Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Трајче Грозданов ја тера 101-та година, здрава храна и без нервози, е неговиот рецепт за долговечност. Цели 72 години е во брак со неговата сопруга Загорка, која е влезена во 94-та година од животот. МИА ги фотографираше во нивниот дом во Росоман. – Се школував за авиомеханичар во Рајловац, Босна и Херцеговина. Во животот многу се движев, бев автомеханичар и по цел работен ден поправав комбајни и други земјоделски машини, во земјоделска ...
Македонија денес има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години. Бележиме намалување на вкупниот криминалитет. Постигната е вкупна ефикасност од 69 проценти, а значително е зголемен и бројот на откриени сторители. Овие резултати се потврда за посветената работа на полициските службеници, подобрената координација и навременото постапување на терен. Особено значајни се резултатите во борбата против организираниот криминал. Сузбиени ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, а во обраќањето се осврна и на проектот „Безбеден град“. За истиот, Тошковски вели дека е еден од најзначајните кои го реализирале, претворајќи го во еден од клучните механизми за унапредување на безбедноста и модернизација на полициското работење. Проектот опфати модернизација на постојниот систем во Скопје, Тетово, Куманово, коридорите ...
Германија денеска постави апсолутен рекорд на температура со измерени 41,3 степени Целзиусови, кои беа забележани во западниот град Сарбрикен, полажуваат прелиминарните податоци од метеоролошката служба (DWD). „Оваа вредност е достигната во Германија за првпат“ од почетокот на метеоролошките мерења, соопшти мрежната служба Блускај. Претходниот рекорд на температура од 41,2 степени Целзиусови беше забележан во Германија на 25 јули 2019 година. ...
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, информира ЈП „Македонија пат“. Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот беше во целосен прекин за сите видови возила, поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот. Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско од 19:50 часот се одвива наизменично по една коловозна лента, ...
Водата за пиење на скопската територија е безбедна и со добар квалитет, покажале денешните анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што информираа попладнево од јавното претпријатие, од страна на секторот Санитарна контрола во текот на денов биле земени 39 примероци од водоводната мрежа на градот Скопје. Од јавното претпријатие потсетија дека на сите примероци им се изработува физичко-хемиска и микробиолошка ...
Од 1 јули компаниите во приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор, попознат како К-15. Според актуелните пресметки, минималниот износ би изнесувал околу 19.116 денари. Сумата е пресметана врз основа на просечните нето-плати за февруари, март и април 2026 година, кои изнесувале 46.159, 48.433 и 48.779 денари. Просекот е околу 47.790 денари, а минималниот К-15 согласно колективниот договор изнесува 40 проценти ...
Властите на Крим и на градот Севастопол денеска донесоа одлука за прогласување регионална вонредна состојба со цел побрзо решавање на насобраните економски проблеми – соопшти гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, пренесува агенцијата ТАСС. „Заедно со гувернерот на Севастопол, Михаил Владимирович Развожаев, донесена е одлука за потпишување указ за прогласување регионална вонредна состојба во Република Крим и во градот Севастопол. Оваа одлука е ...
Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот, како што информира ЈП „Македонијапат“, е поради превртено товарно моторно возило и истурен песок на коловозот, што го оневозможува одвивањето на сообраќајот. Заглавените граѓани, велат дека колоната на автомобили се протега се до тунелите во близина на Дреново. Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, ...
Војната „никогаш не е благословена од Бога“, истакна денеска папата Лав Четиринаесетти на отворањето на состанокот на кардинали од целиот свет, нагласувајќи дека Католичката црква носи пророчка порака за мир во светот опустошен од конфликти. Папата ги повика кардиналите на дводневниот состанок како одговор на нивното барање да бидат консултирани почесто отколку за време на 12-годишниот понтификат на папата Франциск, кој имаше наклонетост да ...
Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ подготвува нови мерки за намалување на трошоците, додека „Фолксваген“ потврди дека работи на радикални планови за реструктуирање, кои според медиумските извештаи би можеле да донесат масовен бран отпуштања, пренесува агенцијата ДПА со увид во интерните одлуки на компаниите. „Мерцедес“ во јули требаше да им исплати посебен додаток на работниците, но исплатата е одложена за следната година, ...
Со промоција на локални производители од пограничниот регион, утре во 10 часот на централното шеталиште во Стар Дојран ќе се одржи настанот „Border Bite”. На манифестацијата ќе бидат претставени локални производи, ракотворби и домашни изработки во знакот на културната размена, поврзувањето и новите соработки. Пред посетителите ќе се прикажат автентични вкусови, традиции и приказни кои си ги носи секој производител. – Во еден ден Дојран ќе ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук информираше дека денеска во Влада имало значајна средба со амбасадори од УНЕСКО за заштита на нашето природно и културно наследство. – Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство. Потребна е силна меѓугранична ...
Воспоставен е комуникациски канал меѓу Иран и САД за да се спречат воени инциденти во Ормуската Теснинац, објави денеска иранската државна телевизија Прес ТВ, повикувајќи се на извор запознаен со преговорите. „Според конечното соопштение издадено од двајцата медијатори по минатонеделните разговори во Цирих, каналот е создаден за да се избегнат инциденти на стратешкиот воден пат што би можеле да доведат до воен конфликт и да се спроведат ...
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршено асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“, инвестиција која ја подобрува патната инфраструктура и ја зголемува безбедноста во сообраќајот за жителите. „Секоја завршена улица е чекор кон пофункционален и побезбеден Чаир за граѓаните. Со вакви инвестиции продолжуваме да го подобруваме квалитетот на животот во секое маало“, истакна Меџити. Општина Чаир останува посветена на ...
Проф. д-р Бранко САРКАЊАЦ Тоа што е роден во Македонија. Тој може да го смени пасошот и не само местото на живеење туку и местото на раѓање (во пасошот), но ќе го направи ли тоа веднаш Србин, Хрват или Бугарин? Тешко. Затоа што тоа што си роден во Македонија, таа и таа година во тоа село или град, не е само гол статистички факт кој може лесно да се смени (со земање уште еден пасош, да речеме бугарски). Тоа што си роден во Македонија ...
Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска упати итен апел за обезбедување помош за Венецуела по двата силни земјотреси што во средата погодија делови од земјата. Со апелот се бараат 50 милиони швајцарски франци (околу 61,8 милиони американски долари) за помош на 300.000 луѓе, при што првичните активности ќе бидат насочени кон најтешко погодените подрачја Ла Гваира и Голем Каракас. Според ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти денеска дека е завршена поправката на клучниот далновод што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје во Украина со надворешната електроенергетска мрежа, но предупреди дека објектот и натаму се соочува со сериозни ризици за нуклеарната безбедност. Агенцијата на ОН наведе дека технички сложените работи биле изведени во услови на локален прекин на огнот, постигнат со посредство на МААЕ, ...
Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. -Секое признание значи, исполнува, мотивира, обрзува и е привилегија посебно кога тоа признание доаѓа од дома. Мето Јовановски е голем мајстор кој што играше во лига на светски шампиони. За ...
Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) ќе спроведе присилно административно отстранување на бесправен објект во старото градско јадро на Охрид, откако при вонреден инспекциски надзор било утврдено дека не е постапено по претходно донесеното решение за негово уривање. -По информации добиени од јавноста, денеска државен инспектор од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, излезе на терен и направи вонреден контролен ...
Во рамки на учеството на Дубровник форумот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тоне Кајзер, прва по неговото назначување на оваа функција. На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји. Соговорниците се согласија дека во периодот што следи ќе се работи на ...
Легендарната рок група Ролинг стоунс се подготвува за објавување на својот 25-ти албум „Странски јазици“ („Foreign Tongues“). – Мик Џегер никогаш нема да престане да создава нова музика, изјави Кит Ричардс, посочувајќи дека токму неговата креативна енергија и извонредна продуктивност се главните причини поради кои новиот албум бил завршен за толку кратко време. На новиот албум ќе гостуваат голем број познати музичари, меѓу кои Пол Макартни, ...
Оваа година, „Мерцедес-Бенц“ слави 100 години од основањето на брендот. Можеби еден од најпрепознатливите автомобилски симболи во светот е создаден по основањето на „Дајмлер-Бенц АГ (Daimler-Benz AG)“ на 28. и 29 јуни 1926 година. Важен миг во создавањето на идентитетот на брендот се случи и на 21 август 1926, кога беше регистриран заштитен знак што ги спои двете компании. Овој амблем сè уште се користи на возилата на „Мерцедес-Бенц“ денес и ...
Во двата разорни земјотреси во Венецуела загинаа 589 луѓе, а повредени се 2.980, соопшти денеска вршителот на должноста претседател Делси Родригез. Taa ja даде изјавата опкружена со официјални лица и воен персонал, поздравувајќи го пристигнувањето на спасувачките екипи од целиот свет во Венецуела. „Ќе ги спасиме луѓето што се заробени. Неуморно работиме на оваа задача“, рече Родригез. Таа истакна дека венецуелската држава Ла Гваира е најтешко ...
Продолжува информативниот караван за презентација на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година, денес средби во Куманово, Гевгелија и Кавадарци. Во Куманово пред поголем број заинтересирани невработени лица се дискутираше за можностите, деталите и начинот за аплицирање на трите јавни повици од мерката за самовработување (претприемништво). Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески се осврна за мерките во ...
Најмалку 55 лица се удавија во Франција додека се обидуваа да се разладат од рекордните горештини – изјави министерката за спорт Марина Ферари за радиодифузерот Франсинфо. Властите стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови бидејќи 61 департман е под црвена тревога поради екстремните температури, а уште 25 се под портокалова тревога. Според Метео-Франс, температурите денеска во различни делови на земјата ќе се ...
Политичките напади, манипулации и конструкции на СДС и Венко Филипче нема да го запрат развојот на државата. Додека СДС и ДУИ оставаа кризи, долгови и блокади, ВМРО-ДПМНЕ донесе стабилност, развој и конкретни резултати кои денес ги чувствуваат граѓаните – наведува владејачката партија во реакцијата на соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. ...
По две години од мандатот на Мицкоски, здравството е во тотален распад. Ништо од ветеното не е исполнето. Наместо функционален и ефикасен здравствен систем, граѓаните добија хаос, неодговорност и целосно запоставување на јавното здравство – изјави на прес-конференција Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ, која МИА ја пренесува интегрално. Што ветуваше, а не исполни ВМРО? Ветуваше спојување на клиниките во Скопје во еден ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека од 1 јули до 31 август 2026 година ќе биде во сила целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата на државата, поради зголемената опасност од појава на шумски пожари. Како што информира Министерството, одлуката е донесена согласно насоките на Владата и по барање на корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и националните паркови кои управуваат ...
Со показна вежба и демонстрирање на наученото на обуката, четириесетина припадници на специјални полициски сили од Југоисточна Европа и Украина го заокружија квалификацискиот курс за водачи на службени кучиња, во заедничка организација на Мисијата на ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи на Македонија. На месноста „Полјана“ близу селото Лазарополе, присуствуваа и министрите за внатрешни работи, Панче Тошковски и за одбрана, Владо ...