
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



На 03.05.2024 во 18.05 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат А-4, на излез од Радовиш кон Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Л.(27) од Радовиш и патничко возило „опел“ со пробни регистарски таблички, управувано од Ж.Г.(49) од Радовиш. На местото на несреќата починале возачите на двете возила, а смрт констатирал лекар од Здравен дом Радовиш, ...
Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. По тој повод пред споменикот во центарот во Струмица преставници на Општина Струмица, политички партии и организации положија свежо цвеќе а за улогата и животот на Делчев зборуваше градоначалникот на Струмиа Костадин Костадинов кој подвлече дека тој 4 мај 1903 година е настан кој одекна како гром од ведро небо и низ македонските ...
Брера Струмица денеска на стадионот Кукуш во Турново го игра најважниот натпревар во ова полусезона. Домаќини се на Штипска Брегалница против која им е потребна победа за сигурен опстанок во лигата. Но и за Брегалница мечот во Турново е важен, бидејки со позитивен резултат ги подгрева надежите за бараж позиција. ,,Против Брегалница ни е уште еден финален натпревар можеби и најважен натпревар да ја исполниме целта. Длабоко верувам во момците дека ...
Две лица загинаа во сообраќајката што се случи на патот Радовиш – Штип во која учествувале патнички возила опел и пасат. Несреќата се случила на локацијата каде од магистралниот пат возилата се приклучуваат кон Конче и Радовиш или излезот од патот Радовиш-Конче на магистралниот патен правец А-4. На лице место починале возачите на двете возила а едно лице со тешки повреди е префрлено во Штипската болница. Веста ја потврди и Александра Трајановa ...
Македонските одбојкари ја почнаа новата мисија – Европското првенство 2026. Би било четврто во нашата репрезентативна историја и потврда на постојаноста во настапите на континенталната сцена. За разлика од ланското осминафинале во Бари против светскиот првак Италија, националниот состав има променета физиономија, со нов селектор, Хари Наковски, без најискусниот техничар, Филип Деспотовски, со двајца дебитанти, Михајло Мирасчиев и Кристијан ...
Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè понижува и потценува. Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ова го истакна д-р Венко Филипче на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Радовиш од каде повика граѓаните да ја согледаат ситуацијата и на 8 мај да одлучат – дали Македонија треба да остане на стратешкиот колосек и која ...
Голем број граѓани учествуваа во Крстниот пат што секоја година го организираат младите од струмичко Радово во соработка со селската црква ,,Свети пророк Илија“. Станува збор симболизирање на последниот пат на Исус Христос во должина од 748 метри по селските улици во Радово при што на 14 постојки граѓаните застануваат и се молат. Сето тоа се прави на Велики Петок во очи на Велигден а традицијата потекнува од 2008 година кога група на малди ...
Струмичките каратисти од клубот Шихан од Струмица деновиве учествува на Интернационалниот карате турнир „Власотинце опен“ во Струмица каде се закитија со вкупно 33 медали. НА турнивот учествуваа над 500 натпреварувачи во повеќе категории а струмичкиот клуб беше еден од најуспешните на турнирот ,,Им благодариме на родителите на нашите каратисти за нивната сесрдна поддршка, и дружба како и на сите други наши поддржувачи кои го следат нашиот ...
Традицијата во Стојаково општина Богданци продолжува. Се одржаа традиционалните првомајски трки каде сите имаа натпреварувачки дух и со забава и хумор го одбележаа празникот на трудот. Станува збор за трки кои датираат од 1951 година кои ги организира Советот на месната заедница од Стојаково а кои привлекуваат и голем број посетители од околните градови Учесниците се натпреваруваа во неколку дисциплини, трка со коњи, магариња, трка на сто метри ...
Заради продолжениот викенд , голем број граѓани од земава но и патници што транзитираат низ земјава денеска се упатија кон Грција .Камерите поставени на граничните премини за излез од државата денеска регистрираат зголемен број на возила кон соседна Грција. На граничниот премин „Богородица“, кај Гевгелија може да се забележат пет колони возила кои чекаат за влез во Грција. Чекањето да се премине границата трае и по повеќе од еден час. На ...
На 29.04.2024 во 18.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ѓ.Д.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека истиот ден извршил кражба во магацин во село Дабиле, струмичко, при што одзел повеќе предмети. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото и кај него биле пронајдени украдените предмети, кои се вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно ...
Д-р Венко Филипче вечерва од Неготино од каде продолжува караванот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ги повика граѓаните да им се спротивстават на оние кои сакаат партијата СДСМ да ја видат поделена. Тој, како носител на листа во Изборна единица 4, пред граѓаните рече дека гласовите дадени за кандидатите на другите политички партии можат да бидат вратени. „Многу од гласовите што беа дадени за други претседателски кандидати, можат да ...
Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни за развојот на едно здраво и демократско општество. Ова го истакна носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на трибина со млади во Струмица. „Едно општество е живо колку што е мотивирана неговата младина. Кога кај младите се јавува апатија, кога кај нив паѓа ентузијазмот и ...
Голманот на Брера Струмица Марко Алчевски со вчерашните одлични интервенции во дуелот со Вардар од Скопје во рамките на 29 првенствено коло уште еднаш ги покажа своите одлични голмански перформанси. Тој беше еден од главните виновници за победата на струмичани. Како што истакна за клупскиот сајт ова сезона е една од најдобрите во неговата кариера ,, Фудбалот е тимска игра секој има своја улога на теренот. Улогата на голманот е да го одбрани ...
Поранешниот македонски репрезентативец Хари Наковски од Струмица е поставен за нов селектор на македонските одбојкари во пресрет на Европската златна лига и квалификациите за Европското првенство во 2026-та. ОФМ реши Наковски да ја преземе улогата на Јошко Миленкоски, кој лани ја предводеше Македонија до најголемиот репрезентативен успех Македонските одбојкари ќе се соберат на 2-ри мај, ќе тренираат во Струмица до 8-ми кога ќе отпатуваат на ...
„И големите и малите партии, вклучително и ромските партии со нив, се плашат од Аваја, затоа што Аваја доаѓа да стави крај на лошата политика во Македонија“, порача Акиф Кариман, претседател на Аваја на средба со жителите на Кавадарци. Според него, нивните гласачи во првиот круг на претседателски избори излегле во мал број и не ја дале „својата поддршка на политичари кои што сигурно ќе се пензионираат после овие избори и не подржуваат политичари ...
На 27.04.2024 во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа. Следниот ден бил извршен увид на местото и било констатирано дека се работи за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна. Граната била безбедно подигната од местото. На 28.04.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на стар локален пат од ...
Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии заврши овогодинешното 12-то издание на RoboMac. На натпреварот учествуваа студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, Машинскиот факултет и Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, распределени во 22 тимови. Студентите Ана Софрониевска и Емилија Чешмеџиевска победија во категоријата Robotic ...
Ромската заедница во Македонија најмногу ја болат дискриминацијата, отсуството на соодветна инфраструктура во ромските маала, отсуството на инвестиции во образованието и во вработувањето, порача носителот на Изборна единица 3, Идриз Зејнелов на вчерашната средба со жителите на Штип. „Т ука сум да го претставам интересот на ромскиот народ, на народот кој што ја споделува истата идеја како и ние. Без Вас нема да може да го направиме тоа, но со ...
Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики. „Многу луѓе велат дека ...
На 26.04.202 во 21.50 часот во Радовиш полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода А.Т.(22) и Н.Д.(31), и двајцата од Радовиш. При преглед кај нив, кај А.Т. биле пронајдени две пакувања со марихуана. Во просториите на полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со двете лица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По целосно документирање на ...
Младинскиот состав на ОК Струмица се закити со Шампионска титула откако на завршниот турнир во Велес во полуфиналето беше подобар од Работнички од Скопје а во финалето славеа против ГОК Борец со 3:0 во сетови (25:17, 25:19,25:20) Со оваа струмичкиот прволигаш ја продолжи низата на титули имајки во предвид дека прво се радуваа пионерите, па сениорите а сега и младинците. Станува збор за нова златна генерација која беше неприкосновена ова сезона. ...
Фудбалерите на Брера Струмица генерација 2008 или категоријата помлади пионери на три кола пред крајот на првенството во ова конкуренција, ја освоија Шампионската титула. До неа стасаа откако денеска на свој терен славеа победа над помладите пионери на Вардар од Скопје со 1:0 и ја потврдија својата доминација во ова натпреварување. Станува збор за генерација која ја води тренерот Тони Атанасов. Тие во сите 19 првенствени меча во својата ...
Екипата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е Државен првак на Македонија во футсал за основни училишта откако на завршниот турнир во Струмица во големото финале славеше против екипата на ООУ „Димитар Влахов“ од Штип со 5:1. На завршницата на Државното првенство кое беше во организација на федерацијата на училишен спорт учествува и екипите на Св. Климент Охридски од Македонски Брод и Ѓоргија Пулевски од Скопје. Основците на училиштетот Св. ...
Сега не е момент за откажување, јас никогаш не сум се откажал, а нема да се откаже ниту СДСМ. Ова го вели носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче на својот Фејсбук статус на кој информира дека денеска ги продолжува своите активности на терен и средбите со граѓаните. „Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, не сум се откажал. Ме ...
Попладнево на улицата „Јанко Цветинов“ во Струмица кај АМД Стрела се судрија патничко возило ,,мини купер“ и работна машина за сечење дрва. Во сообраќајката нема повредени само е направена матријална штета кај патничкото возило . Полицијата излезе на терен за да ги утврди причините и како настанал сударот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање ...
Сега не е момент за откажување, јас никогаш не сум се откажал, а нема да се откаже ниту СДСМ. Уште од денес продолжуваме заедно со кандидатите на СДСМ со активностите и средбите со граѓаните. Ова го вели носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче во изјава за медиумите. Филипче ги повика граѓаните да се придружат за победа на 8 мај. „Да го искористиме овој момент да се обединиме, да ...
На 26.04.2024 околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни ...
Одбојкарите на Струмица стасаа до 11 Шампионски пехар откако во четвртата средба со Штип УГД славеа со 3:1 во сетови и стасаа до третата победа во финалната серија од годинашниов шампионат. Ова е единаесетта титула за струмичани со што ја продолжија доминацијата во мак одбојката иако во куп финалето претрпеа пораз до штипскиот состав Струмични и во последниот меч покажаа доминациа на теренот. Првиот сет го добија со 25:15, вториот со 25:21 и ...
Четириесет и деветгодишен маж е тешко повреден откако со „голф“ излетал од патот Радовиш-Штип. „Вчера во 18.14 часот во СВР Штип било пријавено дена на регионалниот пат Радовиш-Штип патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, управувано од З.Д.(49) од с.Калуѓерица, радовишко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР. ...