Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Лице во холандската покраина Утрехт почина во болница по заразување од вирусот западен нил – објави денеска холандскиот јавен радиодифузен сервис НОС повикувајќи се на Националниот институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ). Ова е прв регистриран смртен случај од овој вирус во Холандија по шест години. РИВМ годинава го детектира вирусот западен нил во покраините Утрехт, Северен Брабант и Јужна Холандија, а уште двајца заразени ...
На 25.08.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода М.Б.(61) од село во општинa Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал, информираат од СВР Тетово. Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно ...
Македонија не смее да ја пропушти новата индустриска револуција! Како инженер по информатика, а денес и како пратеник, на дата-центрите гледам како на критична инфраструктура за иднината на Македонија. Прашањето не е дали светот ќе користи дата-центри. Ќе користи! Прашањето е: дали Македонија ќе биде дел од таа инфраструктура или ќе им плаќа на други држави за нивните услуги?, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук-објавата на ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степени, во Гевгелија 38, а во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес, на прес-конференција, предупреди на, како што вели, сериозните ризици што изградбата на дата-центрите може да ги предизвика врз водата, земјоделството и ценатата на струјата, а кои, вели, ги турка Владата. Филипче посочи дека станува збор за центри што за својата работа користат огромни количества вода, која дополнително се загрева, и какви последици може да има тоа врз реките и биодиверзитетот. ...
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар потпиша документ за насоки за работата на унгарската делегација во Генералното собрание на ОН, во кој Русија е прогласена за закана. – Унгарија ја осудува руската воена агресија и целосно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници, се наведува во документот. Исто така, се нагласува дека Унгарија „го признава правото на Украина на ...
Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинески бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн. Во Германија проституцијата е легална, но се истражува дали еден од членовите на управата на банката можеби имал корист од одобрениот кредит. „Волксбанк Келн Бон“ не ги коментира наводите на германскиот финансиски регулатор „БаФин“, кој побара ...
За три лица се чека потврда дали се заразени од вирусот западен нил, а шестмина се на интензивно лекување. На Клиниката за инфективни болести се лекуваат 21 лице, а кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилската треска – изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. – Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од нив, 50 се потврдени, три се ...
Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се фали со одлуката на обвинителството да не покрене обвинение во случајот со 19-те модуларни болници, од кои една беше зафатена од пожар во кој животот го загубија 14 пациенти. „Венко Филипче се фали што обвинителството не покренало обвинение за 19 модуларни болници, а во една од нив изгореа 14 пациенти“, изјави Лефков на ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки за поддршка на граѓаните и семејниот буџет, а со почетокот на новата учебна година се намалуваат цените на училишниот прибор, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски. Мерката ќе важи заклучно со 30 септември годинава, при што трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто, додека трговците на мало треба да обезбедат намалување од ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во утринската програма на Телевизија Алфа, соопшти дека околу 300 кандидати ќе бидат примени во Средното полициско училиште, односно сите кандидати кои успешно ги поминале предвидените селекции, проверки и елиминациони критериуми. Иако првично беше предвиден прием на 200 ученици, по направените анализи и консултации, како и по обезбедувањето на потребните финансиски средства, ...
До 13 часот денеска се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар), со ширење ...
Пратениците од Демократска партија на Косово (ПДК) и денеска протестираат пред Владата и бараат в.д. премиерот Албин Курти да го продолжи процесот на конституирање на Собранието. На протестот се придружија и пратениците од Алијансата за иднина на Косово (ААК), како и одборниците и активистите од Косовска Митровица. Пратениците од ПДК веќе неколку дена протестираат пред владата на Косово поради извршување на премиерската функција од Курти и ...
Дел од дрон бил најден утрово на плажа во романското црноморско одморалиште Олимп, на околу 38 километри јужно од Констанца, соопшти телевизијата „Антена 1“. Според извори на телевизијата, остатоците содржеле експлозивно полнење. Делот бил најден меѓу лежалките на плажата, посочува телевизијата. Пристапот за туристите до зоната е ограничен. Неколку лица поднеле пријава за предметот, информира „Антена 1“. Остатоци од дрон синоќа биле најдени и ...
Од 1 јануари годинава, заклучено со денеска во Грција е изречена 741 административна казна, во вкупна вредност од 1.211.770,68 евра за предизвикување пожари, а уапсени биле 314 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од противпожарната служба на Грција, 88,85 отсто од случаите се однесуваат на пожари предизвикани од невнимание, за што биле уапсени 279 лица, а 35 лица (11,15 проценти) биле уапсени за намерно предизвикани ...
Почетокот на изградбата на автопатот Скопје – Блаце според премирот Христијан Мицкоски е историски зашто денеска таа станува реалност – почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како„само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. – Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите две земји, Република Косово и ...
Судскиот случај околу британско-американските јавно влијателни личности Ендрју и Тристан Тејт, кои многумина ги оценуваат како инфлуенсери-мизогинисти, разоткри дека нивните блескави прикажувања на раскош и богатство, вклучувајќи и суперјахта од 50 милиони долари и паркот луксузни возила од 14 милиони долари – биле измислени за влијание на социјалните мрежи. Адвокатите на озлогласените браќа кои се во федерален притвор во Мајами и се борат ...
Проектите како автопатот Скопје-Блаце чија изградба ја почнуваме денеска се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје-Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проект којшто за неколку години ќе донесе ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер Илон Маск со Орден на слободата. – Орденот на слободата му се доделува на Илон Маск, претприемач, инженер и директор на „Спејс Икс“ и „Тесла“ во САД, се наведува во декретот на Зеленски. Во указот се посочува дека Маск е награден за „извонреден личен придонес во заштитата на човечкиот живот и слободата, како и во развојот на односите помеѓу народите на Украина и ...
Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје – Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕидови. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта ...
Поранешниот премиер, Димитар Ковачевски-Таче со саркастична објава на Фејсбук ја искоментира одлуката на Советот на општина Пехчево против изградбата на дата-центар. -Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај…… што би правеле денес со вишокот вода, напиша Ковачевски. Ваквата саркастична порака од страна на поранешниот премиер и акуелен пратеник од редовите на СДСМ доаѓа, откако вчера ...
Претседателот на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Проф. Д-р Орце Симов објави старус во даде свое видување за веќе изгласаната одлука против Дата-центарот. Дата центарот можам да го дефинирам низ различни призми. Една од дефинициите која воопшто не е поврзана со тоа што всушност е дата центар е дека дата центар е мерка за економска развиеност на една земја. Тоа значи колку повеќе дата центри во една земја, толку повисок ...
Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на ...
Во петок православните христијани го одбележуваат еден од најголемите празници денот на Успението на Пресвета Богородица. Одбележувањето на празникот во манастирот кај Матка посветен на Успението на Пресвета Богородица започнува на 27 август со вечерната литургија, а потоа се одржува сеноќно бдение. Утрото на 28 август Божествената литургија по повод празникот започнува во 8:30 часот, а со неа ќе чиноначалствува Митрополит ...
Светската економија го издржува енергетскиот шок од војната со Иран подобро од очекуваното, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева. Во исто време, Георгиева изрази загриженост за влошувањето на фискалните услови во некои земји, за што индикации се зголемувањето на приносите од обврзниците и запирањето на процесот на намалување на инфлацијата. Шефицата на ММФ разговараше со новинарите во Вашингтон пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје – Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит“ АД Скопје, која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километар од автопатот Скопје – Блаце во близина на граничниот премин Блаце. ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за РТВИ. – Не. Средба со претседателот немаше – одговори Песков на прашањето на рускиот ТВ канал. Одговорот на портпаролот на Кремљ пристигна откако беше објавено дека авионот со кој допатува Ретклиф ја напуштил Русија. Песков не ...
Со свечено отворање кај Порта „Македонија“, денеска, во Скопје, ќе почне манифестацијата Денови на света Мајка Тереза, која ќе се одржува до 5 септември по повод 10-годишнината од канонизацијата на светицата родена во македонската престолнина. Манифестацијата ја организираат скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов, и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, разгранок Скопје, а програмата опфаќа духовни, ...
Знам дека сите странци веднаш ќе ги спомнат ќебапчињата и скарата или познатото гравче во тавче, но за мене нема ништо поубаво од спојот на краставици, домати и сирење – шопска салата. Првпат во животот вкусувам нешто толку едноставно, а толку совршено – вели Американката Шарлин, која веќе два месеци заедно со сопругот Хари престојува во Скопје пред да продолжат кон следната авантура. Тие се дел од она што светот денес го нарекува дигитални ...
Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, привремено ги суспендира термините за поднесување барања за визи ширум светот, во рамки на заострувањето на имиграциската политика. Портпаролот на Стејт департментот изјави дека е покрената глобална програма за обука во сите американски амбасади и конзулати и дека термините за визни услуги ќе бидат приспособени за да се овозможи нејзино спроведување. Трамп спроведува опсежна кампања за ...