Во тек е интервенција за гаснење на пожар, кој денес избувна во Визбегово, на локација кај обиколницата, каде што е запален приватен имот каде што биле складирани стари автомобили, информираат од Град Скопје. Скопската противпожарна бригада на Град Скопје веднаш е излезена на терен и со сите расположливи возила, опрема и човечки капацитети и активно дејствува во справување со пожарот. Паралелно, на терен се и инспекторите на Град Скопје, а ...

На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . Измамата ја ...

Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. Бројни делегации и граѓани денеска ќе положат цвеќе и ќе се поклонат пред горобот на Делчев во црквата „Свети Спас“, а предвидена е панихида на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на која е најавено и присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Цвеќе на неговото вечно почивалиште, како што е најавено, меѓу другите, ...

Од 8 до 10 мај ќе се одржи голем фестивал „Откриј ги тајните на корејската убавина“ со содржина посветена на современите трендови за нега на кожа, настан, кој ќе ја доближи корејската козметика и нејзиниот глобален пристап кон убавината до домашната публика. За љубителите на негуваната кожа, во текот на трите денови, на приземјето од Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со различни производи, со корејските рутини и ...

Демократскиот сојуз денес оддава почит на великанот на македонската револуционерна мисла, Гоце Делчев, кој својот живот го вгради во борбата за слобода, правда и еднаквост. Неговата визија за Македонија како заедница на слободни луѓе и за светот како поле за културен натпревар помеѓу народите, останува траен патоказ за нашиот развој. На денешен ден се потсетуваме на неговата жртва во село Баница во 1903 година, кога прерано беше прекинат ...

На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени. На Денот на Европа, ВЛЕН чекори кон Конгресот на обединувањето како сила што ја разбра пораката на времето. На Албанците им е потребен силен, обединет и непоколеблив глас. Ова е ветување што го дадовме одамна. Со години, другите ја градеа својата моќ врз поделби. Хранеа раздор, создаваа групи, купуваа молк и ја продаваа измамата како ...

Претседателот на Собранието на РС Македонија, Африм Гаши, ќе учествува на Конференцијата на спикери на Парламенти на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство која ќе се одржи во Копенхаген, Данска на 4 и 5 мај 2026 година. Конференцијата претставува форум за размена на мислења, информации и искуства меѓу претседателите на националните парламенти на земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент, а ќе учествуваат и претседателите ...

Судот ги завршил и ги доставил сите потребни документи за екстрадиција на осудениот криминалец Никола Груевски. Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија, реагираат од СДСМ. Нема никаква причина да се чека нова влада. Институциите мора да работат и да постапат веднаш. Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне ...

Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, реализираат превентивна кампања со матурантите од сите средни училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“. Преку работилници, трибини и тркалезни маси, со младите се отвораат важни теми кои директно влијаат врз нивната ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.Д., во својство на поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија, К.П. во својство на претседател и Л.Е., К.З., А.Д. и Г.Ќ.Ч. во својство на членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 од ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на ...

На 4 мај, во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели државната награда „Гоце Делчев“ за 2026 година, за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката. Државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајни остварувања во интерес на Република Северна Македонија во областа на науката им се доделува за делото „Континуитетот на Македонскиот ...

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, во отсуство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Tимчо Муцунски, упати прашање до заменик министерот на ова министерство, Зоран Димитровски, во кое јасно праша дали Владата ќе ги внесе Бугарите во Устав, што е услов без кој нема напредок кон ЕУ. Во продолжение е интегралното прашање на Тренчевска: „Се мислев ...

Уставниот суд, постапувајќи по барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, во врска со член 9 од Уставот, утврди повреда на забраната на дискриминација по основ на социјална припадност, на граѓанинот Југослав Миленковиќ. Судот оцени дека со пресудите на Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд Скопје, донесени во конкретен работен спор,во извесен период додека работел во Уставниот суд, подносителот бил ...

Утре, на 1-ви мај, со почеток во 11 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест на 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот. Протестот предвидено е да започне пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“ бр.4 со движење лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С. ...

ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, ВЛЕН ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо. Наместо да објасни зошто клучниот енергетски проект за енергетско ...

Со пригодна свеченост вчеравечер во Кинотеката на Македонија беше одбележан големиот јубилеј – 50 години постоење на институцијата што претставува еден од темелите на националната културна меморија. Настанот обедини уметници, архивисти, културни работници и бројни гости, кои заеднички оддадоа почит на петдецениската посветеност зачувувањето на филмското наследство. Обраќајќи се пред присутните, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ...

Државната комисија за спречување на корупцијата ја информира јавноста дека е објавен Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025 година, во согласност со законските обврски и принципите на транспарентност и отчетност во јавниот сектор. Објавувањето на каталогот претставува значаен дел од системот на институционален интегритет, имајќи предвид дека пријавувањето на подароци е еден од клучните механизми за превенција од судир на ...

Во понеделник, на 4 април, со почеток во 20 часот, во ЛАБОРАТОРИУМ, ќе се одржи промоција на поетската книга „Некој друг“, од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви. Jовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на ...

Заврши времето кога албанската политика беше третирана како приватна сопственост на една корумпирана клика. Заврши времето кога неколкумина одлучуваа во име на сите Албанци, додека народот ја плаќаше цената на нивната ароганција, алчност и безобразна потреба за власт. Тој модел падна. И не падна случајно. Падна затоа што Албанците повеќе не прифаќаат да бидат заложници на истрошени структури, лажен патриотизам и политички измами кои со ...

Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“, очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл. РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на ...

Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора објави меѓународен јавен повик за доставување понуди за изведување работи за спроведување мерки за енергетска ефикасност во јавните образовни установи. Повикот е дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради – озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“. На овој начин, Црна Гора отвора дополнителни можности за македонските градежни, инсталатерски и ...

Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, информираат од МВР. Денеска на електронска адреса на Министерството за ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов. Оваа измена е во насока ...

Безбедноста на децата во дигиталниот простор бара јасен, системски и одговорен пристап, порача министерот Андоновски, истакнувајќи дека решението не може да се гледа само во забрана на користење на социјални мрежи, туку и преку едукација на младите во дигиталниот свет. „Денес разговараме за едно од најважните прашања за нашето општество – безбедноста на децата во дигиталниот простор. Ова не е тема што може да се реши со изолирани ...

Фестивалот „Today It’s All About Jazz — Vol. 10“, во организација на Националниот џез-оркестар, ќе се одржи на 30 април во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје, по повод Меѓународниот ден на џезот. Публиката ќе има можност да ужива во настапи на домашни и на странски изведувачи, меѓу кои: „Пич вајс“ (Peach Vice), „Некст ту сајленс“ (Next to Silence), Арнау Гарофе (Arnau Garrofé), специјалниот проект „Jaco Lives!“ и легендарните „Леб и сол“. Како ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата, Адем Чучуљ, потпишаа Меморандум за соработка со кој се поставуваат темелите за засилена и координирана акција во насока на јакнење на интегритетот во јавниот сектор. Со ова се потврдува заедничката заложба за системско унапредување на капацитетите на администрацијата и градење култура на отчетност, транспарентност и ...

Денеска во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес – конференција во пресрет на Меѓународниот ден на трудот 1ви Мај, на која Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилов го најави протестот кој ќе се одржи на 1ви Мај и изјави: “Меѓународниот ден на трудот 1-ви Мај е денот кога не се поканува, туку се доаѓа. Денот, кога работниците, односно правите синдикати насекаде во светот излегуваат ...

На денешната прес-конференција во Македонскиот народен театар беше најавена премиерата на претставата „Западен експрес“, копродукциски проект помеѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и Македонскиот народен театар. Премиерата ќе се одржи на 30 април, во 20 часот, на Малата сцена во МНТ, додека првата реприза е закажана за 4 мај. Претставата е работена по текст на реномираниот романски, повеќекратно наградуван автор Матеј Вишњек и во режија на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
38%
1015
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
37%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
56%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
36%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.29
45%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
42%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
35%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
41%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1010
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
51%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7074

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Сребро

2840.84

Родиум

319899.93

Калај

50.03

Паладиум

48883.97

Рутениум

51376.89

Платина

64172.89

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Цинк

3.35

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09