
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Амбасадорот на Република Турција – Хасан Мехмет Секизќок, денес ја посети општина Василево , каде имаше средба со градоначалникот Славе Андонов. На средбата се разговарало за повеќе важни теми и области за продлабочување на соработката на општина Василево со други општини од Турција. Како што објави првиот човек Андонов посебен акцент бил ставен на економската соработка бидејки имало сериозна заинтересираност турски компании да инвестираат во ...
На 09.01.2023 во 11.45 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(19) од Штип. Тој се сомничи дека во текот на 2022 година извршил повеќе кривични дела тешки кражби и кражби на подрачје на Радовиш. Истиот ден во 13.50 часот во Радовиш, полициски службеници го лишиле од слобода и Ч.Ш.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека му помагал на М.Ј. во вршење на ...
На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни дури 51.235 денари или околу 830 евра за задоволување на минималната синдикална кошничка. Гледано низ пресметките на ССМ животот на граѓаните од месец во месец станува се поскап. Ако во јануари минатата година едно семејство за да преживее му требало 35. 811 денари таа сума за животни трошоци во декември стигнала над 51 илјада денари, односно животот станал поскап за плус ...
Денеска (09.01.2022) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија. За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”. Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на ...
До летото во Радовиш на крововите на спортската сала ,,25 ти Мај’’ и ООУ ,,Крсте Петков Мисирков’’ ќе се монтираат фотонапонски централи со капацитет од 430 киловати инсталирана моќност од кој бенефит ќе имат и општините Конче и Василево. Проектот ќе го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион откако од Швајцарската амбасада но и од министерството за локална самоуправа доби околу 370 илјади евра. Како што соопштија од ...
Благица Калева е едно од најдобите фолк грла кај земјава, жена која покрај се‘ што преживеа, не се предаде ниту секунда и продолжи да чекори храбро во животот, но најмногу заради како што многупати изјавила ќерка ѝ Марија – нејзината сила, пишува порталот Женски Магазин. За Калева најголема радост последните две ипол години е нејзината внука Софија која како што вели пејачката, е нејзиниот нов живот. Годината којашто замина за Калева донела ...
Денеска (08.01.2023) во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу с.Богородица и с.Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од с.Стојаково, излетало надвор од коловозот, соопшти МВР Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. ...
Денеска (08.01.2023) околу 01.15 часот, на место викано “Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор “Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци. При контрола на патничко возило “мазда 6”, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан. ...
Православните христијани го слават Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос. Во сите храмови на Македонската православна црква-Охридска архиепископија изутринава се одржуваат божикни литургии. Божиќ спаѓа меѓу најголемите христијански празници, зашто на тој ден се празнува раѓањето на Спасителот Исус Христос. Колку овој ден е важен за човештвото се гледа и по тоа што тој е земен за клучен датум, односно камен-темелник, за пресметување на ...
Околу 80 тина деца беа дел од Бадниковата поворка во Струмица но и Бадникарскиот концерт на плоштадот во Струмица со што ја најавија големата христијанска радост и вест – Рождеството Христово. Поворката и концертот беа во организација на Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот „Св. Кирил и Методиј“. Дечињата беа дел од бадникарската литија во црквата Св Кирил и Методиј и се упатија во општинската зграда ...
Во Битола и Струмица престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање за загаденоста на воздухот бидејќи среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. ,,Согласно податоците од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 5.01.2023 година, среднодневните концентрации на ...
Младите пандевци го освои второто место на турнирот во Дубаи, откако славеа над тимот на ИМТ од Белград Србија. Со ова втора победа на турнирот организиран од клубот Ал Аин, генерацијата на фудбалери родени 2007 на струмичкиот прволигаш Академија Пандев го освоија среброто но и симпатиите на домаќинот. Академија Пандев одиграла одлично во сите сегменти. Борбен и отворен натпревар против ИМТ Белград кој го крунисале со победа од 3:2. Андреј ...
До недела ќе се задржи стабилно време, по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот во повеќето котлини условите за магла да се намалат, најавуваат од УХМР. Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени ...
На 04.01.2023 во 13.00 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.М.(20) од Село Баница, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени на подрачјето на СВР Струмица. Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по ...
Ако цело време додека траат заканите за бомби ВМРО-ДПМНЕ комуницира со јавноста дека за тоа е виновна неспособноста на власта и некапацитетноста на МВР, а во исто време бараат подетални информации кои кога имаат шанса да ги добијат ја бојкотираат седницата, само затоа што биле класифицирани како државна тајна, тогаш оваа недоследност, претставена како протест поради ускратена јавност, може да се оцени како спин Пишува: Теофил Блажевски ...
Војната во Украина, покрај тоа што произведе големи страдања, воени и цивилни жртви, стотици милијарди долари унитшена инфраструктура, таа произведува и редовен наплив на дезинформации. Значителен дел од нив пристигнуваат и во С. Македонија со цел да ги замаглат фактите и да му помогнат на Кремљ во борбата за јавното мислење во земјава, пред сѐ, за да ја оправда со ништо предизвканата агресија врз својот сосед. Овде ги наведуваме најеклатантните ...
Наспроти тврдењата во постот анкетата на ИРИ покажа силна поддршка за членството во ЕУ, и покрај падот од 11 процентни поени од ноември 2021. Седумдесет и три проценти од Македонците сакаат да се приклучат кон Европската Унија, додека дваесет и четири проценти преферираат да не се приклучат. На прашањето: Дали го поддржувате членството на Северна Македонија во НАТО? седумдесет и два проценти од испитаниците одговориле „да“, 24 одговориле „не ...
Центарот за истражување и анализи НОВУС изминатито период работеше на проектот “United in Diversity – Обединети во различностите” кој има за цел унапредување на интеркултурниот и интеррелигискиот дијалог помеѓу населението во струмичко. Станува збор за проект поддржан од НДИ со кој НОВУС направи истражување за како младите го перципираат интеркултурниот и интеррелигискиот дијалог но и кои се мерки и чекори треба да се превземат за да бидат ...
Екипа од ,,Академија Пандев” генерација 2007 учествува на меѓународен турнир во Дубаи – ОАЕ каде ја забележаа првата победа против врсниците од ,,Херцеговац” од Босна. Натпреварот заврши без голови но во рулетот на пенали со 6:5 славеа младите пандевци кои според информациите биле подоминантни на теренот со повеќе изгледни шанси за гол во регуларниот дел. Во рулетот пенали одличен беше и голманот на Академијата Давид Иловски кој одбрни три ...
Денеска во реонот на село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило со движење. Набргу, на автопатот А1, во правец кон Скопје, на место викано „Мрзенска река“, возилото било пронајдено запрено, а во него се пронајдени 12 лица мигранти, од кои девет од Сирија ...
На Бадник, 6 јануари, Фондацијата „Елеуса“ при Струмичката епархија и Школата за веронаука при храмот „Св. Кирил и Методиј“ и годинава ќе го организираат традиционалниот Бадникарски концерт и Бадниковата поворка. Како што соопштија од Фондацијата „Елеуса“, одбележувањето на Бадник ќе почне со Бадникарска литија од Црквата „Свети Кирил и Методиј“, која ќе се движи до зградата на Општина Струмица, каде младите бадникари ќе бидат пречекани од ...
Поранешниот репрезентативец на Македонија, како и фудбалер со голема интернеционална кариера, од денес влегува во раководните структури на клубот. Струмичанецот беше дел и од тимот на Академија Пандев кој го освои Купот на Македонија за сезона 2018/19. ,,Сакам да се заблагодарам на Горан Пандев за тоа што ме препозна мене како човек кој може да допринесе многу во развојот на една нова модерна фудбалска приказна. Без да должам со детали, кои ...
Дури 99,2 проценти од домаќинствата, според потрошувачката на електрична енергија влегуваат во првата и во втората тарифа, покажуваат податоците што ги презентираше Регулаторната комисија за енергетика. Како што знаеме, од 1 јануари во овие два блока има намалување на цената на струјата. Крајната цена за потрошен коловат-час (со вклучен пренос и дистрибуција) во првиот блок се намали за 4,11 проценти, а во вториот за 2,95 проценти. Но, ...
Агенцијата за млади и спорт го распиша тендерот за изградба на затворен пливачки базент во Струмица. Станува збор за проект со кој се освен во Струмица се планира да биде изградени пливачки базени и во Кавадарци и Карпош во Скопје. Според тендерската документација станува збор за базен со должина од 25 и широчина од 9 метри. Базентот би имал променлива длабочина од 80 сантиметри до метар и 20 сантиметри, стои во техничката спецификацијата Во ...
Од вечерва по полноќ дизелот и нафтата за домаќинствата поскапуваат за 1,5 денари за литар, за толкав износ поскапува и бензинот од 98 октани, додека бензинот од 95 октани поскапува за 2 денари за литар. Зголемување на цената има и кај мазутот за 0,062 денари по килограм. По полноќ максималните малопродажни цени ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95 79,00 (денари/литар) Моторен бензин Еуросупер БС – 98 81,00 (денари/литар) Дизел гориво ...
Првороденото бебе во новата 2023 година во струмичката болница е женско, а на свет го донесе Ани Ристова од село Еднокуќево – Општина Босилово.Детете е родено вчера во 11:30 часот, а на родилката и е второ дете. Мајката и бебето, кое го доби името Дона, ги посети советничката Елена Маѓеровска Паликарова која во име на градоначалникот Костадин Костадинов и Општината и врачи штедна книшка со 40.000 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со ...
Дваесет и деветгодишна жителка на Гевгелија вчера потешко се повредила откако паднала од својот мопед. Според информацијата од СВР Струмица, вчера во 14:10 часот било пријавено во Полициската станица во Гевгелија дека гевгеличанката управувајќи мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки изгубила контрола и со мопедот паднала на коловозот. Заради сериозноста на повредите била пренесена на лекување во струмичката болница, а увид на местото на ...
На 01.01.2023 во 01.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Дојранска“ во Богданци со тешки телесни повреди бил пронајден М.М.(40) од Богданци, кој бил пренесен во Општа болница Гевгелија за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, стои во билтенот на МВР. ,,Во 03.20 часот во Полициската станица Гевгелија, Д.В.(37) од Богданци пријавил дека ...
,,Нека ви е среќна Новата 2023 година драги мои сограѓани и нека ви се благословени претстојните Божиќни празнувања. Бидете ми живи, здрави и свои. Бидете ми истрајни во љубовта, надежта и вербата во поубаво утре,, објави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во Новогодишната честитка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк ...
,,Празниците се едни од најубавите денови во годината кога секој од нас е исполнет со посебна енергија, која преку добрите желби и убавите мисли ја споделува со своите најблиски, со пријателите и оние на кои им посакува убави нешта,, кажа градоначалникот на Василево Славе Андонов во честитката за празниците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање ...