14 славни личности чии стари фотки покажуваат колку се смениле низ годините Џастин Бибер веќе не потсетува на слаткото русокосо момченце, а по бројните естетски корекции ни Кајли Џенер не личи на себе споредено со детските фотографии. Колку се сменети познатите личности? Понекогаш треба да ги ѕирнеме своите стари фотографии за да сфатиме колку сме се смениле низ годините. Истото се однесува и на славните личности - некогашните деца пораснале ...

Рецепт за домашен леб со лук и кашкавал За сите оние кои обожаваат печива и мирис на тазе испечен леб - ова е совршен рецепт (особено во зима). Наместо да купувате леб, можете самите да го замесите дома. Но, овој рецепт не е класичен, туку содржи лук, кашкавал и магдонос. Се подготвува едноставно и брзо, па пробајте го што поскоро - нема да згрешите. Лебот се пече во калап е 35х15cm. Потребни состојки: За сосот: За тестото: За филот: Начин ...

4 можни причини за чешање „таму долу“, кога немате инфекција Лубрикант кој ви создал иритација, но и намалено ниво на естроген – чешањето во областа на вагината не е секогаш предизвикано од инфекција и затоа е препорачливо дa се консултирате со гинеколог пред да почнете да се лекувате. Кога ќе почувствувате чешање во област на вагината, сигурно најпрво помислувате дека станува збор за некаква инфекција. Но, иако инфекциите, посебно ...

10 фризури за дотерување за девојки со долга коса Високо кренато опавче со крупни кадрици, волуменозни кадрици - кои фризури ќе бидат идеални за дамите со долга коса во 2025-та? Кога се подготвувате за некој свечен настан, за вечерно излегување или важна прослава, сигурно внимателно ја избирате гардеробата, а обрнувате внимание и на шминката. Но, подеднакво важна треба да ви е и фризурата, бидејќи со неа ќе го заокружите целиот изглед и ...

7 модни трендови што ќе ги гледаме насекаде во 2025-та + предлог комбинации Животинскиот принт не излегува од мода, а истото важи и за комбинациите со патики. Додека да заврши 2025-та, сигурно ќе се променат многу трендови, но според модните експерти, некои од нив ќе ги гледаме насекаде, во текот на целата година. Што прогнозираат модните експерти за 2025-та? Облека во бохо стил Реси, јакни и чевли од превртена кожа, долги лелеави фустани, ...

Порано дечкото мораше да има свое купатило, денес да е 30 години помлад од неа - Како Мадона ги менуваше љубовните критериуми? На почетокот на кариерата беше бездомник и едвај врзуваше крај со крај. Токму затоа, за да биде во врска со некого бараше едно - тој да има свое купатило. Колку се сменија критериумите на Мадона за избор на дечко низ годините? Цели 4 децении Мадона е на врвот на музичката индустрија во светот. Но пред да се стекне со ...

Не добиваат многу пари, но живеат како кралици: Кои правила ги следат сурогат мајките на славните? Не смеат да споделат ништо на социјални мрежи без дозвола од биолошките родители, но имаат личен готвач и тренер, а добиваат и скапи подароци – како е да се биде сурогат мајка на позната личност? Бројни славни личности се одлучуваат за сурогат мајка – некои поради проблеми со плодност, некои поради компликации со претходни бремености, а некои ...

„Сум изневерувал“ - Огњен Амиџиќ откри кога и како му започнала врската со Мина, на која ѝ беше шеф „Jас ѝ бев шеф и и порано имам кажано дека никогаш немав сретнато жена која изгледа како неа. После, сето тоа се развиваше, но развојот започна кога јас веќе бев во фаза на развод...“, раскажува Oгњен Амиџиќ со саканата Мина. Oгњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ во 2024-та го добија синот Перун, а Огњен за Мина вели дека покрај неа го пронашол тоа што ...

6 најпопуларни места за јадење доцна во ноќта, по излегување во Скопје Баничка со зденка и маслинка од Ла Делишес, ѓеврек со сланина или дебармаалски од Силбо, вкусна пица за цело друштво во Вегера, или донер од Пласет - култни места кои нема кој не ги посетил ако заглавил до доцна во ноќта, гладен низ улиците на Скопје. Многумина би рекле дека вечерта не може да заврши ако по излегувањето не се продолжи некаде каде што ќе се јаде. Ретки се ...

9 идеи за маникир со кои сите ќе ги забележат вашите нокти Маникир со „стаклен“ ефект“, нокти со златни украси или во бисерно бела нијанса - што е во тренд оваа сезона? Во маникирот, исто како кај шминката и фризурите, трендовите се менуваат многу брзо. Затоа ви претставуваме 10 идеи кои може да ве инспирираат за вашиот следен маникир, а со кои сите ќе ги забележат вашите нокти. Ликови од линии Изберете нежни бои и на 1 или 2 нокта со тенки ...

Дали гледате пеперутка или двајца мажи (и што открива тоа за вас)? Одговорете искрено дали прво видовте пеперуртка или двајца мажи и дознајте нешто ново за себе и својот карактер. Тестовите на потсвеста често ни откриваат работи за нас што можеби не ги знаеме, или пак ни потврдуваат некои работи за кои сме свесни дека се дел од нашата личност. Тоа е суштината и на овој тест, а прашањето е едноставно - дали прво видовте пеперутка или двајца ...

Бекам и Мет Дејмон се браќа близнаци, Доминик Торето одбива трка за сладолед - Најдобрите реклами за Super Bowl 2025 Рекламата за пивото Stella Artois со Дејвид Бекам и Мет Дејмон е вистински хит засега, но и онаа на Hellmann’s во која е рекреирана сцена од филмот од 1989-та, When Harry Met Sally - погледнете ги најдобрите реклами кои ќе се емитуваат на Super Bowl 2025, a чинат по неколку милиони долари. Не е тајна дека Super Bowl е ...

Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку од Македонија?“ „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно што имам пријателки кои дури во 9-тата недела биле првпат на контрола. Значи јас сè што зборувам за овде, во Германија, го зборувам од мое лично искуство, бидејќи тука сè е различно од град до град“, открива Зои Блаж (29) за CRNOBELO.com. Инфлуенсерката ...

Португалската фадо дива, Мариза, доаѓа во Скопје! Подгответе се за вечер исполнета со емоции, страствени мелодии и исклучителниот глас на една од најпознатите светските изведувачки на фадо. На својата долгоочекувана турнеја, Мариза на 5 април 2025 година ќе настапи во престижната сала на Македонската филхармонија, носејќи им ја на публиката магијата на португалската традиција и современиот звук. Овој уникатен концерт пружа прилика да уживате ...

Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат додека ме злоставуваше“ „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да им објаснам дека сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат додека ме злоставуваше, нечистотијата во мојата душа...“, вели Кирил Ангелов, жртва на сексуално злоставување, кој не само што собра храброст да зборува јавно за тоа, туку и ...

Горан Бреговиќ за лудите излегувања во кафеана: „Маж влета со пиштол - кога престана да пука, друг си ја запроси девојката“ „Ми се јави Џеј и ми вели дека ќе оди со неговата ‘екипа’ од Дорќол во кафеана, на пиење, и дека сака да им се придружам. Одеднаш се појави тип, извади пиштол. Сите се скрија под масите, само јас седам и не мрдам“, раскажал Бреговиќ за едно од најстресните, но и најсмешни искуства во животот. Еден од најуспешните ...

Има 9 деца од неколку жени и криминално досие – Кој е дечкото на Бритни Спирс, што ја теши по разводот? Минатата година Бритни си фати дечко кој има девет деца, криминално досие и кој се соочува со тужба бидејќи не плаќа алиментација. Му раскина бидејќи сметала дека ја искористува за пари, но изгледа дека сега се премислила и му дала уште една шанса. Минатата година, Бритни Спирс се разведе од Сем Ашгари, а набрзо потоа си најде нов дечко – ...

Ивана Кнез: „Кај инфлуенсериве сè е совршено - Не бе срце, станувам отечена, искривена, разбираш? Сè е океј“ „Почнаа да се наметнуваат инфлуенсери кај коишто сè е идеално, сè е прекрасно, сè е „wow“... Не ми мјаукајте, човече, животот е тежок. Мислам да не се лажеме. Имаме моменти кај што не ти се дише, не ти се јаде, не ти се живее...“, гласи дел од изјавата на Ивана Кнез во гостувањето во „YUGO“ кај Мики Марковски. Дизајнерката Ивана Кнез ...

5 хороскопски знаци кои би биле врвни адвокати Девиците се истакнуваат со интелектот и вештините за комуникација, а притоа можат да обрнат внимание и на најмалите ситници. Сето ова ги прави одлични адвокати. Без разлика дали обрнуваат внимание на ситници, знаат да ги шармираат другите или внимателно ги согледуваат и двете страни, некои луѓе се родени за да дебатираат. А, ова ги прави одлични адвокати. Пет хороскопски знаци кои спаѓаат овде: ...

„Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно“ и уште 6 корисни совети за идните родители „Не морате среќното бебе да го правите уште посреќно. Ако вашето бебе е среќно додека си игра со лажичката 10 минути, оставете го на мир“. Кои се најважните совети кои секој што станува родител за првпат мора да ги прочита? Луѓе на Редит споделуваат мислења на оваа тема. Совети кои навистина им помогнат на сите идни родители: „Не морате среќното ...

10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може да се каже и за Gangs of New York кој не ја доби статуетката таа година. Мислењето на јавноста не секогаш е исто со жирито од Академијата за филмски уметности и науки кое одлучува кои филмови ќе добијат Оскар. Низ долгогодишната историја на Оскарите, многупати се случило филм кој е фаворит на јавноста, ...

„Живеам во Данска две години - малите деца сами одат во градинка, а платите се високи“ „Малите деца одат во градинка или на училиште сами и не чувствувате страв кога пешачите навечер. Платите тука се високи. Јас сум студент кој хонорарно работи во кујна и платата ми е 20 евра на час, а за време на викендите дури и повеќе...“, споделува Тереза Тасаралејко за животот во Данска, но ги кажува и негативните страни. Тереза Тасаралејко oд Словачка ...

Сестрата на Игор Којиќ по 16 години од САД се врати во Србија - ќе се натпреварува за на Евровизија Во Србија се обидела да изгради музичка кариера, но потоа се преселила во САД. По 16 години се враќа за да се бори за настап на Евровизија. Игор Којиќ со новата сопруга ја пречекаа на аеродром, па дома пееше со татко ѝ Кеба. Наташа Којиќ е сестра на Игор Којиќ и ќерка на пејачот Драган Којиќ Кеба. Таа по долги години живеење во САД, се врати ...

Познатите Македонци ја споделуваат првата фотка од мобилниот - Новиот Инстаграм предизвик е хит и кај нас Марјана Станојковска наместо фотка, објави видео на кое танцува; Тијана, Тамара и Миа Костова се меѓу оние кои споделија фотки од синовите. Погледнете која е „најстарата“ фотографија што некои од нашите јавни личности и инфлуенсери ја имаат во галеријата на својот мобилен. На Инстаграм вирално се шири предизвикот секој што сака да ја ...

Милена Антовска за CRNOBELO лексикон: „Пола школо го виде мојот прв бакнеж“ „Имам една навика за која се надевам дека никој не ја забележува, а тоа е дека си јадам цело време“ - напиша Милена Антовска во лексиконот на CRNOBELO.com. Водителката Милена Антовска долги години е во медиумскиот свет и често зборува на темите како мајчинство и анксиозност, а ја споделува и својата љубовна приказна. Овој пат, во едно поинакво, а лично интервју, ...

Сетек – Општествено одговорна компанија: Подарок Rowenta прочистувачи за воздух на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје Во рамки на своите активности за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот, Сетек објавува дека реализираше донација на прочистувачи за воздух од брендот Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје. Оваа донација има за цел да придонесе за создавање здрава и чиста средина во ...

Мајка од Прилеп: „Направивме операција на крајниците на ќерка ми Инес (6) – што беше најтешко?“ „Ќерка ми Инес имаше проблеми со чести настинки, проблеми со дишење и со слухот. Се оперираше пред 2 години, но само трет крајник. Сега, на 6-годишна возраст, помина низ истото по вторпат. Ги опериравме сите 3 крајници“, ја започнува својата приказна Ивана Ѓорѓиоска за CRNOBELO.com. Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп е мајка на две дечиња, која храбро се ...

Американка на 100-годишна возраст работи како касиерка: „Трипати одев во пензија, но здодевно ми е“ Џоклета Вилсон од САД има 100 години и работи како касиерка, бидејќи, како што вели, ѝ било досадно да седи дома. Па, сега е најстарата вработена во компанијата. Повеќето луѓе едвај чекаат да се пензионираат и да уживаат во животот. Но, ова не важи за 100-годишната Џоклета Вилсон од САД која работи како касиерка. Џоклета работи во продавница ...

Суров хороскоп: 7 грешки заради кои љубовните врски не ви успеваат, според знакот Лавови - арогантни сте, многу повеќе отколку што е потребно и човечки, Ваги - се откажувате од работи кога треба да ги држите цврсто со две раце. Зошто најчесто врските не ви успеваат, каде грешите? Дали некогаш се фаќате дека секоја врска ви завршува заради исти причини? Или едноставно не ви е јасно зошто ниту една врска не ви успева и мислите дека наоѓате ...

Нашиот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“ „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт“, вели Цого, кој претходно го нодсеше македонскиот национален дрес. Најдобриот македонски баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1009
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
68%
1007
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
83%
1005
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
44%
1009
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
49%
1006
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
93%
1005
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.03
46%
1008
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
69%
1010
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.57
54%
1009
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
39%
1006
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
87%
1005
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.63
61%
1008
Currency

61.525

Currency

52.441

Currency

71.4369

Currency

34.1864

Currency

38.4798

Currency

65.861

Currency

7.32473

Currency

0.66628

Currency

0.36012

Currency

0.52599

Currency

1.31224

Currency

0.61147

Алуминиум

2.59

Иридиум

142542.81

Кобалт

42.99

Никел

15115.00

Рутениум

24370.27

Калај

33.91

Сребро

1175.79

Злато

106390.91

Бакар

10.08

Паладиум

35751.63

Платина

43727.40

Родиум

176829.11

Цинк

2.71