
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. И во Скопје денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремен слаб снег и слаб до умерен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидромеетеоролошки работи (УХМР). Температурата денеска е од -9 до 3 степени Целзиусови, и утре ќе биде иста, ќе провејува слаб снег и ќе дува слаб ...
За време на Божиќните празници во Босилово се одржа првиот шаховски турнир организиран од Општината и ШК Цареви Кули од Струмица. Вкупно 18 натпреварувачи се докажуваа на шаховските табли во текот на двата натпреварувачки дена при што се одиграа вкупно 11 кола. Како што информираше Алескандар Јефтимов од ШК ,, Цареви Кули“ на турнирот имало претежно млади а се играше 11 кола по Швајцарски систем од кои првиот ден пет а во вториот ден шест кола. ...
Добро познатите тренери Тони Атанасов и Панче Стојанов од Струмица ќе го предводат првиот тим на Брера Струмица за пролетниот дел од првенството. Атанасов ќе биде прв тренер додека Стојанов негов помошник. Ова е одлуката на Управата на клубот откако спогодбено ја раскинавме соработката со Горазд Михаилов кој ги водеше сениорите во есенскиот дел. Атанасов и Стојанов со Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите ќе ...
Етно инклузивниот ресторан „Кај Виктор“ во Босилово, четврта година по ред организираше Божиќен ручек за лица со попречености благодарение на помошта од повеќе физички лица, фондации и организации. Во празнична атмосфера во ресторанот се играше и пееше, се споделуваа желби и позитивна енергија. ,, Четвртата традиционална средба под мотото ,, Сите сме исти, сите заслужуваме радост“. Ја поминавме како едно среќно семејство“, напиша Коста Тимов на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека УХМР прогнозира за наредните денови дека следува студен бран со врнежи од снег. Конкретно, УХМР прогнозира дека во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и студено со врнежи кои поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер во поголем дел од земјава ќе ...
Утрово во 01:00 часот по полноќ во Струмица, полициски службеници ги лишиле од слобода С.М.(47) од Струмица и К.Ј.(59) од село Босилово, струмичко. Тие се сомничат дека вчера околу 19:00 часот во селото Старо Коњарево, струмичко, со употреба на сила одзеле пари од Љ.Ј. од Старо Коњарево. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна ...
Во предвечерието на денешниот празник Свети Стефан, синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување. По тој повод се одржа процесија и свечен влез на моштите а на проповедта епископот Стојанов кажа дека вербата во човечноста е основана обединувањето и свети мошти ќе бидат донесени и во ...
Учениците од ООУ ,,Гоце Делчев“ од Василево одлучија средствата собрани од Новогодишниот мјузикл што го организираа и реализираа да бидат донирани за лекување на својот сограѓанин Наце Ристов од Едрениково. Станува збор за настан кој учениците со своите наставници го спремаа цели два месеци а го изведоа во пресрет на Нова година во спортската сала во Василево. Над 600 посетители го следеа мјузиклот а парите собрани од продажбата на влезниците ...
За неполни 20 дена, Струмица по трет пат од Министерството за животна средина добива мерки да се заштитат струмичани од екстремно загадениот воздух но и препораки како да се подобри квалитетот на амбиенталниот возух. Вчера и завчера државната мерна станица покажа над 150 микрограми на метар кубен просечни дневни вредности на штетните ПМ 10 честичк, што беше доволно Министерството да алармира. Аерозагадувањето е најизразено во вечерните часови ...
Вчера во село Подареш, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 40-годишниот С.Ј. од село Подареш. Тој се сомничи дека на подрачјето на Радовиш извршил четири кривични дела „тешка кражба“ во викенд куќи и помошен објект. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените дела. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопствениците. С.Ј. ...
Македонско Американската Алумни Асоцијација во Струмица организираше панел дискусија како младите да препознаат и пријават коруптивни случаи. Стравот од репрекусии и немање доверба во институциите се најчестите причини што младите не пријавуваат корупција. Зорица Трајкова Стрезовска, претседател на МАА подвлече дека Ретко се охрабруваат младите да пријават корупција кај надлежните. Доволно се информирани за ова појава но или не знаат каде и како ...
Фудбалскиот клуб Брера ја информира јавноста оти по четиримесечен ангажман , договорно ја раскинува соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов. Ова е втора тренерска смена во Брера за првиот дел од првенствената сезона. Михаилов во Струмица дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ од позицијата прв тренер. ,,Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет Михаилов успеа во изминатиот период да ја ...
Членовите на „Стакато Бенд“ направија одлична забава на Ловечката вечер што ја организираше ЛД „Елен“ од Ново Село. Со својот репертоар тие успеа да ги кренат на нозе сите гости во ресторанот „Сонце“ а дел од нив не се воздржаа и да дават бакшиш. Во еден момент почна да ги ,,китат“ саксофоннистот Христијан Велиновски кого го лепеа бакшиш и по патиките ,, Морам да признам дека забавата беше одлична и имаше добра и позитивна енергија. Гостите беа ...
Членовите на ЛД „Елен“ од Ново Село, во ресторанот „Сонце“ кај Борисово ја отворија сезоната на Ловечките вечери во Струмичко. Со околу 600 гости пред се ловџии и нивни најблиски и пријатели, друштвото „Елен“ направи одлична забава за што беа задолжени членовите на групата „Стакато Бенд“ а додели и голем број награди во рамките на ловечката лотарија при што беа поделени и неколку ловечки пушки. На забавата присуствува и раководствата на ...
Изминатата година, нашиот информативен портал Дрнка МК стави акцент и на објавувања видеа со кои сакавме автентично преку слика и тон да пренесеме дел од случувањата и актуелностите од Југоистокот кои сметавме дека се во интерес на заедицата. На официјалната ФБ страна Дрнка МК портал, пласиравме над 300 видеа поврзани со настани, промоции, актуелности – што во наша продукција, што како снимен видео матријал отстапен од наши соработници, ...
Градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев денеска во струмичката болница ја посети Ѓоргина Стојчева од Моноспитово која на свет ги донесе близнаците Јован и Јане кои се првите жители на Струмичкиот регион ова 2025 година. Тој заедно со преставникот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) на семејството Стојчеви за браќата Јован и Јане подарија транспортери за безбеден превоз во патнички возила но и сет на ...
На вториот ден од Новата 2025 година на Одделението за Гинекологија и Акушерство при ЈЗУ „Општа болница“ Струмица се родија првите жители во струмичко. Мајката Ѓоргина Стојчева од Моноспитово на свет донесе две момчиња. Првото момче кое се роди во 16:45 часот е со тежина од 2.480 грама, а долго 49 сантиметри, второто момче се роди во 16:50 часот со тежина од 2.300 грама, а долго 49 сантиметри. Ова е прва рожба на мајката Ѓоргина. Породувањето го ...
Воведувањето на Јавниот градски превоз во Струмица и кои се линии ќе бидат воведени од страна на ЈП Струмица транспорт за превоз на патници е најчитаната вест на нашиот информативен портал Дрнка МК во 2024 година. Информациите поврзани со набавката на 10 те електрични автобуси, кој го доби тендерот, цената и условите за плаќање, нивното транспортирање до Струмица, ставањето во функција меѓу другото предизвика огромен интерес кај читателите на ...
Две лица се повредени во сообраќајка што се случи синоќа на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата кај Василево. Според информацијата од СВР Струмица, во несреќата учествувале автомобил „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.П.(47) од село Градашорци, струмичко и „бмв“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(21) од село Владевци, Струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Т., а со телесни ...
На иницијатива на Атлетскиот клуб „ 7-ми Ноември“ од Гевгелија а во рамки на ,,Програмата за развој на заедницата“ поддржана од УСАИД а имплементирана од Мрежата за рурален развој и ЛАГ ,,Бојмија“, викендов се пошумуваше на спортско рекреативниот центар и парк „Динќут“ кај Гевгелија. Во акцијата освен атлетичарите од клубот и членовите на Бојмија се вклучија и членовина ЗПСК „Кожуф“ и ЈПКД „Комуналец“. Беа засадени околу 60 тина големи садници ...
Од идната година сите дечиња што ќе престојуваат во Детската градинка ,,Кокиче“ родителите нема да плаќаат надомест за престој. Советот на Општина Дојран на последната седница на предлог на градоначалникот Анго Ангов донесе одлука за бесплатна градинка за сите деца согласно капацитетот на градинката. Како што објави првиот човек на Дојран ова одлука ќе овозможи секое дете да се образвуа уште од најмали нозе и да го развива својот потенцијал. ,, ...
Фудбалерот Љупче Дориев предновогодишно стави крај на ергенскиот живот и осумгодишната врска со Сандра Василева официјално ја круниса во брак. Тие пред матичар го кажаа судбоносното ДА а при краот на идната година или 2026 година ќе биде свадбената церемонија бидејки очекуваат и нова радост во семејството. ,,Сандра секогаш ми беше поддршка. Се знаеме долго и таа постојано ме бодреше и кога ми беше најтешко и кога менував фудбалски средини и ...
Општина Босилово во непосредна близина на ООУ „Гоце Делчев“ во центарот на Босилово за првпат организираше Новогодишен базар. На истиот учениците преку своите училишта понудија новогодишни рачни изработки а паралелно на посетителите организаторот нудеше и домашни колбаси, греено вино како и музика за збогатување на предновогодишната атмосфера. Пред насобраните граѓани во Босилово настапија и млади таленти како што се Марија Кичевска, Боркица ...
Членовите на Мото клубот „Tzar Tower Riders“ од Струмица денеска на струмичкиот плоштад се дружеа со најмалите и приредија предновогодишна забава. Паралелно во духот на празниците и за голема радост на дечињата, поделија и новогодишни пакетчиња. Станува збор за традиционална активност на членовите на клубот кои секоја година се дружат со младите струмичани во пресрет на Новогодишно Божиќните празници. Како што не информираа, денеска беа ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост при што има парцели и во Југоистокот односно во регионите на Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија со нивните катастарски општини Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари. ...
Блиски родннини и пријатели на младиот Наце Ристов од струмичко Едрениково започнаа кампања за собирање средства за лекување на оваа момче во Турција. Момчето боледува од рак на лимфните жлезди и има потреба да се лекува во Турција за што се потребни пари кои семејството ги нема. Од таа причина апелираат на хуманост и подадена рака на помош Сметка за донации: MKD 320500033294552 EUR MK07 3205 4003 3294 647 CHF MK07 3205 3003 3294 890 SWIFT BIC: ...
Вчера полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 20 годишно момче од село Мокриево, општина Ново Село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и една дигитална вага. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против З.П. ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на вчерашниот ден приведен е и 46 годишен жител ...
Горан Пандев како заштитно лице на „Моцарт“ донираше едукативни матријали во клубот „Деца на сонцето“ на Здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром Вера. На донацијата присуствуваа и преставници од компаниата Моцарт но и од Општина Струмица бидејки имаше и празнично дружење. Станува збор за мала но важна донација со која децата од клубот ќе може полесно да ги совладуваат наставните матријали а како што беше кажано соработката со ...
Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65 000, за разлика од пред десетина години кога имало 90 000. Покрај тоа, лозарството е во сериозен пад, а сточарството брои 140 000 грла крупен добиток, иако пред речиси една деценија имаше 260 000. Ова денеска го констатираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, кој сепак изрази надеж дека со правилни мерки насочени за помош на овој сектор, може да ...
Општина Гевгелија и годинава ќе организира заеднички дочек на Новата година на градскиот плоштад, што веќе преминува во традиција како единствена општина во Југоистокот која за своите граѓани нуди можност за организирано испраќање на старата и дочек на Новата година. За таа цел ќе има богата музичко-забавна програма . Како што информираат од општината граѓаните ќе имаат можност да уживаат и забавуваат концерт на Ефто Пупиновски и „Милениум ...