Трошоците на живот се зголемуваат, има и раст на цените на мало. Државните статистичари пресметаа дека во месец октомври годинава има раст на живеачката за 4,5 отсто во споредба со иастиот месец лани. Во исто време забележано е и зголемување на цените во маркетите за 2,8 отсто. И натаму домаќинствата мака мачат како да се прехранат. Трошоците за храна се пораснати за фантастични седум отсто. Властите велат дека очекуван е растот на ...

Сè повеќе луѓе забележуваат дека се будат во исто време во текот на ноќта, во точни минути како 3:17 или 3:42. Додека многумина мислат дека е само несоница или стрес, експертите предупредуваат дека ова може да биде знак што телото го испраќа и не треба да се игнорира. Според лекарите, будењето во прецизно време може да биде поврзано со внатрешните ритми на телото, емоционалната состојба или здравствените проблеми. Кога овој феномен се ...

Најновиот и најспособниот носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, официјално влезе во употреба, што претставува значаен чекор напред за Пекинг во неговиот обид да се изедначи со поморската моќ на Соединетите Американски Држави. Кинескиот лидер Си Џинпинг присуствуваше на церемонијата на пуштање во употреба што се одржа оваа недела во военото пристаниште во Сањи на островот Хаинан, објави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата, која се ...

Европската тренинг фондација – институција поврзана со ЕУ – објави анализа која покажува дека Албанија располага со сериозни рударски потенцијали во т.н. критични минерални суровини. Според документот, државата има рударски зони богати со метали што Европа ги смета за клучни за индустриската и енергетската транзиција. Како прв пример се наведува кобалтот во Поградец – материјал од особено значење за напредните литиумски батерии користени во ...

Сè погласни стануваат шпекулациите дека Владата би можела повторно да го отвори прашањето за неработната недела. Едни предлагаат да остане вака, со целосна забрана за работа, други бараат да се воведе можност за работа, но со двојна или тројна дневница. Идејата повторно ќе се најде на маса на Економско-социјалниот совет, каде што синдикатите и бизнис-заедницата ќе се обидат да најдат заеднички јазик, ако воопшто постои таков. Газдите не се ...

Швајцарскиот трговец со стоки „Гунвор“ соопшти во четврток дека го повлекол својот предлог за купување на странските средства на руската енергетска компанија „Лукоил“ откако Министерството за финансии на САД ја нарече руска „марионета“ и сигнализираше дека Вашингтон се спротивставува на договорот. Овој потег го уништува она што ќе беше најголемата аквизиција на „Гунвор“ и го нагласува обидот на Вашингтон да ја изолира Русија со санкции и да ...

Во првите девет месеци од оваа година, НЛБ Групацијата оствари 406 милиони евра нето добивка, што е за пет проценти помалку во однос на истиот период минатата година. „Групацијата бележи сигурно и висококвалитетно работење на сите свои пазари во Југоисточна Европа“, соопштија од НЛБ. Во третиот квартал, НЛБ Групацијата оствари резултат по оданочувањето од 131,6 милиони евра, што е за 11 проценти помалку во однос на вториот квартал од оваа ...

Акционерите на Тесла го одобрија рекордниот пакет плати на Илон Маск, кој, ако ги исполни сите цели, би можел да достигне речиси трилион долари. Тоа е најголемиот менаџерски бонус во историјата на корпоративниот свет, кој беше поддржан од дури 75 проценти од гласовите на присутните акционери на годишниот состанок на компанијата во Тексас. Одлуката беше проследена со стоечки овации, а Маск славеше на сцената, со музика и публиката која го ...

Ако новиот предлог на Регулаторната комисија за енергетика се прифати, граѓаните би можеле да се најдат во прилично збунета ситуација: дали евтината струја ќе важи кога се руча или кога се спие? И уште поважно, дали навистина ќе биде „евтина“? Предлогот, според кој евтината дневна тарифа би се продолжила за два часа, од 12 до 16 часот, а ноќната би почнувала од полноќ, звучи како компромис на хартија. Но, пресметките велат нешто друго. ...

Малите инвеститори кои инвестираат на странски финансиски пазари во голема мера го насочија својот капитал кон индексни фондови кои го следат американскиот берзански пазар. Во последниве години, главните американски берзански индекси (S&P 500, Nasdaq 100) постигнаа приноси над просечните. Сепак, во последно време има сè повеќе индикатори кои сигнализираат за преценување на Wall Street. Сè повеќе аналитичари предупредуваат на претерано ...

Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави со фотографии дека започнува со чистење на главниот град. Тој, во својата предизборна кампања вети дека ќе го исчисти градот за 72 часа. -Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како ...

Црниот дроб е еден од најважните органи во телото бидејќи ги филтрира токсините, го регулира нивото на шеќер во крвта и помага во варењето на храната. Кога не функционира правилно, симптомите често се појавуваат постепено и лесно се игнорираат. Сепак, препознавањето на раните знаци може да спречи посериозни компликации. Многу лекари истакнуваат дека проблемите со црниот дроб најчесто се откриваат доцна бидејќи во почетните фази се ...

„OpenAI“ објави дека нивната апликација „Sora“, дизајнирана да генерира кратки видеа со вештачка интелигенција, сега е достапна за корисниците на „Android“. По успехот на „iPhone“ платформата, апликацијата се проширува и на други пазари, но пристапот е сè уште ограничен само на поканети корисници. Според официјалното соопштение, „Sora“ моментално е достапна во Соединетите Американски Држави, Канада и Јапонија. Апликацијата работи само со ...

Европската комисија планира да воведе нова категорија на мали и прифатливи електрични возила во декември, за да им овозможи на производителите да произведуваат и продаваат модели во ценовен опсег од 15.000 до 20.000 евра. Како што потврди европскиот комесар за индустрија, Стефан Сежурне, целта е да се забрза развојот и да се зголеми производството на мали електрични автомобили во Европа, особено поради зголемената конкуренција од Кина. Новата ...

Данскиот бренд за накит „Pandora“ ја намали својата прогноза за споредлив раст на продажбата за целата година и објави послаб од очекуваниот раст на продажбата во третиот квартал поради забавување на европскиот пазар. Кварталниот оперативен профит изнесуваше 880 милиони дански круни (137,4 милиони долари), што е намалување во однос на 980 милиони дански круни во истиот квартал пред една година. Аналитичарите предвидоа просечен оперативен ...

Затворањето на администрацијата на САД сега е најдолго во историјата и го чини Министерството за финансии 15 милијарди долари неделно, објавува „Bloomberg“. Проценките на аналитичарите, сепак, се движат во голема мера, од 10 милијарди долари според „KPMG“ до 30 милијарди долари според „Moody`s Analytics“. Земјата претходно доживеала многу вакви затворања предизвикани од буџетски спорови во Конгресот и немала никакви долгорочни економски ...

Податоците за растот на основните плати во Јапонија го поддржуваат патот на Банката на Јапонија (BOJ) кон затегнување на монетарната политика, објави „Bloomberg“. Номиналните плати во земјата се зголемија за 1,9% на годишно ниво, забрзувајќи се од август, соопшти Министерството за труд во четврток. Податоците се совпаднаа со очекувањата на економистите. Основните плати се зголемија со исто темпо, додека поробусната мерка што ги исклучува ...

Здравјето на крвните садови е клучно за правилното функционирање на целиот организам. Кога артериите и вените се чисти и еластични, срцето работи без напрегање, крвта циркулира слободно, а клетките добиваат доволно кислород и хранливи материи. Сепак, поради нездравата исхрана, стресот и недостатокот на физичка активност, мастите и токсините се акумулираат во крвните садови, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок, атеросклероза и ...

Во кујните на македонската дијаспора ширум светот, секогаш мириса на нешто мешано: носталгија, зачини, нови вкусови кои првично се примени со недоверба, а потоа стануваат дел од секојдневието. Трансформацијата на гастро навиките на иселениците не е само прашање на вкус, туку и прашање на идентитет. Колку подолго се останува надвор, толку повеќе, велат познавачите, ножот и вилушката го менуваат јазикот. „На почетокот сите бараме ќебапи и ...

Главен застапник на теоријата дека Атлас не е комета, туку од вонземско потекло, е астрофизичарот од Харвард, Ави Лоеб. Кометата со големина на Менхетен, наречена 3I/ATLAS, која ја достигна својата најблиска точка до Сонцето кон крајот на минатата недела, ја разбранува научната и пошироката јавност. Како само трет познат меѓуѕвезден објект што влегол во нашиот Сончев систем, таа предизвика жестока дебата: дали е редок природен феномен или, ...

САД размислуваат за целосна или делумна забрана за дронови на кинеската компанија DJI. Владата на САД ја разгледува можноста за забрана на дронови на кинеската компанија DJI, еден од најпознатите и најпродаваните брендови на беспилотни летала во светот. Оваа одлука, доколку се усвои, би можела да има сериозни последици за пазарот на дронови во САД и глобално. Според CNET, Федералната комисија за комуникации (FCC) и други американски агенции ...

Да се биде млад денес не значи нужно и да се биде здрав. Иако на прв поглед делуваат полни со енергија и живот, сè повеќе млади во Македонија се соочуваат со болести кои порано се сметаа за „резервирани“ за повозрасните. Од хроничен замор и анксиозност, до проблеми со штитната жлезда, висок притисок и дебелина, телата на новите генерации реагираат на темпото на живот што тие самите ретко го избираат, а уште поретко го контролираат. Лекари и ...

„xnula.mk“ го слави својот ПРВ роденден. Успевајќи да се позиционира како доверлива премиум онлајн продавница во Македонија, нуди внимателно избрани производи за домаќинство, стик и робот правосмукалки, уреди за нега и фитнес од светски познати брендови. По тој повод, од 5 до 10 ноември 2025 година ќе имате можност да уживате во роденденската промоција со ексклузивни цени и попусти на производи од светските брендови: Dreame, Dyson, Roborock, ...

Европа би можела да се соочи со проблеми со снабдувањето со гориво и губење на работни места доколку регулаторите не го одобрат договорот на групацијата Гунвор за преземање на меѓународните средства на Лукоил во вредност од околу 22 милијарди долари. Извршниот директор и мнозински сопственик Торбјорн Торнквист вели дека шведската групација Гунвор, со седиште во Женева, треба да ги преземе средствата на Лукоил во Србија, Бугарија и Романија, ...

Шведската агенција за хемикалии открила високи нивоа на забранетата супстанца DEHP во лажни меки полнети кукли Лабубу. DEHP е токсичен за репродукција и е забранет во играчките во Шведска од 1990-тите, но сè уште се користи во некои делови од светот за омекнување на пластика, објави шведски „Кем“. Се вели дека нивоата на супстанцата во куклите тестирани оваа година се до 250 пати поголеми од законската граница. Фрида Рамстром од Шведската ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не го криеше своето незадоволство откако Зохран Мамдани беше избран за нов градоначалник на Њујорк, велејќи дека Мајами „наскоро ќе биде рај за оние што бегаат од комунизмот во Њујорк“. Односот меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп и новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, дополнително се интензивираше само неколку часа откако 34-годишниот демократски ...

Продолжува трендот на раст на цените на угостителските услуги. Општата перцепција на граѓаните е дека со секое следно седнување во ресторан сметката е се поголема за истите нарачани оброци и пијалаци како претходниот пат. Официјалните податоци велат дека за една година драстично се поскапени храната и пијалаците кои се служат во угостителските објекти. Податоците велат дека единствено ноќевањата бележат минимално намалување на цената ...

Цените за машко шишање одамна ја преминаа границата од 150 денари. Денес, во многу скопски населби, тешко може да се најде фризер што наплатува под 500. Некои дури стигнаа и до 600 денари, без да понудат нешто повеќе од квалитетна машина, остри ножици и неколку зборови разговор додека трае шишањето. Но, очигледно побарувачката си го диктира темпото. Во една мала фризерница во Порта Влае, едвај неколку квадрати простор, работи човек кој вели ...

„Alphabet“ планира да собере најмалку 3 милијарди евра на европскиот пазар на долгови, додавајќи на бранот понуди од технолошки компании кои агресивно инвестираат во вештачка интелигенција (ВИ). Продажбата доаѓа само неколку дена по понудата на обврзници од 30 милијарди долари на „Meta Platforms“, најголемата во годината и сензационалните финансиски резултати на „Alphabet“, кои покажаа растечка побарувачка за услуги во облак и вештачка ...

Постојат луѓе кои уште од детството нешто создавале со сопствени раце, некои отсекогаш шетале со фотоапарат во џебот, трети готвеле вкусни јадења, а денес од тоа живеат. Македонската реалност, иако често тврда и скептична кон нови бизниси, во последниве години гледа вистински бран на луѓе кои успеале да ги претворат своите пасии во извори на приход. Без големи почетни пари, но со упорност, љубопитност и она нешто што не се учи: љубовта кон ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
48%
1017
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.86
65%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
52%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
3.6
61%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
2.24
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
64%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Кобалт

45.39

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Злато

166450.52