поради можно присуство на туѓо тело. Станува збор за говедска коцка за супа на производителот „Подравка“, серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка за супа серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година. -Алерт нотификацијата за потенцијално небезбедните производи кои се увезени во ...
Откако пред две седмици беа украдени дизните од обрачот од каде се распрсува водата во фонтатана на Младински парк, по што беа обновени и фонтатана беше пуштена во функција целосно, сега повторно се случила кражба, информираат од Јавното комунално претпријатие „Дервен“. – Повторно кражба и вандализам врз урбаната опрема. Овојпат украдени се шест прстени за распрскување на водата како и прохромските распрскувачи, односно целата опрема за ...
Пожарите во светиниколско во моментов спаѓаат во групата на најсериозни пожари коишто предизвикуваат најголема опасност на територија на државата, ова во видео изјава го соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Пожарите кај село Макреш, село Горно и Доло Ѓуѓанци, село Строиманци, село Ранченци како и оние пожари од страна страна кои се во насока на Кочани, поточно над селоата Ерџилија, Немањци и село Малино. Според изјавата на Ангелов, ...
Со песни кои се лек за душа, музичкото дуо Јованче Тодоров и Марина Јаневска, ги забавуваа велешани на концерот којшто го одржаа во Младински парк во рамки на манифестацијата „Велешко лето 2024“. Дуото „Музичка аптека“ е составено од клавијатуристот Јованче Тодоров и дипломираната соло пејачка Марија Јаневска кои заедно настапуваат веќе една година во која имаат голем број настапи како во државата така и надвор од неа. Концертот коишто тие го ...
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, како што пренесува МИА. -По ...
Премиерата на театарската претстава „Рацин“ во режија на Дејан Пројковски и драматургија на Сашо Димоски ќе биде изведена од Народниот театар „Јордан Хаџи Контантинов –Џинот“ вечерва во рамки на програмата на „Охридско лето“, пишува Охрид њус. –Ова е една од најзначајните претстави кои годнава ги имаме на „Охридско лето“, бидејќи се работи за еден значаен историски лик Кочо Рацин, кој за мене претставува еден од најбитните луѓе кои ме креирале ...
“Седумтте лица кои беа заглавени во куќа во село Строиманци, Свети Николе безбедно се евакуирани откако најпрво полициски халикоптер фрлил вода врз огнениот обрач, направил дупка во огнот низ која брзо влегле пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе и со возила низ огнениот обрач ги извлекле животно загрозените во оган заробени седум лица,“ соопшти директорот Стојанче Ангелов на Центар за управување со кризи. Ангелов ...
Направен е инспекциски надзор од државни инспектори за заштита на животна средина на сите субјекти и физички лица коишто се присутни на крајбрежјето на велешко езеро. Дел од нив се задолжени да изработат Елаборати за заштита на животна средина. Направен е увид на целиот колекторски систем како и над сите правни и физички лица чии отпадни води се влеваат во овој систем како што се земени анализи од водата на целото езеро. Ова го соопшти денеска ...
Тројца кавадарчани од кои највозрасниот на 43 годишна возраст В.О, девет години помладиот Х.В и 29 годишниот Е.В се сомничат дека извршиле кражба од патничко возило. Во разговор кој се водел во Одделение за внатрешни работи Кавадарци, денеска, тие го признале делото. Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе ...
Кривичниот суд во Скопје информира дека главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во согласност со странките, е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1. -Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љупчо Палевски е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено ...
Нови 35 комплети заштита униформа за шумски пожари, сообраќајни несреќи и рушевини како и ракавици и обувки денеска добија вработените пожарникари во ТППЕ Велес. Како што соопштија од Општина Велес новата опрема значително ќе им го олесни извршувањето на работните задачи на пожарникарите. Оттаму додаваат дека градоначалникот Марко Колев упатува голема благодарност до припадниците на ТППЕ Велес за нивната пожртвуваност во најкритичните моменти и ...
Центар за управување со кризи утрово информира дека фронтот на огнот на пожарот во светиниколско е многу широк но дека во овој момент населените места не се во опасност. На терен работат пожарникари а во приправност има и доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Во моментов над пожарот во светиниколско, поточно на линијата од пожарот што се движи кон Куманово ќе дејствуваат „Ер тракторите“, ...
Линијата на пожарот од село Немањци кон Свети Николе и Штип, гледано од височините на Богословец е прикажана на фотографијата којашто во моментот ја испрати ЦУК. Центар за управување со кризи вечерва ги соопшти информациите поврзани со денешните пожари во источна Македонија. Меѓу најризичните беа селата Орел и Малино, во општина Свети Николе. Изгорени се куќи и во светиниколското село Немањици, соопшти директорот на Центар за управување со кризи ...
Глетката од воздух ја прикажува вистинската состојба во која се наоѓа деновиве велешко езеро „Младост“. Четири дена, во текот на минатата недела, 50 активисти на шест граѓански организации предводени од спортските риболовци на „Бабуна“, ја вадеа со грибла, ја собираа и со помош на чамци на коишто прикачија помошни дрвени штици, ја туркаа огромната количина на растителна маса и алгите во распаѓање коишто се измешани со остатоци од фекално потекло ...
Велешанецот Атанас Крлевски испрати нови фотографии за категоријата „граѓански фото објектив“. Овој пат неговиот фокус бил насочен кон велешкиот пензионерски дом како и станбената зграда кои ги фотографирал од Железен мост. -Старата прекрасна македонска архитектура на релативно нови градби. Убаво за око но и за објективот, додава Крлевски. Сите заинтересирани граѓани доколку имаат фотографија којашто сакаат да биде објавена може да ја испратат ...
Четириесет и четири годишната велешанка Мери Јаневска којашто неколку години живее во Њу Јорк, САД, боледува од ретка прогресивна невролошка болест наречена ЦИДП. Јаневска во моментов е парализирана и единствено решение за нејзината здравствена ситуација е да замине на лекување во Моска во Русија кадешто ќе и се пресадат матични клетки. За нејзиното лекување потребни се 70.000 долари кои нејзиното семејство во моментов сами не можат да ги ...
Понеделнички нови седум афоризми за читателите на Дума.мк од велешкиот афористичар Коки. -Во многуте бракови, за жал, врз жената лежи многу повеќе куќата, отколку…мажот. -Најлош трик на маѓионичарот е кога од забегани, неуки, проблематични и ментално заостанати луѓе, ќе успее да направи…политичари. -За разлика од училиштето, во сексот најдобри се …ПОВТОРУВАЧИТЕ. -Наместо БИОФЛЕКС, лек против компликации и проблеми со зглобовите, на политичарите ...
Поморот на риби го откри рибочуварската служба на ЗСР „Бабуна“ од Велес утрово во 5:00 часот. Според информациите на спортските риболовци поморот го предизвикало некотролирано излив на вода од биогасна централа „Вардар“. -Неподнослива смрдеа на измет се чувствува на местото на кое се случи изливот на вода. Водата е матна и на површината лебди количина на угината риба. Тргнавме по дотекот и така откривме дека доаѓа од браната на да го наречеме ...
Нема официјална потврда, од било која држава, за состојбата на здравјето на Путин. Кремљ не го коментира здравјето на рускиот претседател и не одговори на овие најнови тврдења, кои се појавија по избувнувањето на конфликтот. Во случајов, како извор на информациите се користат разузнавачки извештаи на Пентагон, без никакви конкретни докази Пост на Фејсбук тврди дека рускиот претседател Владимир Путин бил болен од рак на дебелото црево, иако нема ...
Нема опасност и загрозување на населбите, објектите и инфрастуктурата од пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“ на 10 километарскиот „огнен фронт“. Според информациите од Центар за управување со кризи и утрово се дејствува врз пожарот за што е упатено барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух од страна на МВР како и барање за извидување со дронови на граничка полиција и на „Фронтекс“. -Конкретно, денеска, во раните ...
На регионалниот пат Неготино – Штип кај село Пепелиште сообраќајот за сите видови возила е во прекин од вчера, од 16:15 часот, поради безбедноста на учесниците во сообраќајот поради пожарот којшто е активен веќе неколку дена. Од центарот за управување со кризи соопштија дека од ТППЕ Неготино пријавени се два пожари поточно пожарот кој започна пред шест дена на планината Серта, на потегот на Армискиот АБХ Полигон во правец на територијата на ...