Најниска температура од – 1 степен утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Скопје-Петровец, Крива Паланка, Лазарополе и Берово со нула степени, 1 Битола, Охрид, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Претор, 4 Тетово, Дебар, 6 Демир Капија, Виница, Велес, 7 Дојран, Гевгелија и 9 степени во Штип. Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ...

Воведениот ДДВ од 10% на сончогледот се уште претставува проблем за земјоделците како и за велешки „Кристал 1923“, единствениот македонски производител на масло за јадење од сончоглед, ова денеска го изјави извршниот директор на компанијата Горанчо Лазов. Според него, овој проблем треба под итно да се реши и Владата да донесе нова одлука бидејќи ги оптоварува земјоделците и додава дека нивниот предлог е ДДВ да се зголеми на увоз на суровото ...

Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период. Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација. -Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да ...

Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека во текот на вчерашниот ден во ОВР Кавадарци биле пријавени два физички напади и упатувања на закани кон сопруга од страна на мажот. Првиот случај бил пријавен два часа и 15 минути по полноќ, кога полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишеле од слобода 31 годишниот Л.В од Росоман кој во семејниот дом упатил закани кон неговата три години помлада сопруга. Тој бил задржан во полициска станица и ...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 224 возачи. -Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 136 возила ја ...

Во последното деноноќие имало 31 пожар на отворено во државава, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Согласно известувањата од регионалните центри за пријавени и изгаснати пожари на отворено, вчера биле регистрирани 12 пожари во Скопје, два во Тетово, по четири во Битола и во Штип, по еден во Струмица и во Велес и шест пожари во Куманово. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност која кон крајот на денот ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени. Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе се задржи релативно топло време со умерен, а во петок и за време на викендот, наместа засилен ветер од јужен правец. Повремени врнежи од дожд ќе има ...

Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник Саприкиј и простиот граѓанин Никифор. Нивното пријателство некако се одметна во страшна меѓусебна омраза. Богобојазливиот Никифор повеќепати се обидуваше да се помири со свештеникот, но овој никако не го сакаше тоа. Кога настана гонење на христијаните, свештеникот ...

Триесет и седум младинци од Велес преку три обуки се обучија за изработка и документирање на мали проекти кои ќе придонесуваат за доброто на заедницата. Од Велешки Црвен крст соопштија дека овие обуки се во рамки на програмата насловена „Црвен крст во акција промоција на хумани вредности“ за 2024 година. -Новите волонтери веќе се поделени во шест групи и во наредната недела започнуваат со изработка на шест мали проекти. Тие ќе бидат помогнати од ...

Триесет ученици од велешките средни училишта, денеска, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беа дел од едукативна работилница по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Професорката по македонски јазик Магдалена Сарагиновска на присутните ученици на почетокот на настанот преку презентација им ги повтори најзначајните моменти за нашиот мајчин македонски јазик, а средношколците се приклучуваа во дискусијата и ...

Полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишеле од слобода четириесет и девет годишниот Ќ.М по претходна пријава од неговата десет години помлада сопруга. -Според пријавеното Ќ.М ја заменил бравата од влезната врата во семејниот дом и не и дозволувал да влезе, пишува во дневниот билтен на СВР Велес. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде ...

Четириесет и девет годишна велешанка подолг временски период добивала закани од својот педесет и седум годишен маж Ш.Н преку телефон. Во Полициска станица пријавила дека еден месец не живееле заедно. -Тој бил повикан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, привремено му бил одземен пиштол кој го поседувал со дозвола и дозволата за оружје и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР ...

Нова помош ќе биде наменета за „Македонски железници – транспорт“ од страна на Владата. Со најновата одлука на Министерството за транспорт и врски, на акционерското друштво за железнички транспорт ќе му се префрлат 2,5 милиони евра за исплата на плати и враќање на долгови. Според информациите, станува збор за вонредна помош, надвор од редовното субвенционирање на патничкиот транспорт. Оваа одлука е донесена на седница пред повеќе од една недела ...

Од синоќа од 23 часот нормализирано е влегувањето во Грција преку преминот Евзони, кој од 18 часот беше блокиран од грчките земјоделци, а тамошните погранични служби пропуштаа патнички и товарни возила на секој половина час по десет минути. Веста дека е нормализиран влезот кај јужниот сосед преку преминот Богородица-Евзони за МИА ја потврди началникот на Регионалниот центар за гранични работи Југ при МВР, Славчо Богев. И на другите граничните ...

Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се ...

Драгоценоста на маченичкиот подвиг зависи од величината на богатството што ќе го напушти христијанинот примајќи страдање наместо тоа богатство, како и од величината на страдањето што ќе го поднесе заради Христа. Свети Теодор, римски војвода, во војската на царот Ликиниј и градоначалник на градот Хераклеја, ја презре својата младост и убавина и војводскиот чин и царската милост и наместо тоа на себе прими страшни маки заради Христа. Беше биен, ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 966 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 32,21%, а 66,79% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 60,32%, кон Итната медицинска помош 32,79%, а кон пожарникарите 4,05% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, ...

Двајца велешани вчера, во 16:30 часот на улица „Хаџи Косте“ во Велес биле приведени од страна на полициски службеници од СВР Велес. Дваесет и четири годишниот Е.Х и четириесет и две годишниот И.У од Велес го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. -Според пријавеното, во пресметката, на страна на Е.Х. се приклучил и Е.Х.(59) од Велес, кој бил повикан во полициска станица на службен разговор. Притоа, со повреди се здобила К.Ч.(25) од ...

Секое трето девојче на 15 години во Македонија изјавува дека е осамено, а секое второ на истата возраст чуствува дека во изминатата година, поточно 12 месеци се чуствувала толку тажно и безнадежно, речиси секој ден во текот на две или повеќе недели, што прекинала да ги прави вообичаените активности. Поточно, споредено со просекот од 28% од 15-годишните девојчиња кои известуваат чувства на осаменост, во земјава таа бројка е 31%. Овие податоци ...

Највисокиот маж на светот, Султан Косен од Турција, повторно се сретна со својата „спротивност“ – најниската жена на светот, Индијката Џиоти Амге. Средбата се случи во американската сојузна држава Калифорнија. Турчинот, инаку, има 251 сантиметар, а Амге е висока 62,8 цм. Тие претходно се сретнаа и во Каиро, Египет, во 2018 година, на покана на тамошното Министерство за култура и туризам, при што ги посетија и пирамидите во Гиза. По шест години ...

Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. -Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, соопштија од МВР. ...

Македонскиот пасош со старото име можеби се уште е во употреба во дел од европските земји, но не и во Германија. Дипломатски извори за Дојче Веле објаснуваат дека со пасошот без уставното име не може да се влезе во Германија, доколку патникот доаѓа од Македонија или од трета држава. Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера изјави дека „стариот пасош се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово“. Според него, ...

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.023 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 39,35%, а 60,65% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. -Кон Полиција биле упатени 57,34%, кон Итната медицинска помош 30,07%, а кон пожарникарите 9,44% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, ...

Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај едно езеро каде што ловеше риба, ја продаваше и им делеше на сиромасите. По Божја Промисла го избраа за епископ Лампсакиски. Го очисти градот од незнабоштвото, ги затвори идолопоклоничките храмови, изгради многу цркви и го утврди благочестието. Со молитва лечеше секаква болест, а особено имаше власт над ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до пет степени, а максималната ќе достигне до 14 степени. До крајот на работната седмица времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. За време на викендот се очекуваат локални врнежи од дожд, а ќе дува и умерен до засилен јужен ветер. Дума.мк Сподели: Поврзано: ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 16.2.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,240%, кај дизелот за ...

Министерство за внатрешни работи преку дневниот билтен извести дека вчера, на регионалниот пат Кавадарци – Моклиште, на излез од село Ваташа, кавадаречко, четириесет и осум годишниот Л.С управувајќи мотоцикл „хамачи“ излетал од коловот. – Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Кавадарци, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал, додаваат од МВР. Увид на ...

И во текот на оваа недела продолжува натпросечното топло време во Македонија, но и пошироко во регионот. Меѓутоа повремено ќе има нешто повеќе облачност, а повремено ќе има услови и за сосема слаб локален дожд, особено утре, објави „Метеоаларм“. -Ветерот ќе биде сосема слаб и од променлив правец, но одсега гледано, за време на следниот викенд ќе започне да засилува ветерот од јужен правец. Што се однесува до температурите на воздухот, тие наутро ...

Еден од повеќето ридови кои прстенесто го обликуваат Велес, поточно ридот Гроот, бил инспирација за велешанецот Атанас Крлевски да направи прекрасна фотографија која зазема место во рубриката „Граѓански фото објектив“ на Дума.мк. -Ридот е на северозападната страна од градот и со својот карактеристичен изглед потсетува на едногрба камила. Висок е 450м. и е непошумен. Името на ридот доаѓа од зборот гро(в)от ( гроотиште ) што означува каменливо ...

Мобилен тим спречи шверц на 3590 таблети трамадол откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце, соопштија од Царинска управа -Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочен од страна ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
37%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
90%
1013
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
84%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
59%
1011
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.24
93%
1009
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.54
89%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
1.79
42%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1014
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
5.14
82%
1007
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
72%
1010
Currency

61.525

Currency

54.7197

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.39

Кобалт

42.99

Никел

15352.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.47

Сребро

1050.65

Злато

107959.96

Бакар

9.23

Паладиум

31121.92

Платина

31329.90

Родиум

172810.26

Цинк

2.58