
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Северна Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Таа влезе како 30. членка на алијансата. Услов за членството во НАТО беше решавање на спорот за името со Грција, што беше исполнет со преспанскиот договор во 2018 година, потпишан кога на чело на македонската влада беше Зоран Заев, а од грчка страна Алексис Ципрас. На 6 февруари 2019 година беше потпишан пристапниот протокол, а веќе на 27 март во 2020 година Македонија под ...
Викендов почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред на 30 март во 2 часот. Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро. Летното сметање на времето завршува во последната недела во октомври, со поместување еден час наназад, кога три часот наутро ќе се брои како два часот по ...
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто се разговараше за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 животи. Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на нивните семејства. Заклучок на Централниот одбор на СДСМ е дека досегашниот тек на истрагата ...
Шест лица загинаа во Египет кога потона туристичка подморница. Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четири се во критична состојба. Туристичката подморница „Синбад“ со 44 патници потона во четвртокот по испловувањето од Хургада. Спасувачите успеале да спасат 29 луѓе од водата, јавуваат египетските медиуми. Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување туристичка подморница, што се случило пред марината на ...
Британскиот премиер Кир Стармер утрово во Париз се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, непосредно пред почетокот на состанокот на коалицијата на волните. Во соопштението од кабинетот на британскиот премиер се вели дека Стармер и Руте разговарале за продолжување на поддршката за Украина, согласни дека Европа мора да направи сѐ за да ја одржи Украина силна и да го задржи притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин. Двајцата ...
Откако се врати на власт во јануари, Доналд Трамп постојано повторуваше дека Соединетите Американски Држави мора да ја преземат контролата врз Гренланд, не исклучувајќи ја можноста за употреба на сила за да се постигне таа цел. „Потребен ни е Гренланд за меѓународна безбедност. Ни треба. Мора да го имаме. Мразам да го кажам, но едноставно мораме да го имаме“, рече Трамп во интервју за подкастерот Винс Кољанезе. Гренланд, кој се стреми кон ...
Пред доаѓањето на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и други американски претставници, данската премиерка Мете Фредериксен ги предупреди Гренланѓаните дека интересот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд не исчезнал и, веројатно, нема да исчезне набргу. Фредериксен го пофали народот на Гренланд што останува цврсто и достоинствено и покрај обидите на Трамп да го присвои арктичкиот остров истакнувајќи дека останува силен ...
Војската на Јужна Кореја денеска соопшти дека изгледа дека Северна Кореја испратила уште 3.000 војници за поддршка на Русија во нејзината војна против Украина, објави новинската агенција Јонхап. „Од околу 11.000 севернокорејски војници испратени во Русија, 4.000 се убиени, а се чини дека дополнителни 3.000 или повеќе биле испратени во јануари и февруари“, агенцијата го цитираше Здружениот генералштаб во Сеул. Кон крајот на февруари, ...
Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека Украина би можела да биде ставена под некаков облик на привремена администрација за да се овозможи одржување на нови избори во земјата и потпишување на клучни договори со цел да се постигне решение, пренесоа руските новински агенции. Во изјава за медиумите за време на неговата посета на северното пристаниште Мурманск, Путин исто така рече дека Русија постепено, но самоуверено се движи кон ...
Управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на таа земја, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, запрашан за неговата реакција на изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предлага формирање привремена администрација во Украина. Засега нема коментар од Украина во врска со изјавата на Путин. Да потсетиме, рускиот претседател предложи Украина да биде ставена под некаква форма на ...
Археолозите открија голема варовничка погребна комора на неидентификуван древен египетски фараон во близина на египетскиот град Абидос, кој датира од пред околу 3.600 години, од времето што го одбележа хаотичен период во египетската историја. Музејот на Универзитетот во Пенсилванија и египетските археолози објавија дека откриле гробница седум метри под земја, во античката некропола на планината Анубис. Ова е второ откритие на гробница на древен ...
Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуса, што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек. Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе многу повисоки тарифи за Европската унија (ЕУ) и Канада, доколку соработуваат во борбата против царините. „Доколку Европската унија застане на страната на Канада за да им нанесе економска штета на САД, тие ќе бидат погодени со огромни царини, многу поголеми од моментално планираните, за да го заштитат најдобриот пријател што секоја од овие две земји некогаш го имала“, објави Трамп ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ...
Фб статус на премиерот Христијан Мицкоски: Денес се сретнав со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој во најтешкиот миг покажа што значи храброст, одговорност и човечност. Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова ...
Општина Битола, ја финализира втората фаза од реконструкцијата на улицата „Солунска“. Во рамките на оваа фаза, беше извршена реконструкција на мешовитата канализациона мрежа, во должина од 554 метри, со вкупна вредност од 10.713.427 денари. Работните активности продолжија со реконструкција на коловозот во должина од 566 метри и вкупна вредност од 13.187.575 денари. Со поставувањето на новиот коловоз, општина Битола, ја комплетира втората фаза од ...
Соопштение на ДКСК: Државната комисија за спречување на корупцијата како столб на интегритетот и непристрасната борба против корупцијата, со особена гордост и чувство на одговорност го објавува Извештајот од спроведениот мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година, со кој се презентираат не само резултатите од спроведените политики туку и јасната визија за натамошно јакнење на институционалниот капацитет на државата. ...
Во текот на вчерашните (25.03.2025) активности на полициските службеници во насока на засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 674 платни налози. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 252, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 175, како и прекршоците ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за Newsmax сугерира дека Русија го одложува склучувањето на договорот за прекин на огнот во Украина. Одговарајќи на новинарско прашање, американскиот претседател рече дека е можно рускиот претседател Владимир Путин да одолжува. „Не знам. Мислам, ќе ве известам во одреден момент. Но, мислам дека Русија сака да види крај на војната, но можно е тие да одолжуваат“. Според Трамп, тој самиот прибегнал ...
Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека случајното протекување на доверливи воени планови од страна на високи американски функционери значи дека сојузничките нации мора сè повеќе „да се грижат за себе“ бидејќи довербата во некогаш блискиот сојузник слабее, пишува „Гардијан“. Говорејќи еден ден откако беше откриено дека новинар случајно бил вклучен во групен разговор за воздушните напади врз јеменските бунтовници, Карни рече дека оваа ...
Осумнаесет лица загинаа во серија шумски пожари, меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, кои предизвикаа „невидена штета“ и ги надминаа сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-Су. Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Во катастрофата загинаа 18 лица, а шестмина беа тешко повредени. Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на ...
Интензитетот на пожарите што беснеат во Јужна Кореја денеска се удвои во споредба со претходниот ден, додека бројот на загинати се искачи на 26. Повеќе од 33.000 хектари земјиште горат или веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот округ Ујсеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја. „На национално ниво сме во критична ситуација со бројни жртви поради екстремно брзото ширење на шумските ...
Клучно е САД да не го извлечат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Eurovision News. Изјавата на Зеленски доаѓа откако Русија и Украина се договорија да спроведат делумен прекин на огнот со посредство на САД поради нападите врз енергетската инфраструктура и непријателствата во Црното Море. Во замена, САД се согласија да го прошират пристапот на ...
Полската армија има доволно резерви за да се спротивстави на непријателски напад до две недели пред пристигнувањето на засилувањата на НАТО, изјави вчера за „Полсат њуз“ генерал Дариуш Луковски, шеф на полската канцеларија за национална безбедност. „Мислам дека, во зависност од тоа како ќе се одвива оваа борба, одбраната може да се спроведува една или две недели со денешните нивоа на залихи“, рече Луковски, одговарајќи на прашањето колку долго ...
Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека неодамнешниот напад врз руската воздухопловна база Енгелс уништил 96 крстаречки ракети кои Русија планирала да ги користи за напади врз Украина оваа пролет. Покрај тоа, погодени се и складишта за воздухопловно гориво, според украинската војска. Воздухопловната база Енгелс, која се наоѓа во руската област Саратов, повеќепати беше цел на напади со украински беспилотни летала од почетокот на ...
Се додека српскиот народ е обединет, никој нема да го потчини – ниту со бомби, ниту со уцени, порача денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик по повод годишнината од агресијата на НАТО врз Србија и српскиот народ. „На денешен ден се сеќаваме на страшните моменти кога НАТО, без одлука на Советот за безбедност, почна брутална агресија против Србија и српскиот народ. Не бомбардираа 78 дена. Убија деца, уништуваа болници, училишта, ...
Државјанин на Швајцарија Р.В. (29) вчера околу 2 часот и 30 минути е тешко повреден откако се качил на локомотива на железничка станица во Белград. Како што неофицијално дознава српски Телеграф, младиот човек добил струен удар, при што се здобил со тешки изгореници по целото тело. Неговите тројца пријатели, кои биле сведоци на несреќата, наводно веднаш повикале брза помош. Брзата помош го пренела младиот човек во тешка состојба во Ургентниот ...
Од СДСМ денеска повторно излегоа со нови како што велат пропусти на надлежните институции кои можеби довеле да се случи трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која трагично го загубија животот 59 млади лица и близу 200 се повредени. Организациониот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, повикувајќи се на официјални документи, изјави дека дискотеката „Пулс“ работела нелегално, а УЈП не постапила согасно законите. Костовски рече дека ...
Трагедијата во Кочани не е последица на една грешка, туку на ланец од институционални пропусти, обвинија денеска од опозициската СДСМ.Од таму велат дека секој пропуст мора да биде идентификуван, а секој виновник мора да биде повикан на одговорност. Од СДСМ денеска презентираа документација од Бизнис мрежата според која фирмата „ММММ Кафе“, сопственик на дискотеката „Пулс“, работела со блокирана сметка дури 217 дена, а последната блокада споре ...
Воениот аналитичар Маринко Огорец на телевизијата N1 зборуваше за војната во Украина и за состојбата на украинската армија. Тој тврди дека мисијата на НСАТУ е крајот на приказната и дека Хрватска нема што да обвинува бидејќи ѝ помогнала на Украина колку што е можно. „Хрватска од самиот почеток јасно и недвосмислено застана на страната на ЕУ и НАТО и ја осуди агресијата по сите прашања. Таа ѝ даде максимална помош на Украина во нашите рамки, ...