
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Со цел успешно организирање на манифестацијата „Маршот до Варварица“ кој ќе се одржи на 23.10.2022 (недела)“, Општина Василево со механизација на ЈП Турија изврши рамнење на патот Требичино-Варварица. Станува за традиционален планинарски марш со кој се одбележува формирањето на на Првиот Околиски комитет на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија и Првиот Народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко. ,,Поаѓањето е во 08,00 ...
Весна Чакалова од Богданци се закити со две титули за убавина на последниот ,,Milestone Miss & Mrs Global International 2022” што се одржа во Истанбул Турција. Таа беше избрана за прва придружничка на изборот ,,Miss Global International 2022” а ја понесе и титулата беше ,,Мiss Glamorous“ во конкуренција на голем број девојки поранешени мисици и познати имиња од светот на модата и убавината. Како што ни изјави Чакалова таа работи за модната ...
Надежите на струмичкиот РК Астраион овие денови учествуваа на вториот меѓународен турнир што го организираше РК Пирин 64 од Гоце Делчев од Бугарија. Станува збор за ракометен турнир за деца родени 2005 и повозрасни а на кој учествуваа екипи од Бугарија, Македонија и Грција. Децата на РК Астраион беа најмали на турнирот и покажаа дека може да се носат со повозрасни деца презентирајки ја работата на струмичката ракометна школа. Како што не ...
Тандемот Никола Смилјанов и Владими Пандев испекоа најдобра ракија на денешната манифестацијата Валандовска ракијада што традиционално се одржува во Валандово. Тие според стручното жири имаа најдобра и најквалитетна ракија според повеќе параметри. Второто место им припадна на Здравко Коцевски и Горан Каракамчев додека третото место на Никола Николов и Васко Узунов. На годинашнава ракијада во Валандово учествуваа вкупно 19 тима кои печеа ракија ...
20 тина млади лица од Југоистокот кои беа дел од кампот во Дојран што го организираше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион изработија и презентираа шест бизнис планови. Бизнис плановите произлегоа откако младите учеа и се едуцираа за претприемништвото и инувации под менторство на еминентни професори, претприемачи и експерти во рамките на проектот ,, Деловен еко систем како дел од итегрираниот систем Би Ин’’ Кино на отворено, ...
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), од полноќ дизелот ќе биде незначително поевтин, исто како и Екстра-лесното масло за домаќинство, а ќе поскапи бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98. Дизелот и екстралесното масло ќе бидат за половина денар поевтини отколку до денеска, и ќе се продаваат по цена од 103 денари за литар дизел, а екстралесното масло ќе чини 98,5 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ...
Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На 12 февруари Пентагон им нареди на американските трупи стационирани во Украина да ја напуштат земјата поради тоа што имаше најави дека ќе се случи руската инвазија. ...
Во објавата на Фејсбук манипулативно се тврди дека фотографијата од Украина покажува ‘жена која се враќа од пазарење‘, а со тоа се инсинуира дека ситуацијата каде што е снимена фотографијата не е страшна и опасна по живот. Всушност, станува збор за исечок од видео сторија на британската телевизија BBC, односно новинарско известување од украинскиот град/предградие Ирпин, во близина на Киев, каде што во март се водеа жестоки битки меѓу руските и ...
Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за време на вжештена парламентарна сесија на која се дискутираше за договор за одбрана со САД. Уште истиот ден министерот за одбрана на Словачка Јарослав Над се извини за ...
Константин Кисин, руско-британски комичар и политички коментатор кој пишува за голем број светски мејнстрим медиуми, на Твитер даде свое гледиште во однос на говорот на Путин, обидувајќи се да го преведе на јазик за секој да може да ги разбере дури и скриените пораки на рускиот претседател, откако тој ја објави анексијата на четирите украински региони Пишува: Мери Јордановска Рускиот претседател Владимир Путин во петокот (30.09.2022 г.) објави ...
Владата на денешната 91 седница го усвои Предлог законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика, соопшти владината прес-служба.Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, ...
Викендов се одиграа натпреварите од второто коло од Првата кошаркарска лига на Македонија но најинтересно беше во Гевгелија меѓу домашниот Кожув и гостинскиот состав на Струмица. Вистинска драма се случуваше во последните секунди од мечот. При резултат 88-86, во финишот од средбата Светозар Стаменковиќ постигна победничка тројка за Струмица со звукот на сирената, но по прегледувањето на снимката судиите заклучија дека шутот е упатен по истекот ...
Деновиве се очекува да отпочне реконструкцијата на обиколницата на Богданци од државниот патен правец Р1109. Струмичката фирма ,,Жикол” заедно со струшката ,,Илинден” се фирмите кои треба да го работат овој проект откако летово ја добија јавната набавка на Државни патишта за околу 2,1 милион евра. Паралалено исто така преку јавна аукција беше избрана и фрима за надзор на работите за реконструкција на овој пат. Надзорот ќе го врши Евро ...
Рурална Коалиција, го одбележа Меѓународниот ден на жените од руралните средини, со успешно завршување на Меѓународната академија на жени претприемачки од руралните средини на кои им беа доделени и сертификати. Паралелно се потпиша и декларацијата на Руралното Женско Лоби како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на ...
Синоќа во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Тирана Алабнија, настапи нашата млада пијанистка од Струмица Ивана Мазнејкова, која го отвори фестивалот „Магична флејта“ во Тирана. Таа, пред многубројната публика се претстави со три дела од композиторот Сезар Франк, и според информацијата што ја објави Министерството за култура на Макеоднија, младата струмичанка имала одличен настап пред публиката во Тирана. ,,Нејзиниот ...
Одбојкарките на Наковски волеј вечерва во салата на СОУ ,,Димитар Влахов” со почеток во 18 часот ја отвораат новата првенствена сезона во која најавуваат атак на врвот од македонската женска одбојка. Прв противник е тимот на ЖОК Вардар ЕМ од Скопје во кој струмичанки влегуваат како фаворитки. Како што соопштуваат од клубот, Наковски Волеј ова сезона ќе има респектабилен тим во Првата лига, спој на искуство и младост, квалитетен тим кој има ...
Заради подобрување на ефикасноста и транспарентосноста на јавно достапните услуги и подобрување на квалитетот на услугите, Општина Радовиш кон граѓаните воведе систем 48 часа. Ова значи дека жителите на Општина Радовиш својот проблем или барање можат да го пријават 24 часа дневно. Врз основа на пријавениот проблем или барање службите веднаш ќе излезат на терен. Во рок од 48 часа граѓаните ќе добијат одговор за статусот и рокот за решавање, ...
Нов модел на субвенционирање на земјоделците со зголемена контрола и дополнителни услови за добивање финансиска поддршка најави во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Првичната верзија е помината на владина седница, а предвидува земјоделците да добиваат субвенција не само за поседување обработлива површина земја, туку и за остварено производство. Целта е да се поттикне поголемо производство храна и да се ...
По пауза од неколку сезони ОК Сушево се враќа на прволигашката одбојкарска сцена а својот камбек во елитата ќе го има во салата при ООУ Гоце Делчев во Василево со тимот на Весна Пробиштип во рамките на првото коло. Мечот е закажан во 18 часот на кој сушевчани најавуваат победа бидејки како што кажа Ванчо Атанасов ОК Сушево има потенцијал Имаме искуство, млади таленти кои се жедни за докажувања. Немаме високи амбиции туку наша цел е да градиме ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 13.10.2022 година регистрираше земјотрес 135 km југо-источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Гевгелија – Гуменџа. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 56 минути со Рихтерова локална ...
По распишната јавна набавика Општина Струмица и фирмата Жикол го потпишаа Договорот за изградба на социјалната населба во Струмица во вредност од 1 милиони 506 илјади евра (92.670.024 денари) . Станува збор за реализација на првата фаза од проектот ,,Изградба на стамбена населба со објекти со намена домување за сместување на социјално загрозени семејства во Струмица. За овој проект во игра беа 7 фирми но при јавната аукција, најниска цена понуди ...
Амбасадорот на НР Кина во Македонија, Жанг Ѕуо придружуван од економски советник и но и преставник на градежна компанија од Кина која во Макеоднија има свое преставништво беа во официјална посета на на општина Василево каде остварија средба со градоначалникот Славе Андонов. Тие разговараа за можноста да се воспостави соработка на повеќе полиња со цел да се зајакнат врските мегу двата народа, како на национално така и на локално ниво. ,, ...
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 13.10.2022 до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик. ,,Имено, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, на ...
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Д.Т.(31) од село Ораовица, радовишко и Р.А.(37) од Радовиш затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Струмица фото: архива Крадењето авторски текстови е казниво со ...
На 12.10.2022 во 20.30 часот кај место викано „Чештево“ во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода С.С.(45) од Скопје и П.К.(20) од Република Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија. ,,Околу 14.40 часот на локалниот пат за с.Казандол, валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски ...
Синоќа околу 19.40 чaсот на место викано „Страиште“, во близина на Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода С.Л.(23) од с.Сопотница, демирхисарско. ,,При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници,, објави ...
Младиот струмичанец Ангел Спасов деновиве го промовираше својот прв музички сингл со наслов ,, Ме изгуби ти’’ кој го пласираше со видео спот. Станува збор за песна во која Ангел пее за тинејџерската љубов, љубомора, доверба. Песната е дело на Роберт Билбилов кој стои како автор на музиката, текстот и аранжманот додека видео записот на Зоран Стојановски – Зонде. Во спотот се појавува Ангел Спасов заедно со Ема Стојановска од модното студио ,,Зоа ...
Одбојкарите на Струмица Никоб утревечер во спортската сала Парк го продолжуваат престојот на европската сцена. Го играат првиот меч за пласман во 16 финалето од КУПОТ на ЦЕВ, второто по квалитет европско клупско одбојкарско натпреварување. Противник е хрватскиот состав Мурса од Осијек со кого од 19 часот ќе ги одмерат силите за подобар старт пред реваншот закажан за 19-ти октомври Струмица Никоб е максимално подготвена за дуелот со хрватскиот ...
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 51,920 ден/кг. Од 11.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на ...
Фудбалерите на Академија Пандев претрпеа нов пораз во шампионатот. Шкупи со два играчи помалку успеа да слеви со 1:0 и да ги однесе трите бода од Струмица а пандевци да се помират со седмиот пораз. Четата на Васоски имаа играч повеќе на теренот уште од 35 минута кога Маргевашвили поради два жолтим мораше да замине во соблекувалните. Но иако имаа играч помалку на теренот Диане во 53 минута го матираше Јовановски откако доби употреблива топа а ...