
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари ...
Единствени сигурно утврдени факти до пладне на 16.11.2022 се дека во полско погранично село со Украина паднала една или две ракети, при што загинале две лица и дека пректилот/те биле од руско производство, но дека не може да се потврди од каде се истрелани, иако последната изјава на американскиот претседател е дека ракетата била истрелана од украинската противвоздушна одбрана Последната вест е дека потеклото на ракетата што падна во село во ...
Од почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари годинава, реториката на рускиот екс-претседател Димитри Медведев стана сè пожестока, особено за човек кој претходно не се експонирал премногу во јавноста, а своевремено се сметал за либерален модернизатор. Тој на социјалните мрежи за ЕУ, НАТО и за Украина употребува зборови како „наркомани“, „нацисти“, „им тече плунка од дегенерација“, „војна против Сатаната“, а голем дел од ...
На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други Пишува: Весна Коловска Рускиот министер за надворешни работи, ...
Брачен пар од струмичко Мокриево починале на лице место откако попладнево со патничко моторно возило излетале од патот во Колешино и завршиле во околниот канал. Несреќата се случила на излезот од селото најверојатно заради неприлагодена брзина а во извлекување на телата морале да интервенираат и екипа на струмичката противпожарна единица. ,,Денеска (20.11.2022) во 14.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Колешино, ...
Синоќа околу 18.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат Ново Село – с.Мокриево, струмичко, С.С.(45) од с.Мокриево, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот информираше струмичката полиција ,,Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од с.Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот С.С. и ...
Денеска (20.08.2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи во земјава, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство. При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје, соопшти МВР. ,,Во 06.00 часот во ...
Најмладиот тим на ШК ,,Цареви Кули” од Струмица во состав Мартин Гоцев, Јован Вукашиновиќ, Трајче Карадакоски и Мартин Велков го освоија второто место на “Екипното првенство на Македонија за млади 2022”. Станува збор за тим за деца до 8 годишна возраст кои на првенството како што објавија од клубот покажале мудрост и знаење на шаховските табли. Тие второто место го освоија без пораз. Екипно добија 4 партии против тимовите на Алкалоид, Прилеп, ...
Струмички Комуналец почна со поставување нови метални контејнери за отпад откако изминативе денови склучи договор за набавка на метални контејнери од фирмата ,,Технички институт Македонија’’ ДОО Неготино. Станува збор за 250 контејнери со зафатнина од 1,1 метри кубни од кои 50 парчиња се со капак а 200 парчиња се без капак. Со Договорот се набавуваат и 2000 тркала – ротирачки со полна гума пречник Ф 200. Целата набавка чини 7 милиони и 80 илјади ...
Полициски службеници од Полициската станица Валандово утрово го лишиле од слобода 34 годишниот П.Т. од Валандово бидејки како што информира МВР при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени семки од канабис но и предмети со остатоци од марихуана. ,,При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана,, соопшти на својата веб страна МВР Тој бил ...
Ансаблот за традиционална игра и песна ,,Бојмија,, од Гевгелија кој изминатиов период имаше настапи во соседна Србија одлично го престави македонскиот фолклор а преку настапот на државната РТС во популарната емисија Шареница надалеку се слушна за двете традиционални ора „Малешевка“ и „Радовишки собор“. Тие во Србија беа на покана на КУД „Љубомир Ивановиќ-Геџа“ од Ковачевац со кого веќе подолг период соработуваат ,,Може да кажам дека направивме ...
Општина Радовиш го објави конкурсот за стипендирање на ученици во основните училишта во општина Радовиш и СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш, за учебната 2022/2023 година. Ќе бидат доделени вкупно 29 стипендии од кои 24 ќе бидат за талентирани ученици по основ на постигнат успех а 5 ќе бидат доделени на ученици чиишто семејства се социјално загрозени. Како што стои во конкурсоѕ ќе бидат доделени 16 стипендии за ученици од Основните училишта од 6 до 9 ...
Во период од 16. до 18. Ноември, во Прага (Чешка), се одржа Економски Форум на Паметни Градови од Западен Балкан, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Чешка и Министерството за индустрија и трговија на Република Чешка. Во рамки на Форумот, учествуваше и Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Економскиот Форум, во чии рамки присуствуваа претставници од јавниот и приватниот сектор, во фокус стави ...
Вчера во 15.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Ново Село, во близина на село Ново Коњарево, А.Б.(42) од село Сушица, струмичко, управувајќи патничко возило „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила ...
Одделението за внатрешни работи Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон, соопшти МВР. На 06.11.2022 во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет. На 08.11.2022, со наредба на Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во ...
Градежната компанија Бони интерградба, ангажирана од општина Василево, ја заврши изградбата на улицата во населеното место Градашорци. Денес, на лице место беше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој направи увид во сработеното. „За многу кратко време, отприлика три недели, комплетно се завршени сите планирани активности на оваа улица, па граѓаните што секојдневно ја користат добиваат несомнено квалитетно и трајно решение. Од ...
Цените на горивата се намалуваат вечерва од полноќ, соопшти Регулаторна комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за два денари и ќе изнесува 91,5 денари по литар, Цената на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава поевтино за два денари, и според новата цена ќе изнесува 94 денари. Дизел горивото се намалува за три денари, и според новата цена ќе се продава по 93 денари по литар. Се намалува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион почна со обуката на млади лица за изработка на дизајни и поризводи во 3Д формат со соодветна опрема. Станува збор за активност – Отоврени денови во рамките на проектот ,, Деловен еко-систем како интегриран систем’’ финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција. Ќе бидат реализирани вкупно шест отворени денови при што младите може да се запознаат со воведувањет на ...
За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години независност (Анализа и истражување на јавното мислење)“, од авторите Александар Спасеновски, Васко Наумовски и Јован Андоновски, а во издание на Институт за општествени ...
Политичката партија Левица, искажувајќи став околу негативното гласање на С. Македонија во Собранието на ООН за предлог резолуцијата на Русија за борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот, расизмот…, оценува дека сето тоа се случувало во време кога такви појави се регистрираат (и) во земјава. Но, во набројувањето на таквите појави се наброени работи околу кои Левица ја извртува вистината, како што е и работата на мешовитата ...
На 14.11.2022 во ОВР Валандово било пријавено дека ноќта помеѓу 13/14.11.2022 со употреба на сила и погоден алат било влезено во црквата „Св.Петка“ во с.Марвинци и биле одземени пари од кабината за продажба на свеќи. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината ...
Карате клубот „Шихан“ од Струмица постигна одличен успех на 21. ИТКФ Светски традиционален карате шампионат кој со одржа во Кале во Скопје каде паралелно се одржа и првиот ИТКФ Светски куп „Хидетака Нишијама“ за деца-каратисти. Каратистите од „Шихан“ Струмица освоија вкупно 10 медали . Со злато се закитија Тиме Крстев, Филип Пасков во две категории, Бране Клепов кој паралелно освои и трети место во две категории а Жика Манасов, Елена Биџева со ...
Вкипно 910 велосипедисти од различни возрасти земаа учество на третото издание на ,,Гевгелија на точак,, организиран од Здружението на граѓани „Чејнџмејкерс“ но и новоформираното здружение „Гевгелија Точак Клуб”. Целта е да се подигне јавната свест за поголема употреба на велосипедите како превозно средство кои значително придонесуваат за заштита на животната средина но и за подобро човеково здравје. ,,Гевгелија вчераизгедаше прекрасно, некои ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло ...
Во организација на општина Василево во дворот на Црквата Св Никола во Градашорци, по пауза од две години се одржа традиционалната манифестација ,,Ден на празот” бидејки населеното место Градашорци се смета за најголем производител на праз. Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов кажа дека ова манифестација има за цел да го промовира производството на праз но и да се овозможат услови и за негово поголеми приноси но и отворање на откупни ...
20 годишната струмичанка Славица Ангелова го осови жирито на балканското музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд” откако имаше одлична интерпретацијата на песните „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска и „Хајде мала доџи“ од Парни Валјак. Таа ги доби сите можни гласови од жирито во првиот круг а за ментор го избра Џоле. „Се двоумам меѓу Џоле и Марија. Тешко е многу, многу ми е тешко… Го избирам Џоле“ – кажа Славица, а Џоле не го криеше своето задоволство ...
Македонската кошаркарска репрезентација славеше против Данска во Гевгелија во рамките на претквалификациите за пласман на ЕП. Победата ја остварија во продолжението од мечот откако избраниците на Јончевски успеаа од контуинирана негатива да дојдат до израмнување 64:64. Во продолжението Македонија бодрена од исполнетата сала во Гевгелија успеа да дојде до победа . Ти Џеј Шортс беше кошаркарот клучен за победа. На своето конто забележа 33 поени за ...
Во недела, на 13.11.2022 година, во организација на општина Василево, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, со почеток во 11,00 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на празот. Присутните ќе имаат единствена можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер. Според Програмата, свое обраќање на Манифестацијата ќе има градоначалникот на општина Василево Славе Андонов а во културно ...
Утрово во 04.00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. ,,Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија. Увид на местото ...
Пред Домот на култура во Босилово е поставена скулптурата ,,Атлас” на ликовниот уметник Никола Пијанманов. Изработката на скулптурата е дел од активностите на ,,Босилово Културно Лето 2022″. Делото е изработено од железо, поточно од рециклиран материјал, железо од отпад. Скулптурата ,,Атлас” го прикажува митолошкиот титан кој е казнет да ја носи на своите раце планетата Земја. ,,Авторот ја опишува како драматична претстава на титанска борба, ...