Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
НАТО можеше да се распадне во јуни ако германскиот канцелар Фридрих Мерц не ги смени правилата за долг за да ѝ дозволи на земјата масовно да инвестира во одбраната, рече тој во телевизиско интервју цитирано од „Politico“. Мерц ја бранеше историската одлука на неговата коалиција да го олабави ограничувањето на долгот за трошоците за одбрана, овозможено со изненадувачки пресврт од страна на конзервативците на Мерц веднаш по изборите, па дури ...
Кога Читосе Нагао се пензионираше по речиси три децении во рекламниот бизнис за да отвори продавница за мача, таа немаше поим дека редици ќе се формираат надвор дури и пред да се отвори. До средината на попладнето, кутиите со мача во прав на нејзините полици беа распродадени, а постојан прилив од претежно странски клиенти чекаа да ги пробаат нејзините најнови зелени пијалоци, објави „CNBC“. Нејзината продавница, „Atelier Matcha“, е една од ...
Жителите на општина Аеродром вчера и денеска се разбудија во облаци чад и неподнослива миризба која се шири низ населбата. Причината е вчерашниот голем пожар што избувна на депонијата Вардариште, кој, според граѓаните, и денеска продолжува да чади и да испушта неподнослива миризба на гуми и пластика. Граѓаните револтирани бараат надлежните институции итно да реагираат и да го решат проблемот кој сериозно го загрозува нивното здравје и ...
Летната понуда за снабдување со електрична енергија која што ја подготви ЕДС, а која вклучува значителни бенефити за компаниите и намалување на сметките за снабдување со струја и до 30 отсто, завршува за само неколку дена. До 5 септември имате можност да ја искористите специјалната промотивна понуда при што може да изберете меѓу два тарифни модели, креирани за потребите на малите и средни компании. ЕДС, како еден од водечките снабдувачи со ...
Казандол“ можеше да биде еден од најзначајните индустриски проекти во независна Македонија, пишува колумнистот Виктор Грозданов во колумната „Пирова победа: Македонија ја доби арбитражата, но ја загуби иднината на „Казандол“. Тој посочува дека добиената арбитража за проектот за отворање на рудник за бакар „Казандол“ е добра вест за државата и граѓаните, но потсетува на потенцијалот на овој рударски капацитет. „Според првичните договори и ...
Додека многу земји сè уште се расправаат околу забраните, даноците и политичките ставови, Нов Зеланд постигнува нешто извонредно – станува една од првите нации без чад од тутун. И тоа не благодарение на ширењето страв, туку на науката, разбирањето на потрошувачите и концептот за намалување на штетите. Голема улога во постигнувањето на овие резултати има министерката за здравство, Кејси Костело, кој неодамна во Парламентот јасно стави до ...
Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност! НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со исклучително поволна фиксна каматна стапка од само 5,9% на сите безготовински трансакции направени во овој ...
Берзанските индекси беа во голема мера непроменети во вторник, додека доларот се стабилизираше близу петнеделниот минимум, бидејќи инвеститорите чекаа клучни економски податоци што би можеле да ги потврдат очекувањата дека Федералните резерви на САД ќе ги намалат каматните стапки во септември. Пазарите речиси едногласно предвидуваат дека Федералните резерви ќе ја намалат каматната стапка за 25 базични поени на крајот од месецот, при што ...
Комерцијална банка ја претставува новата Visa Signature премиум дебитна картичка, за првпат достапна во Македонија и наменета за сите кои знаат да препознаат вредност. Visa Signature не е само средство за плаќање, туку и влезница во светот на внимателно одбрани привилегии и бенефиции. Изборот на Visa Signature овозможува ексклузивни понуди, посебен третман и беспрекорни услуги насекаде низ светот. Со Visa Signature корисниците добиваат ...
Најновото истражување на Институтот за економски анализи Finance Think за јавниот транспорт во Скопје покажува големо незадоволство на граѓаните кои редовно ги користат услугите на ЈСП и приватните автобуси. Една од најголемите маки на скопјани во последниве три години беше токму јавниот превоз. Превозниците на неколку пати штрајкуваа, а властите наместо решенија проблемот го претворија во гола политика. Податоците на инстититот велат дека ...
Живот без заштеди – за некого тоа е секојдневие, за другите речиси незамислива ситуација. Сепак, реалноста во Македонија покажува дека огромен број домаќинства не успеваат да остават ниту денар на страна. Платата се растопува веднаш штом ќе стигне на сметката – кирија, струја, храна, бензин… „Јас 20 години работам во приватна фирма, земам 36.000 денари плата и едноставно не стигнувам. Ако оставам 1.000 денари на страна, тоа значи дека нешто ...
Нова финансиска практика меѓу стартапите со вештачка интелигенција (AI) привлекува внимание на пазарот: фирмите поддржани од ризичен капитал се тркаат да изградат центри за податоци со AI, заложувајќи ги своите залихи од графички процесори како колатерал за да добијат кредит и да останат во играта. Бидејќи секторот за ризичен капитал станува покреативен додека ги зголемува инвестициите во силициум, некои инвеститори се сомневаат дека чиповите ...
Шефот на Европската централна банка предупреди дека ако претседателот Доналд Трамп ја поткопа независноста на Федералните резерви на САД, тоа би претставувало „многу сериозна закана“ за глобалната економија. Кристин Лагард изјави дека ако Федералните резерви бидат принудени да одговорат на политичките диктати, тоа би имало „многу загрижувачко“ влијание врз економската стабилност во САД, а со тоа и во остатокот од светот. Откако дојде на ...
Кошничката на едно просечно четиричлено семејство во Македонија станува сè потешка за полнење, а уште потешка за плаќање. Основните намирници – леб, млеко, брашно, масло – остануваат задолжителен дел, но нивната цена, ако се собере на крај од месецот, често изгледа како нова сметка за струја или за парно. Домаќинките велат дека без неколку векни леб и неколку литри млеко едноставно не се може, па токму тие производи секојдневно се наоѓаат во ...
Во Србија веќе се отвори нова страница во пензискиот систем: мајките ќе добиваат „посебен стаж“ кој директно ќе им ја зголеми идната пензија. Од 2032 година ова право ќе го имаат и оние со едно или две деца, додека мајките со три и повеќе деца ќе може да аплицираат веднаш. Со тоа, на пример, жена која има 30 години работен стаж, ќе биде третирана како да има 32. Разликата на хартија изгледа скромно, но во реалноста – тоа значи повисока ...
Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ Групацијата. Нејзината кариера е обележана со врвни резултати, признанија за иновативност во 2022 и ...
Пред четири години направил голема свадба со кредит. Денес, иако е разведен веќе една година, и натаму плаќа рати за веселбата што одамна сака да ја заборави. „Секој месец ме потсетува банката на нешто што одамна завршило“, вели скопјанецот кој во тоа време мислел дека прави паметен потег – кредитот ќе го враќаат заедно, како брачен пар. Животот, сепак, имал друга приказна. Еуфоријата и желбата да биде „како што треба“ го натерале да потроши ...
Европските активисти повикуваат на реформи што би можеле да ја ограничат продажбата на големи теренски возила и пикапи во Европската Унија во иднина. Неодамнешните истражувања покажуваат дека растечката популарност на овие типови возила не само што ја попречува мобилноста во градовите, туку има и негативно влијание врз безбедноста на пешаците. Во Европа, теренските возила стануваат сè попопуларни во текот на изминатата деценија, откако ...
Акциите на „Domino’s Pizza Enterprise“ паднаа откако компанијата што бележи загуба ја намали дивидендата и изјави дека приходите од продажба ќе паднат уште побрзо во новата фискална година, објави „Bloomberg“. Пазарната капитализација на компанијата падна на 1,48 милијарди австралиски долари (961 милион долари). Компанијата моментално ја води 83-годишниот милијардер и извршен претседател Џек Ковен. „Domino’s“ соопшти дека пријавил загуба од ...
Алијансата Русија-Индија-Кина, создадена во 1990-тите како противтежа на Соединетите Американски Држави, сега се обновува како начин трите земји да ја издржат трговската војна на претседателот Доналд Трамп. Но, старите сомневања значат дека алијансата веројатно нема да трае. И покрај заедничкото незадоволство од Вашингтон, партнерството е повеќе брак од интерес, пишува колумнистката на „Bloomberg Opinion“, Каришма Васвани. Таа реалност ќе ...
Туризмот е клучен економски сектор за земјите од Европската Унија. Бројот на посетители речиси се врати на нивоата пред пандемијата, а приходите од туризмот сочинуваат значителен дел од бруто домашниот производ (БДП) и ги полнат владините каси. Но, не е сè добро во европскиот туристички сектор. Додека индустријата ужива во зголемување на бројот на посетители и приходи, незадоволството расте кај жителите на многу туристички дестинации, според ...
Многу луѓе уживаат во алкохолот, но кога ќе се претера, последиците можат да бидат долгорочни, а понекогаш и опасни по живот. Ако вие, како и многу луѓе ширум светот, се прашувате какво влијание може да има откажувањето од алкохол врз вашето целокупно здравје, тројца лекари ги објаснија клучните придобивки и промени, пишува „health.com“. Подобар сон Една од првите и најочигледни промени што ќе ги забележите е подобрување на квалитетот на ...
Xiaomi го претставува Redmi 15C кој ги спојува елегантниот дизајн и прекрасниот екран од 6,9 инча за врвно визуелно доживување во секојдневната употреба. Опремен со голема батерија и технологија за брзо полнење¹, Redmi 15C е дизајниран да обезбеди сигурни перформанси во текот на целиот ден. Поседува тенко и елегантно куќиштe² со 3D четирикратно закривен заден дел, што обезбедува пријатно чувство во раката, со „floating crater“ кој додава ...
Народната банка најавува мерки со кои ќе се олесни купувањето прв стан за граѓаните. Согласно изјавата на гувернерот Трајко Славески, дадена во интервју за „Радио Слободна Европа“, новите мерки предвидуваат дека лицата кои за првпат купуваат стан за живеење ќе можат да поднесат барање за кредит со значително намалено сопствено учество од проценетата вредност на станот. „Целта е да се поддржат граѓаните кои купуваат свој дом, додека кај оние ...
Инфлацијата е бројка на хартија, но зад таа бројка стојат човечки животи. И секогаш, речиси секогаш, најсилниот удар не го чувствуваат оние што ја носат одлуката, туку оние на кои најмалку им останува во паричникот. Пензонерите, самохраните родители – тие се првите што ја плаќаат сметката за економските потреси. „Секој ден броеви, проценти, инфлација на храна, инфлација на струја… ама никој не ја гледа мојата празна чинија“, ни раскажува ...
Функционирањето на пазарната економија во Македонија сè уште се соочува со бројни предизвици – од ценовни договори меѓу компании, преку злоупотреба на доминантна позиција, до забелешки за транспарентност во јавните набавки. Комисијата за заштита на конкуренцијата е телото што треба да обезбеди фер услови за сите играчи на пазарот. Разговараме со претседателката на Комисијата, Малинка Силјановска Николиќ, за тоа колку е развиена културата на ...
Под мотото „На наградите им нема крај“ од денес започнува наградната игра во Diamond Mall. Наградната игра го означува почетокот на одбележувањето на вториот роденден на Diamond Mall, а ќе трае сѐ до 26 октомври 2025 година, месецот кога се одбележува вториот роденден. Главната награда е најновиот модел на автомобилот Geely Cityray, а дополнително на тоа предвидени се две парични награди во вредност од по 50.000 денари, четири парични награди ...
Колку и да е убава една дестинација, ако никој не знае за неа, таа останува само скриено богатство, а не туристички производ. Туристите нема да дојдат ако не ги заинтересираме и повикаме, ако немаме стратешка, креативна и континуирана промоција. Нема да дојдат не затоа што немаме што да понудиме, туку затоа што живееме во свет на внимание и алгоритми, во кој прво се „купува“ вниманието, па дури потоа патувањето. Ништо не се случува случајно! ...
Народната банка очекува дека процесот на дезинфлација ќе продолжи во наредната една до две години, при што инфлацијата ќе се приближи до историските нивоа од околу 2%. „Сè уште имаме повисоки инфлациски очекувања во државава, коишто ја поттикнуваат инфлацијата. Граѓаните и производителите очекуваат раст на цените, што само ја одржува ценовната динамика. Сепак, со постојано преземање монетарни мерки и со одговорна фискална политика ќе се ...
Производството во индустријата зема замав. По континуираниот пад на индустриското производство неколку месеци по ред забележани се позитивни резултати. Државниот завод за статистика објави дека индустријата испорача раст од 4% на годишно ниво, односно споредено јули годинава со истиот месец во 2024 година. Сепак состојбата не е сјајна. Сериозни минуси на контото на производството има во добар дел од индустриските сектори. Податоците на ...