
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



,,Општина Босилово на сите граѓани им ја честита новата година со желби за многу здравје, среќа и успех. Секој дом, секоја куќа во 2023 година нека биде исполнет со многу љубов, хармонија и убавини,, напиша градоначалникот на Босилово Ристо Манчев во својата новогодишна честитка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што ...
Во струмичката болница деновиве пристигнаа три апарати кои се доста значајни за навремена дијагностика кај пациентите од регионот. Како што објави ЈЗУ Општа Болница Струмица на својот ФБ профил станува збор за нов ехо апарат за кабинетот за ехо на дојка, нов дигиталем мамограф но и нов дигитален РТГ апарат. Станува збор за апарати кои се добиени од министерството за здравство соопштија од болницата на својата ФБ страна. Овие апарати се очекува ...
За првпат во Дојран, во организација на општината се организираше Новогодишен базар на кој се продаваа рачно изработени украси а настапија и дечињата од ООУ ,,Кочо Рацин,, и детската градинка ,, Кокиче” од ова општина се со цел, со песна и радост да се испрати тековната и да се дочека Новата 2023 година. Паралелно во Дојран со украсено противпожарно возило во новогодишен декор стаса и Дедо мраз кој подели пакетчиња на дечињата. Крадењето ...
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со поддршка на општествено одговорни компании од регионот спроведе акцијата под слоганот „ПОДАРИ НАСМЕВКА“ во детските градинки од руралните средини и во дневните центри за лица со попреченост во Југоисточниот плански регион. Како што објавија од Центарот поделени се над 800 подароци за што изразија благодарност до компаниите Портланд-опц, Жикол, Џови Компани, Риверсофт, Бони Интерградба, Дикор ...
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму посочуваат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла ...
На 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства. Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од Струмица. При претрес во дом и други простории, ...
Откако викендов беше демонтирана поставената елка во центарот на Радовиш од фирмата која сакала да го добие ,,новогодишното украсување на овој град” за 7 000 евра, деновиве е поставена нова. Меѓу објавените фотографии од манифестацијата ,,Светол град”, општина Радовиш на својата ФБ страна постави и фото од новопоставената Новогодишна елка од центарот на градот Градоначалникот на Радовиш Ацо Ристов на почетокот на ова недела најави дека ќе биде ...
СОУ Јосиф Јосифовски доби грант во вредност од 507 илјади евра за инвоативен тренинг центар ХУБ каде средоношколците од ова училиште ќе го усовршуваат стручното образование а со новата опрема и програма ќе стекнуваат дополнителни вештини според потребите на бизнис заедницата. Гевгелиското средно училиште е едно од 4 те средни училиште и два факултета на национално ниво што успеа да добијат грант од вкупно 123 апликации од 6 држави од Западен ...
Идната година општина Струмица планира да потроши 27 милиони евра или 1.642.012.000 денари. Вака е проектиран Буџетот на општина Струмица за 2023 години кој во споредба на годинашниов ребалнасиран е за 10 одсто поголем. Основниот Буџет на Струмица е позициониран на околу 13 милиони, блок дотациите од државата на околу 11,8 милионни евра додека останатиот дел ќе се прибираат од самофиинансирачки активности околу 900 илјади евра а нешто поалку ќе ...
По потпишаните меморандуми за соработка меѓу Независниот синдикат на полицијата и општините Василево Босилово и Ново село, деновиве преставици од синдикатот беа во посета на овие локални самоуправи каде на предлог на старешини од Полициската станица од Струмица членови на овој синдикат, беа прогласени и доделени плакети на најдобрите полициски службеници од Независниот синдикат на полицијата за овие општини. Во општина Василево, градоначалникот ...
Вчера во 20:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионален пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, С.Ц.(21) од село Габрово, управувајки патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, изгубила контрола и со возилото удрила во банкина, соопштија денеска од МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ц., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициска станица ...
На 28.12.2022 во 21.05 часот во Полициската станица Радовиш, А.А.(36) од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека околу 18.45 часот во Радовиш неговиот малолетен син бил физички нападнат од С.М. и Р.М., двајцата од село Коџалија, радовишко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 28.12.2022 година во 21.25 часот во Полициската канцеларија Богданци, Љ.В.(42) од Богданци пријавила дека околу 21.00 часот во Богданци била физички ...
Согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија од 30 октомври годинава, за преземање мерки во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, сите основни и средни училишта од општина Струмица поднесоа документи во предвидениот рок и склучија договори за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба ДООЕЛ, по цена од 95 евра за мегаватчас. Според градоначалникот Костадин Костадинов, оваа цена е ...
Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната нето плата од 13,6 проценти за октомври 2022 година во однос на истиот период минатата година. Исплатената просечна нето плата е 33.104 денари. Најголем раст бележат платите во секторот уметност, забава и рекреација, со 19.6 % поголеми плати, објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 19.3 % и преработувачката индустрија 17.6 % зголемување. Очекувано, и ...
Министерството за труд и социјална политика известува дека од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец декември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2022 година (вторник); За ...
(Комерцијална ПР објава) И оваа година, Г-дин. Николас Треанд, Претседател и Извршен Директор на Бордот на Еуромакс Ресоурцес, даде свое видување за перспективите на Проектот Иловица-Штука и спремноста на Еуромакс Ресоурцес и Трафигура Групацијата, најголемиот долгогодишен акционер, да се продолжи посветено се до негово целосно реализирање. Во интервјуто дадено за годишното издание на „The Economist“, Г-дин. Николас Треанд повторно го истакнува ...
Центарот за истражување и анализи Новус од Струмица ја промовираше едукативната брошура за Медиумска Писменост и Градење Критичка мисла за Репортери без граници. Станува збор за брошура во која на едноставен начин се презентира зошто е важна медиумската писменост и како да ги разберете медиумите и новинарските стандарди. Брошурата е дел од проектот „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ е поддржан во рамките на Програмата за поддршка ...
Центарот за истражување и аналици Новус од Струмица ги презентираше резултатите од проектот “Граѓанско сојузништво за репортери без граници” поддржан во рамките на Програмата за поддршка Safe Journalists safejournalists.net, финансиран од страна на Европската унија. Постигнати резултати преку проектот се: Зголемена свест на младите во Струмичкиот микро регион; Мапирања, Истражувања и Анализи на јавното мислење за слободата на репортирање; ...
Започна програмата од Новогодишниот фестивал „Светол град“ кој се одржува од 26 до 29 Декември 2022 година во Центарот за култура „Ацо Караманов“. ,,Радовишани имаа можност да ја проследат богатата програма приредена од страна на учениците и нивните ментори, исто така можеа да ги погледнат и си купат од изработените новогодишни творби кои се специјално направени за овој новогодишен фестивал,, објави градоначалникот Ацо Ристов Крадењето ...
Струмица е пример за целата држава за тоа како се воспоставува силна соработка помеѓу Општината со сите училишта. Учениците и професорите од дрвно-преработувачката струка на СОУ „Никола Карев“ со финансиска поддршка од општина Струмица, произведоа и испорачаа 927 шкафчиња во ООУ „Никола Вапцаров“ со што секое дете од ова и училиштето во Градско Балдовци доби шкафче за своите потреби Градоначалникот Костадин Костадинов со претседателот на Советот ...
Утрово на улицата Младинска во Струмица избувнал пожар во просторија со котел за парно греење од семејна куќа заради што интервенирала екипа од ТППЕ Струмица која успеала навреме да го локализира и да не дозволи пожарот да се прошири. Пожарот кај струмичката противпожарна еднициа бил пријавен во 05:45 часот од каде со едно возило и пет пожарникари веднаш излегле на терен. ,,Утрово на ул.Крушевска Република, ТППЕ Струмица со 1 ПП возило и 5 ...
На 26.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, В.М.(50) од Радовиш, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во пешак М.П.(71) од Радовиш, соопшти СВР Струмица Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш. ...
Првиот човек на општина Гевгелија Андон Сарамандов објави дека на градскиот плоштад на 21 декември ќе има организиран дочек на Новата 2023 година а за забавата ќе се погрижат локални изведувачи. Според Сарамандов традицијата треба да се негува и гевгеличани заеднички да ја испратат старата и да ја дочекат Новата година како сите урбани места каде се негува богата музичка и културна програма. ,,Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се намалува за исто толку, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто. Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 79,5, а еуродизел (Д-Е V) за 80 денари за литар. ...
Младиот средношколец од Струмица Ангел Спасов кој учи во СОУ ,,Димитар Влахов” деновиве на социјалните мрежи го промовираше својот нов сингл со видео запис насловен како ,,Сам продолжувам”. Станува збор за негова втора песна која ја има изработено со истиот тим потпишана од Роберт Билбилов во соработка со Тања Соколовска. Впрочем станува збор за екипата со кој Спасов дебитираше на музичката сцена со „Ме изгуби ти“. Видео запсиот за нумерата ...
Елката во Радовиш не е украдена, напротив фирмата што ја постави си ја демонтираа оти немаше договор со општината и ме уценуваа за вредноста. Вака соопшти градоначалникот Ацо Ристов откако вчера го снема новогодишниот декор во градот а со тоа и Новогодишната елка. Првиот човек на Радовиш не сакаше да ја именува фирмата која го уценувала за вредноста на договорот и на своја рака си го украсувала градот во ,,пет до дванаесет”. Неофицијално ...
Канцеларијата на Светска Банка во Скопје преку договорениот орган Министерство за траснпорт и врски го распиша тендерот за реконструкција на локалниот пат од крстосница со пат кон брана Турија до центарот на Добрашинци во општина Василево. Станува збор за делница од 1320 метри чија ширината ќе биде околу 6 метри, односно се планира да бидат асфалтирани 7554 м2 . Станува збор за Тендер 4 – Градежни работи за подобрување на инфраструктурата на ...
Светското Првенство во Еспорт кое се одржа во Бали, Индонезија забележа огромен успех, поставувајќи нови рекорди по број на држави учеснички, одиграни натпревари и награден фонд од 500.000 американски долари.Далечното патување, топлата клима како и невообичаените услови во кои самото првенство беше одржано, не ги спречи Македонските репрезентативци да ја оправдаат улогата на фаворити. Нашата македонска CS:GO репрезентација стана двократен ...
После Нова година се очекува испораката на пластични контејнери за селекција на отпадот во Гевгелија откако општината неодамна потпиша договор за Поставување урбана опрема – контејнери и канти за рециклирање на отпад во градот со скопската фирма ,,Дема Ин”. Станува збор за договор со кој во градот Гевгелија треба да бидат доставени 56 пластични контејнери со рамен капак и четри тркала со зафатнина од 1 100 литри но и 2 086 канти за домакинства ...
Во текот на вчерашниот ден во Јаргулица и Радовиш настанал пожар во патнички возила заради што морала да интервенира Територијалната противпожарна единица од Радовиш. Во Јаруглица настанал пожар во патничко возило ,,пежо 206” на лице од Владевци додека во Радовиш настанал пожар на патничко возило „бмв 525“ кое пак зафатило уште едно марка опел астра, соопшти полицијата На 24.12.2022 во 07.16 часот во с.Јаргулица, радовишко, во двор од куќа ...