
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



На самиот крај од успешната 2024 година, македонската компанија за здрава храна, Виталиа, го објави отворањето на новиот, современ погон за производство на барови. Свеченото отворање беше организирано на христијанскиот празник Св. Никола, во чест на именденот на директорот и основачот на компанијата, Никола Ветаџокоски. Новиот погон претставува значајна инвестиција во автоматизацијата и модернизацијата на производниот процес, овозможувајќи ...
Во духот на новогодишните празници, ОКТА продолжи со својата традиција на поддршка на локалната заедница преку донации намени за централното општинско основно училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и за двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден. Оваа година покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и агрегат за струја што ќе овозможи непречено одвивање на наставата во услови на прекин на ...
Стопанска банка целосно опреми три територијални противпожарни единици со индивидуална пожарникарска униформа која вклучува: чизми, шлем, ракавици, јакна, кошула и пантолони. Униформата е со врвен квалитет и специјално изработена за борба со шумски пожари, природна непогода од која секоја година страдаат нашите планини. ТППЕ Старо Нагоричане, Ранковце и Кратово со вкупно 27 пожарникари веќе ја користат опремата и го изразија своето задоволство ...
Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во третиот квартал од 2024 година. Исто така, Советот донесе нова Одлука за методологијата за идентификување системски значајни банки со која се унапредува постојната методологија врз основа на која Народната банкa ги идентификува системски значајните банки во земјава и за нив го утврдува заштитниот слој на капиталот. Ова претставува ...
Иако не постои начин целосно да се гарантира дека нема да почувствувате симптоми на мамурлук по консумирање алкохол, постојат начини да се намали неговото влијание. Здравствените експерти споделија неколку совети за избегнување мамурлук за време на празниците, кои не вклучуваат само пиење повеќе вода. За време на празничната сезона, многумина од нас уживаат во поголеми количини алкохол од вообичаено. Иако неколку чаши од вашиот омилен пијалок ...
Две нови „Роса школи за доење“ се отворија денес во рамки на општите болници во Струга и во Кавадарци, благодарение на донацијата од „Пивара Скопје“ и „Coca-Cola“, преку брендот „Роса“, а во соработка со Министерството за здравство. Целта на школите е да им помогне на младите родители во справување со предизвиците од нивните нови животни улоги. Во новите модерно опремени школи за доење во Струга и Кавадарци сите нови и идни мајки ќе добијат ...
А1 Македонија со огромен успех заокружи уште еден циклус работилници за безбедно користење интернет во кој учествуваа 690 деца од 8 основни училишта. Едукативната програма за деца „Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!“, е важен чекор во едукацијата на најмалите за безбедно користење на интернетот, помагајќи им да развијат вештини кои ќе ги заштитат во дигиталниот свет. „Интернетот не e само игра… Кликај безбедно!“ е програма наменета за ...
Кинеската вселенска ракета-носач Lijian-1 Y6 експлодираше утрово откако го активираше својот систем за самоуништување, откако се појави проблем по лансирањето во северозападна Кина, соопшти кинеската CAS Space, лидер во комерцијални вселенски летови. Ракетата експлодирала откако се појавил проблем за време на летот во третата фаза, околу три секунди по палењето на моторот, се наведува во соопштението. Се посочува дека тоа довело до активирање на ...
Достигнувајќи 1,4 трилиони долари оваа година, пазарната капитализација на производителот на електрични автомобили Tesla е далеку пред другите производители на автомобили ширум светот. Вкупната пазарна капитализација на 52-те главни играчи во автомобилскиот бизнис изнесуваше 2,8 трилиони долари оваа година, според собраните податоци објавени од Anadolu Agency. По Tesla, Toyota беше вториот најголем производител на автомобили во светот со пазарна ...
Во видеото кое не потсетува на „најдоброто од 2024 година“, „Alfa Romeo“ ја скокотка фантазијата на фановите. „Alfa Romeo“ се збогуваше со 2024-та година со видео кое ги доловува најдобрите моменти од годината што се ближи кон крајот, а на крајот додаде мало изненадување. Се шпекулира дека компанијата ги покажала LED задните светла на следната генерација на моделот „Ѕtelvio“, кој се очекува да дебитира во средината на 2025-та година. ...
Според извештаите, „iPhone 18 Pro“ ќе биде првиот модел кој би требало да добие камера со променлива бленда. „Apple iPhone 18 Pro“, кој најверојатно ќе биде објавен во септември 2026-та година, ќе биде првиот модел од компанијата од Купертино што ќе имплементира камера со променлива бленда. Ова го предлага познатиот екосистемски аналитичар на „Apple“, Мингчи Куо. Куо го направи овој заклучок и претходно, врз основа на трендовите во индустријата, ...
Трампологијата е во мода во Европа. Како и кремљ-олозите кои ги проучуваа плановите за тоа кој каде седи на состаноците на Политбирото за да ја погодат состојбата на работите во Москва, денешните набљудувачи на Вашингтон се обидуваат да ја дешифрираат веројатната политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, анализирајќи ги коментарите и објавите на социјалните мрежи на неговиот внатрешен круг. Факт е дека никој не знае што ќе ...
Британскиот премиер Кир Стармер сака да ја трансформира „заболената“ британска железничка мрежа и може да се обрати до Европа за помош. Владата на Обединетото Кралство е во процес на префрлање на железницата назад во јавна сопственост. Со ова се става крај на британскиот експеримент со приватизацијата на секторот, кој започна пред 1990-тите, пишува „Politico“. Бидејќи средствата за развој на мрежата се ограничени, ќе се бараат нови начини на ...
Црниот дроб е еден од најважните органи во телото. Има бројни функции: филтрирање на крвта, отстранување на токсините, опасните бактерии и други штетни материи, следење на нивото на амино киселини и складирање на витамини. „Црниот дроб има многу важни функции, а главната е производството на жолчка. Жолчката го отстранува отпадот и ги разградува мастите во процесот на варење“, вели диететичарот Андреа Матис. Ако имате хепатитис Ц, вирус кој ...
Германскиот осигурител „Allianz SE“, кој е сопственик на „Pacific Investment Management Co.“, вети дека ќе плати поголем дел од добивката на акционерите бидејќи главниот извршен директор Оливер Бете сака да ја зголеми дивидендата, пишува „Bloomberg“. Фирмата планира да исплати најмалку 75% од нето добивката на акционерите преку дивиденди и откуп на акции во следните три години. „Allianz“ претходно имаше цел да врати 60% од профитот на ...
Време е за нова калибрација на навигациските системи на бродови и авиони бидејќи позицијата на магнетниот Северен пол официјално се промени, продолжувајќи да се оддалечува од Канада и оди кон Сибир, пишува Science Alert. Експертите од американската Национална управа за океани и атмосфера (NOAA) и Британскиот геолошки институт (BGS) заеднички создаваат нов, попрецизен Светски магнетски модел (WMM) на секои пет години. Додека географскиот северен ...
Слатките празнични трпези годинава можеби ќе бидат поскапи, откако цените на какаото, чоколадите и на останатите клучни состојки за домашните десерти забележаа сериозно поскапување. Домашните слаткари велат дека ги следат случувањата со голема загриженост, бидејќи трошоците за подготовка на слатки растат од ден на ден. Дел од нив, сепак, најавуваат дека ќе се обидат да ги задржат старите цени барем за новогодишните празници, но по 1 јануари ...
Поддршка на приватниот сектор и реализација наинвестиции се приоритет во нашето работење. Најдобриот показател за тоа се бројките. Годината ќе ја завршиме со реализација на капитални инвестиции која ќе биде над 70% од планираното, а износот ќе биде над оној во 2022 година“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на денешната собраниска седница. „Поддршката на приватниот сектор во 2025 година е ...
Во зима многу луѓе забележуваат дека мора често да одат во тоалет, а студот може да биде главниот предизвикувач на овој проблем. Иако ова е вообичаено искуство, експертите велат дека постојат конкретни причини зошто луѓето повеќе уринираат во текот на зимата. Овој феномен е поврзан со неколку физиолошки реакции во телото кои не се секогаш очигледни. Урологот откри кога оваа фреквенција станува причина за загриженост и како да се справите со неа, ...
Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2. Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со ...
Јакнење на конкурентноста, поттикнување на силен економски развој и реформи, зајакнување на приватниот сектор преку партнерства и соработка се во фокусот на организацијата Македонија 2025. Таа годинава реализираше над 45 активности кои беа насочени кон зајакнување на човечкиот капитал во Македонија како основа за развој во сите сфери на општеството и економијата, кон зајакнување на конкурентноста на компаниите и кон поттикнување и поддршка на ...
Кина ја одобри изградбата на најголемата хидроелектрична брана во светот, која ќе се наоѓа на реката Јарлунг Зангбо во јужен Тибет и ќе помогне да се генерираат дури 300 терават часови (TWh) електрична енергија годишно. Планираниот капацитет на новата хидроцентрала ќе биде дури три пати поголем од капацитетот на најголемата хидроцентрала во светот Три клисури, која се наоѓа на реката Јангце во централниот дел на Кина и беше целосно оперативна во ...
Високите каматни стапки им овозможија на банките да акумулираат готовински резерви за преземање, но загриженоста на национално ниво за таквите потези може да го забави идните спојувања. Вистина е дека европскиот финансиски пејзаж е исполнет со разговори за преземања. Италијанскиот UniCredit во моментов го зголемува својот удел во германската Commerzbank, француската банка BNP Paribas фрли око на осигурителната компанија AXA, а шпанска BBVA сака ...
ТТК Банка преку соопштение на Македонската берза го потврди реизборот на долгогодишниот Генерален директор проф. д-р Драгољуб Арсовски, кој успешно во континуиран раст ја води банката. “Ве известуваме дека, со Решение на Гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија бр. 15-34165/9 од 25 декември 2024 година, издадена е претходна согласност за повторно именување (реизбор) на проф. д-р Драгољуб Арсовски за член на Управниот одбор ...
Доколку надлежните сакаат да носат „квалитетни одлуки за развој на животниот и здравствен развој на граѓаните на Македонија“ тие одлуки треба да се носат во консултација со научници и професори кои најдобро ги знаат како да се искористи максимум од потенцијалот на македонското рударско богатство, а притоа да се заштити животната средина, вели Виктор Грозданов, аналитичар и рударски инженер во својата последна колумна во која пишува за ...
Стабилноста на денарот е загарантирана благодарение на капацитетот и инструментариумот со кој располага Народната банка за одбрана на курсот на домашната валута, со акцент на девизните резерви коишто годинава се околу 40% над нивото од претпандемичниот период. Се очекува натамошно постепено стабилизирање на инфлацијата и следната година. Идната монетарна политика ќе зависи од инфлацијата и од девизниот пазар. Ова го посочи гувернерката на ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел воведување ред во користењето на националните богатства.и фер наплата, од 1 јануари 2025 година започнува со наплата на до 100% зголемени надоместоци за експлоатација на природните ресурси. Со измените во Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини, ...
Некаде во секој дом, во некоја заборавена фиока, се крие кутија со рачно напишани новогодишни честитки. Нивните светкави бои, убави пораки и топлина некогаш беа симбол на празничниот дух. Денес, тој симбол полека исчезнува, притиснат од товарот на модерната технологија. „Секој декември, порано продавав по стотици честитки. Луѓето чекаа во редици за да изберат совршена порака за семејството и за пријателите. Но, сега, ретко кој застанува пред ...
Бумот на вештачката интелигенција продолжи со забрзано темпо во 2024 година, при што паметните телефони станаа клучно бојно поле за развојот на технологијата бидејќи Samsung, Google и Apple воведоа нови AI алатки на своите уреди. Многу коментатори и технолошки компании самите рекоа дека големата пречка кога станува збор за генеративните карактеристики на вештачката интелигенција е да ги доведат до што е можно повеќе корисници, а нивното ...
Експертите на Kaspersky открија нова измама со фишинг која ги таргетира компаниите кои ги промовираат нивните страници на социјалната мрежа Facebook. Измамниците испраќаат е-пошта за кои се тврди дека се во име на Meta for Business, деловната платформа на Facebook, тврдејќи дека страницата на примачот содржи забранета содржина. Е-поштата бара од корисниците да дадат објаснување за да се одблокираат нивната сметка и страница. Целта на напаѓачот е ...