Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
На 22.06.2026 околу 14:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека настанал пожар во продажен објект на ул.„Индустриска“ во Гевгелија. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија, а при гаснењето еден пожарникар вдишал чад и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде му била укажана помош. На 22.06.2026 околу 14:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека настанал пожар во продажен објект на ...
Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани вечерва протестираа пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) со барање да се почитуваат европски еколошки стандарди кога ќе се одлучува по барањето од Цемантарницата „Усје“ (Титан групација) за обнова на А-интегрираната дозвола. Активистите, кои и во минатите месеци организираа протести за да искажат незадоволство од загадувањето на воздухот од „Усје“, ...
Властите во источна и западна Либија во изминатиот месец ги засилија репресивните мерки против мигрантите и бегалците преку масовни апсења, притворања и протерувања, соопшти „Амнести интернешнал“, обвинувајќи ја Европската Унија за соучесништво во прекршувањата. Либија, каде што контролата е поделена меѓу ривалски политички и вооружени фракции, претставува главна транзитна рута за луѓето кои бегаат од конфликти и сиромаштија кон Европа преку ...
Министерот за правда Игор Филков на амандманската расправа за Предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, упати порака до опозицијата дека реформите во правосудството нема да бидат заложник на политички опструкции и дневнополитички пресметки. „Јас секако можам да ве оставам да ме навредувате затоа што го сметам за одраз на политичка фрустрација, немоќ и одраз на домашно воспитување. Но, не можам и нема да дозволам да ...
Помеѓу Неготино и Демир Капија во моментов има силна нестабилност проследена со пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. УХМР информира дека централните и североисточните делови од државата се уште се зафатени со нестабилност. Управата соопшти дека попладнево во 17 часот невреме со силен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град имаше во регионите на Штип и Гевгелија и ...
Камион денес околу пладне излета од патот пред Стража кон Охрид. Поради оваа незгода, сообраќајот се одвиваше по една лента. За среќа, во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот присуствуваше полиција која го регулираше сообраќајот, а надлежните служби работеа на отстранување на возилото и нормализација на состојбата на патот. Камион денес околу пладне излета од патот пред Стража кон Охрид. Поради оваа незгода, сообраќајот ...
Руската влада треба да преземе дополнителни мерки за ублажување на последиците од украинските напади врз цивилната инфраструктура на Русија – изјави претседателот Владимир Путин. Обраќајќи се на владина седница, Путин oceni дека Украина напаѓа цивилни објекти бидејќи губи територија на фронтот и додаде дека целта на нападите е нарушување на енергетското снабдување и на туристичката сезона во Русија. Претходно денеска Путин изјави дека Украина ...
Делегација на талибанските власти во Авганистан се сретна со претставници на Европската комисија во Брисел, каде што започнаа разговори за конзуларни прашања, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи. Меѓу темите на разговорите биле можноста за обновување на конзуларните услуги за авганистанските државјани во Европската Унија, конзуларното присуство, како и „потребата од мерки за градење доверба“, изјави ...
Нема одземање на стекнатите права, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов. -Со предложениот и веќе усвоен амандман на член 166 од законот за судските службеници јасно и недвосмислено се гарантира дека вработените во судовите ќе ги задржат сите стекнати права, вклучително и правата поврзани со висината на платата, признаеното образование, категоријата во која се распоредени и статусот на судски службеници, истакна тој. Порача дека ...
Директорот на Државна лотарија, Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да биде единствен приредувач на интернет игрите на среќа. Имено со Решението У. бр. 156/2019 од 6-ти мај 2020 година на Уставниот суд, со кое не се поведува постапка за оценка на уставноста на член 7 ставови 2 и 3 од Законот за игрите на среќа и за ...
Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди најмногу средства за капитални расходи, односно 2,3 милијарди денари со ребалансот на Буџетот. Веднаш по него е Министерството за транспорт со 1,4 милијарди денари, информира денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Образложувајќи го ребалансот на Буџетот за 2026 година, што беше усвоен на денешната Владина седница, таа појасни дека за ...
ЕУ не е фер кон Македонија, побараа да промените име и знаме, сега бараат Македонците да прифатат дека не се Македонци, порача од Скопје поранешниот министер за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу. Од меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир“ на која домаќин беше поранешниот претседател Ѓорге Иванов, испратена беше пораката дека местото на државава и регионот е во Европската Унија, што би значело подобрување на ...
Светот се соочува со безбедносна и демократска криза, зголемен број конфликти и промена на глобалниот поредок – униполарниот свет повеќе не постои и се движиме кон мултиполарен систем, со повеќе центри на моќ. Потребни се реформи, поголема соработка и нов пристап кон мирот и стабилноста – но НАТО останува клучен фактор за стабилност, особено на Балканот. Проширувањето на ЕУ е неизвесно, а според некои дури и блокирано, а балканските земји ...
Поминаа четири дена откако во јавноста излегоа сериозни наводи поврзани со бизнисот со заштитни огради, а јавноста сè уште не доби јасен одговор на она што е најважно. Со години ДУИ ни продаваше приказни за Европа. Денес слушаме дека европска компанија била тргната настрана, додека просторот бил отворен за компанија од Србија, се вели во соопштението на „Вреди“ од денешната прес-конференција на Даут Мемиши, што МИА го пренесува интегрално. ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска порача дека дигиталната трансформација е директно поврзана со доброто управување, транспарентноста и борбата против корупцијата, нагласувајќи дека јасните, дигитални и следливи процедури го намалуваат просторот за субјективност и коруптивно однесување. На настанот по повод одбележувањето на Денот на јавната администрација, Министерството за дигитална трансформација го освои ...
На свеченото одбележување на Денот на јавната администрација, кое годинава се одржа под мотото „Доверба, интегритет и резултати: темели на модерна и европска јавна администрација“, министерот за јавна администрација Горан Минчев порача дека реформата на јавната администрација не е само европска обврска, туку суштинска инвестиција во институциите, луѓето и иднината на државата. На настанот се обратија и Претседателот на Владата, Христијан ...
На 22.06.2026 во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосница од ул.„Прилепски бранители“ со ул.„Пере Тошев“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од О.Б.(49) од Прилеп и електричен тротинет, управуван од 16-годишна малолетничка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна ...
Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница. Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше, се огласи премиерот Христијан Мицкоски. -Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше ...
Израелската армија ќе го задржи своето присуство во безбедносната зона во јужен Либан – изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува ДПА. Израелската армија „ќе продолжи решително да дејствува за неутрализирање на заканите против нашите војници и граѓани, за уништување на терористичката инфраструктура и за зачувување на безбедносната зона во јужен Либан“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Икс. Станува збор за заедничка ...
Почина Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница. Ненадејно, попладнево почина на 58 годишна возраст. Беше градоначалник во два мандати, човек почитуван од сограѓаните. Зад себе остави низа дела. Од 1999 год. до ноември 2021 бил вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. Од 11 ноември 2021 год. е избран за градоначалник на општина Брвеница за период 2021-2025. Во периодот 2013-2017 год. е член во Советот на општина Брвеница. Активно ...
Демократската унија за интеграција ја информира пошироката јавност дека две години по формирањето на владата без етнички легитимитет кај Албанците, секојдневно се потврдува дека нашите предупредувања биле оправдани, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Оваа влада произведе и продолжува да произведува сериозни последици на штета на мултиетничкиот карактер на државата, на позицијата на Албанците и на самиот дух ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска посхумно со Орден „8 Септември“ ја одликува Наде Проева, историчарка, професорка и авторка за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија. Орденот „8 Септември“ го прими нејзината сестра Павлина Проевска. - Античкиот свет е далечно минато. Неговите градови се урнати, неговите владетели преминаа во историските книги, а до него допираме само преку фрагменти: натписи ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија е подготвена во кој било момент да ги продолжи преговорите со Киев, точно таму каде застанаа. – Москва повеќе пати зборуваше за својата подготвеност да најде решение за украинската криза преку преговори, врз основа на разбирањето постигнато помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп на Самитот во Алјаска, вклучително и наоѓање решение ...
Земјоделската струка во Битола нема да згасне, туку ќе продолжи во Регионалниот училишен центар, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, таа појасни дека во средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола, во првиот уписен рок се запишале тројца ученици и оти согласно Законот, со три деца неможе да се формира паралелка, а тие ...
Претседателот на иранскиот Парламент и главен преговарач на Исламската Република, Мохамед Багер Галибаф, го поздрави првиот круг разговори со Соединетите Американски Држави што се одржаа вчера во Швајцарија. „Од моја перспектива, ова патување донесе некои значајни достигнувања, особено во однос на дискусиите за Ормуската теснина, оние за Либан, прашањето за ослободување од санкциите за нафта и одмрзнувањето на замрзнатите средства, што е еден ...
Зголемувањето на дефицитот е потврда дека буџетот е празен и неизвесно е дали ќе има пари за плати и пензии, истакна на прес – конференција Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одор на СДСМ. Ете колку на ВМРО им е грижа за граѓаните – толку што заради нивниото расипничко однесување, во ризик е ставена исплатата на платите и пензиите. Со најавата за зголемување на буџетскиот дефицит, власта брутално ги прекрши фискалните правила и Законот за ...
Владата останува цврсто посветена на модернизација на јавната администрација, дигитализација на услугите и намалување на бирократските процедури, со цел институциите да бидат поблиски до граѓаните, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот по повод Денот на јавната администрација. – Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само Владата, не е само ...
Утре ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло. ...
Проблемот од минатото со набавка на учебници се решава и тие се доставуваат навреме за новата учебна година, како резултат на воспоставено системско решение, уверуваат премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска, кои денеска присуствуваа на промоција на нови учебници за прво, второ и трето одделение во ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром. Жалам, рече Мицкоски, што во време на вештачка интелигенција и ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска, на маргините на 13. Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ која се одржува во Софија, Бугарија, остварил билатерална средба со неговата колешка, претседателката на Народното Собрание на Република Бугарија, Михаела Доцова. Како што информираат од собраниската служба, Гаши ја реафирмирал честитката за изборот на Доцова за претседателката на 52. Народно собрание на Република Бугарија и ја потенцирал ...