Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Точно две години од владеењето на Христијан Мицкоски и неговата Влада. Две години во кои граѓаните наместо резултати добија лаги, дефокус и закани, изјави на прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ, се вели во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Наместо подобар животен стандард, добија економски колапс, најниски плати во Европа и раст на сиромаштијата на 22%. Наместо европска ...
Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б. Оваа сезона во Лигата на шампионите настапуваат 24 екипи кои се поделени во шест групи со по четири екипи. А група: Веспрем, Берлин, Порто, Партизан. Б група: Нант, Мелсунген, Висла, ...
Собранието денеска во рамки на 108. седница ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба. Пратениците од опозицијата не дадоа поддршка бидејќи според нив двете законски решенија не се реформски и со нив само декларативно се следат целите од Реформската агенда. Пратениците од владеачкото мнозинство, пак посочија дека законските решенија, се донесени низ демократска процедура и во нив се инкорпорирани и двете крупни барања ...
Дваесет и четири години ДУИ не направи канализација за жителите на Зајас. Сега и знаеме зошто, заради корупција, изјави на прес-конференција Фатон Фазлиу од Вреди, се вели во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Дваесет и четири години ДУИ и Али Ахмети имаа политичка моќ, министри, директори, градоначалници и целосна контрола врз институциите што требаше да ги решаваат основните проблеми на граѓаните. Но, 24 години не им беа ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција не откри дали и во кој ресор ќе ја продолжи својата политичка кариера, имајќи ги предвид најавените смени во Владата и промена на ресорите помеѓу владините коалициски партнери. Алиу одговарајќи на новинарско прашање изјави дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во општеството. – Јас не сум ја почнал ...
Македонската песна повторно одекнува со полна сила. Целосната снимка од спектакуларниот концерт на Влатко и Златко Миладиноски, одржан во преполната арена „Борис Трајковски“, од денес е достапна на официјалниот YouTube канал на Влатко Миладиноски, овозможувајќи им на сите љубители на македонската музика повторно да ја почувствуваат атмосферата од една од најголемите музички вечери во последните години. Концертот уште од самата најава привлече ...
Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија. Молкот на Филипче за бугарскиот дипломатски скандал е политички избор, а не случајност, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови, соопштија од УХМР. Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во отчетот за изминатите две години истакна дека се постигнати значителни резултати за само осум месеци откако е преземен туризмот во склоп на Министерството, односно по укинувањето на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во 2025 година. -Буџетот е зголемен од 58 милиони денари во 2023 на 186 милиони денари во оваа година. Тоа е повеќе од 200 проценти раст. Се отворивме кон нови пазари, ...
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување на емисијата „Анализа’’ на Телевизија 24, се осврна на случувањата на собраниската седница за пратенички прашања, каде што како што напомена, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговори на поставено прашање на пратеникот Венко Филипче во однос на тоа дали се чувствува виновен за одредени политики, премиерот јасно и децидно кажа дека се чувствува виновен за тоа што луѓето како ...
Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува интегрално. ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои. Преостанати се ...
Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите“. Говорејќи за зголемувањето на расходите со ребалансот, министерката посочи дека Министерството за финансии мора да води ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за „Вин-Вин“ на Телма рече дека Владата на Христијан Мицкоски намерно ги манипулира граѓаните околу европскиот процес, ширејќи стравови наместо да работи за државните интереси, стои во партиското соопштение што МИА го објавува интегрално. Филипче истакна дека власта свесно ги искривува фактите од преговарачката рамка и европските документи, претставувајќи ги како закана наместо како можност ...
Во текот на минатите две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија доживеја инфраструктурен бум со изградба на ШЕСТ АВТОПАТИ, повеќе од ТРОЈНО помала инфлација компарирано со претходниците, скоро ДВОЈНО намален буџетски дефицит во споредба со минатата Влада како и цели ШЕСТ ПАТИ помала инфлација на нафтените деривати среде нафртена криза. Тука е и ДУПЛО поголемиот реален раст на платите од минус 3% во времето на СДСМ, до ...
Владата најави дека над 120 македонски уметници ќе бидат дел од централниот проект за одбележување на 35 години независност на Македонија, кој, според портпаролката Марија Митева, претставува еден од најзначајните културни проекти во изминатите три и пол децении. На денешната прес-конференција, Митева истакна дека, иако интернационалните ѕвезди заслужуваат почит, токму македонските уметници и националната култура го носат духот и идентитетот ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, истакна дека позади провокациите кои се случија изминатиот период станува збор за организирана бугарска кампања во нашата држава, кои имаат за цел промоција неприфатливи работи, преку еден или двајца политички ликови. „Ниски страсти и организирана кампања која овој период е забележлива. Ние сме зафатени со реконструкцијата и го користат ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун надгледуваше тестирање на систем за повеќекратно лансирање на ракети и на самоодна хаубица од 155 милиметри. – Модернизацијата на програмите за оружје на Северна Кореја е насочена кон автоматизација, способност за долг дострел и суперпрецизност. Целта е да се обезбеди способност за одбрана на јужната граница, посочи Ким. Тој присуствуваше на тестирањето на новата верзија на 240-милиметарски систем за ...
Меѓународната поморска организација на Обединети нации (ИМО) ја стопира планираната евакуација на повеќе од 11.000 морнари од Ормуска Теснина откако во морето беше нападнат товарен брод. Товарниот брод, што плови под знаме на Сингапур вчера беше погоден од непознат проектил на 75 наутички милји југоисточно од оманското пристаниште Дахит. САД тврдат дека врз бродот пукала иранската армија. Директорот на ИМО, Арсенио Домингез истакна дека ...
Со цел да се намали ширењето на морската риба Lagocephalus sceleratus, која е отровна и опасна за консумација и нанесува голема штета на опремата на рибарите, но и да се заштити морскиот екосистем и да се поддржат приходите на рибарите, министерот за земјоделство и храна на Грција Маргаритис Схинас соопшти дека грчките рибари ќе добиваат по 5,33 евра за килограм уловена риба, а пилот програмата ќе се спроведе во јужниот дел на Егејското море ...
Во акција на црногорската полиција и американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера во Котор е уапсен припадник на Иранската револуционерна гарда Амир Барати, обвинет од САД за хакерски напади со кои е оштетена американската инфраструктура за 3,4 милијарди долари. Приведениот 39-годишен Барати е државјанин на Турција и на Иран, против кого во Високиот суд во Њујорк се води кривичната постапка поради кибер и организиран криминал. Во ...
Ракометарите на македонскиот првак Вардар по неколку сезони повторно ќе бидат дел од најквалитетното натпреварување Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се сместени во четвртиот „шешир“ заедно со екипите на Архус, Цеље, Партизан, Криенс и Кристијанштад. Тоа значи дека ниту една од овие екипи не може да им биде ривал во групната фаза. Според новиот формат 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи по четири екипи. Во првиот „шешир“ се ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе присуствува на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, кое ќе се одржи во кампот за обука на Министерството за внатрешни работи во Лазарополе. На настанот, како што информираат од МВР, обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Министерот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре ќе престојува во Дубровник, Република Хрватска, каде што ќе учествува на 19. издание на Дубровник форум. Во рамки на Форумот, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together“, посветена на европската интеграција на Западен Балкан, актуелните предизвици и можностите за ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална ...
Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, денеска ќе ја посети општина Гостивар. Посетата е дел од иницијатива чија цел е да го приближи ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. – Посетата на Гостивар ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Валбон Лимани и членовите на Општинскиот совет. Тие ќе разговараат за придобивките од пристапувањето во ЕУ, како и за видливото влијание на ...
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски во интервју за Македонската телевизија, направи споредба со економски параметри меѓу претходната и оваа Влада. По споредбата со номинален раст на плати, инфлацијата, споредбата со растот на БДП во годините 2022 и 2026, Мицкоски посочи и на параметар за инфлација на нафта и нафтени деривати, а податоците покажуваат дека во време на владата на СДСМ имаше шест пати поголема инфлација на нафтените ...
Претседателот на владата Христијан Мицкоски во интервју на Македонската радио телевизија по повод две години мандат вели дека во моментот има историска градба паралелно на 6 автопатишта во Македонија. -Јас сум среќен што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило би рекол условно кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година ...
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ по повод две години од мандатот на владата, посочи дека и покрај тоа што оваа енергетска криза е полоша од претходните три, владата поуспешно работи од претходната и тоа го говорат фактите, односно во време на владите на СДСМ буџетскиот дефицит беше 5,3%, а сега со нафтената криза е 3,5%, додека платите беа во минус 3% реален раст, додека сега реалниот раст е 3%. -Кога сме кај ...
Ромео Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби главната улога во романтичната драма со тениска тематика „Forty Love“. Филмот е во режија на модниот фотограф Пјер-Анж Карлоти, а во главните улоги, покрај Бекам, се појавуваат и Пол Киршер, познат по филмот „Животинското царство“ („The Animal Kingdom“), Гијом Кане, препознатлив по филмот „Плажа“ („The Beach“), како и легендарната француска актерка Катрин Денев. -Приказната во ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска изјави дека им наредил на украинските разузнавачки служби и на украинската војска „да преземат превентивни мерки против објекти што Русија ги користи за проширување на своите воени напори“. -Се бориме за нашата земја, за нашиот народ, рече Зеленски на Телеграм. Украинскиот претседател додаде дека руските власти ја преместуваат својата противвоздушна одбрана околу Москва во Новгородската ...