Поголема количина дрога скриена во камион со македонски регистарски таблички синоќа откриле екипи на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“. Неофицијално, дрогата била скриена во камион што бил товарен со рециклирана отпадна хартија. Камионот, според првичните информации, влегол во земјава од Косово и требало да оди за Грција, а од таму да продолжи до ...

Кристијан Марковски од Гевгелија директно се пласираше во следната фаза од музичкото телевизиско натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Тој викеднов во вториот круг, повторно ги освои симпатиите на жирито и со вкупно шест гласа директно се најде во потесниот круг на натпреварувачи, кои ќе се обидат да победат. 29 годишниот Марковски кој е во тимот на Ѓорѓе Давид се престави со „Gypsy song“ од Влатко Стефановски и „Пиши пропало“ од Саша Ковачевиќ. ...

Здружението за естетска медицина (ЗЕМ), Македонската асоцијација на пластични, реконструктивни и естетски хирурзи МАПРЕКС и Здружението на дерматовенеролози на Македонија апелираат дека во земјава има несоодветна примена на член 33 и 35 од Законот за јавно здравје и секој става филери и ботокси. Од таа причина тие поднеле барања да се сретнат со министерот за здравство Арбен Таравари и со претседателoт на Комисијата за здравство во Собранието ...

Кошаркарите на Струмица ја забележаа и третата победа во второлигашкото првенство и ги зголемуваат шансите за опстанок во второто по квалитет кошаркарско натпреварување во Македонија. Во рамките на 14 тото коло од Втората лига, кошаркарите на Струмица ФМП славеа против Охрид со 93:86 (25:22 21:14 22:20 25:30 ) – втора во вториот дел од првенството. Избраниците на Златко Зетов и Ики Христов во текот на целиот натпревар ја имаа доминацијата на ...

Со цел унапредување на состојбите со справувањето со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут, а согласно со обврските што произлегуваат со Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата на РСМ со заклучок на 33-та седница, граѓаните на општина Струмица во периодот од 15-ти до 20-ти во месецот, во наредните три месеци (февруари, март и април), својот кабест отпад и градежен шут да го пријавуваат ...

Трговците да имат јасни правилници за откуп за годинашнава сезона. Однапред да бидат дефинирани правилата за игра – цените, количините, начин на исплата. Вака побараа раноградинарите на денешната средба во Струмица за поефикасен откуп и пласман на зеленчукот од овој регион ,, Да се дефинира еден правилник кој ќе биде во интерес и на нас земјоделците и на трговците и на преработувачите. Сите заедно да одиме во ист правец“, кажа Драги Памуков ...

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го продолжиме експресниот пат од Кочани преку Виница до границата со Бугарија, а исто така од Гевгелија преку Струмица да се поврземе со експресен пат со границата со Бугарија кај Ново Село, најави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски . “Веќе работиме на проектирање од Куманово до Страцин со цел да го поврземе автопатот ...

Општина Босилово ги информира граѓаните дека водата од водоснабдителниот систем „Иловица“ е исправна за пиење бидејки последните неколку испитувања на количините на манган и други микробиолошки анализи покажуваат задоволителни резултати. Ова значи дека водата одговара на вредностите и стандардите за квалитет во согласност со правилникот за вода за пиење ,,Се укинува забраната и водата може да се корисит за пиење“ наведуваат во соопштението од ...

Општините Гевгелија и Богданци во наредниот период ќе имплементираат проект од Програмата за прекугранична соработка со соседна Бугарија каде водечки партнер е Општина Разлог. Станува збор за проектот “Балкански алтернативни рути за мобилност за одржлив туризам за сите сезони” во кој освен општините се вклучени и пет граѓански организации меѓу кои и Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии од Гевгелија. Целиот проект ...

Десетина ќеси со отпад се собраа во акцијата за чистење и уредување на Колешинскиот водопад што ја реализираше граѓанското движење “Ја штитам Беласица“. Членовите на оваа движење ги исчистија сите отпадоци по патеката, го собраа и отпадот од корпите а ги отстранија и паднатите гранки и дрва како од локалитетот така и од коритото на водата што тече. Како што информираа од ова граѓанско движење, со ова акција упатуваат апел за поголема ...

Општина Босилово ќе набави ново комунално возило за собирање и транспрот на комуналниот отпад. Со истото ќе стопанисува ЈПКД Огражден. Токму овој проект доби најмногу гласови на Форумот на заедницата што се спроведе во Босилово од Програмата за зајкнување на општинските совети Фаза 2 финансиран од Швајарсакта амбасада и Министерството за локална имплементиран од УНДП Возилото се проценува дека ќе чини околу 90 илјади долари . Се очекува 60 да се ...

На 08.02.2025 во 08.45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Џ.Д.(36) од Радовиш. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во продажен објект во Радовиш. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш и од него биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по негово ...

Ирена Малчева средношколка од ДСУ ,,Никола Карев“ Струмица под менторство на професорот Ице Беличев победи на првиот натпревар во уметничко рецитирање ,,Елка Терзиева“ што се одржа во Младинскиот центар во Струмица. Вкупно 20 ученици од трите средни училишта учествуваа на натпреварот и рецитираа песни од повеќе писатели за да се упати порака за користење на литературниот македонски јазик. Жирито во состав Сузна Мицева, Софија Крстева, Фросина ...

Жозе Франциско Квнитеро е новото име во редовите нa македонскиот одбојкарски шамппион. Тоа е второто засилување за струмичани откако пред десетина дена го ангажираа и Најџел Нилсен од Канада Жозе франциско Квинтеро е од Венецуела и како што наведуваат од ОК Струмица тој е доминантен коректор, висок 202 сантиметри и се очекува да внесе моќ и искуство во составот на Струмица. Одличниот одбојкар пред да пристигне во Струмица играл за клубови во ...

Во конкуренција на десетина градови, Гевгелија доби зелено светло од Министерството за култура и го доби статусот ,,Град на културата за 2025“. Како што кажа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во Гевгелија годинава ќе бидат одржани вкупно 142 културни настани од сите области а министерството ќе партиципира со три милиони денари во нивната реализацијата. ,, Вкупно 142 културни настани ќе се реализираат во Гевгелија ова година. Освен ...

СВР Струмица информираше дека вчера попладне околу 15:30 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица, товарно возило – влекач „Ман“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.С.(56) од Богданци, удрило во пешакот Д.Т.(46) од село Ангелци, струмичко. ,,Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во струмичката болница за укажување на лекарска помош, каде подоцна починал. За настанот бил известен јавен обвинител од ...

По вчерашните две, уште една фирма од Струмица доби казна од 9 илјади евра бидејки го прекршила Законот за управување со отпад а управителот на фирмата со казна од 500 евра. Вака соопшти градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на ФБ кој апелираше дека мора да се стави ред со сите оние кои ја загадуваат животната средина. Како што стои во постот денеска биле извршени три вонредни инспекциски надзори и тоа кај фабрика за мебел, фабирка за ...

Стефанија Јованова ученичка од четврта година при ДСУ РСЦОО ,,Никола Карев“ од Струмица но и деветоодделенката Зорица Чапанова при ООУ ,,Видое Подгорец“од Струмица победија на Конкурсот за најдобра скица за матурски фустан организиран од брендот ЕЛЕНА ЛУКА. Станува збор за конкурс кој имаше за цел да ја потикне креативноста кај матурантите и полуматурантите од Струмица и регионот за моден дизајн и изработка на скици со креации за свечени ...

Фудбалерот Љупче Дориев стана татко а веста ја дочека на пат од Дубаи кон Анталија Турција каде со својот узбекистанскиот тим Согдијана се наоѓаат на подготовки за пролетниот дел од сезоната. Неговата сопруга Сара на свет ја донесе малата Ева за која Љупче вели дека е мала принцеза и дека животот му го промени. ,, Незнам како да го опишам чуството, мислам дека сеуште сум во позитивен шок. Дојдов на два дена да ја видам и се враќам за Анталија. ...

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на ФБ објави дека две фирми и нивните управители ќе заработат прекршочни платни налози бидејки општинскиот инспектор за животна средина констатирал неправилности и не билa почитувана законската регулатива. Како што е напишано, двете фирми ќе одговараат согласно член 37 став 4 од Законот за управување со отпад при што правното лице ќе биде казнето со 9 000 евра додека управителот со 500 евра. ,,Кај ...

Одбојкарскиот шампион Струмица 47&72 со победа ја стартуваше и втората фаза од првенството каде се наоѓаат најдобрите шест екипи по есенскиот дел или првата фаза. Со 3:0 во сетови одбојкарите на Струмица го надиграа Рабонички кој пружи силен отпор за што зборува и резултатот по сетови (26:24, 25:23, 25:16). ,,Доминираме од самиот старт! Со убедлива победа од 3:0 ја започнавме оваа полусезона! Честитки до сите играчи за одличната игра, ...

На 03.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода А.П.(21) од Радовиш и Р.Т.(29) од село Раклиш, радовишко. „При претрес во домот на А.П., извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Додека Р.Т. бил затекнат заедно со А.П. во нејзиниот дом и при преглед кај него, исто така, била пронајдена марихуана“, соопшти полицијата За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното ...

Министерството за култура ги објави резултатите за финансирање на проекти од национален интерес од културата за ова 2025 година. Дрнка МК направи увид во програмата „манифестации и фестивали“ од националенаинтерес во културата за ова година при што констатиравме дека, Министерството за култура пари додели на вкупно осум настани во Југоистокот кои треба да се реализираат оваа година. Најмногу пари се одобрени за ФКТ “Ристо Шишков“ за реализација ...

Во наредните две години Општина Василево заедно со Општина Кресна од Бугарија ќе го имплементираат проектот “Интеграција на креативен, дигитален, зелен и еко туризам за одржлив развој на територии и заедници во Кресна, Струмјани и Василево”. Освен овие две општини во проектот ќе бидат вклучени и здружението ,,Во фокус“ Струмјани, Лозарско-винското здружение ,,Керацуда“ од Кресна, фирмата Саси-Трејд од Струмица и здружението ,,Туристичка ...

Две награди доби филмот „Диџеј Ахмет“, на режисерот Георги Унковски, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јут САД во кој главните улоги ги толкуваат Ариф Јакуп од Радовиш и Дора Акан Златанова од Колешино но и Наим Агушев и Аксел Мехмед. Филмот ја доби наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. Станува збор за филм на турски и македонски јазик снимен во радовишките села Коџалија и Али ...

Струмичани со протестен марш го изразија својот револт што институциите не го решаваат проблемот со загадениот воздух. Со години Струмица е меѓу најзагадените градови во земјава. Досега никој не е казнет, а граѓаните се трујат. „Време е конечно да се преземе нешто. Не можеме да се труеме, а институциите да дремат. Не може Струмица да биде на врвот на најзагадените градови во земјава, а никој да не биде казнет. Мора да има казни за загадувачите, ...

Филип Михаилов и Зоран Ивановски ја засилуваат Брера за пролетниот дел од првенството и како што наведуваат од клубот тие ќе бидат на располагање на стручниот штаб за предизвиците што ги носи останатиот дел од сезоната. 26 годишниот Михаилов е играч за врска во средината и нападот. Тој во својата кариера освен за нашиот клуб има играно и за Беласица, Хоризонт Турново, Осогово Кочани а беше дел и од австриски Маршвалд.Во есенскиот дел на ...

Првиот човек на Општина Струмица Костадин Костадинов на ФБ објави дека во целост го поддржува најавениот протест на граѓаните во сабота заради загадениот воздух. Како што напиша, струмичани заслужуваат да дишат почист воздух и затоа тој во сабота ќе се приклучи на протестниот марш. Според него заложбите и напорите на локалната и централната власт преку конретни мерки да се реши проблемот не добирапе до вистинските адреси ,,Работата на субјектите ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години. Јановото обвинителство денеска соопшти дека осомничениот жител на радовишко, на 22 јануари, имал полов однос со 12-годишно девојче од едно валандовско село, со кое претходно комуницирале преку социјална мрежа. ,,Бидејќи постојат околности кои го ...

Струмица стана лидер во одговорното управување со електронскиот отпад бидејки граѓаните покажаа голем одзив да се подигне електронскиот отпад од нивните домови. Вака соопштија од социјалното претпријатие Реди Рециклажа од Скопје кој деновиве ја собираа дотраената, расипана и стара бела техника по домовите во Струмица и околината. ,,Во текот на акцијата, зелените агенти поминаа повеќе од 30 адреси во Струмица и околината, но, поради технички ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1014
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
94%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
94%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1017
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.44
58%
1012
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.0
95%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1010
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
63%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
80%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
78%
1012
Currency

61.56

Currency

53.9255

Currency

71.0198

Currency

34.8717

Currency

39.0722

Currency

66.3798

Currency

7.48918

Currency

0.67502

Currency

0.36411

Currency

0.53326

Currency

1.32674

Currency

0.61839

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14600.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.34

Сребро

1190.55

Злато

108122.07

Бакар

8.93

Паладиум

38838.10

Платина

42464.08

Родиум

225055.23

Цинк

2.71