Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла ...
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на електрична енергија. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори 16-дневната прослава по повод 250-годишнината од Соединетите Американски Држави со политички митинг. – Додека стоиме на прагот на 250-тата година од нашата независност, со возбуда можам да објавам дека Америка се врати – им порача Трамп на илјадниците присутни, стоејќи зад непробојно стакло поставено долж бината. Националното шеталиште беше украсено со патриотски симболи, американски знамиња и ...
Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан и неодговорен чин кој отвора прашања и за безбедноста на претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во документот што беше јавно објавен се содржани чувствителни информации, меѓу кои детали за службените возила, лицата кои патувале, локацијата на престојот на семејството на ...
Профилот „Улични Тероризери“ објави снимки од мотоциклисти кои дивеат возејќи на едно тркало низ Скопје. На прoфилот досега веќе се објавени неколку такви видеа од дивеење. Во последната објава „Улични Тероризери“ ја спомнува објавата на медиумот „Експрес“ кој претходно напиша дека граѓаните споделуваат вакви снимки барајќи да се казнат. Снимките го привлекоа вниманието на јавноста откако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ...
Германецот Андре Ортолф постави нов Гинисов рекорд откако успеа да изеде неверојатни 1.273 грама мед за само 60 секунди, односно повеќе од еден килограм од овој сладок производ. Несекојдневниот настан бил реализиран во Аугсбург, а постигнатиот резултат официјално бил признат од Гинисовата книга на рекорди. Ортолф веќе со години е познат како еден од најуспешните рекордери во дисциплините поврзани со брзо јадење и пиење различни видови храна ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри. „Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги ...
Раното откривање на повторната појава на малигните заболувања може значително да ги подобри шансите за успешно лекување. Токму во таа насока, на ЈЗУ Универзитетска клиника за урологија во Скопје беше претставена современата метода ctDNA (циркулирачка туморска ДНК), која овозможува откривање на микроскопски траги од тумор преку анализа на крв. Од Клиниката информираат дека оваа метода може да покаже присуство на туморски клетки дури и во ...
Некои ситници чинат малку, а и лете, разликата меѓу „имав сѐ под контрола“ и „се заглавив на патот“ честопати зависи токму од нив. Асфалтот деновиве станува сѐ потопол, но повеќето возачи едноставно го вклучуваат клима уредот и продолжуваат да возат. Сепак, забораваме дека нашиот автомобил не е фрижидер што само се вклучува во напојувањето – тоа е машина направена од метал, гума и електроника што навистина ги чувствува овие топлински бранови, ...
Словенија денеска одбележува Ден на државноста, сеќавање на 25 јуни 1991 година кога Државниот збор (парламентот) усвои акт за излегување од тогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, откако на референдумот во декември 1990 година мнозинството Словенци се изјаснија за отцепување. Свечената прослава за Денот на државноста се одржа синоќа на Плоштадот Република во Љубљана на кои присуствуваа претседателката на Словенија, Наташа ...
Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) ја повика Европска Унија да воведе задолжителни, законски пропишани паузи за работниците изложени на екстремна топлина, предупредувајќи на зголемените ризици по здравјето и безбедноста за време на сè почестите топлотни бранови. ЕТУЦ наведува дека работниците треба да имаат право на „паузи за ладење“ за време на високите температури на воздухот. Предложената мерка е инспирирана од мерките воведени ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
Поранешниот сенатор од американската сојузна држава Минесота и долгогодишен матичен лекар, д-р Скот Џенсен (Dr. Scott Jensen), излезе со нови жестоки обвинувања на сметка на долгогодишниот главен медицински советник на Белата куќа, д-р Ентони Фаучи. Џенсен, кој е дипломиран доктор по медицина со повеќе од четири децении пракса, побара итно кривично гонење на Фаучи, тврдејќи дека тој свесно го измамил американскиот Конгрес и јавноста во врска ...
Белград го зазема петтото место на листата на градови што се најмалку прифатливи за самци во однос на трошоците за домување, според резултатите од истражувањето за 2026 година на британскиот финансиски портал Tradingpedia. Пристапноста на домувањето останува една од најзабележителните линии на поделба меѓу европските метрополи во 2026 година, заклучува тоа истражување. Лисабон е градот со најмалку прифатливо домување за подстанари, бидејќи ...
Али Ахмети во офанзива на одбрана на Еди Рама, творецот на Тиранската платформа од 2017-та во Македонија, време кога со Заев без победа на избори дојдоа на власт за да го сторат она што следуваше. Во својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел тој зборуваше за протестите во Албанија. Ахмети рече дека „непријателите на нацијата се обидуваат да создадат несигурност“, набедувајќи ги Грција и Србија дека го реметат Рама. -Главната ...
Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори. Генералната идеја е граѓаните да плаќаат ...
Филипче молчи и не го осудува преседанот во дипломатијата од страна на Бугарија со која се наруши безбедноста на претседателот Мицкоски, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ кое МИА го објавува интегрално. Се појави документ со дипломатски материјали и чувствителна содржина, кои засегаат безбедносни аспекти поврзани со државниот врв, а реакција од Филипче и опозицијата изостана. Филипче избра тишина наместо јасна осуда и барање одговорност. ...
Бугарското МНР не даде конкретен одговор за преседанот и дипломатски скандал со дописот од македонската Амбасада во Бугарија до бугарското МНР во кој меѓу друго има детали за обезбедувањето на семејството на Мицкоски, имиња на членови на обезбедувањето, возилата со кои патуваат, комуникациските уреди кои ги користат, какво вооружување носат со себе и друго. Чин со кој директно е загрозена безбедноста на семејството на првиот човек на ...
Два големи земјотреси утрово се регистрирани во Венецуела, што предизвикаа големи разурнувања. Се претпоставува дека голем број луѓе загинале. Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 7,1 степени по Рихтеровата скала, бил на околу 28 километри западно од градот Морон на длабочина од 13 километри. Неколку минути подоцна уследи уште еден земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтер. Земјотресот се почувствувал и во главниот ...
По двата големи земјотреса што ја погодија Венецуела, САД и јужноамериканските држави најавија дека ќе испратат помош. Според првичните информации, најмалку 32 луѓе загинале, а 700 се повредени. Но, со оглед на интензитетот на земјотресите и големото разурнување, се претпоставува дека бројот на жртвите би бил многу поголем. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е во контакт со властите во Венецуела и оти ќе испрати помош. Додека ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а ...
Техеран синоќа го обвини НАТО за „соучесништво“ во „незаконската агресивна војна“ на САД и Израел против Иран. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, реагираше на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за „Фокс њуз“ дека „500 американски авиони полетале од американските бази во Италија“ за да ја поддржат заедничката израелско-американска воена операција „Епски бес“ против Иран, што почна на 28 ...
Шефот на иранското правосудство, Голам-Хосеин Мохсени Еџеи, денеска изјави дека е неопходно да се заштитат легитимните права на иранскиот народ преку меѓународни правни и судски механизми, нагласувајќи дека САД и Израел мора да бидат одговорни за злосторствата извршени за време на неодамнешната војна против Иран. Зборувајќи на состанок со високи судски функционери и претседатели на покраински судови, Еџеи ги посочи правните основи за осудата ...
Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга ...
На територијата на државата до 18 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор. Од нив, еден пожар е активен, еден пожар е ставен под контрола, а седум пожари се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, активен пожар има во Штип каде што гори депонија, а под контрола е ставен пожар во општините Свети Николе и Лозово – село Делисинци и село Сарамзалино каде што гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во ...
Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, соопшти МВР. Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето, информираат од полицијата, му е ...
Сенаторот Ранд Пол Имаше период од 10 години кога не требаше да се спроведува gain-of-function истражување освен со специјална дозвола. Во тој период, сепак, Ентони Фаучи давал исклучоци. Некои од тие исклучоци биле дадени на лабораторијата во Вухан. Значи, да, тие земале коронавируси, нивната основа, и мешале и комбинирале S-протеини од други вируси за да создадат сосема нови вируси што не постојат во природата. И мислиме дека токму тоа се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одговори на третата интерпелација поднесена против него за помалку од две години — рекорден број во толку краток временски период. Уште на самиот почеток, Тошковски нагласи дека демократското право на опозицијата го почитува целосно, дека не е бегал ниту ќе бега од расправа, и дека нема причина да се крие. „Дојдов да одговорам јавно, пред пратениците и пред граѓаните, затоа што нема од што ...
Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува ...